Зошто е толку специјален човечкиот мозок?
-
0:01 - 0:03Зошто е толку специјален човечкиот мозок?
-
0:03 - 0:06Зошто токму ние ги проучуваме другите животни,
-
0:06 - 0:08а не тие нас?
-
0:08 - 0:09Што има или прави човечкиот мозок,
-
0:09 - 0:11а што не можат другите мозоци?
-
0:11 - 0:14Кога се заинтересирав за овие прашања пред околу 10 години,
-
0:14 - 0:17начниците мислеа дека знаат од што се направени различните мозоци.
-
0:17 - 0:19Иако беше базирано на многу малку докази,
-
0:19 - 0:21многу научници мислеа дека мозоците на цицачите,
-
0:21 - 0:23вклучувајќи го и човечкиот мозок,
-
0:23 - 0:24се направени на ист начин,
-
0:24 - 0:25дека бројот на неврони е секогаш
-
0:25 - 0:28пропорционален на големината на мозокот.
-
0:28 - 0:30Ова значи дека два мозоци со иста големина,
-
0:30 - 0:33како овие два, со тежина од по 400 грама,
-
0:33 - 0:36би требало да имаат сличен број на неврони.
-
0:36 - 0:38Е сега, ако невроните се функционалните
-
0:38 - 0:41единици на мозокот за обработка на информации,
-
0:41 - 0:42тогаш сопствениците на овие два мозоци
-
0:42 - 0:45треба да имаат слични когнитивни способности.
-
0:45 - 0:47Но, едниот е на шимпанзо,
-
0:47 - 0:50а другиот на крава.
-
0:50 - 0:52Можеби кравите имаат навистина богат
-
0:52 - 0:54ментален живот и се толку паметни
-
0:54 - 0:58што одлучиле да го сокријат тој факт од нас,
-
0:58 - 1:00но ние ги јадеме.
-
1:00 - 1:01Мислам дека повеќето луѓе ќе се сложат
-
1:01 - 1:03дека шимпанзата се способни за посложени,
-
1:03 - 1:06подетални и пофлексибилни однесувања отколку кравите.
-
1:06 - 1:08Ова е првиот знак дека сценариото
-
1:08 - 1:10"сите мозоци се направени на ист начин"
-
1:10 - 1:12не е баш исправно.
-
1:12 - 1:13Но ајде да речеме дека е така.
-
1:13 - 1:15Ако сите мозоци се направени на ист начин,
-
1:15 - 1:18ако споредиш животни кои имаат мозоци со различна големина,
-
1:18 - 1:20тогаш поголемите мозоци треба да имаат повеќе неврони
-
1:20 - 1:23отколку помалите мозоци, и колку е поголем мозокот
-
1:23 - 1:26толку поинтелигентен треба да биде неговиот сопственик.
-
1:26 - 1:28Значи, најголемиот мозок што ќе го најдеме треба
-
1:28 - 1:30да биде и најинтелигентниот.
-
1:30 - 1:32И еве ги лошите вести:
-
1:32 - 1:34Нашиот мозок не е најголемиот мозок.
-
1:34 - 1:36Доста вознемирувачко.
-
1:36 - 1:39Нашиот мозок тежи помеѓу 1.2 и 1.5 килограми,
-
1:39 - 1:42но мозокот на слонот тежи помеѓу четири и пет килограми,
-
1:42 - 1:45а мозокот на китот може да тежи сѐ до 9 килограми.
-
1:45 - 1:49А за да ги објаснат човековите когнитивни способности
-
1:49 - 1:52научниците честопати велеа
-
1:52 - 1:54дека нашиот мозок мора да е специјален.
-
1:54 - 1:57Мора да е извонреден,
-
1:57 - 1:59исклучок од правилото.
-
1:59 - 2:03Нивниот можеби е поголем, но нашиот е подобар,
-
2:03 - 2:04и можеби е подобар, на пример,
-
2:04 - 2:07се чини дека е поголем одошто треба,
-
2:07 - 2:09имаме многу поголем церебрален кортекс одошто треба да имаме,
-
2:09 - 2:11имајќи ја на ум големината на нашето тело.
-
2:11 - 2:12Имаме вишок кортекс со кој
-
2:12 - 2:15можеме да правиме интересни работи, а не само да управуваме со телото.
-
2:15 - 2:17Тоа е така бидејќи големината на мозокот
-
2:17 - 2:19вообичаено е во склад со големината на телото.
-
2:19 - 2:22Заклучокот дека нашиот мозок е поголем
-
2:22 - 2:24одошто треба да биде, се базира
-
2:24 - 2:26на нашите споредби со другите
-
2:26 - 2:27примати.
-
2:27 - 2:30Горилата можат да бидат двапати или трипати поголеми од нас,
-
2:30 - 2:32па оттука и нивните мозоци треба да се поголеми од нашите,
-
2:32 - 2:34но во реалноста е обратно.
-
2:34 - 2:37Нашиот мозок е трипати поголем од оној на горилото.
-
2:37 - 2:39Човечкиот мозок е специјален и во однос
-
2:39 - 2:42на тоа колку енергија троши.
-
2:42 - 2:44Иако е само 2 проценти од вкупната телесна тежина,
-
2:44 - 2:48мозокот користи 25 проценти од енергијата
-
2:48 - 2:50која му е потребна на телото за да функционира.
-
2:50 - 2:54Тоа се 500 калории од вкупните 2,000 калории,
-
2:54 - 2:56само за да ви работи мозокот.
-
2:56 - 2:59Човечкиот мозок е поголем одошто треба да биде,
-
2:59 - 3:01користи многу повеќе енергија одошто треба,
-
3:01 - 3:02и затоа е специјален.
-
3:02 - 3:05И токму овде приказната почна да ми смета.
-
3:05 - 3:07Во биологијата бараме правила
-
3:07 - 3:09кои важат за сите животни и за животот во глобала,
-
3:09 - 3:11и зошто законите на еволуцијата
-
3:11 - 3:15би важеле за сите само не за нас?
-
3:15 - 3:17Можеби проблемот лежи во основната претпоставка
-
3:17 - 3:19дека сите мозоци се направени на ист начин.
-
3:19 - 3:21Можеби два мозоци со иста големина
-
3:21 - 3:23содржат различен број на неврони.
-
3:23 - 3:25Еден многу голем мозок
-
3:25 - 3:27не мора да значи дека има повеќе неврони
-
3:27 - 3:29од мозок со средна големина.
-
3:29 - 3:32Можеби човечкиот мозок има најмногу неврони
-
3:32 - 3:34споредено со другите мозоци, без оглед на неговата големина,
-
3:34 - 3:37особено во церебралниот кортекс.
-
3:37 - 3:38И така за мене стана
-
3:38 - 3:40важно да одговорам на прашањето:
-
3:40 - 3:42колку неврони има човечкиот мозок,
-
3:42 - 3:45и како изгледа тоа во споредба со другите животни?
-
3:45 - 3:47Е сега, можеби сте слушнале или прочитале некаде
-
3:47 - 3:49дека имаме 100 милијарди неврони,
-
3:49 - 3:51и така пред 10 години ги прашав моите колеги
-
3:51 - 3:53дали знаат како е дојдено до овој број.
-
3:53 - 3:55Но никој не знаеше.
-
3:55 - 3:56Копав низ литературата за да откријам
-
3:56 - 3:58од каде потекнува овој број, но не
-
3:58 - 4:00можев да откријам.
-
4:00 - 4:03Се чини дека всушност никој ги нема избројано
-
4:03 - 4:04невроните во човечкиот мозок,
-
4:04 - 4:07а ниту пак во другите мозоци.
-
4:07 - 4:10И така смислив начин како да ги избројам клетките во мозокот.
-
4:10 - 4:12Во суштина, правиме супа
-
4:12 - 4:16од мозокот.
-
4:16 - 4:18Вака функционира:
-
4:18 - 4:21Земате мозок, или делови од мозокот,
-
4:21 - 4:22и го растворате во детергент,
-
4:22 - 4:24кој ги уништува клеточните мембрани,
-
4:24 - 4:26а клеточното јадро останува недопрено,
-
4:26 - 4:30и на крај добивате раствор од клеточни јадра
-
4:30 - 4:31кој изгледа вака,
-
4:31 - 4:33како бистра супа.
-
4:33 - 4:35Оваа супа ги содржи сите јадра
-
4:35 - 4:37кои некогаш биле дел од мозок на глушец.
-
4:37 - 4:40Убавината на супата се состои во тоа што можете
-
4:40 - 4:43да ја промешате и на тој начин рамномерно
-
4:43 - 4:44да ги распределите јадрата во течноста,
-
4:44 - 4:46и кога ќе разгледате под микроскопот
-
4:46 - 4:51четири или пет примероци од овој хомоген раствор,
-
4:51 - 4:53ке можете да ги изброите јадрата
-
4:53 - 4:55и ќе знаете колку клетки имал тој мозок.
-
4:55 - 4:56Едноставно е, ефикасно
-
4:56 - 4:58и навистина брзо.
-
4:58 - 5:00Го користевме овој метод за да ги изброиме невроните
-
5:00 - 5:02кај дузина различни видови до сега,
-
5:02 - 5:04и се покажа дека не сите мозоци
-
5:04 - 5:06се направени на ист начин.
-
5:06 - 5:09Да ги земеме глодарите и приматите, на пример:
-
5:09 - 5:11Во мозоците на поголемите глодари, просечната големина
-
5:11 - 5:13на невронот се зголемува,
-
5:13 - 5:15па така мозокот многу брзо се шири,
-
5:15 - 5:18а ширењето е многу побрзо одошто растот на бројот на неврони.
-
5:18 - 5:20Но во мозокот на приматите бројот
-
5:20 - 5:22на неврони расте, а без притоа да се зголеми нивната просечна големина,
-
5:22 - 5:24и ова е многу економичен начин
-
5:24 - 5:26за додавање на неврони во мозокот.
-
5:26 - 5:27Како резултат на ова приматскиот мозок
-
5:27 - 5:31секогаш ќе има повеќе неврони во споредба со глодарскиот мозок од иста големина,
-
5:31 - 5:32и колку е поголем мозокот,
-
5:32 - 5:34толку поголема ќе биде оваа разлика.
-
5:34 - 5:36И што е со нашиот мозок?
-
5:36 - 5:38Откривме дека ние имаме, во просек,
-
5:38 - 5:4086 милијарди неврони,
-
5:40 - 5:43од кои 16 милијарди се во церебралниот кортекс,
-
5:43 - 5:45и ако земете во предвид дека цербралниот кортекс
-
5:45 - 5:48е седиште на функциите како
-
5:48 - 5:51свесноста, логичкото и апстрактно резонирање,
-
5:51 - 5:54и тоа што нашиот кортекс има најмногу
-
5:54 - 5:57неврони споредено со било кој друг кортекс,
-
5:57 - 5:58мислам дека ова е наједноставното објаснување
-
5:58 - 6:02за нашите неверојатни когнитивни способности.
-
6:02 - 6:05Но исто толку е важно и значењето на 86те милијарди неврони.
-
6:05 - 6:06Оти откривме дека врската помеѓу
-
6:06 - 6:09големината на мозокот и бројот на неврони кој ги поседува
-
6:09 - 6:10може да се опише математички,
-
6:10 - 6:13можеме да пресметаме како би изгледал
-
6:13 - 6:15човечкиот мозок доколку беше направен како оној на глодарите.
-
6:15 - 6:19Глодарски мозок со 86 милијарди неврони
-
6:19 - 6:22би тежел 36 килограми.
-
6:22 - 6:24Тоа е невозможно.
-
6:24 - 6:25Мозок со толкава големина би бил згмечен
-
6:25 - 6:27од сопствената тежина,
-
6:27 - 6:28и овој невозможен мозок би одел
-
6:28 - 6:32со тело кое тежи 89 тони.
-
6:32 - 6:34Ова не личи на нас.
-
6:34 - 6:37Ова веќе нѐ води до еден многу важен заклучок,
-
6:37 - 6:39дека ние не сме глодари.
-
6:39 - 6:43Човечкиот мозок не е голем стаорски мозок.
-
6:43 - 6:45Во споредба со стаорец, ние сме специјални, да,
-
6:45 - 6:47но ваквата споредба не е фер,
-
6:47 - 6:50имајќи во предвид дека не сме глодари.
-
6:50 - 6:51Ние сме примати,
-
6:51 - 6:54па така би требало да се споредуваме со другите примати.
-
6:54 - 6:55И тука, ако пресметате
-
6:55 - 6:58ќе видите дека еден генерички примат
-
6:58 - 7:00со 86 милијарди неврони
-
7:00 - 7:03би имал мозок од 1.2 килограми,
-
7:03 - 7:05што изгледа сосема исправно,
-
7:05 - 7:07во тело од некои 66 килограми,
-
7:07 - 7:09што во мојот случај е сосема така,
-
7:09 - 7:12а тоа нѐ води до еден многу не-изненадувачки,
-
7:12 - 7:15но сепак неверојатен заклучок:
-
7:15 - 7:16Јас сум примат.
-
7:16 - 7:19И сите вие сте примати.
-
7:19 - 7:21И Дарвин бил.
-
7:21 - 7:24Сакам да размислувам за тоа колку ќе го ценеше ова Дарвин.
-
7:24 - 7:26Неговиот мозок, како и нашите,
-
7:26 - 7:29бил направен по урнек на другите приматски мозоци.
-
7:29 - 7:31Човечкиот мозок можеби е извонреден, да,
-
7:31 - 7:34но сепак не е специјален.
-
7:34 - 7:36Едноставно е голем приматски мозок.
-
7:36 - 7:39Мислам дека ова е многу понизна и отрезнувачка мисла
-
7:39 - 7:42која треба да нѐ потсетува за нашето место во природата.
-
7:42 - 7:45Зошто троши толку многу енергија, тогаш?
-
7:45 - 7:46Едни други луѓе пресметале колку
-
7:46 - 7:48енергија троши човечкиот мозок
-
7:48 - 7:49и оној на другите видови,
-
7:49 - 7:51и сега кога знаеме од колку неврони е направен
-
7:51 - 7:53секој мозок, можеме да ја направиме математиката.
-
7:53 - 7:55И излегува дека и човечкиот
-
7:55 - 7:58и другите мозоци имаат иста потрошувачка,
-
7:58 - 8:01во просек по шест калории на една милијарда неврони.
-
8:01 - 8:03Вкупната енергетска потрошувачка на мозокот
-
8:03 - 8:05е едноставна, линеарна функција
-
8:05 - 8:07која зависи од бројот на неврони,
-
8:07 - 8:09и се покажа дека човечкиот мозок
-
8:09 - 8:13троши онолку енергија колку што очекувавме.
-
8:13 - 8:15Причината заради која човечкиот мозок
-
8:15 - 8:17троши толку многу енергија е едноставно
-
8:17 - 8:19затоа што има огромен број на неврони,
-
8:19 - 8:20и бидејќи сме примати
-
8:20 - 8:23кои имаат многу повеќе неврони од било кое друго
-
8:23 - 8:24животно.
-
8:24 - 8:28Релативната потрошувачка на нашиот мозок е голема,
-
8:28 - 8:31но само затоа што сме примати, а не оти сме специјални.
-
8:31 - 8:32И последното прашање:
-
8:32 - 8:35како сме дошле до овој неверојатен број на неврони,
-
8:35 - 8:37и особено, ако големите примати
-
8:37 - 8:39се поголеми од нас,
-
8:39 - 8:42тогаш зошто тие немаат поголем мозок од нас, со повеќе неврони?
-
8:42 - 8:45Кога сфативме колку многу е скапо да
-
8:45 - 8:47имаш многу неврони во мозокот, помислив,
-
8:47 - 8:49можеби причината е едноставна.
-
8:49 - 8:51Тие едноставно не можат да обезбедат
-
8:51 - 8:54енергија за двете, и за големо тело и за голем број на неврони.
-
8:54 - 8:55И ја направивме математиката.
-
8:55 - 8:57Од една страна пресметавме
-
8:57 - 8:59колку енергија добива приматот на ден
-
8:59 - 9:00јадејќи сирова храна,
-
9:00 - 9:02и од друга страна, колку енергија троши
-
9:02 - 9:04тело со одредена големина
-
9:04 - 9:07и колку енергија троши мозок со одреден број на неврони,
-
9:07 - 9:09и разгледувавме кои комбинации
-
9:09 - 9:11на телесна големина и број на неврони
-
9:11 - 9:12би можел да си ги дозволи
-
9:12 - 9:15приматот доколку јаде одреден број часови на ден.
-
9:15 - 9:17И дојдовме до тоа дека,
-
9:17 - 9:18бидејќи невроните се многу скапи,
-
9:18 - 9:22се јавува трампа помеѓу големината на телото и бројот на неврони.
-
9:22 - 9:25Примат кој јаде осум часа на ден
-
9:25 - 9:28може да си дозволи 53 милијарди неврони,
-
9:28 - 9:29но во тој случај неговото тело нема да биде повеќе
-
9:29 - 9:31од 25 килограми.
-
9:31 - 9:33За да тежи повеќе од тоа,
-
9:33 - 9:35ќе мора да се откаже од невроните.
-
9:35 - 9:37Значи, или големо тело
-
9:37 - 9:39или голем број на неврони.
-
9:39 - 9:40Ако јадете како приматот,
-
9:40 - 9:43не можете да си ги дозволите и двете.
-
9:43 - 9:45Еден излез од ова метаболитско ограничување
-
9:45 - 9:48е да поминете повеќе часови јадејќи,
-
9:48 - 9:49но тогаш станува опасно,
-
9:49 - 9:52и над одредена точка, веќе е невозможно.
-
9:52 - 9:54Горилата и орангутаните, на пример,
-
9:54 - 9:55можат да си дозволат 30 милијарди неврони
-
9:55 - 9:58поминувајќи осум и пол часа на ден јадејќи,
-
9:58 - 10:02и се чини дека тоа е најмногу што можат.
-
10:02 - 10:03Девет часовна исхрана на ден
-
10:03 - 10:07се чини дека е практичната граница за еден примат.
-
10:07 - 10:08Што е со нас?
-
10:08 - 10:10Со нашите 86 милијарди неврони
-
10:10 - 10:13и телесна маса од 60 до 70 килограми,
-
10:13 - 10:17ние би требало да поминеме над девет часа
-
10:17 - 10:20секој ден хранејќи се,
-
10:20 - 10:22нешто што е неизводливо.
-
10:22 - 10:24Ако јадевме како приматите,
-
10:24 - 10:26немаше да бидеме овде.
-
10:26 - 10:28Тогаш, како стигнавме до овде?
-
10:28 - 10:31Епа, ако нашиот мозок троши онолку енергија
-
10:31 - 10:33колку што треба, и ако не можеме
-
10:33 - 10:37да поминуваме толку многу време во исхрана,
-
10:37 - 10:38тогаш единствената алтернатива
-
10:38 - 10:40е некако да извлечеме повеќе енергија
-
10:40 - 10:42од истата храна.
-
10:42 - 10:46И неверојатно, тоа точно се совпаѓа
-
10:46 - 10:49со она за што се верува дека нашите предци го измислиле
-
10:49 - 10:51пред една и пол милиони години,
-
10:51 - 10:54а тоа е готвењето.
-
10:54 - 10:56Да готвите е да користите оган
-
10:56 - 11:00за да извршите пред-варење на храната надвор од телото.
-
11:00 - 11:02Готвената храна е помека, и затоа полесно можете
-
11:02 - 11:05да ја џваката и да ја претворите во каша во устата,
-
11:05 - 11:07а на тој начин таа целосно се вари
-
11:07 - 11:08и се апсорбира во желудникот,
-
11:08 - 11:12на тој начин давајќи повеќе енергија за многу пократко време.
-
11:12 - 11:15Значи готвењето ни ослободува време
-
11:15 - 11:17да правиме многу поинтересни работи
-
11:17 - 11:18со нашите неврони
-
11:18 - 11:20отколку само да мислиме на храна,
-
11:20 - 11:22да бараме храна и да гмечеме храна
-
11:22 - 11:23по цел ден.
-
11:23 - 11:25Заради готвењето, она што некогаш било
-
11:25 - 11:28голем товар, овој голем,
-
11:28 - 11:31опасно скап мозок со многу неврони,
-
11:31 - 11:33сега би можел да биде главна предност,
-
11:33 - 11:36сега кога можеме да си ја дозволиме и енергијата за повеќе неврони
-
11:36 - 11:39и времето за да правиме интересни работи со нив.
-
11:39 - 11:41Мислам дека ова објаснува зошто човечкиот мозок
-
11:41 - 11:44станал толку голем за толку краток еволуциски период,
-
11:44 - 11:48а попатно останувајќи само приматски мозок.
-
11:48 - 11:50Со овој голем мозок кој е возможен благодарение на готвењето,
-
11:50 - 11:53отидовме набрзина од сирова храна на култура,
-
11:53 - 11:56земјоделие, цивилизација, продавници,
-
11:56 - 11:58струја, фрижидери,
-
11:58 - 11:59сите оние работи кои денес
-
11:59 - 12:01ни овозможуваат да ја добиеме сета потребна
-
12:01 - 12:04енергија за целиот ден, едноставно
-
12:04 - 12:07седнувајќи во вашиот омилен локал за брза храна.
-
12:07 - 12:09И така она што некогаш било решение
-
12:09 - 12:11денес ни стана проблем,
-
12:11 - 12:17и иронично, решението го бараме во сировата храна.
-
12:17 - 12:19И која е предноста на луѓето?
-
12:19 - 12:21Што имаме ние, а што
-
12:21 - 12:23нема ниту едно друго животно?
-
12:23 - 12:26Мојот одговор е дека ние имаме најголем број
-
12:26 - 12:27на неврони во церебралниот кортекс,
-
12:27 - 12:29и мислам дека ова е наједноставното објаснување
-
12:29 - 12:31за нашите извонредни когнитивни способности.
-
12:31 - 12:34И што правиме, а што не прави ни едно друго животно,
-
12:34 - 12:36и што верувам било клучно
-
12:36 - 12:39во тоа што сме стекнале толку голем,
-
12:39 - 12:41најголем број на неврони во кортексот?
-
12:41 - 12:44Со два збора, ние готвиме.
-
12:44 - 12:47Ни едно друго животно не готви. Само луѓето.
-
12:47 - 12:50И мислам дека така сме станале луѓе.
-
12:50 - 12:53Изучувајќи го човечкиот мозок почнав поинаку да гледам на храната.
-
12:53 - 12:54Сега кога ќе ја погледнам кујната,
-
12:54 - 12:56јас ѝ се поклонувам,
-
12:56 - 12:57и им се заблагодарувам на моите предци
-
12:57 - 12:59за ова откритие кое нѐ направи луѓе.
-
12:59 - 13:01Ви благодарам многу.
-
13:01 - 13:08(Аплауз)
- Title:
- Зошто е толку специјален човечкиот мозок?
- Speaker:
- Сузана Херкулано-Хоузел
- Description:
-
Човечкиот мозок е загадочен -- невообичаено голем имајќи ја во предвид големината на нашите тела, користи огромна количина на енергија за неговата тежина и има невообичаено густ церебрален кортекс. Но: зошто? Невронаучникот Сузана Херкулано-Хоузел ја става нејзината детективска капа и нѐ води низ оваа мистерија. Правејќи "супа од мозок," таа доаѓа до еден запрепастувачки заклучок.
- Video Language:
- English
- Team:
- closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 13:31
Dimitra Papageorgiou approved Macedonian subtitles for What is so special about the human brain? | ||
Charlie Psy accepted Macedonian subtitles for What is so special about the human brain? | ||
Charlie Psy edited Macedonian subtitles for What is so special about the human brain? | ||
Charlie Psy edited Macedonian subtitles for What is so special about the human brain? | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for What is so special about the human brain? | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for What is so special about the human brain? | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for What is so special about the human brain? | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for What is so special about the human brain? |