Return to Video

Краток осврт на борбата за еднаквост на трансродовите луѓе

  • 0:01 - 0:03
    Зошто наеднаш има транс луѓе насекаде?
  • 0:03 - 0:05
    (смеа)
  • 0:05 - 0:08
    Како активист за транс луѓе,
    често го слушам ова прашање.
  • 0:09 - 0:11
    Запамтете, помалку од 1%
    од возрасните Американците
  • 0:11 - 0:13
    отворено признаваат дека се транс.
  • 0:13 - 0:17
    Според неодамнешната анкета на ГЛААД
    околу 16% од не-транс луѓето во Америка
  • 0:17 - 0:20
    изјавиле дека запознале транс личност.
  • 0:20 - 0:23
    За останатите 84%
    ова може да е нешто ново.
  • 0:23 - 0:25
    Но,транс луѓето не се нова работа.
  • 0:26 - 0:28
    Родовите варијации
    датираат од многу поодамна,
  • 0:28 - 0:30
    а транс луѓето се дел од тоа наследство.
  • 0:32 - 0:36
    Од Централна Африка до Јужна Америка,
    Пацифичките Острови и понатаму,
  • 0:36 - 0:39
    има народи кои препознаваат
    повеќе родови-
  • 0:39 - 0:41
    и тоа од поодамна.
  • 0:41 - 0:43
    На пример, Хијрите во Индија и Пакистан,
  • 0:43 - 0:46
    се спомнуваат пред 2.000 год.
    во Кама Сутра.
  • 0:47 - 0:50
    Домородното население во Америка
    иммат свои термини
  • 0:50 - 0:52
    но, најчестиот е „двоен дух“.
  • 0:53 - 0:54
    Родовите варијации ги сметаат
  • 0:54 - 0:57
    за шамани и исцелители
    во своите заедници.
  • 0:57 - 1:00
    Така мислеле до појавата
    на колонијализмот,
  • 1:00 - 1:02
    кога ги учеле поинаку
    да гледаат на тоа.
  • 1:03 - 1:05
    Кога се проучува транс историјата,
  • 1:05 - 1:08
    се истражуваат транс луѓе
    и транс обичаи.
  • 1:09 - 1:11
    На пример жените кои
    се прикажувале како мажи
  • 1:11 - 1:14
    за да се борат во граѓанската војна
    во САД.
  • 1:14 - 1:16
    По војната, повеќето се вратиле
    на улогата жена,
  • 1:16 - 1:21
    но некои,како Алберт Кешиер,
    продолжиле да живеат како мажи.
  • 1:21 - 1:24
    На крај, Алберт бил приморан на азил
  • 1:24 - 1:26
    и морал да носи фустан
    до крајот на животот.
  • 1:28 - 1:28
    (воздишка)
  • 1:29 - 1:32
    Околу 1895, група
    на самопрогласени андрогени лица
  • 1:32 - 1:34
    го основале Кругот на хермафродити.
  • 1:35 - 1:39
    Нивната мисија била обединување
    за одбрана против најострите прогонувања.
  • 1:39 - 1:43
    На тој начин, станале едни од првите групи
    кои ги поддржале транс луѓето.
  • 1:43 - 1:47
    Кон 40-те и 50-те год.почнуваат медицински
    истражувања во транс медицината,
  • 1:47 - 1:49
    но беа поткрепени од нивните
    транс пациенти,
  • 1:49 - 1:52
    како Луис Лоренс, транс жена
    која често комуницирала
  • 1:52 - 1:56
    со мажи апсени заради јавно
    носење на женска облека.
  • 1:56 - 1:59
    Таа воведе низа сексуални
    истражувачи, како Алфред Кинси,
  • 1:59 - 2:01
    во бројните транс заедници.
  • 2:02 - 2:04
    Поранешни податоци укажуваат
  • 2:04 - 2:09
    на лица какао Вирџинија Принс,Рид Ериксон
    и познатата Кристина Јоргенсен
  • 2:09 - 2:12
    која привлече внимание со нејзината
    јавна преобразба во 1952 год.
  • 2:13 - 2:17
    Но, додека белите транс луѓе
    формираа свои заедници,
  • 2:17 - 2:19
    обоените транс луѓе мораа
    да се пробиваат.
  • 2:20 - 2:24
    Некои, како Мис Мејџор Грифин Грејси,
    се појавуваа на дрег- забави
  • 2:24 - 2:27
    Другите т.н. „улични кралици“, често следени
  • 2:27 - 2:30
    од страна на полицијата заради
    нивното родово изразување
  • 2:30 - 2:33
    завршувале на чело на авангардните настани
  • 2:33 - 2:34
    на ЛГБТ движењата.
  • 2:35 - 2:39
    Ова доведе до немирите
    кај Купер Донатс во 1959,
  • 2:39 - 2:42
    кафетеријата на Комптон во 1966
  • 2:42 - 2:44
    и познатата Стоунвол Ин во 1969 година.
  • 2:45 - 2:49
    Во 1970, Силвија Ривера и Марша П. Џонсон,
  • 2:49 - 2:51
    двете ветаранки на Стоунвол,
  • 2:51 - 2:56
    ја основаа СТАР: активисти револуционери
    на улични травестити.
  • 2:57 - 3:00
    Транс луѓето продолжија со својата борба
    за еднакви права пред законот
  • 3:00 - 3:03
    иако се соочуваа со уште
    поголема дискриминација,
  • 3:03 - 3:06
    невработеност, притвори
    и заканувачката епидемија на СИДА.
  • 3:09 - 3:10
    Цело време додека нè има,
  • 3:10 - 3:13
    моќниците ги оневозможуваа
    правата на транс луѓето
  • 3:13 - 3:15
    кои се обидуваа да
    го живеат својот живот.
  • 3:17 - 3:21
    Овие снимки во Берлин во 1933,
  • 3:21 - 3:23
    понекогаш ги има
    во историските читанки
  • 3:23 - 3:27
    за да се прикаже како германците
    палеле книги кои не биле германски.
  • 3:27 - 3:30
    Но, ретко се спомнува дека
    во купиштата книги
  • 3:30 - 3:33
    биле делата на Институтот
    за сексуални истражувања.
  • 3:33 - 3:36
    Ви дадов кус приказ на транс
    движењето во Америка,
  • 3:36 - 3:39
    но Магнус Хиршфелд
    и неговите соработници
  • 3:39 - 3:41
    беа децении пред нас.
  • 3:41 - 3:45
    Магнус Хиршфилд е еден од првите
    поборници за луѓето од ЛГБТ заедниците.
  • 3:45 - 3:48
    Ја напишал првата
    опсежна статија за транс лицата.
  • 3:48 - 3:51
    Им помогнал да добијат
    здравствени услуги и лични карти.
  • 3:51 - 3:53
    Работел со Полицискиот Оддел во Берлин
  • 3:53 - 3:55
    против дикриминација на ЛГБТ луѓето
  • 3:55 - 3:57
    и ги вработувал во Институтот.
  • 3:57 - 3:59
    Палењето на книгите од страна на нацистите
  • 3:59 - 4:02
    имаше уништувачки последици за светското
    истражување на транс луѓето
  • 4:03 - 4:06
    Ова беше намерен обид
    да се избришат транс луѓето,
  • 4:06 - 4:08
    и не беше ни прв ни последен обид.
  • 4:10 - 4:13
    Затоа кога ме прашуваат
    зошто наеднаш насекаде има транс луѓе,
  • 4:13 - 4:15
    сакам да им кажам дека
    и претходно бевме тука.
  • 4:15 - 4:17
    Овие приказни треба да се раскажат
  • 4:17 - 4:20
    со сите други кои се
    закопани низ времето.
  • 4:20 - 4:24
    Не само што ја немавме радоста на животот
    туку и нашите заложби се заборавени
  • 4:24 - 4:27
    и затоа за некои транс луѓето се новина.
  • 4:27 - 4:30
    Денес среќавам многумина кои
    сметаат дека нашето движење
  • 4:30 - 4:32
    е само една фаза која ќе заврши,
  • 4:32 - 4:35
    но слушам и добронамерни приврзаници
    кои велат да се стрпиме
  • 4:35 - 4:37
    зашто нашето движење е сѐ уште „ново“.
  • 4:39 - 4:41
    Замислете како би се одвивал разговорот
  • 4:41 - 4:44
    кога би признале дека транс луѓето
    долго време се борат за еднаквост.
  • 4:46 - 4:47
    Дали сѐ уште реагираме со страв?
  • 4:48 - 4:50
    Дали треба уште да чекаме?
  • 4:50 - 4:52
    Или треба, на пример
  • 4:52 - 4:55
    да сториме нешто за обоените
    транс жени кои се убивани
  • 4:55 - 4:57
    и чии злосторници не се казнети?
  • 4:58 - 5:00
    Дали нашата состојба ви изгледа сериозна?
  • 5:01 - 5:02
    (воздишка)
  • 5:03 - 5:06
    На крај,сакам да сфатат останатите
    транс луѓе дека не се сами.
  • 5:08 - 5:11
    Пораснав со мислата дека мојот идентитет
    е аномалија која ќе умре со мене.
  • 5:12 - 5:14
    Луѓето ми ја втиснаа
    мислата дека сум различен,
  • 5:14 - 5:17
    и јас прифатив бидејќи
    не познавав никој како мене.
  • 5:18 - 5:21
    Можеби, ако порано
    дознаев за моите претци,
  • 5:21 - 5:24
    немаше да трае толку долго
    за да пронајдам зрак на гордост
  • 5:24 - 5:26
    во мојот идентитет
    и во мојата заедница.
  • 5:27 - 5:31
    Бидејќи јас сум дел од една чудесна
    и енергична зедница на луѓе
  • 5:31 - 5:33
    кои се крепиме меѓусебе
    дури и кога сме отфрлени,
  • 5:33 - 5:36
    се грижиме еден за друг
    дури и кога се бориме.
  • 5:36 - 5:39
    Покрај сè,
  • 5:39 - 5:42
    сѐ уште наоѓаме причини
    да се почитуваме,
  • 5:42 - 5:44
    да се сакаме,
  • 5:44 - 5:46
    да се гледаме во очи
    и да си речеме:
  • 5:46 - 5:48
    „Ти не си сам/а.
  • 5:49 - 5:51
    Нè имаш нас.
  • 5:51 - 5:53
    И ние никаде нема да одиме.“
  • 5:54 - 5:55
    Ви благодарам!
  • 5:55 - 6:01
    (Аплауз)
Title:
Краток осврт на борбата за еднаквост на трансродовите луѓе
Speaker:
Сами Нур Јунес
Description:

Сами Нур Јунес е активист за правата на трансродови лица и гостин на ТЕД. Тој споделува една значајна и со векови долга историја на транс заедницата исполнета со одважност, инспиративна триумфалност и борба за човекови права, борба која трае долго време. „Замислете, како би разговарале кога би признале колку долго време транс луѓето се борат за еднаквост“ - вели тој.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
06:14

Macedonian subtitles

Revisions