Брод со 500 бегалци потона во морето. приказна за двајцата преживеани
-
0:01 - 0:08Секојдневно слушам ужасни приказни
за луѓе кои бегаат за да се спасат, -
0:08 - 0:11преку опасни граници и безмилосни мориња.
-
0:12 - 0:17Но, има една приказна која
не ме остава да заспијам ноќе. -
0:17 - 0:18Тоа е приказната за Доа.
-
0:18 - 0:2119 годишна бегалка од Сирија
-
0:21 - 0:27живеела во беда работејќи за
мизерна плата во Египет. -
0:27 - 0:32Татко ѝ со мислите постојано бил во Сирија
мислејќи на својот надежен бизнис -
0:32 - 0:36кој бил уништен во бомбашки напад.
-
0:36 - 0:42Војната која ги довела во Египет,
беснее веќе четири години. -
0:43 - 0:46Заедницата која некогаш ги прифатила
-
0:46 - 0:49се уморила од нив.
-
0:49 - 0:52Еден ден, некои луѓе со мотори
се обиделе да ја киднапираат. -
0:53 - 0:58Некогашната амбициозна студентка која
размислувала за својата иднина, -
0:58 - 1:01сега, постојано била преплашена.
-
1:02 - 1:04Но, истотака и се надевала,
-
1:04 - 1:09бидејќи била вљубена во Басем-бегалец
од Сирија -
1:09 - 1:14Басем истотака се измачувал
во Египет и ѝ рекол на Доа: -
1:14 - 1:18„Ајде да одиме во Европа,
да побараме азил и безбедност. -
1:18 - 1:22јас ќе работам, ти ќе студираш-
ти ветувам нов живот.“ -
1:23 - 1:26Ја побарал нејзината рака од татко ѝ.
-
1:27 - 1:32Но, тие знаеле дека одењето во Европа
значи ризикување на нивните животи. -
1:32 - 1:35Патување преку Медитеранот,
-
1:35 - 1:40ставање на животот во рацете на криумчари
познати по нивната свирепост. -
1:41 - 1:45Доа се плашела од вода.
-
1:45 - 1:48Отсекогаш се плашела и никогаш
не научила да плива. -
1:50 - 1:55Беше август таа година, и веќе
2.000 луѓе беа загинале -
1:55 - 1:57во обидот да го преминат Медитеранот.
-
1:57 - 2:01Доа имала некој пријател кој успеал
да пребегне во Северна Европа, -
2:01 - 2:03мислела: „И ние би можеле да успееме“.
-
2:04 - 2:07Побарала дозвола од своите
родители да заминат -
2:07 - 2:10и после жолчна расправа, тие се согласиле.
-
2:10 - 2:17Басем платил со својата заштеда-
по 2.500 долари -
2:17 - 2:18на секој од криумчарите.
-
2:19 - 2:22Во сабота наутро стигнал повикот,
-
2:22 - 2:27стотици луѓе биле однесени
со автобус до плажата -
2:27 - 2:31Потоа биле префрлени со мали чамци
на еден стар рибарски брод. -
2:31 - 2:34500 луѓе биле натоварени на бродот
-
2:34 - 2:36300 долу и 500 горе.
-
2:37 - 2:42Имало сиријци, палестинци, африканци,
муслимани и христијани. -
2:42 - 2:47100 деца заедно со Сандра,
малечката Сандра, 6 годишна- -
2:47 - 2:50и Маса, 18 месеци.
-
2:51 - 2:55Имало семејства на бродот,
збиени рамо до рамо, -
2:55 - 2:57стапало до стапало.
-
2:57 - 3:01Доа седела со колената
потпрени на градите, -
3:01 - 3:03Басем ја држел за рака.
-
3:04 - 3:07Вториот ден во морето тие
биле избезумени од грижи -
3:07 - 3:10со стомачни болки од немирните води.
-
3:11 - 3:14На третиот ден Доа имала лошо претчувство.
-
3:15 - 3:20Му рекла на Басем:„Се плашам дека нема да успееме.
-
3:20 - 3:22Се плашам дека бродот ќе потоне.
-
3:23 - 3:26Басем ѝ рекол: „Стрпи се, те молам.
-
3:26 - 3:29Ќе стигнеме до Шведска, ќе се венчаме
-
3:29 - 3:30и ќе имаме иднина.“
-
3:32 - 3:36Четвртиот ден патниците
станале вознемирени. -
3:36 - 3:39Го прашале капетанот: „Кога ќе стигнеме?“
-
3:39 - 3:42Тој им рекол да замолчат и ги навредувал.
-
3:43 - 3:46Им рекол дека за 16 часа ќе стигнат
до брегот на Италија. -
3:47 - 3:50Луѓето биле слаби и изнемоштени.
-
3:50 - 3:54По некое време забележале како им се
приближува мал брод со 10-ина луѓе, -
3:54 - 3:57кои почнале да им викаат
и дофрлуваат навреди, -
3:57 - 4:02фрлајќи со стапови и наредувајќи
им да се симнат -
4:02 - 4:06и да се качат на помалиот
и понесигурен брод. -
4:06 - 4:09Родителите биле уплашени за своите деца,
-
4:09 - 4:13и едногласно одбиле да се префрлат.
-
4:14 - 4:17Бродот бесно заминал,
-
4:17 - 4:22но, по половина час се вратиле
-
4:22 - 4:28и започнале намерно да го дупчат
бродот од страната -
4:28 - 4:30на која седеле Доа и Басем.
-
4:32 - 4:35Таа ги слушала како викаат,
-
4:35 - 4:38„Нека ве изедат рибите.“
-
4:40 - 4:45И се смееле кога бродот се превртел
и потонал. -
4:46 - 4:49Оние 300 луѓе кои биле долу
биле осудени на смрт. -
4:50 - 4:54Доа се држела на страната
на бродот додека тонел -
4:54 - 5:01и со ужас гледала како пропелерот го
сече на парчиња едно мало дете. -
5:02 - 5:05Басем ѝ рекол:„Те молам, пушти се
-
5:05 - 5:08инаку ќе те повлече и
пропелерот ќе те убие и тебе.“ -
5:08 - 5:10Сетете се, таа не знае да плива.
-
5:11 - 5:15Но, се пуштила и почнала да мафта
со рацете и нозете, -
5:15 - 5:17и си рекла: „Ова е пливање“.
-
5:17 - 5:21За чудо, Басем нашол гума за спасување,
-
5:22 - 5:24тоа била детска гума
-
5:24 - 5:28како оние со кои си играат по
базените и мирните води. -
5:28 - 5:30Доа ја навлекла гумата,
-
5:30 - 5:34рацете и нозете ѝ виселе од страните.
-
5:35 - 5:37Басем бил добар пливач,
-
5:37 - 5:41ја држел за рака и се пробивал
низ водата. -
5:42 - 5:44Околу нив имало лешеви.
-
5:44 - 5:46На почетокот се спасиле околу 100 луѓе,
-
5:47 - 5:51и се собирале во групи молејќи се за спас.
-
5:51 - 5:55Но, кога денот изминал и никој не дошол
-
5:55 - 5:57некои изгубиле надеж.
-
5:57 - 5:59Басем и Доа гледале
-
5:59 - 6:06како луѓето ги соблекуваат елеците
за спасување и тонат во водата. -
6:07 - 6:13Еден човек им се приближил
со бебе на рамото, -
6:13 - 6:15девет месечната Малек.
-
6:15 - 6:20Се потпирал на плинска боца за да
се одржи на површина и им рекол: -
6:20 - 6:22„Се плашам дека нема да преживеам.
-
6:22 - 6:24Премногу сум слаб, немам храброст веќе. “
-
6:25 - 6:30Потоа им ја предал Малек на Басем и Доа,
-
6:30 - 6:33а тие ја сместиле на гумата.
-
6:34 - 6:39Сега биле тројца, Доа, Басем
и малата Малек. -
6:39 - 6:42Дозволете ми да застанам овде
-
6:42 - 6:45и да прашам:
-
6:45 - 6:49Зошто бегалци како Доа
преземаат ваков ризик? -
6:51 - 6:56Милиони бегалци живеат
прогонети, заборавени. -
6:57 - 7:02Живеат во земји бегајќи од војната
која беснее -
7:02 - 7:04веќе четири години.
-
7:06 - 7:09Дури и да сакаат да се вратат, не можат.
-
7:09 - 7:12Нивните домови, нивната работа,
-
7:12 - 7:15нивните градови и села
се целосно уништени. -
7:15 - 7:18Ова е град под заштита на УНЕСКО.
-
7:18 - 7:20Хомс, во Сирија.
-
7:21 - 7:26Луѓето продолжуваат да бегаат
во соседните земји -
7:26 - 7:29и се градат бегалски кампови
за нив во пустините. -
7:29 - 7:33Стотици, илјадници луѓе живеат
во кампови како овие, -
7:33 - 7:38и стотици илјадници живеат
по градовите, селата. -
7:38 - 7:40А заедниците,
-
7:40 - 7:42соседните земји кои некогаш ги прифатија
-
7:42 - 7:44со отворени раце и срца,
-
7:44 - 7:46се пренатрупани.
-
7:47 - 7:51Едноставно нема доволно училишта,
водоводни мрежи и санитација. -
7:52 - 7:56Дури и богатите европски држави
не можат да се справат со толкав прилив -
7:56 - 8:00доколку не вложат огромни средства.
-
8:01 - 8:06Војната во Сирија протера речиси
4 милиони луѓе преку граници -
8:06 - 8:11но, околу 7 милиони се во бегство
во самата држава. -
8:11 - 8:15Тоа значи дека повеќе од половина
жители на Сирија -
8:15 - 8:17биле приморани да ја напуштат земјата.
-
8:18 - 8:22Да се вратиме на соседните држави
кои прифатиле голем број на бегалци. -
8:23 - 8:28Тие сметаат дека богатиот свет
не направил доволно за да им помогне. -
8:29 - 8:34Деновите се претворија во месеци, а
месеците во години. -
8:34 - 8:38Но, престојот на бегалците треба да биде
само привремен. -
8:38 - 8:41Да се вратиме на Басем и Доа во морето.
-
8:41 - 8:46Вториот ден Басем
се чувствуваше исцрпен. -
8:47 - 8:51Сега Доа му се обратила на Басем:
-
8:51 - 8:56„Љубов моја, те молам издржи во надежта
за нашата иднина. Ќе успееме.“ -
8:57 - 9:00А тој ѝ одговорил:
-
9:00 - 9:05“ Прости ми, љубов моја, што те доведов
до оваа состојба. -
9:05 - 9:09Никогаш не сум сакал некого
колку тебе што те сакам.“ -
9:11 - 9:14И се препуштил во длабочините на водата.
-
9:14 - 9:21Доа гледала како љубовта на нејзиниот
живот се дави пред нејзините очи. -
9:24 - 9:26Истиот ден, подоцна,
-
9:26 - 9:32една мајка ѝ пришла на Доа со нејзината
18-месечна ќерка, Маса. -
9:33 - 9:36Тоа е девојчето што претходно
го видовте на сликата -
9:36 - 9:38со елекот за спасување.
-
9:38 - 9:40Сестра ѝ Сандра штотуку се удавила.
-
9:40 - 9:44Мајката знаела дека мора
да стори сé што може -
9:44 - 9:45за да ја спаси ќеркичката,
-
9:46 - 9:50и се обратила на Доа: „Те молам,
земи го ова дете. -
9:50 - 9:54Нека биде дел од тебе,
јас нема да преживеам.“ -
9:55 - 9:58Потоа заминала и се удавила.
-
10:00 - 10:04Така, Доа, 19 годишна бегалка,
престрашена од водата, -
10:04 - 10:06која не умеела да плива,
-
10:06 - 10:12се затекнала да се грижи за две мали деца
-
10:12 - 10:15гладни, жедни и вознемирени.
-
10:15 - 10:18Таа се трудела да ги развесели,
-
10:18 - 10:22им пеела и им кажувала зборови од Куранот.
-
10:23 - 10:28Околу нив телата станувале
подуени и темни. -
10:28 - 10:29Сонцето печело преку ден,
-
10:29 - 10:32а ноќе светела студената месечина
и имало магла. -
10:32 - 10:34Било многу страшно.
-
10:35 - 10:40Четвртиот ден во морето,
веројатно вака изгледала Доа -
10:40 - 10:42во гумата со двете деца.
-
10:42 - 10:45Четвртот ден една жена ѝ се приближила
-
10:45 - 10:49и ја замолила да земе уште едно дете-
-
10:49 - 10:52мало момче од четири години.
-
10:53 - 10:57Кога Доа го зела момчето
и мајката се удавила, -
10:57 - 10:59таа му рекла на расплаканото дете:
-
10:59 - 11:02„Таа отиде да најде вода и храна за тебе.“
-
11:04 - 11:06Но, неговото срце не издржа
-
11:06 - 11:10и Доа морала да го пушти
детето во водата. -
11:11 - 11:13Истиот ден, подоцна,
-
11:13 - 11:16погледнала кон небото со надеж,
-
11:16 - 11:20бидејќи забележала два авиони
како се движат. -
11:20 - 11:25Мафтала со рацете надевајќи се
дека ќе ја забележат, -
11:25 - 11:27но, авионите заминале.
-
11:27 - 11:30Но, попладнето, на зајдисонце
-
11:30 - 11:33таа здогледала еден трговски брод.
-
11:34 - 11:38Си рекла:„Те молам, Господе,
нека ме спасат.“ -
11:38 - 11:42Почнала да мафта со рацете и ѝ се чинело
дека вика цели два часа. -
11:42 - 11:47Се смрачило кога конечно ја најдоа
со помош на рефлектори -
11:47 - 11:49и ѝ подадоа јаже,
-
11:49 - 11:54и зачудени видоа жена
која стиска две бебиња. -
11:55 - 11:58Ги извлекоа на бродот и им дадоа
кислород и ќебиња. -
11:58 - 12:01Еден грчки хеликоптер ги зеде
-
12:01 - 12:03и ги одведе на островот Крит.
-
12:04 - 12:08Доа погледнала надолу и запрашала:
„Што е со Малек?“ -
12:08 - 12:12Ѝ рекле дека бебето не преживеа-
-
12:12 - 12:15издивна во бродската амбуланта.
-
12:16 - 12:22Но, Доа била убедена дека,
кога ги извлекуваа од водата, -
12:22 - 12:25малото девојче се смееше.
-
12:27 - 12:33Само 11 луѓе од 500 ја преживеаја
несреќата. -
12:34 - 12:39Никогаш немаше меѓународна
истрага за тоа што се случи. -
12:39 - 12:43Имаше само некои медиумски вести
за масовно убиство во морето. -
12:43 - 12:44Ужасна трагедија,
-
12:44 - 12:47но, тоа траеше само еден ден,
-
12:47 - 12:51и потоа, нови вести дојдоа.
-
12:53 - 12:57Во меѓувреме, на детското
одделение на Крит, -
12:57 - 13:00малечката Маса беше на работ на смртта.
-
13:02 - 13:05Беше дехидрирана, бубрезите
ѝ откажуваа -
13:05 - 13:07и глукозата опасно намалена.
-
13:07 - 13:11Лекарите сторија сè што беше
во нивна моќ да ги спасат -
13:11 - 13:15и грчките медицински сестри никогаш
не ја напуштија нејзината постела. -
13:15 - 13:17Ја гушкаа и ѝ пееја.
-
13:17 - 13:22И еден мој колега ја посети и
ѝ прозборе на арапски. -
13:22 - 13:27За чудо, малата Маса преживеа.
-
13:28 - 13:34Наскоро грчките медиуми почнаа
да известуваат за детето-чудо -
13:34 - 13:40кое преживеа 4 дена во водата
без храна и вода. -
13:40 - 13:45Почнаа да пристигнуваат понуди
за посвојување од цела држава. -
13:45 - 13:49За тоа време Доа беше
во друга болница на Крит, -
13:49 - 13:50слаба, дехидрирана.
-
13:52 - 13:57Кога ја испуштија, едно египетско
семејство се погрижи за неа. -
13:58 - 14:03Наскоро насекаде се
дозна за случајот на Доа, -
14:03 - 14:06Се објави и еден телефонски
број на Фејсбук. -
14:07 - 14:10Почнаа пораки да пристигнуваат.
-
14:11 - 14:16„Доа, дали знаеш што се случи со брат ми?
-
14:16 - 14:22Сестра ми? Родителите? Пријателите?
Знаеш дали се живи?“ -
14:23 - 14:27Во една порака пишуваше:
-
14:27 - 14:31„ Верувам дека ти ја спаси
мојата внука Маса.“ -
14:32 - 14:35Оваа слика беше со пораката.
-
14:36 - 14:38Ова беше од вујкото на Маса,
-
14:38 - 14:43сириски бегалец кој успеа да пребегне
со семејството во Шведска -
14:43 - 14:45и постарата сестра на Маса.
-
14:46 - 14:51Наскоро, се надеваме дека Маса
ќе се сретне со нив во Шведска. -
14:51 - 14:57Дотогаш, таа е згрижена во едно
убаво сиропиталиште во Атина. -
14:58 - 15:04А Доа? Се дозна и за нејзиното
преживување. -
15:05 - 15:09Медиумите зборуваа за оваа кревка жена,
-
15:09 - 15:13и не можеа да веруваат како
успеала да преживее -
15:13 - 15:16во такви околности во водата
-
15:16 - 15:19и да спаси друг живот.
-
15:20 - 15:26Грчката Академија во Атина, една
од најпрестижните установи, -
15:26 - 15:29ѝ додели награда за храброст,
-
15:29 - 15:32а таа ги заслужи сите пофалби,
-
15:32 - 15:35и заслужува втора шанса.
-
15:36 - 15:39Tаа сè уште сака да замине во Шведска,
-
15:39 - 15:42Сака да биде таму заедно
со нејзините блиски. -
15:42 - 15:46Сака да ги одведе родителите и
помладите браќа и сестри -
15:46 - 15:48далеку од Египет,
-
15:48 - 15:51а јас верувам дека ќе успее.
-
15:51 - 15:54Таа сака да стане адвокат или политичар
-
15:54 - 15:59или нешто што ќе ѝ овозможи
да ја победи неправдата. -
15:59 - 16:02Таа е исклучителен борец.
-
16:03 - 16:06Но, јас морам да прашам:
-
16:06 - 16:08Што ако не мораше
да го преземе тој ризик? -
16:08 - 16:11Зошто мораше да помине низ сето тоа?
-
16:11 - 16:16Зошто не постои легален
начин таа да студира во Европа? -
16:16 - 16:21Зошто не можеше Маса да замине
со авион за Шведска? -
16:21 - 16:23Зошто да не можеше Басем да најде работа?
-
16:24 - 16:30Зошто не постои поширока програма
за населување на сириските бегалци, -
16:30 - 16:33кои се жртви на најужасната
војна во поново време? -
16:34 - 16:39Светот го направи тоа за виетнамците
во 70-те. Зошто не и сега? -
16:41 - 16:45Зошто има толку мали инвестиции
во соседните земји -
16:45 - 16:48кои прифатија толку многу бегалци?
-
16:49 - 16:52И суштинското прашање-Зошто
-
16:52 - 16:58толку малку е направено да се запрат
војните, прогонувањата -
16:58 - 17:03и сиромаштијата што фрла толку многу луѓе
-
17:03 - 17:05на бреговите на Европа?
-
17:06 - 17:09Додека не се решат овие проблеми
-
17:09 - 17:12луѓето ќе продолжат да одат кон морињата
-
17:12 - 17:15и да бараат сигурност и азил.
-
17:16 - 17:18И што ќе се случи следно?
-
17:18 - 17:21Во најголема мера тоа ќе биде
одлука на Европа. -
17:21 - 17:24Го разбирам стравот на јавноста.
-
17:25 - 17:31Луѓето се загрижени за својата безбедност,
економија и култура. -
17:32 - 17:36Но, дали тоа е поважно од
спасување човечки животи? -
17:37 - 17:40Бидејќи има нешто суштествено овде
-
17:40 - 17:42што сметам дека надминува сé друго,
-
17:42 - 17:46а тоа е дека сите сме дел од човештвото.
-
17:47 - 17:51Ниту еден човек, кој бега
од војна и прогонување -
17:51 - 17:56не треба да умре преминувајќи преку
море за да најде сигурност. -
17:56 - 18:03(аплауз)
-
18:03 - 18:04Едно нешто е сигурно,
-
18:04 - 18:07ниту еден бегалец не би бил
на тие опасни бродови -
18:07 - 18:09ако може да успее таму каде што живее.
-
18:10 - 18:13И ниту еден имигрант не би одел
на такво опасно патување -
18:13 - 18:17ако има доволно храна за себе
и за своите деца. -
18:17 - 18:19И никој не би ја дал својата заштеда
-
18:19 - 18:22на озлогласени криумчари
-
18:22 - 18:25ако постои легален начин за емигрирање.
-
18:25 - 18:29Во името на малечката Маса
-
18:29 - 18:31и во името на Доа
-
18:31 - 18:33и на Басем
-
18:33 - 18:38и на сите 500 души кои се удавија со нив,
-
18:38 - 18:41ќе може ли да се потрудиме да не биде
залудна нивната смрт ? -
18:42 - 18:46Може ли барем да извлечеме поука
од тоа што се случи -
18:46 - 18:52и да се бориме за свет во кој
сечиј живот ќе вреди? -
18:53 - 18:54Ви благодарам!
-
18:54 - 19:01(аплауз)
- Title:
- Брод со 500 бегалци потона во морето. приказна за двајцата преживеани
- Speaker:
- Мелиса Флеминг
- Description:
-
На брод претоварен со повеќе од 500 бегалци, една млада жена станува неверојатен херој. Ова едноставна, силна приказна раскажана од Мелиса Флеминг, претставник на Агенцијата за бегалци при Обединетите Нации, ги отсликува човечките животи во нивниот обид да пребегнат кон подобар живот...додека бегалските бродови наидуваат...
- Video Language:
- English
- Team:
- closed TED
- Project:
- TEDTalks
- Duration:
- 19:15
ALEKSANDAR MITEVSKI approved Macedonian subtitles for A boat carrying 500 refugees sunk at sea. The story of two survivors | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for A boat carrying 500 refugees sunk at sea. The story of two survivors | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for A boat carrying 500 refugees sunk at sea. The story of two survivors | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for A boat carrying 500 refugees sunk at sea. The story of two survivors | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI accepted Macedonian subtitles for A boat carrying 500 refugees sunk at sea. The story of two survivors | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for A boat carrying 500 refugees sunk at sea. The story of two survivors | ||
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for A boat carrying 500 refugees sunk at sea. The story of two survivors | ||
Julia Kalaputi edited Macedonian subtitles for A boat carrying 500 refugees sunk at sea. The story of two survivors |