-
Title:
Мојот живот како уметничко дело
-
Description:
Плакарот на Даниел Лисмор е веројатно малку поразличен од вашиот -- неговите алишта се изработени од необични материјали, од лименки пиво и пластични кристали, па се’ до дијаманти, кралска свила и Римски прстени коишто се стари 2000 години. Во овој впечатлив говор Лисмор ја споделува визијата што лежи во основата на неговите сложени костими и анализира како е да се живее животот како уметничко дело. "Секој е способен да си создаде сопствено ремек дело," вели тој. "Треба некогаш да пробате."
-
Speaker:
Даниел Лисмор
-
Мојот ден почнува исто како и вашиот.
-
-
-
го проверувам мојот телефон,
-
и потоа пијам кафе.
-
Но потоа, мојот ден навистина започнува.
-
Можеби не е како вашиот,
-
бидејќи јас го живеам животот
како уметничко дело
-
Замислете се во една огромна кутија накит
-
со сите прекрасни работи
што ги имате видено во вашиот живот.
-
Потоа замислете дека
вашето тело е платно.
-
И на тоа платно,
-
вие имате мисија
да создадете едно ремек дело
-
користејќи ја содржината
на вашата огромна кутија накит.
-
Откога ќе го создадете вашето ремек дело,
-
можеби ќе си помислите,
"Леле, јас го создадов тоа.
-
Ова сум јас денес".
-
Потоа ќе ги земете клучевите
од вашиот дом,
-
ќе излезете надвор во вистинскиот свет,
-
можеби ќе користите јавен превоз
за да стигнете до центарот на градот.
-
Можеби и ќе се прошетате по улиците
или пак ќе одите на шопинг.
-
Тоа е мојот живот, секој ден.
¶
-
Кога излегувам од вратата,
-
уметничките дела ме претставуваат
-
- јас сум уметност.
-
Цел мој живот како возрасен
го живеам како уметност.
-
Се открив себеси кога почнав
да живеам како уметност.
-
Израснав во мало село кое што се вика
Филонгли, во Англија,
¶
-
последен пат спомнато во
„Книга за страшниот суд“
-
така што менталитетот е таков.
-
-
Ме израснаа баба ми и дедо ми.
¶
-
тие продаваа антиквитети
-
така што бев опкружен со историја
и прекрасни предмети додека растев.
-
Имав неверојатната кутија за костими
-
така што како што можете да замислите,
тогаш започна сé.
-
Се преселив во Лондон на 17 години
за да станам модел.
-
Тогаш почнав да студирам и фотографија.
-
Не бев среќен самиот со себе
во тој период,
-
па сакав да избегам од реалноста.
-
Ги проучував изработките на Давид ЛаШапел
-
и Стивен Арнолд,
-
фотографи кои издигнаа
и изградија светови
-
кои што мене ми беа
посебно импресивни.
-
Еден ден решив да преминам од
површинскиот свет на модата
-
до површинскиот свет на уметноста.
-
-
Се одлучив да го живеам животот
како едно уметничко дело.
¶
-
Работам со саати, понекогаш и
со месеци изработувајќи нешто.
-
Мојата најчесто користена алатка
е безопасната игла, еве вака некако --
-
-
-
-
И ги користам истите ткаенини одново,
¶
-
така што рециклирам сé што користам.
-
Кога се облекувам,
бојата, формата и текстурата ме водат.
-
Ретко имам некоја тема.
-
Наоѓам прекрасни предмети
од цел светот,
-
и ги оформувам
во тридимензионални таписерии
-
врз една постава што ја покрива
формата на моето тело.
-
зашто не сум задоволен со своето тело.
-
-
Се прашувам, "Да соблечам нешто
¶
-
или да облечам уште нешто?
-
100 парчиња, можеби?"
-
Некогаш, го правам токму тоа.
-
Ветувам, не е премногу
неудобно--
-
добро, можеби е малку--
-
-
Moжеби понекогаш ме
боцка некоја безопасна игла
¶
-
додека разговарам со вас,
-
па малку ќе се занесам--
-
-
Вообичаено ми требаат околу
20 минути за да се спремам,
¶
-
но никој не верува во тоа.
-
Вистина е--
-
понекогаш.
-
Тоа е една моја верзија на
облекување маичка и фармерки.
-
-
Кога се облекувам се
изградувам како архитект.
¶
-
Нежно поставувам работи
за да чувствувам дека припаѓаат.
-
Всушност, дел од моите идеи
доаѓаат од луцидно сонување.
-
Всушност, спијам за да ги
добијам тие идеи,
-
и се имам научено да се будам
за да ги запишам.
-
Ги носам работите додека не се распаднат,
-
и потоа, им давам нов живот.
-
На пример, златниот костим--
-
тоа беше костимот што го носев
во Палатата на парламентот во Лондон.
-
Изработен е од оклоп,
циркони и скршен накит.
-
Јас бев првиот човек кој носеше
оклоп во Парламентот
-
откога Оливер Кромвел го
забрани во 17-от век.
-
Работите не треба да се скапи
за да се прекрасни.
-
Пробајте да направите костими од кеси за
ѓубре или нешто што ќе најдете на улица.
-
Од каде знаете,
-
можеби тоа ќе заврши
во списанието "Vouge".
-
Во мојата колекција има
повеќе од 6000 парчиња-
¶
-
-од Римски прстени кои се стари 2000
години па до будистички артефакти.
-
Верувам во споделување на она што
го правам со други,
-
па се одлучив да направам
уметничка изложба,
-
што мометално низ музеите
ширум светот.
-
Содржи една армија од мене--
-
скулптура со реална големина,
како што гледате
-
зад мене, тука се--
-
тие се мојот живот.
-
Тие се како 3Д таписерии од
моето постоење како едно уметничко дело.
-
Содржат пластични кристали
помешано со дијаманти,
-
лименки за пиво и кралска свила
заедно во еден костим.
-
Ми се допаѓа фактот што гледачот
никогаш не може да замисли
-
што е вистинско, а што е лажно.
-
Сметам дека е важно да истражувам
и споделувам култури преку моите дела.
-
Ја користам облеката како
алатка за истражување
-
и ценам луѓе од секој крај на светот.
-
Понекогаш, луѓето мислат дека сум
уметнички изведувач или транвестит.
¶
-
Не сум.
-
Иако навидум мојот живот
изгледа како перформанс,
-
не е.
-
Многу е реален.
-
Луѓето реагираат на мене исто како
и на други уметнички дела.
-
Многу луѓе се фасцинирани
и заинтересирани.
-
Некои пак се вртат околу мене,
ме зјапаат, се срамат отпрвин.
-
Но ќе ми пријдат и ќе ми кажат дали
им се допаѓа или не она што го правам.
-
Понекогаш им одговарам, понекогаш
ја оставам уметноста да им одговори.
-
Најиритантното нешто на свет е кога
тие сакат да го допрат уметничкото дело.
-
Но ги разбирам.
-
Како и голем дел современата уметност
¶
-
многу луѓе се негативни.
-
Некои се критични,
-
но други навредуваат.
-
Мислам дека тоа доаѓа од
стравот за нешто различно--
-
нешто непознато.
-
Има толку многу реакции
за тоа што го правам,
-
што се научив да не ги сфаќам лично.
-
Никогаш не сум живеел како
Даниел Лисмор, личноста,
¶
-
туку како Даниел Лисмор, уметничкото дело.
-
Сум се соочил со секоја пречка
како уметничко дело.
-
Знае да биде и многу тешко...
-
особено ако вашите алишта зафаќаат простор
на контејнер со големина 12 метри,
-
3 сандаци за складирање
и 30 кутии од ИКЕА--
-
-
Понекогаш ми е многу тешко
да влезам во кола
¶
-
и некогаш--
-
на пример, утрово не ме собра
во сопственото WC
-
така што тоа беше проблем.
-
-
Што значи тоа да бидеш свој?
¶
-
Луѓето го велат тоа постојано,
-
но што значи тоа навистина,
-
зошто е толку важно?
-
Како се менува животот кога ќе изберете
да бидете безрезервно свои?
-
Сум се соочувал со маки и
победи додека живеам живот како уметност.
¶
-
Сум летал со приватни авиони
-
насекаде околу светот.
-
Моите дела биле изложени
во престижни музеи,
-
и сум ја имал приликата--
-
инаку, тоа се моите баба и дедо,
-
луѓето кои ме израснаа,
-
а еве ме мене--
-
-
-
Значи сум летал со приватни авиони
насекаде околу светот,
¶
-
и сепак, не ми било секогаш лесно
-
бидејќи имало времиња
каде што сум бил бездомник,
-
плукале по мене,
-
ме злоупотребувале,некогаш и секој ден,
-
ме навредувале цел живот,
-
сум бил отфрлен од многу поединци,
-
сум бил и прободен.
-
Но она што ме болело најмногу беше тоа
-
што бев ставен на листа за
најлошо облечени.
-
-
Да бидете свои
може да биде многу тешко, но
¶
-
научив дека тоа е најдобриот начин.
-
Еве го "најлошо облечениот".
¶
-
-
Како што се вели,
"Секој друг е веќе зафатен".
¶
-
Сум сфатил дека самодовербата е
концепт кој што сами го избирате.
-
Сум сфатил дека автентичноста
е потребна, и е моќна.
-
Сум пробал да бидам како
други луѓе извесно време.
-
Не функционираше.
-
Да не си свој е напорна работа.
-
Имам неколку прашања за сите вас.
¶
-
Кои сте вие?
-
Колку многу верзии од вас постојат?
-
И имам уште едно финално прашање:
-
Дали ги користите сите
тие верзии во ваша полза?
-
Во реалноста, секој е способен да
создаде едно свое уметничко дело.
¶
-
Треба да пробате некогаш.
-
Забавно е.
-
-