Return to Video

Зошто е толку специјален човечкиот мозок?

  • 0:01 - 0:03
    Зошто е толку специјален човечкиот мозок?
  • 0:03 - 0:06
    Зошто токму ние ги проучуваме другите животни,
  • 0:06 - 0:08
    а не тие нас?
  • 0:08 - 0:09
    Што има или прави човечкиот мозок,
  • 0:09 - 0:11
    а што не можат другите мозоци?
  • 0:11 - 0:14
    Кога се заинтересирав за овие прашања пред околу 10 години,
  • 0:14 - 0:17
    начниците мислеа дека знаат од што се направени различните мозоци.
  • 0:17 - 0:19
    Иако беше базирано на многу малку докази,
  • 0:19 - 0:21
    многу научници мислеа дека мозоците на цицачите,
  • 0:21 - 0:23
    вклучувајќи го и човечкиот мозок,
  • 0:23 - 0:24
    се направени на ист начин,
  • 0:24 - 0:25
    дека бројот на неврони е секогаш
  • 0:25 - 0:28
    пропорционален на големината на мозокот.
  • 0:28 - 0:30
    Ова значи дека два мозоци со иста големина,
  • 0:30 - 0:33
    како овие два, со тежина од по 400 грама,
  • 0:33 - 0:36
    би требало да имаат сличен број на неврони.
  • 0:36 - 0:38
    Е сега, ако невроните се функционалните
  • 0:38 - 0:41
    единици на мозокот за обработка на информации,
  • 0:41 - 0:42
    тогаш сопствениците на овие два мозоци
  • 0:42 - 0:45
    треба да имаат слични когнитивни способности.
  • 0:45 - 0:47
    Но, едниот е на шимпанзо,
  • 0:47 - 0:50
    а другиот на крава.
  • 0:50 - 0:52
    Можеби кравите имаат навистина богат
  • 0:52 - 0:54
    ментален живот и се толку паметни
  • 0:54 - 0:58
    што одлучиле да го сокријат тој факт од нас,
  • 0:58 - 1:00
    но ние ги јадеме.
  • 1:00 - 1:01
    Мислам дека повеќето луѓе ќе се сложат
  • 1:01 - 1:03
    дека шимпанзата се способни за посложени,
  • 1:03 - 1:06
    подетални и пофлексибилни однесувања отколку кравите.
  • 1:06 - 1:08
    Ова е првиот знак дека сценариото
  • 1:08 - 1:10
    "сите мозоци се направени на ист начин"
  • 1:10 - 1:12
    не е баш исправно.
  • 1:12 - 1:13
    Но ајде да речеме дека е така.
  • 1:13 - 1:15
    Ако сите мозоци се направени на ист начин,
  • 1:15 - 1:18
    ако споредиш животни кои имаат мозоци со различна големина,
  • 1:18 - 1:20
    тогаш поголемите мозоци треба да имаат повеќе неврони
  • 1:20 - 1:23
    отколку помалите мозоци, и колку е поголем мозокот
  • 1:23 - 1:26
    толку поинтелигентен треба да биде неговиот сопственик.
  • 1:26 - 1:28
    Значи, најголемиот мозок што ќе го најдеме треба
  • 1:28 - 1:30
    да биде и најинтелигентниот.
  • 1:30 - 1:32
    И еве ги лошите вести:
  • 1:32 - 1:34
    Нашиот мозок не е најголемиот мозок.
  • 1:34 - 1:36
    Доста вознемирувачко.
  • 1:36 - 1:39
    Нашиот мозок тежи помеѓу 1.2 и 1.5 килограми,
  • 1:39 - 1:42
    но мозокот на слонот тежи помеѓу четири и пет килограми,
  • 1:42 - 1:45
    а мозокот на китот може да тежи сѐ до 9 килограми.
  • 1:45 - 1:49
    А за да ги објаснат човековите когнитивни способности
  • 1:49 - 1:52
    научниците честопати велеа
  • 1:52 - 1:54
    дека нашиот мозок мора да е специјален.
  • 1:54 - 1:57
    Мора да е извонреден,
  • 1:57 - 1:59
    исклучок од правилото.
  • 1:59 - 2:03
    Нивниот можеби е поголем, но нашиот е подобар,
  • 2:03 - 2:04
    и можеби е подобар, на пример,
  • 2:04 - 2:07
    се чини дека е поголем одошто треба,
  • 2:07 - 2:09
    имаме многу поголем церебрален кортекс одошто треба да имаме,
  • 2:09 - 2:11
    имајќи ја на ум големината на нашето тело.
  • 2:11 - 2:12
    Имаме вишок кортекс со кој
  • 2:12 - 2:15
    можеме да правиме интересни работи, а не само да управуваме со телото.
  • 2:15 - 2:17
    Тоа е така бидејќи големината на мозокот
  • 2:17 - 2:19
    вообичаено е во склад со големината на телото.
  • 2:19 - 2:22
    Заклучокот дека нашиот мозок е поголем
  • 2:22 - 2:24
    одошто треба да биде, се базира
  • 2:24 - 2:26
    на нашите споредби со другите
  • 2:26 - 2:27
    примати.
  • 2:27 - 2:30
    Горилата можат да бидат двапати или трипати поголеми од нас,
  • 2:30 - 2:32
    па оттука и нивните мозоци треба да се поголеми од нашите,
  • 2:32 - 2:34
    но во реалноста е обратно.
  • 2:34 - 2:37
    Нашиот мозок е трипати поголем од оној на горилото.
  • 2:37 - 2:39
    Човечкиот мозок е специјален и во однос
  • 2:39 - 2:42
    на тоа колку енергија троши.
  • 2:42 - 2:44
    Иако е само 2 проценти од вкупната телесна тежина,
  • 2:44 - 2:48
    мозокот користи 25 проценти од енергијата
  • 2:48 - 2:50
    која му е потребна на телото за да функционира.
  • 2:50 - 2:54
    Тоа се 500 калории од вкупните 2,000 калории,
  • 2:54 - 2:56
    само за да ви работи мозокот.
  • 2:56 - 2:59
    Човечкиот мозок е поголем одошто треба да биде,
  • 2:59 - 3:01
    користи многу повеќе енергија одошто треба,
  • 3:01 - 3:02
    и затоа е специјален.
  • 3:02 - 3:05
    И токму овде приказната почна да ми смета.
  • 3:05 - 3:07
    Во биологијата бараме правила
  • 3:07 - 3:09
    кои важат за сите животни и за животот во глобала,
  • 3:09 - 3:11
    и зошто законите на еволуцијата
  • 3:11 - 3:15
    би важеле за сите само не за нас?
  • 3:15 - 3:17
    Можеби проблемот лежи во основната претпоставка
  • 3:17 - 3:19
    дека сите мозоци се направени на ист начин.
  • 3:19 - 3:21
    Можеби два мозоци со иста големина
  • 3:21 - 3:23
    содржат различен број на неврони.
  • 3:23 - 3:25
    Еден многу голем мозок
  • 3:25 - 3:27
    не мора да значи дека има повеќе неврони
  • 3:27 - 3:29
    од мозок со средна големина.
  • 3:29 - 3:32
    Можеби човечкиот мозок има најмногу неврони
  • 3:32 - 3:34
    споредено со другите мозоци, без оглед на неговата големина,
  • 3:34 - 3:37
    особено во церебралниот кортекс.
  • 3:37 - 3:38
    И така за мене стана
  • 3:38 - 3:40
    важно да одговорам на прашањето:
  • 3:40 - 3:42
    колку неврони има човечкиот мозок,
  • 3:42 - 3:45
    и како изгледа тоа во споредба со другите животни?
  • 3:45 - 3:47
    Е сега, можеби сте слушнале или прочитале некаде
  • 3:47 - 3:49
    дека имаме 100 милијарди неврони,
  • 3:49 - 3:51
    и така пред 10 години ги прашав моите колеги
  • 3:51 - 3:53
    дали знаат како е дојдено до овој број.
  • 3:53 - 3:55
    Но никој не знаеше.
  • 3:55 - 3:56
    Копав низ литературата за да откријам
  • 3:56 - 3:58
    од каде потекнува овој број, но не
  • 3:58 - 4:00
    можев да откријам.
  • 4:00 - 4:03
    Се чини дека всушност никој ги нема избројано
  • 4:03 - 4:04
    невроните во човечкиот мозок,
  • 4:04 - 4:07
    а ниту пак во другите мозоци.
  • 4:07 - 4:10
    И така смислив начин како да ги избројам клетките во мозокот.
  • 4:10 - 4:12
    Во суштина, правиме супа
  • 4:12 - 4:16
    од мозокот.
  • 4:16 - 4:18
    Вака функционира:
  • 4:18 - 4:21
    Земате мозок, или делови од мозокот,
  • 4:21 - 4:22
    и го растворате во детергент,
  • 4:22 - 4:24
    кој ги уништува клеточните мембрани,
  • 4:24 - 4:26
    а клеточното јадро останува недопрено,
  • 4:26 - 4:30
    и на крај добивате раствор од клеточни јадра
  • 4:30 - 4:31
    кој изгледа вака,
  • 4:31 - 4:33
    како бистра супа.
  • 4:33 - 4:35
    Оваа супа ги содржи сите јадра
  • 4:35 - 4:37
    кои некогаш биле дел од мозок на глушец.
  • 4:37 - 4:40
    Убавината на супата се состои во тоа што можете
  • 4:40 - 4:43
    да ја промешате и на тој начин рамномерно
  • 4:43 - 4:44
    да ги распределите јадрата во течноста,
  • 4:44 - 4:46
    и кога ќе разгледате под микроскопот
  • 4:46 - 4:51
    четири или пет примероци од овој хомоген раствор,
  • 4:51 - 4:53
    ке можете да ги изброите јадрата
  • 4:53 - 4:55
    и ќе знаете колку клетки имал тој мозок.
  • 4:55 - 4:56
    Едноставно е, ефикасно
  • 4:56 - 4:58
    и навистина брзо.
  • 4:58 - 5:00
    Го користевме овој метод за да ги изброиме невроните
  • 5:00 - 5:02
    кај дузина различни видови до сега,
  • 5:02 - 5:04
    и се покажа дека не сите мозоци
  • 5:04 - 5:06
    се направени на ист начин.
  • 5:06 - 5:09
    Да ги земеме глодарите и приматите, на пример:
  • 5:09 - 5:11
    Во мозоците на поголемите глодари, просечната големина
  • 5:11 - 5:13
    на невронот се зголемува,
  • 5:13 - 5:15
    па така мозокот многу брзо се шири,
  • 5:15 - 5:18
    а ширењето е многу побрзо одошто растот на бројот на неврони.
  • 5:18 - 5:20
    Но во мозокот на приматите бројот
  • 5:20 - 5:22
    на неврони расте, а без притоа да се зголеми нивната просечна големина,
  • 5:22 - 5:24
    и ова е многу економичен начин
  • 5:24 - 5:26
    за додавање на неврони во мозокот.
  • 5:26 - 5:27
    Како резултат на ова приматскиот мозок
  • 5:27 - 5:31
    секогаш ќе има повеќе неврони во споредба со глодарскиот мозок од иста големина,
  • 5:31 - 5:32
    и колку е поголем мозокот,
  • 5:32 - 5:34
    толку поголема ќе биде оваа разлика.
  • 5:34 - 5:36
    И што е со нашиот мозок?
  • 5:36 - 5:38
    Откривме дека ние имаме, во просек,
  • 5:38 - 5:40
    86 милијарди неврони,
  • 5:40 - 5:43
    од кои 16 милијарди се во церебралниот кортекс,
  • 5:43 - 5:45
    и ако земете во предвид дека цербралниот кортекс
  • 5:45 - 5:48
    е седиште на функциите како
  • 5:48 - 5:51
    свесноста, логичкото и апстрактно резонирање,
  • 5:51 - 5:54
    и тоа што нашиот кортекс има најмногу
  • 5:54 - 5:57
    неврони споредено со било кој друг кортекс,
  • 5:57 - 5:58
    мислам дека ова е наједноставното објаснување
  • 5:58 - 6:02
    за нашите неверојатни когнитивни способности.
  • 6:02 - 6:05
    Но исто толку е важно и значењето на 86те милијарди неврони.
  • 6:05 - 6:06
    Оти откривме дека врската помеѓу
  • 6:06 - 6:09
    големината на мозокот и бројот на неврони кој ги поседува
  • 6:09 - 6:10
    може да се опише математички,
  • 6:10 - 6:13
    можеме да пресметаме како би изгледал
  • 6:13 - 6:15
    човечкиот мозок доколку беше направен како оној на глодарите.
  • 6:15 - 6:19
    Глодарски мозок со 86 милијарди неврони
  • 6:19 - 6:22
    би тежел 36 килограми.
  • 6:22 - 6:24
    Тоа е невозможно.
  • 6:24 - 6:25
    Мозок со толкава големина би бил згмечен
  • 6:25 - 6:27
    од сопствената тежина,
  • 6:27 - 6:28
    и овој невозможен мозок би одел
  • 6:28 - 6:32
    со тело кое тежи 89 тони.
  • 6:32 - 6:34
    Ова не личи на нас.
  • 6:34 - 6:37
    Ова веќе нѐ води до еден многу важен заклучок,
  • 6:37 - 6:39
    дека ние не сме глодари.
  • 6:39 - 6:43
    Човечкиот мозок не е голем стаорски мозок.
  • 6:43 - 6:45
    Во споредба со стаорец, ние сме специјални, да,
  • 6:45 - 6:47
    но ваквата споредба не е фер,
  • 6:47 - 6:50
    имајќи во предвид дека не сме глодари.
  • 6:50 - 6:51
    Ние сме примати,
  • 6:51 - 6:54
    па така би требало да се споредуваме со другите примати.
  • 6:54 - 6:55
    И тука, ако пресметате
  • 6:55 - 6:58
    ќе видите дека еден генерички примат
  • 6:58 - 7:00
    со 86 милијарди неврони
  • 7:00 - 7:03
    би имал мозок од 1.2 килограми,
  • 7:03 - 7:05
    што изгледа сосема исправно,
  • 7:05 - 7:07
    во тело од некои 66 килограми,
  • 7:07 - 7:09
    што во мојот случај е сосема така,
  • 7:09 - 7:12
    а тоа нѐ води до еден многу не-изненадувачки,
  • 7:12 - 7:15
    но сепак неверојатен заклучок:
  • 7:15 - 7:16
    Јас сум примат.
  • 7:16 - 7:19
    И сите вие сте примати.
  • 7:19 - 7:21
    И Дарвин бил.
  • 7:21 - 7:24
    Сакам да размислувам за тоа колку ќе го ценеше ова Дарвин.
  • 7:24 - 7:26
    Неговиот мозок, како и нашите,
  • 7:26 - 7:29
    бил направен по урнек на другите приматски мозоци.
  • 7:29 - 7:31
    Човечкиот мозок можеби е извонреден, да,
  • 7:31 - 7:34
    но сепак не е специјален.
  • 7:34 - 7:36
    Едноставно е голем приматски мозок.
  • 7:36 - 7:39
    Мислам дека ова е многу понизна и отрезнувачка мисла
  • 7:39 - 7:42
    која треба да нѐ потсетува за нашето место во природата.
  • 7:42 - 7:45
    Зошто троши толку многу енергија, тогаш?
  • 7:45 - 7:46
    Едни други луѓе пресметале колку
  • 7:46 - 7:48
    енергија троши човечкиот мозок
  • 7:48 - 7:49
    и оној на другите видови,
  • 7:49 - 7:51
    и сега кога знаеме од колку неврони е направен
  • 7:51 - 7:53
    секој мозок, можеме да ја направиме математиката.
  • 7:53 - 7:55
    И излегува дека и човечкиот
  • 7:55 - 7:58
    и другите мозоци имаат иста потрошувачка,
  • 7:58 - 8:01
    во просек по шест калории на една милијарда неврони.
  • 8:01 - 8:03
    Вкупната енергетска потрошувачка на мозокот
  • 8:03 - 8:05
    е едноставна, линеарна функција
  • 8:05 - 8:07
    која зависи од бројот на неврони,
  • 8:07 - 8:09
    и се покажа дека човечкиот мозок
  • 8:09 - 8:13
    троши онолку енергија колку што очекувавме.
  • 8:13 - 8:15
    Причината заради која човечкиот мозок
  • 8:15 - 8:17
    троши толку многу енергија е едноставно
  • 8:17 - 8:19
    затоа што има огромен број на неврони,
  • 8:19 - 8:20
    и бидејќи сме примати
  • 8:20 - 8:23
    кои имаат многу повеќе неврони од било кое друго
  • 8:23 - 8:24
    животно.
  • 8:24 - 8:28
    Релативната потрошувачка на нашиот мозок е голема,
  • 8:28 - 8:31
    но само затоа што сме примати, а не оти сме специјални.
  • 8:31 - 8:32
    И последното прашање:
  • 8:32 - 8:35
    како сме дошле до овој неверојатен број на неврони,
  • 8:35 - 8:37
    и особено, ако големите примати
  • 8:37 - 8:39
    се поголеми од нас,
  • 8:39 - 8:42
    тогаш зошто тие немаат поголем мозок од нас, со повеќе неврони?
  • 8:42 - 8:45
    Кога сфативме колку многу е скапо да
  • 8:45 - 8:47
    имаш многу неврони во мозокот, помислив,
  • 8:47 - 8:49
    можеби причината е едноставна.
  • 8:49 - 8:51
    Тие едноставно не можат да обезбедат
  • 8:51 - 8:54
    енергија за двете, и за големо тело и за голем број на неврони.
  • 8:54 - 8:55
    И ја направивме математиката.
  • 8:55 - 8:57
    Од една страна пресметавме
  • 8:57 - 8:59
    колку енергија добива приматот на ден
  • 8:59 - 9:00
    јадејќи сирова храна,
  • 9:00 - 9:02
    и од друга страна, колку енергија троши
  • 9:02 - 9:04
    тело со одредена големина
  • 9:04 - 9:07
    и колку енергија троши мозок со одреден број на неврони,
  • 9:07 - 9:09
    и разгледувавме кои комбинации
  • 9:09 - 9:11
    на телесна големина и број на неврони
  • 9:11 - 9:12
    би можел да си ги дозволи
  • 9:12 - 9:15
    приматот доколку јаде одреден број часови на ден.
  • 9:15 - 9:17
    И дојдовме до тоа дека,
  • 9:17 - 9:18
    бидејќи невроните се многу скапи,
  • 9:18 - 9:22
    се јавува трампа помеѓу големината на телото и бројот на неврони.
  • 9:22 - 9:25
    Примат кој јаде осум часа на ден
  • 9:25 - 9:28
    може да си дозволи 53 милијарди неврони,
  • 9:28 - 9:29
    но во тој случај неговото тело нема да биде повеќе
  • 9:29 - 9:31
    од 25 килограми.
  • 9:31 - 9:33
    За да тежи повеќе од тоа,
  • 9:33 - 9:35
    ќе мора да се откаже од невроните.
  • 9:35 - 9:37
    Значи, или големо тело
  • 9:37 - 9:39
    или голем број на неврони.
  • 9:39 - 9:40
    Ако јадете како приматот,
  • 9:40 - 9:43
    не можете да си ги дозволите и двете.
  • 9:43 - 9:45
    Еден излез од ова метаболитско ограничување
  • 9:45 - 9:48
    е да поминете повеќе часови јадејќи,
  • 9:48 - 9:49
    но тогаш станува опасно,
  • 9:49 - 9:52
    и над одредена точка, веќе е невозможно.
  • 9:52 - 9:54
    Горилата и орангутаните, на пример,
  • 9:54 - 9:55
    можат да си дозволат 30 милијарди неврони
  • 9:55 - 9:58
    поминувајќи осум и пол часа на ден јадејќи,
  • 9:58 - 10:02
    и се чини дека тоа е најмногу што можат.
  • 10:02 - 10:03
    Девет часовна исхрана на ден
  • 10:03 - 10:07
    се чини дека е практичната граница за еден примат.
  • 10:07 - 10:08
    Што е со нас?
  • 10:08 - 10:10
    Со нашите 86 милијарди неврони
  • 10:10 - 10:13
    и телесна маса од 60 до 70 килограми,
  • 10:13 - 10:17
    ние би требало да поминеме над девет часа
  • 10:17 - 10:20
    секој ден хранејќи се,
  • 10:20 - 10:22
    нешто што е неизводливо.
  • 10:22 - 10:24
    Ако јадевме како приматите,
  • 10:24 - 10:26
    немаше да бидеме овде.
  • 10:26 - 10:28
    Тогаш, како стигнавме до овде?
  • 10:28 - 10:31
    Епа, ако нашиот мозок троши онолку енергија
  • 10:31 - 10:33
    колку што треба, и ако не можеме
  • 10:33 - 10:37
    да поминуваме толку многу време во исхрана,
  • 10:37 - 10:38
    тогаш единствената алтернатива
  • 10:38 - 10:40
    е некако да извлечеме повеќе енергија
  • 10:40 - 10:42
    од истата храна.
  • 10:42 - 10:46
    И неверојатно, тоа точно се совпаѓа
  • 10:46 - 10:49
    со она за што се верува дека нашите предци го измислиле
  • 10:49 - 10:51
    пред една и пол милиони години,
  • 10:51 - 10:54
    а тоа е готвењето.
  • 10:54 - 10:56
    Да готвите е да користите оган
  • 10:56 - 11:00
    за да извршите пред-варење на храната надвор од телото.
  • 11:00 - 11:02
    Готвената храна е помека, и затоа полесно можете
  • 11:02 - 11:05
    да ја џваката и да ја претворите во каша во устата,
  • 11:05 - 11:07
    а на тој начин таа целосно се вари
  • 11:07 - 11:08
    и се апсорбира во желудникот,
  • 11:08 - 11:12
    на тој начин давајќи повеќе енергија за многу пократко време.
  • 11:12 - 11:15
    Значи готвењето ни ослободува време
  • 11:15 - 11:17
    да правиме многу поинтересни работи
  • 11:17 - 11:18
    со нашите неврони
  • 11:18 - 11:20
    отколку само да мислиме на храна,
  • 11:20 - 11:22
    да бараме храна и да гмечеме храна
  • 11:22 - 11:23
    по цел ден.
  • 11:23 - 11:25
    Заради готвењето, она што некогаш било
  • 11:25 - 11:28
    голем товар, овој голем,
  • 11:28 - 11:31
    опасно скап мозок со многу неврони,
  • 11:31 - 11:33
    сега би можел да биде главна предност,
  • 11:33 - 11:36
    сега кога можеме да си ја дозволиме и енергијата за повеќе неврони
  • 11:36 - 11:39
    и времето за да правиме интересни работи со нив.
  • 11:39 - 11:41
    Мислам дека ова објаснува зошто човечкиот мозок
  • 11:41 - 11:44
    станал толку голем за толку краток еволуциски период,
  • 11:44 - 11:48
    а попатно останувајќи само приматски мозок.
  • 11:48 - 11:50
    Со овој голем мозок кој е возможен благодарение на готвењето,
  • 11:50 - 11:53
    отидовме набрзина од сирова храна на култура,
  • 11:53 - 11:56
    земјоделие, цивилизација, продавници,
  • 11:56 - 11:58
    струја, фрижидери,
  • 11:58 - 11:59
    сите оние работи кои денес
  • 11:59 - 12:01
    ни овозможуваат да ја добиеме сета потребна
  • 12:01 - 12:04
    енергија за целиот ден, едноставно
  • 12:04 - 12:07
    седнувајќи во вашиот омилен локал за брза храна.
  • 12:07 - 12:09
    И така она што некогаш било решение
  • 12:09 - 12:11
    денес ни стана проблем,
  • 12:11 - 12:17
    и иронично, решението го бараме во сировата храна.
  • 12:17 - 12:19
    И која е предноста на луѓето?
  • 12:19 - 12:21
    Што имаме ние, а што
  • 12:21 - 12:23
    нема ниту едно друго животно?
  • 12:23 - 12:26
    Мојот одговор е дека ние имаме најголем број
  • 12:26 - 12:27
    на неврони во церебралниот кортекс,
  • 12:27 - 12:29
    и мислам дека ова е наједноставното објаснување
  • 12:29 - 12:31
    за нашите извонредни когнитивни способности.
  • 12:31 - 12:34
    И што правиме, а што не прави ни едно друго животно,
  • 12:34 - 12:36
    и што верувам било клучно
  • 12:36 - 12:39
    во тоа што сме стекнале толку голем,
  • 12:39 - 12:41
    најголем број на неврони во кортексот?
  • 12:41 - 12:44
    Со два збора, ние готвиме.
  • 12:44 - 12:47
    Ни едно друго животно не готви. Само луѓето.
  • 12:47 - 12:50
    И мислам дека така сме станале луѓе.
  • 12:50 - 12:53
    Изучувајќи го човечкиот мозок почнав поинаку да гледам на храната.
  • 12:53 - 12:54
    Сега кога ќе ја погледнам кујната,
  • 12:54 - 12:56
    јас ѝ се поклонувам,
  • 12:56 - 12:57
    и им се заблагодарувам на моите предци
  • 12:57 - 12:59
    за ова откритие кое нѐ направи луѓе.
  • 12:59 - 13:01
    Ви благодарам многу.
  • 13:01 - 13:08
    (Аплауз)
Title:
Зошто е толку специјален човечкиот мозок?
Speaker:
Сузана Херкулано-Хоузел
Description:

Човечкиот мозок е загадочен -- невообичаено голем имајќи ја во предвид големината на нашите тела, користи огромна количина на енергија за неговата тежина и има невообичаено густ церебрален кортекс. Но: зошто? Невронаучникот Сузана Херкулано-Хоузел ја става нејзината детективска капа и нѐ води низ оваа мистерија. Правејќи "супа од мозок," таа доаѓа до еден запрепастувачки заклучок.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
13:31

Macedonian subtitles

Revisions