Return to Video

Како да купите среќа

  • 0:00 - 0:03
    Денес сакам да зборувам за пари и среќа,
  • 0:03 - 0:05
    што се две работи
  • 0:05 - 0:07
    на кои поминуваме голем
    дел од времето размислувајќи,
  • 0:07 - 0:10
    или обидувајќи се да ги заработиме,
    или да ги зголемиме.
  • 0:10 - 0:12
    И многумина од нас се
    сложуваат со оваа фраза.
  • 0:12 - 0:15
    Така, од религиските и книгите
    за само-помош учиме
  • 0:15 - 0:16
    дека не можеме да ја купиме среќата.
  • 0:16 - 0:19
    Но, денес би сакал да предложам
    дека всушност, тоа е погрешно.
  • 0:19 - 0:21
    (Смеа)
  • 0:21 - 0:24
    Предавам на факултет за бизнис, и тоа е
    тоа што го работиме.
  • 0:24 - 0:27
    Значи, тоа е погрешно и всушност,
    ако сметате дека е така,
  • 0:27 - 0:28
    вие всушност не трошите правилно.
  • 0:28 - 0:32
    Значи тоа, наместо трошејќи ги онака
    како што обично би ги потрошиле,
  • 0:32 - 0:33
    можеби ако ги трошите поинаку,
  • 0:33 - 0:35
    тоа би можело да
    функционира малку подобро.
  • 0:35 - 0:38
    И, пред да ви откријам како да трошите
    за да бидете посреќни,
  • 0:38 - 0:41
    ајде да размислиме за начините
    на кои обично трошиме
  • 0:41 - 0:43
    кои, всушност, и не нè прават посреќни.
  • 0:43 - 0:45
    Ние направивме еден природен екперимент.
  • 0:45 - 0:48
    Така, CNN пред некое време,
    напиша една интересна статија
  • 0:48 - 0:51
    за тоа што им се случува на
    луѓето кога ќе добијат на лотарија.
  • 0:51 - 0:55
    Луѓето мислат дека ако добијат на
    лотарија, нивните животи ќе станат прекрасни.
  • 0:55 - 0:57
    Оваа статија е за тоа како
    нивните животи се уништуваат.
  • 0:57 - 1:00
    Па, што се случува кога луѓето
    ќе добијат на лотарија
  • 1:00 - 1:02
    е следново: број еден, тие ги трошат
    сите пари и заглавуваат во долгови,
  • 1:02 - 1:03
    и број два, сите нивни пријатели и секој кој некогаш го сретнале
  • 1:03 - 1:04
    ги наоѓаат и им додеваат за пари.
  • 1:04 - 1:06
    Всушност, со тоа се уништуваат нивните друштвени односи.
  • 1:06 - 1:08
    Така, тие имаат поголеми долгови и полоши пријателства
  • 1:08 - 1:10
    отколку пред да добијат на лотарија.
  • 1:10 - 1:12
    Тоа што беше интересно за статијата,
  • 1:12 - 1:15
    е тоа што луѓето, читателите започнаа да коментираат.
  • 1:15 - 1:17
    И наместо да зборуваат за тоа
  • 1:17 - 1:19
    како статијата ги натерала да сфатат дека парите не водат до среќа,
  • 1:19 - 1:21
    сите веднаш започнаа да велат:
  • 1:21 - 1:23
    „Знаете што би направил/а јас ако добијам на лотарија...?“
  • 1:23 - 1:25
    и да си фантазираат за тоа што би го направиле.
  • 1:25 - 1:28
    И тука се само две од тие кои сметаме дека се навистина интересни за размислување.
  • 1:28 - 1:31
    Една личност напиша: „Кога ќе добијам, ќе си купам сопствена, малечка планина
  • 1:31 - 1:33
    и ќе имам куќарка на врвот.“
  • 1:33 - 1:35
    (Смеа)
  • 1:35 - 1:38
    А, друга личност напиша: „Ќе исполнам голема када со пари
  • 1:38 - 1:40
    и ќе влезам во неа пушејќи голема, дебела пура
  • 1:40 - 1:42
    и ќе си турам чаша шампањ.“
  • 1:42 - 1:44
    Ова е дури и полошо: „Потоа, ќе се сликам
  • 1:44 - 1:46
    и ќе ги развијам сликите.
  • 1:46 - 1:48
    Секој кој ќе моли за пари или ќе проба да ми изнуди,
  • 1:48 - 1:51
    ќе добие само примерок од сликата и ништо друго.“
  • 1:51 - 1:54
    (Смеа)
  • 1:54 - 1:56
    И толку многу коментари беа токму од овој вид,
  • 1:56 - 1:58
    каде што луѓето добиваат пари,
  • 1:58 - 2:00
    а, тоа ги прави недружељубиви.
  • 2:00 - 2:03
    Ви кажав дека тоа ги уништува животите на луѓето и дека нивните пријатели им додеваат.
  • 2:03 - 2:05
    Исто така, парите прават да се чувствуваме доста себично
  • 2:05 - 2:07
    и правиме работи само за себе.
  • 2:07 - 2:09
    Па, можеби причината за тоа зошто парите не нѐ прават среќни
  • 2:09 - 2:11
    лежи во тоа што ние секогаш ги трошиме на погрешни работи,
  • 2:11 - 2:14
    а особено - дека ние ги трошиме на себе.
  • 2:14 - 2:16
    И си помисливме, се прашувам што би се случило
  • 2:16 - 2:18
    ако ги натераме луѓето да трошат повеќе од своите пари на други луѓе.
  • 2:18 - 2:21
    Па, наместо да бидете недружељубиви со своите пари,
  • 2:21 - 2:23
    што ако сте малку повеќе повеќе-дружељубиви со своите пари?
  • 2:23 - 2:25
    И си помисливме, ајде да ги натераме луѓето да го направат тоа и да видиме што ќе се случи.
  • 2:25 - 2:27
    Значи, ајде да собереме некои луѓе кои го прават тоа што обично го прават
  • 2:27 - 2:29
    и ги трошат парите на себе,
  • 2:29 - 2:31
    и ајде да натераме некои луѓе да дадат пари,
  • 2:31 - 2:34
    и да ја мериме нивната среќа и да видиме дали тие навистина стануваат посреќни.
  • 2:34 - 2:36
    Значи, првиот пат кога го направивме ова...
  • 2:36 - 2:38
    Едно утро во Ванкувер, отидовме на кампусот
  • 2:38 - 2:40
    на Универзитетот на Британска Колумбија,
  • 2:40 - 2:42
    им пристапивме на луѓето и ги прашавме: „Дали сакате да бидете дел од експеримент?'
  • 2:42 - 2:44
    Тие рекоа „Да“.
  • 2:44 - 2:47
    Ги запрашавме колку се среќни, и потоа им дадовме плик.
  • 2:47 - 2:49
    И дел од пликоата имаа белешка во нив на која пишуваше:
  • 2:49 - 2:52
    „Потроши ги париве на себе до 17:00 денес.“
  • 2:52 - 2:55
    И, така им дадовме некои примери на што би можеле да ги потрошат.
  • 2:55 - 2:57
    Тоа утро, други луѓе добија парче хартија на која пишуваше:
  • 2:57 - 3:00
    „Потроши ги париве на некој друг до 17:00 денес.“
  • 3:00 - 3:02
    Исто така, во пликоата имаше и пари.
  • 3:02 - 3:04
    И изманипулиравме колку пари им дадовме.
  • 3:04 - 3:07
    Така, некои луѓе добија белешка и пет долари.
  • 3:07 - 3:10
    Некои луѓе добија белешка и дваесет долари.
  • 3:10 - 3:13
    Ги оставивме да си го продолжат денот.
  • 3:13 - 3:16
    Дознавме дека тие навистина ги потрошиле парите онака како што го побаравме тоа од нив.
  • 3:16 - 3:18
    Им се јавивме вечерта и ги прашавме:
  • 3:18 - 3:20
    „На што ги потрошивте прите, и колку среќно се чувствувате сега?“
  • 3:20 - 3:22
    На што ги потрошиле?
  • 3:22 - 3:24
    Па, тоа беа студенти, па многу од тоа на што го потрошиле за себе
  • 3:24 - 3:26
    беше на работи како обетки и шминка.
  • 3:26 - 3:29
    Една жена рече дека купила плишано животно за нејзината внука.
  • 3:29 - 3:31
    Луѓето им давале пари на бездомници.
  • 3:31 - 3:34
    Огромен ефект врз Starbucks.
  • 3:34 - 3:36
    (Смеа)
  • 3:36 - 3:39
    Па, ако им дадете пет долари на студенти, тоа им изгледа како кафе,
  • 3:39 - 3:42
    па претрчуваат до Starbucks и ги трошат колку што е можно побрзо.
  • 3:42 - 3:45
    Но, некои луѓе купиле кафе за себе си, така како што обично би направиле,
  • 3:45 - 3:47
    но, некои други луѓе рекоа дека купиле кафе за некој друг.
  • 3:47 - 3:49
    Значи, истиот производ,
  • 3:49 - 3:51
    но насочен кон себе си
  • 3:51 - 3:53
    или насочен кој некој друг.
  • 3:53 - 3:55
    Што дознавме кога им се јавивме на крајот од денот?
  • 3:55 - 3:57
    Луѓето кои ги потрошиле парите на други луѓе станале посреќни.
  • 3:57 - 3:59
    Луѓето кои ги потрошиле парите на себе си, ништо не се случило.
  • 3:59 - 4:02
    Тоа не ги направило помалку среќни, туку само не ги поттикнало нешто повеќе.
  • 4:02 - 4:05
    И, уште една работа која ја забележавме беше дека сумата не е толку важна.
  • 4:05 - 4:08
    Така, луѓето мислеа дека 20 долари би биле далеку подобри од пет долари.
  • 4:08 - 4:11
    Всушност, не е важно колку многу пари трошите.
  • 4:11 - 4:13
    Тоа што навистина е важно е дека ги трошите на некој друг,
  • 4:13 - 4:15
    не на себе си.
  • 4:15 - 4:17
    Го забележуваме ова повторно и повторно,
  • 4:17 - 4:20
    кога им даваме пари на луѓето да ги трошат на други луѓе, наместо на себе си.
  • 4:20 - 4:22
    Секако, ова се студенти од Канада,
  • 4:22 - 4:24
    не се најпретставителното население на светот.
  • 4:24 - 4:27
    Тие се исто така и доволно богати, и се многу други работи.
  • 4:27 - 4:30
    Сакавме да видиме дали е ова вистина насекаде во светот,
  • 4:30 - 4:32
    или само во богатите земји.
  • 4:32 - 4:34
    Така, всушност, отидовме во Уганда и направивме доста сличен експеримент.
  • 4:34 - 4:36
    Па замислете, наместо само луѓето во Канада,
  • 4:36 - 4:39
    ги запрашавме: „Кога последен пат сте потрошиле пари на себе или други луѓе.
  • 4:39 - 4:41
    Опишете. Колку Ве направи тоа посреќни?“
  • 4:41 - 4:43
    Или во Уганда: „Кога последен пат сте потрошиле пари
  • 4:43 - 4:46
    на себе или други луѓе и опишете го тоа.“
  • 4:46 - 4:48
    И потоа повторно ги запрашавме колку биле среќни.
  • 4:48 - 4:50
    И, тоа што го забележуваме е прекрасно,
  • 4:50 - 4:52
    затоа што постои општо човечко однесување за тоа што правите со своите пари
  • 4:52 - 4:55
    а потоа и вистински културолошки разлики за тоа и што го правите.
  • 4:55 - 4:57
    Така на пример,
  • 4:57 - 4:59
    еден тип од Уганда го вели следново:
  • 4:59 - 5:01
    тој рече: „И' се јавив на девојка која посакував да ја љубам.“
  • 5:01 - 5:03
    Тие во основа излегле на состанок,
  • 5:03 - 5:06
    и на крајот вели дека не ја „постигнал“ сè досега.
  • 5:06 - 5:09
    Еве еден тип од Канада.
  • 5:09 - 5:11
    Многу слично.
  • 5:11 - 5:13
    „Ја одведов девојка ми на вечера,
  • 5:13 - 5:15
    Бевме на кино, заминавме порано,
  • 5:15 - 5:19
    и потоа отидовме назад во нејзината соба на...“ само на торта - само на парче торта.
  • 5:19 - 5:21
    Човечко однесување - трошите пари на други луѓе,
  • 5:21 - 5:23
    фини сте со нив.
  • 5:23 - 5:25
    Можеби имате нешто на ум, можеби немате.
  • 5:25 - 5:27
    Но, тогаш гледаме необични разлики.
  • 5:27 - 5:29
    Па, погледнете ги овие две.
  • 5:29 - 5:31
    Ова е една жена од Канада.
  • 5:31 - 5:33
    Велиме: „Кога имате потрошено пари на некој друг?“
  • 5:33 - 5:35
    Таа вели: „И' купив подарок на мајка ми.
  • 5:35 - 5:37
    Се одвезов до трговскиот во мојот автомобил, купив подарок, ѝ го дадов на мајка ми.“
  • 5:37 - 5:39
    Совршено фина работа да направите.
  • 5:39 - 5:41
    Добро е да се купуваат подароци за луѓето кои ги знаете.
  • 5:41 - 5:43
    Споредете го тоа со оваа жена од Уганда.
  • 5:43 - 5:45
    „Пешачев и сретнав долгогодишна пријателка
  • 5:45 - 5:47
    чиј син беше болен од маларија.
  • 5:47 - 5:50
    Тие немаа пари, отидоа на клиника, а јас ѝ ги дадов овие пари.“
  • 5:50 - 5:53
    Тоа не се $10.000, тоа е локална валута.
  • 5:53 - 5:55
    Тоа е многу мала сума на пари, всушност.
  • 5:55 - 5:57
    Но, мотивациите се премногу различни тука.
  • 5:57 - 5:59
    Ова е вистинска медицинска потреба,
  • 5:59 - 6:01
    буквално донација која спасува живот.
  • 6:01 - 6:03
    Претходното, тоа е некако, купив подарок за мајка ми.
  • 6:03 - 6:05
    Тоа што повторно го гледаме,
  • 6:05 - 6:07
    е тоа што специфичниот начин на кој трошите пари на други луѓе
  • 6:07 - 6:09
    не е ниту одблиску важен
  • 6:09 - 6:11
    како фактот што трошите на други луѓе
  • 6:11 - 6:13
    со цел да се направите себе си посреќни,
  • 6:13 - 6:15
    што е навистина важно.
  • 6:15 - 6:18
    Значи не морате да правите неверојатни работи со вашите пари за да станете среќни.
  • 6:18 - 6:21
    Можете да правите малечки, обични работи, а сепак да ги добиете придобивките правејќи го тоа.
  • 6:21 - 6:23
    Ова се само две земји.
  • 6:23 - 6:26
    Ние, исто така, сакавме да отидеме и понатаму и да ја анализираме секоја земја во светот да можевме,
  • 6:26 - 6:29
    за да видиме каков е односот помеѓу парите и среќата.
  • 6:29 - 6:31
    Добивме податоци од Организацијата „Галуп“,
  • 6:31 - 6:34
    која ја знаете од сите политички анкети кои во последно време се случуваат.
  • 6:34 - 6:36
    Тие ги прашуваат луѓето: „Дали во последно време сте донирале пари во доброволни цели?“,
  • 6:36 - 6:39
    и ги прашуваат „Колку сте среќни со Вашиот живот воопшто?“
  • 6:39 - 6:41
    И можеме да видиме каков е односот помеѓу тие две работи.
  • 6:41 - 6:44
    Дали се позитивно поврзани? Давањето пари ве прави среќни.
  • 6:44 - 6:46
    Или, дали се негативно поврзани?
  • 6:46 - 6:48
    На оваа мапа, зелено значи дека се позитивно порзани,
  • 6:48 - 6:51
    а, црвено значи дека се негативно поврзани.
  • 6:51 - 6:53
    И, како што можете да видите, светот е лудо - зелен.
  • 6:53 - 6:55
    Значи, во речиси секоја земја во светот
  • 6:55 - 6:57
    каде ги имаме овие податоци,
  • 6:57 - 6:59
    луѓето кои даваат пари во добротворни цели се посреќни
  • 6:59 - 7:01
    од луѓето кои не даваат пари во добротворни цели.
  • 7:01 - 7:04
    Знам дека гледате во таа црвена земја во средината.
  • 7:04 - 7:06
    Би бил идиот да не ви кажам која е,
  • 7:06 - 7:08
    но, всушност, тоа е Централно Афричка Република.
  • 7:08 - 7:10
    Можете да си измислите приказни. Можеби таму е поразлично поради една или друга причина.
  • 7:10 - 7:12
    Само малку подолу, од десно, тоа е Руанда,
  • 7:12 - 7:14
    која е неверојатно зелена.
  • 7:14 - 7:16
    Значи, речиси каде и да погледнеме,
  • 7:16 - 7:18
    гледаме дека давањето пари нѐ прави посреќни,
  • 7:18 - 7:20
    отколу да ги чуваме за себе.
  • 7:20 - 7:23
    Што е со вашата работа, што е местото каде го поминуваме остатокот од нашето време,
  • 7:23 - 7:25
    кога не сме со луѓето кои ги знаеме.
  • 7:25 - 7:28
    Одлучивме да вклучиме некои компании, и да направиме нешто слично.
  • 7:28 - 7:30
    Така, ова се тимови за продажба во Белгија.
  • 7:30 - 7:32
    Тие работаат во тимови; одат надвор и им продаваат на доктори
  • 7:32 - 7:34
    и се обидуваат да ги натраат да им купат од лековите.
  • 7:34 - 7:37
    Така, можеме да видиме колку добро тие продаваат,
  • 7:37 - 7:39
    како функција од тоа да се биде член на еден тим.
  • 7:39 - 7:41
    Некои тимови, им даваме пари за себе на некои од тимовите,
  • 7:41 - 7:43
    и им велиме: „Потрошете ги како сакате на себе.“,
  • 7:43 - 7:45
    исто како што направивме со студентите во Канада.
  • 7:45 - 7:47
    Но, на некои други тимови им велиме: „Еве ви 15 евра.
  • 7:47 - 7:49
    Потрошете ги на некој од членовите на вашиот тим оваа недела.
  • 7:49 - 7:52
    Купете им нешто како подарок и дајте им го.“
  • 7:52 - 7:55
    И тогаш, ние можеме да видиме, па - сега имаме тимови кои трошат на себе,
  • 7:55 - 7:57
    и имаме про-друштвени тимови
  • 7:57 - 7:59
    на кои им даваме пари за да го направат тимот малку подобар.
  • 7:59 - 8:01
    Причината поради која ја имам оваа смешна пињата тука
  • 8:01 - 8:03
    е поради тоа што еден од тимовите ги собра своите пари и купи пињата,
  • 8:03 - 8:06
    и сите се собраа и ја удираа пињатата и сите слатки паднаа од неа.
  • 8:06 - 8:08
    Многу смешна и проста работа да се направи,
  • 8:08 - 8:11
    но помислете на тимот кој не го направи тоа воопшто,
  • 8:11 - 8:13
    тие имаа 15 евра, ги ставија во џебовите,
  • 8:13 - 8:15
    можеби си купиле кафе за себе,
  • 8:15 - 8:17
    или пак, на тимовите кои го имаа ова про-друштвено искуство
  • 8:17 - 8:20
    каде сите се поврзаа за да купат нешто и да се вклучат во групна активност.
  • 8:20 - 8:23
    Тоа што го забележуваме е, всушност, дека тимовите кои се про-друштвени продаваат повеќе работи,
  • 8:23 - 8:25
    отколку тимовите кои добија пари само за себе.
  • 8:25 - 8:27
    И, еден од начините да размислувате за тоа
  • 8:27 - 8:29
    е дека за секои 15 евра кои им ги давате на луѓето за нив,
  • 8:29 - 8:32
    тие ги ставаат во својот џеб, не прават ништо поинакво од тоа што го правеле претходно.
  • 8:32 - 8:34
    Не добивате никакви пари од тоа.
  • 8:34 - 8:37
    Вие всушност губите пари, затоа што тоа не ги мотивира нивната изведба да се повтори.
  • 8:37 - 8:39
    Но, кога им давате 15 евра за да ги потрошат на нивните колеги од тимот,
  • 8:39 - 8:41
    тие стануваат многу подобри како тим,
  • 8:41 - 8:44
    со што Вие всушност и имате поголема придобивка со инвестирањето на ваков вид пари.
  • 8:44 - 8:46
    Сфаќам дека најверојатно си мислите
  • 8:46 - 8:48
    дека сето тоа е во ред,
  • 8:48 - 8:50
    но, постои еден контекст кој е неверојатно важен за јавната политика,
  • 8:50 - 8:52
    а за кој не можам ниту да замислам дека би функционирал тука.
  • 8:52 - 8:54
    И, во основа, дека ако не ми покаже дека тоа функционира тука,
  • 8:54 - 8:56
    не верувам во ништо од тоа што го кажа.
  • 8:56 - 8:59
    И знам дека сѐ на што помислувате се тимови за доџбол.
  • 8:59 - 9:01
    (Смеа)
  • 9:01 - 9:03
    Ова беше една од најголемите критики кои ги добивме,
  • 9:03 - 9:06
    да речеме, ако не можете да го прикажете преку тимови за доџбол, сето ова е глупаво.
  • 9:06 - 9:08
    Така, излеговме и пронајдовме некои доџбол тимови
  • 9:08 - 9:10
    и се смешавме со нив.
  • 9:10 - 9:12
    И го направивме истото како и претходно.
  • 9:12 - 9:15
    Така, на некои луѓе од тимовите им даваме пари, тие ги трошат на себе си.
  • 9:15 - 9:17
    Други тимови - им даваме пари
  • 9:17 - 9:19
    за да ги потрошат на нивните доџбол-соиграчи.
  • 9:19 - 9:21
    Тимовите кои потрошија пари на себе,
  • 9:21 - 9:23
    го имаат истиот процент на победи како и претходно.
  • 9:23 - 9:25
    Тимовите на кои им дадовме пари за да ги потрошат на други,
  • 9:25 - 9:27
    тие станаа поинакви тимови,
  • 9:27 - 9:29
    и всушност, тие доминираа во
    лигата пред да завршат.
  • 9:29 - 9:31
    Преку сите овие различни контексти,
  • 9:31 - 9:33
    вашиот личен живот, вашиот професионален живот,
  • 9:33 - 9:35
    дури и смешни работи како внатрешни спортови -
  • 9:35 - 9:37
    забележуваме дека трошењето на други луѓе ви носи поголема придобивка,
  • 9:37 - 9:40
    отколку трошењето на себе си.
  • 9:40 - 9:42
    Така, јас само ќе кажам, сметам дека ако мислите дека парите не купуваат среќа
  • 9:42 - 9:44
    тоа значи не ги трошите правилно.
  • 9:44 - 9:47
    Не се мисли на тоа дека треба да го купите овој производ, наместо тој,
  • 9:47 - 9:49
    и така ќе станете посреќни.
  • 9:49 - 9:51
    Туку, дека треба да престанете да размислувате
  • 9:51 - 9:53
    за тоа кој производ да го купите за себе,
  • 9:53 - 9:56
    и да се обидете да дадете дел од него на некој друг.
  • 9:56 - 9:59
    И, за среќа, имаме една можност за вас.
  • 9:59 - 10:01
    DonorsChoose.org е непрофитна организација,
  • 10:01 - 10:04
    главно за наставници во државни училишта со ниски приходи.
  • 10:04 - 10:06
    Тие поставуваат проекти,
  • 10:06 - 10:08
    и така велат: „Сакам да го предавам Хаклбери Фин на моето одделение, но немаме книги.“
  • 10:08 - 10:10
    Или „Сакам микроскоп, за да им предавам наука на моите ученици,
  • 10:10 - 10:12
    а немаме микроскоп.“
  • 10:12 - 10:14
    Вие и јас можеме да ги купиме за нив.
  • 10:14 - 10:17
    Наставникот Ви дава белешка со изразена благодарност. Децата Ви даваат белешка со изразена благодарност.
  • 10:17 - 10:19
    Понекогаш Ви испраќаат и фотографија како го употребуваат микроскопот.
  • 10:19 - 10:21
    Тоа е навистина необично.
  • 10:21 - 10:23
    Одете на веб-страната и
    навлезете во процесот
  • 10:23 - 10:26
    на размислување - помалку од тоа
    „Како можам да потрошам пари на себе си?“
  • 10:26 - 10:29
    и повеќе од тоа „Ако имам
    пет или 15 долари,
  • 10:29 - 10:31
    што можам да направам за да им
    помогнам на другите луѓе?“
  • 10:31 - 10:34
    Затоа што на крајот, кога ќе го направите тоа, ќе сфатите дека вашата лична придобивка е уште поголема.
  • 10:34 - 10:36
    Ви благодарам.
  • 10:36 - 10:38
    (Аплауз)
Title:
Како да купите среќа
Speaker:
Мајкл Нортон
Description:

На TEDxCambridge, Мајкл Нортон споделува едно неверојатно истражување за тоа како парите навистина купуваат среќа - кога не ги трошите на себе. Слушнете ги изненадувачките податоци на многуте про-друштвени трошоци од кои можете да придобиете Вие, Вашата работа, и (секако) другите луѓе.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
10:58
ALEKSANDAR MITEVSKI approved Macedonian subtitles for How to buy happiness
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for How to buy happiness
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for How to buy happiness
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for How to buy happiness
Zoran Blazevski accepted Macedonian subtitles for How to buy happiness
Zoran Blazevski edited Macedonian subtitles for How to buy happiness
k.melanija | к.меланија edited Macedonian subtitles for How to buy happiness
k.melanija | к.меланија edited Macedonian subtitles for How to buy happiness
Show all

Macedonian subtitles

Revisions