Return to Video

Тага и љубов во животинскиот свет

  • 0:00 - 0:05
    Денес би сакала да зборувам
    за една орка наречена Тахлека
  • 0:05 - 0:09
    Меѓу научниците
    Тахлека е исто така позната и како Ј35
  • 0:09 - 0:13
    затоа што плива заедно со Ј-групата орки
    во Салишкото море
  • 0:13 - 0:16
    Ова се водени патишта кај
    Британската Колумбија и Вашингтон
  • 0:17 - 0:20
    Минатата година, во Јули 2018
  • 0:20 - 0:24
    таа беше при крај на нејзината
    седумнаесет месечна бременост
  • 0:24 - 0:26
    и научниците беа многу возбудени
  • 0:26 - 0:32
    затоа што ниедно новороденче не преживеало
    во оваа група во три долги години
  • 0:32 - 0:35
    Орките се исто така познати како
    китови-убијци
  • 0:35 - 0:40
    Тие се екстремно социјални и интелегентни
    суштества
  • 0:40 - 0:44
    И научниците се многу заинтересирани
    за нивното однесување,
  • 0:44 - 0:48
    затоа што во нивните социјални опкружувања
    тие споделуваат навики, информации
  • 0:48 - 0:49
    па дури и наклонетост.
  • 0:49 - 0:52
    Тие градат вистински култури на океанот.
  • 0:53 - 0:55
    Но оваа група е во невоља.
  • 0:56 - 1:01
    Чинук лососот што орките го сакаат
    го снемува во регионот
  • 1:01 - 1:03
    а се појавува загадувањето.
  • 1:03 - 1:09
    Но на 24ти Јули, Тахлека
    роди ќерка
  • 1:09 - 1:12
    и научниците беа многу возбудени
    за овој настан.
  • 1:13 - 1:17
    За жал, истиот ден
    набрзо по раѓањето
  • 1:17 - 1:18
    новороденчето умрело.
  • 1:19 - 1:22
    Тоа што се случи следно
    ги шокира љубителите на животни
  • 1:22 - 1:24
    низ целиот свет
  • 1:24 - 1:28
    затоа што Тахлека одби да го
    пушти бебето во водата.
  • 1:28 - 1:32
    Го чуваше на нејзиното тело
    и пливаше со него.
  • 1:32 - 1:36
    И ако некогаш паднало,
    таа нуркала за да го спаси,
  • 1:36 - 1:39
    и се борела со сурови струи
    за да го направи тоа.
  • 1:39 - 1:41
    Таа го задржа ова однесување
  • 1:41 - 1:44
    17 дена
  • 1:44 - 1:47
    и за ова време
    исплива повеќе од 1,000 километри.
  • 1:48 - 1:52
    На крајот, го пуштила малото бебе
    во водата.
  • 1:53 - 1:57
    Денес, Тахлека продолжува
    да плива со Ј-групата орки
  • 1:57 - 2:01
    но нејзината тага сè уште ме трогнува.
  • 2:01 - 2:04
    И верувам дека ’тага’
    е правилниот збор.
  • 2:04 - 2:07
    Верувам дека ’тага’ е вистинскиот збор
  • 2:07 - 2:10
    за голем број животни кои
    жалат по мртвите.
  • 2:10 - 2:13
    Тоа може да бидат пријатели или роднини.
  • 2:13 - 2:16
    Затоа што овие видливи знаци,
    знаци на однесување,
  • 2:16 - 2:20
    ни кажуваат нешто за емоционалната
    состојба на животното.
  • 2:21 - 2:22
    Последните седум години,
  • 2:22 - 2:26
    работам на пронаоѓање
    примери на тага кај животни --
  • 2:26 - 2:28
    кај птици, цицачи
  • 2:28 - 2:31
    кај припитомени
    и диви животни,
  • 2:31 - 2:34
    и верувам во реалноста на
    животинската тага.
  • 2:35 - 2:36
    Го кажувам ова
  • 2:36 - 2:39
    затоа што треба да признаам
  • 2:39 - 2:41
    дека не сите научници
    се согласуваат со мене
  • 2:41 - 2:43
    И мислам дека дел од причината
  • 2:43 - 2:46
    е она што јас го нарекувам ’а-збор’.
  • 2:47 - 2:48
    А-зборот е антропоморфизам,
  • 2:48 - 2:50
    и историски гледано,
    е голема пречка
  • 2:50 - 2:53
    при препознавањето на
    емоции кај животните.
  • 2:53 - 2:57
    Антропоморфизам е кога на животните
    ги препишуваме
  • 2:57 - 3:00
    нашите капацитети или емоции.
  • 3:01 - 3:04
    Веројатно сите можеме да смислиме
    примери за ова.
  • 3:04 - 3:07
    Да речеме дека имаме пријател
    што ни вели,
  • 3:07 - 3:10
    “Мојата мачка разбира сѐ што ке кажам.“
  • 3:10 - 3:13
    Или, “Моето куче е толку слатко.
  • 3:13 - 3:16
    Утрово трчаше преку дворот кон
    една верверичка,
  • 3:16 - 3:18
    и знам дека само сака да си игра.“
  • 3:18 - 3:20
    Па, можеби.
  • 3:21 - 3:22
    А можеби и не.
  • 3:22 - 3:24
    Сум скептична за ваквите тврдења.
  • 3:25 - 3:27
    Но, тагата кај животните е различна,
  • 3:27 - 3:30
    затоа што ние не се обидуваме
    да читаме мисли на животните.
  • 3:30 - 3:33
    Гледаме кон видливите знаци на однесување
  • 3:33 - 3:35
    и пробуваме да ги интерпретираме
    со некое значење.
  • 3:35 - 3:38
    Сега, вистина е дека научниците
    често ми се спротиставуваат,
  • 3:38 - 3:39
    и ке речат,
  • 3:39 - 3:42
    “Гледај, животното може да е под стрес,
  • 3:42 - 3:44
    или пак само е збунето
  • 3:44 - 3:46
    затоа што нејзината или неговата рутина
    била променета.“
  • 3:47 - 3:51
    Но мислам дека оваа грижа за
    антропоморфизмот
  • 3:51 - 3:54
    промашува фундаментална поента.
  • 3:54 - 3:58
    А тоа е дека животните може да се
    грижат длабоко едни за други,
  • 3:58 - 3:59
    можеби и се сакаат.
  • 3:59 - 4:01
    И тогаш
  • 4:01 - 4:04
    срцето на преживеаниот
    е прободено од нечија смрт.
  • 4:05 - 4:06
    Ајде да се соочиме
    со тоа дека;
  • 4:06 - 4:09
    ако го негираме континуитетот
    на еволуцијата
  • 4:09 - 4:13
    ние навистина пропуштаме
    да прифатиме дел од себе.
  • 4:14 - 4:16
    И да, верувам во реалноста
    на тага кај животните,
  • 4:16 - 4:19
    и исто така мислам дека ако ја
    препознаваме
  • 4:19 - 4:21
    можеме да го направиме светот
    подобро место за животни,
  • 4:21 - 4:24
    пољубезно место за животните.
  • 4:24 - 4:27
    Дозволете ми да ви кажам малку повеќе
    за тагата кај животните.
  • 4:28 - 4:31
    Ќе почнам со Кенија.
  • 4:31 - 4:34
    Тука гледате еден слон наречен Еленор
  • 4:34 - 4:37
    што еден ден дојде со помодрени нозе,
  • 4:37 - 4:39
    и колабираше.
  • 4:39 - 4:40
    Погледете лево
  • 4:40 - 4:44
    друга женка наречена Грејс
    веднаш дојде до неа
  • 4:44 - 4:46
    и користејќи ја својата сурла,
    ја подигна нагоре,
  • 4:46 - 4:48
    обидувајќи се да ја стане на нозе.
  • 4:48 - 4:49
    И успеа,
  • 4:49 - 4:52
    но Еленор повторно падна.
  • 4:52 - 4:56
    Грејс стана видливо вознемирена,
  • 4:56 - 4:59
    го побутнуваше телото
    и вокализираше.
  • 5:00 - 5:01
    Еленор пак падна,
  • 5:01 - 5:04
    и за жал, таа умре.
  • 5:04 - 5:09
    Она што го гледате десно е женка
    од друго семејство наречена Мауи,
  • 5:09 - 5:12
    која дојде по смртта,
    и остана со телото.
  • 5:12 - 5:15
    Таа таму бдееше и
    се тресеше вознемирено
  • 5:15 - 5:17
    над телото.
  • 5:17 - 5:19
    Научниците кои ги гледаа слоновите
  • 5:19 - 5:23
    внимателно го набљудуваа телото на Еленор
  • 5:23 - 5:24
    седум дена.
  • 5:24 - 5:26
    И за време на тие седум дена,
  • 5:26 - 5:28
    дошла цела парада на слонови
  • 5:28 - 5:30
    од пет различни семејства.
  • 5:30 - 5:32
    Некои беа само љубопитни,
  • 5:32 - 5:34
    но другите покажуваа однесување
  • 5:34 - 5:37
    за кое верувам дека
    треба да се класифицира како тага.
  • 5:38 - 5:40
    И како изгледа таа тага?
  • 5:41 - 5:44
    Може да биде, како што кажав,
    вознемирено тресење.
  • 5:44 - 5:46
    Може да биде социјално повлекување,
  • 5:46 - 5:50
    каде што животното се отргнува
    себеси подалеку од пријателите
  • 5:50 - 5:53
    и останува само
  • 5:53 - 5:55
    Може да биде неправилно јадење и спиење ,
  • 5:55 - 5:59
    некогаш и депресивно држење на телото и
    вокализација.
  • 5:59 - 6:02
    Би било од помош,
    за тие што го проучуваме ова
  • 6:02 - 6:07
    да можеме да споредиме однесување
    на преживеано животно пред смрт
  • 6:07 - 6:08
    и после,
  • 6:08 - 6:11
    бидејќи тоа би ја зголемило
    строгоста на нашата интерпретација.
  • 6:12 - 6:13
    Можам да ви го објаснам ова
  • 6:13 - 6:18
    со тоа што ке ви зборам за две патки
    наречени Харпер и Кол.
  • 6:18 - 6:20
    Значи сега зборуваме за птици.
  • 6:20 - 6:24
    Харпер и Кол израснаа во
    foie gras фабрика,
  • 6:24 - 6:26
    каде што беа сурово третирани.
  • 6:26 - 6:29
    Foie gras опфаќа принудно хранење
    на птици.
  • 6:29 - 6:33
    Ова ги повредува нивните тела, а
    и нивните духови не се во добра состојба.
  • 6:33 - 6:37
    Но за среќа, тие беа спасени од страна на
    едно фармско засолниште од горен Њујорк.
  • 6:37 - 6:41
    И за четири години, тие се стабилизираа
    и брзо се спријателија.
  • 6:41 - 6:45
    Често одеа до едно мало езерце
    на имотот.
  • 6:46 - 6:50
    И тогаш, Кол се здоби со непостојана болка
    во нозете,
  • 6:50 - 6:54
    и им беше јасно во засолништето,
    дека треба да биде хумано еутанизиран,
  • 6:54 - 6:55
    и тоа се случи.
  • 6:55 - 6:58
    Но тогаш вработените
    направија нешто брилијантно,
  • 6:58 - 7:02
    затоа што го донесоа Харпер
    да го види телото.
  • 7:02 - 7:05
    Прво Харпер го подбуцна телото на
    својот пријател,
  • 7:05 - 7:08
    и потоа легна преку него
  • 7:08 - 7:11
    и остана таму
    повеќе од еден час.
  • 7:12 - 7:15
    И во наредните неколку недели
  • 7:15 - 7:17
    тој мина низ тешко време.
  • 7:17 - 7:20
    Одел до истото езерце каде што
    имале одено со Кол,
  • 7:20 - 7:22
    и тој не сакал други
  • 7:23 - 7:25
    Во рок од два месеци, и тој умре.
  • 7:26 - 7:28
    Среќно може да кажам
  • 7:28 - 7:31
    дека не сите животни кои тагуваат
    имаат ваков тажен исход.
  • 7:31 - 7:36
    Минатото лето, летав до Бостон
    да ја посетам мојата ќерка Сара.
  • 7:36 - 7:38
    Бев со мојот сопруг Чарли.
  • 7:38 - 7:41
    Навистина ми требаше пауза од работа.
  • 7:42 - 7:45
    Но подлегнав и го проверив
    мојот емаил за работа.
  • 7:45 - 7:46
    Знаете како оди тоа.
  • 7:46 - 7:51
    И имаше муабет
    за едно отфрлено магаре.
  • 7:51 - 7:54
    Како антрополог
    ова не го очекував.
  • 7:54 - 7:56
    но таму беше, и мило ми е што го прочитав.
  • 7:56 - 8:00
    Затоа што магаре наречено Лена
    отишло во друго фармско засолниште,
  • 8:00 - 8:02
    во Алберта, Канада,
  • 8:02 - 8:04
    и како единственото магаре таму
  • 8:05 - 8:08
    имаше проблеми со стекнување
    друштво.
  • 8:08 - 8:11
    Но евентуално се здружи со
    еден постар коњ наречен Џејк,
  • 8:11 - 8:14
    и три години беа неразделни.
  • 8:14 - 8:18
    Но причината поради која го добив емаилот
    беше дека коњот Џејк, на возраст од 32
  • 8:18 - 8:21
    тешко се разболел и морало
    да биде еутанизиран
  • 8:22 - 8:25
    и тогаш тоа се случило.
  • 8:25 - 8:27
    Ова е Лена како стои на гробот на Џејк.
  • 8:27 - 8:31
    Не сакаше да влегува навечер.
    Не сакаше да влегува ни за храна.
  • 8:31 - 8:33
    Не сакаше да влезе ни за вода.
  • 8:33 - 8:36
    Го галеше гробот,
    испушташе звуци на вознемиреност
  • 8:36 - 8:38
    и таму остануваше.
  • 8:38 - 8:41
    Зборевме и дискутиравме.
  • 8:41 - 8:43
    Што би правел за животно како ова?
  • 8:43 - 8:45
    И разговаравме за улогата на времето,
  • 8:46 - 8:48
    дополнителната љубов и љубезност од луѓето
  • 8:48 - 8:51
    и дали да ја натераме да се спријатели
    повторно.
  • 8:51 - 8:56
    И еве каде нејзината траекторија се
    разминува со онаа на патката Харпер,
  • 8:56 - 8:58
    затоа што таа си најде нов пријател,
  • 8:58 - 9:01
    вработените од засолништето ми пишаа
    и кажаа дека сѐ е во ред.
  • 9:02 - 9:05
    Понекогаш, научниците го
    надополнуваат набљудувањето
  • 9:06 - 9:07
    со хормонална анализа.
  • 9:08 - 9:11
    Пример е една група научници од Боцвана,
  • 9:11 - 9:15
    која споредила фекална материја од бабуни
    од две различни групи.
  • 9:15 - 9:20
    Првата група биле женки кои
    биле сведоци на напад од грабливец
  • 9:20 - 9:22
    и изгубиле некого при тој напад,
  • 9:22 - 9:25
    втората група биле женки кои
    биле сведоци на напад
  • 9:25 - 9:27
    но не изгубиле никого.
  • 9:27 - 9:29
    И бројот на стрес хормони
    беше зголемен во првата група.
  • 9:30 - 9:31
    Но еве во што е работата;
  • 9:31 - 9:34
    научниците не ги нарекоа
    бабуни под стрес,
  • 9:34 - 9:36
    туку ужалени бабуни
  • 9:36 - 9:40
    заради набљудувањата кои ги направија.
  • 9:40 - 9:43
    На пример, една мајка и ќерка
    беа многу зближени,
  • 9:43 - 9:45
    и ќерката беше убиена од еден лав.
  • 9:46 - 9:49
    Мајката тогаш се оддалечи од
    сите
  • 9:49 - 9:52
    од своите друштвени мрежи,
    остана сама со недели--
  • 9:53 - 9:55
    жалост--
  • 9:55 - 9:57
    и потоа полека почна да се опоравува.
  • 9:59 - 10:02
    Значи, имаме бабуни кои жалат.
  • 10:02 - 10:06
    Дали некој ден науката ќе ни каже
    за ужалени пчели?
  • 10:06 - 10:09
    Дали ќе чуеме за жаби кои тагуваат?
  • 10:09 - 10:13
    Мислам дека не, и мислам дека причината
    е затоа што на животните им требаат
  • 10:13 - 10:16
    блиски еден-на-еден односи
    за тоа да се случи.
  • 10:17 - 10:21
    Исто така знам дека околностите се важни
    и дека карактерот е од големо значење.
  • 10:21 - 10:24
    Имам документирано
    мачки и кучиња кои тажат,
  • 10:24 - 10:26
    нашите животни-придружници,
  • 10:26 - 10:29
    но зборев и со жена на која
    многу и пречеше
  • 10:29 - 10:31
    што нејзиното куче не тагувало.
  • 10:32 - 10:35
    Ми кажа,“Првото куче во куќата умре.
  • 10:35 - 10:38
    Второто не изгледа загрижено.
  • 10:38 - 10:40
    Што не е во ред со него? “
  • 10:40 - 10:41
    (смеа)
  • 10:41 - 10:43
    И додека ја слушав,
  • 10:43 - 10:47
    сфатив дека тоа куче е единственото
    животно во куќата,
  • 10:47 - 10:50
    и што се однесува до него,
    тоа е доста добра ситуација.
  • 10:51 - 10:53
    Околностите се важни.
  • 10:55 - 10:57
    Во било кој случај,
    животните нема да тагуваат
  • 10:57 - 10:59
    исто како што ние тагуваме.
  • 10:59 - 11:01
    Ние ја имаме човечката креативност.
  • 11:01 - 11:05
    Ние ја сликаме нашата тага, играме
    со нашата тага,
  • 11:05 - 11:07
    пишуваме за нашата тага.
  • 11:07 - 11:09
    Ниe исто така можеме да
    жалиме по луѓе кои не сме ги запознале
  • 11:09 - 11:12
    низ просторот и времето.
  • 11:12 - 11:14
    Силно го почувствував ова
    кога бев во Берлин
  • 11:14 - 11:17
    кај меморијалот за Холокаустот.
  • 11:17 - 11:20
    Животните не тагуваат исто како нас,
  • 11:20 - 11:23
    но ова не значи
    дека нивната тага не постои.
  • 11:23 - 11:26
    Таа постои и е силна,
  • 11:26 - 11:28
    и можеме да ја видиме ако сакаме.
  • 11:29 - 11:32
    Ги изгубив моите родители.
  • 11:32 - 11:36
    Изгубив многу драга личност
    од СИДА, на млада возраст.
  • 11:36 - 11:41
    Верувам дека повеќето од вас
    тука имат изгубено некого.
  • 11:41 - 11:44
    И искрено во тоа наоѓам удобност,
  • 11:44 - 11:49
    утеха, знаејќи дека не сме единствените
    суштества на планетата
  • 11:49 - 11:51
    кои чувствуваат љубов и тага.
  • 11:52 - 11:54
    И верувам дека ова е важно.
  • 11:54 - 11:57
    И мислам дека можеме да одиме
    чекор понапред,
  • 11:57 - 11:59
    и да сфатиме дека
    постоењето на тага кај животните
  • 11:59 - 12:03
    може да ни помогне нам
    и ние да им помогнеме на животните.
  • 12:03 - 12:06
    Ова се случува со Тахлека,
  • 12:06 - 12:11
    затоа што САД и Канада итно ги
    засилија нивните обиди
  • 12:11 - 12:12
    да им помогнат на орките
  • 12:13 - 12:15
    со тоа што ке го вратат
    Чинук лососот
  • 12:15 - 12:17
    и ќе помогнат со загадената вода.
  • 12:17 - 12:20
    Ако тагата кај животните е вистинска
    тогаш може да видиме
  • 12:20 - 12:22
    дека има големи шанси
  • 12:22 - 12:25
    животните да чувствуваат голем број
    нешта
  • 12:26 - 12:30
    Можеме да ги земеме предвид
    среќата, тагата па дури и надежта.
  • 12:30 - 12:32
    И ако го сториме тоа,
  • 12:32 - 12:35
    еве како ќе можеме да
    размислуваме за светот.
  • 12:35 - 12:37
    Ќе можеме да ги погледнеме орките
    и да кажеме дека,
  • 12:37 - 12:40
    знаеме дека тагуваат,
    знаеме дека чувствуваат
  • 12:40 - 12:45
    и ќе престанеме да ги ограничуваме
    во тематските паркови
  • 12:45 - 12:48
    и да ги тераме да играат
    за наша забава.
  • 12:48 - 12:50
    (аплауз)
  • 12:51 - 12:53
    Ви благодарам.
  • 12:53 - 12:56
    Ќе можеме да ги видиме слоновите
    и да кажеме, да, и тие тагуваат
  • 12:56 - 13:00
    и ке ги засилиме напорите
    против меѓународниот спортски лов
  • 13:00 - 13:01
    и ловокрадството.
  • 13:01 - 13:03
    (аплауз)
  • 13:03 - 13:05
    Фала ви.
  • 13:05 - 13:08
    И ќе можеме да ги видиме нашите
    најблиски роднини, мајмуните
  • 13:08 - 13:11
    и ќе знаеме дека да,
    и тие чувствуваат
  • 13:11 - 13:14
    и не заслужуваат да бидат заробени
  • 13:14 - 13:17
    во инвазивни биомедицински експерименити
  • 13:17 - 13:19
    со години.
  • 13:19 - 13:21
    И знаете--
  • 13:21 - 13:22
    (аплауз)
  • 13:22 - 13:25
    патките Харпер и Кол,
    и од нив можеме да заклучиме нешто.
  • 13:25 - 13:29
    Можат да ни помогнат да сфатиме
    дека она што го јадеме
  • 13:29 - 13:31
    влијае врз животот на животните.
  • 13:31 - 13:35
    И не е само „фоа гра“,
    и не се само патките.
  • 13:35 - 13:40
    Тука се и свињите, кокошките
    и кравите во фабричките фарми
  • 13:40 - 13:41
    за кои го знаеме истото.
  • 13:41 - 13:45
    Науката потврдила
    дека и овие животни чувствуваат.
  • 13:45 - 13:50
    Така што, секој пат кога ке одбереме
    оброк од растително потекло,
  • 13:50 - 13:54
    придонесуваме за смалување
    на страдањето кај животните.
  • 13:54 - 13:57
    (аплауз)
  • 13:57 - 14:02
    Верувам во постоењето на
    тага кај животните.
  • 14:02 - 14:04
    Верувам во постоењето на љубов
    кај животните,
  • 14:04 - 14:07
    и мислам дека е време
  • 14:07 - 14:09
    да сфатиме дека ние не ги
    поседуваме овие нешта.
  • 14:10 - 14:11
    И кога ке го сфатиме тоа,
  • 14:11 - 14:15
    ќе имаме можност да го направиме светот
    подобро место за животните,
  • 14:15 - 14:18
    помил, понежен свет,
  • 14:18 - 14:22
    и на тој начин, можеби
    ќе се спасиме и самите себеси.
  • 14:22 - 14:24
    Ви благодарам многу.
  • 14:24 - 14:25
    (аплауз)
  • 14:25 - 14:27
    Фала ви. Фала ви.
  • 14:27 - 14:29
    (аплауз)
Title:
Тага и љубов во животинскиот свет
Speaker:
Барбара Џеј Кинг
Description:

Од орки што тагуваат до потресени слонови, биолошкиот антрополог Барбара Џеј Кинг е сведок на тага и љубов низ животинскиот свет. Во овој инспиративен монолог, таа ги образложува доказите во основата на нејзините верувања дека многу животни се способни за комплексни емоции, и сугерира начини на кои би можеле да ги третираме подобро - вклучително и секој пат кога јадеме. “Животните не тагуваат како нас, но ова не значи дека нивната тага не постои,“ - вели таа. Таа постои, и е интензивна, и можеме да ја видиме ако посакаме.“

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
14:42

Macedonian subtitles

Revisions