Return to Video

Лора Трајс (Laura Trice) предлага сите да кажеме благодарам

  • 0:00 - 0:04
    Здраво. Овде сум да зборувам со вас за важноста на
  • 0:04 - 0:07
    признанието, восхитот и на „благодарам“,
  • 0:07 - 0:09
    и како тоа да се направи на посебен начин и оригинално.
  • 0:09 - 0:11
    Се заинтересирав за ова затоа што,
  • 0:11 - 0:14
    забележав кај себе и додека растев,
  • 0:14 - 0:15
    и сè до пред неколку години,
  • 0:15 - 0:17
    дека кога сакав да кажам благодарам на некого,
  • 0:17 - 0:18
    кога сакав да дадам признание,
  • 0:18 - 0:20
    или кога сакав некој друг да ми даде признание,
  • 0:20 - 0:22
    едноставно ќе застанев.
  • 0:22 - 0:25
    И се прашував, зошто?
  • 0:25 - 0:27
    Се срамев, се чувствував засрамена.
  • 0:27 - 0:29
    И тогаш дојде моето прашање,
  • 0:29 - 0:31
    дали сум јас единствената што го прави ова?
  • 0:31 - 0:32
    И решив да истражувам.
  • 0:32 - 0:35
    За среќа работам во институција за рехабилитација,
  • 0:35 - 0:38
    па гледам многу луѓе кои се соочуваат со животот и смртта заради зависност.
  • 0:38 - 0:42
    И понекогаш сè сведува на нешто толку едноставно, како на пример
  • 0:42 - 0:47
    нивната главна болка е што починал нивниот татко без никогаш да им каже дека се гордее со нив.
  • 0:47 - 0:49
    Но, тогаш ќе слушнат од нивното семејство и пријателите
  • 0:49 - 0:52
    дека таткото им кажувал на сите други дека се гордее со него,
  • 0:52 - 0:53
    но, никогаш не му кажал на својот син.
  • 0:53 - 0:56
    Тоа е затоа што тој не знаел дека на синот му треба да го слушне тоа.
  • 0:56 - 1:00
    Па, моето прашање е: зошто не ги бараме работите кои ни требаат?
  • 1:00 - 1:02
    Познавам еден господин кој е оженет веќе 25 години
  • 1:02 - 1:04
    кој копнее да ја слушне неговата сопруга како вели,
  • 1:04 - 1:07
    „Ти благодарам што заработуваш доволно за да можам да останам дома со децата,“
  • 1:07 - 1:08
    но, не сака да праша.
  • 1:08 - 1:10
    Познавам една жена која е многу добра во тоа.
  • 1:10 - 1:12
    Таа, еднаш неделно го гледа сопругот и вели:
  • 1:12 - 1:16
    „Навистина би сакала да ми заблагодариш за сите овие работи кои ги сработив дома и со децата.“
  • 1:16 - 1:19
    И тој вели:„О, ова е прекрасно, ова е прекрасно.“
  • 1:19 - 1:21
    И признанието навистина треба да биде оригинално,
  • 1:21 - 1:23
    но, таа е заслужна за тоа.
  • 1:23 - 1:26
    И една моја пријателка, Ејприл, со која се знам уште од градинка,
  • 1:26 - 1:29
    им се заблагодарува на нејзините деца што ги прават своите домашни работи.
  • 1:29 - 1:31
    И таа вели: „Зошто да не им се заблагодарам, и покрај тоа што тие би требало да го прават тоа?“
  • 1:31 - 1:33
    Па, прашањето е: дали го избегнував оба порано?
  • 1:33 - 1:34
    Зошто другите луѓе го избегнуваа?
  • 1:34 - 1:37
    Зошто можам да речам: „Би сакала стекот да биде средно печен,
  • 1:37 - 1:40
    Ми требаат чевли број 39, “ но не можам да кажам,
  • 1:40 - 1:42
    „Би сакал ли да ми дадеш признание на овој начин?“
  • 1:42 - 1:46
    А, тоа е затоа што давам важни информации за себе.
  • 1:46 - 1:48
    Ти кажувам за што сум несигурна.
  • 1:48 - 1:50
    Ти кажувам во што ми треба твојата помош.
  • 1:50 - 1:53
    Те третирам тебе, мојот внатрешен круг,
  • 1:53 - 1:55
    како ти да си непријател.
  • 1:55 - 1:57
    Зошто, што можеш да направиш ти со тие податоци?
  • 1:57 - 1:59
    Би можел да ме занемариш.
  • 1:59 - 2:00
    Би можел да го злоупотребиш тоа.
  • 2:00 - 2:02
    Или би можел всушност да ми ја исполниш потребата.
  • 2:02 - 2:04
    И го однесов мојот велосипед во продавницата за велосипеди - ми се допаѓа ова -
  • 2:04 - 2:07
    истиот велосипед, за тие да направат нешто што се вика „балансирање“ на тркалата.
  • 2:07 - 2:09
    Човекот рече: „Знаеш, кога ги балансираш тркалата,
  • 2:09 - 2:10
    велосипедот станува многу подобар.“
  • 2:10 - 2:12
    Го земам назад истиот велосипед,
  • 2:12 - 2:15
    а, тие ги отстраниле сите мали искривувања од истите тркала
  • 2:15 - 2:18
    кои ги имам веќе две и пол години, и мојот велосипед изгледа како нов.
  • 2:18 - 2:20
    Затоа, ќе ве предизвикам сите вас.
  • 2:20 - 2:22
    Сакам да ги балансирате своите тркала:
  • 2:22 - 2:25
    бидете искрени за признанието кое сакате да го слушнете.
  • 2:25 - 2:27
    Што сакате да слушнете? Одете дома кај вашата сопруга,
  • 2:27 - 2:29
    одете прашајте ја, што ѝ е потребно?
  • 2:29 - 2:31
    Одете дома кај вашиот сопруг - што му е потребно?
  • 2:31 - 2:34
    Одете дома и поставете ги тие прашања и потоа помогнете им на луѓето околу вас.
  • 2:34 - 2:35
    И едноставно е.
  • 2:35 - 2:37
    А, зошто треба да се грижиме за ова?
  • 2:37 - 2:38
    Зборуваме за мир во светот.
  • 2:38 - 2:41
    Како може да има мир во светот со различни култури, различни јазици?
  • 2:41 - 2:45
    Мислам дека сè започнува од семејство до семејство, под ист покрив.
  • 2:45 - 2:47
    Затоа, ајде да ги поправиме работите во нашиот двор.
  • 2:47 - 2:49
    И сакам да ви заблагодарам на сите вас во публиката
  • 2:49 - 2:51
    за тоа што сте прекрасни сопрузи, одлични мајки,
  • 2:51 - 2:53
    пријатели, ќерки, синови.
  • 2:53 - 2:54
    И можеби никој до сега не ви го кажал тоа,
  • 2:54 - 2:56
    ама, сте завршиле навистина, навистина добра работа.
  • 2:56 - 2:59
    И ви благодарам што сте овде, само што дојдовте
  • 2:59 - 3:02
    и го променивте светот со вашите идеи.
  • 3:02 - 3:04
    Ви благодарам.
  • 3:04 - 3:11
    (Аплауз)
Title:
Лора Трајс (Laura Trice) предлага сите да кажеме благодарам
Speaker:
Laura Trice
Description:

Во овој навидум едноставен триминутен разговор, д-р Лора Трајс (Dr.Laura Trice) гласно размислува за моќта на магичниот збор „благодарам“ - за продлабочување на пријателството, за обнова на врските, за тоа како да бидеш сигурен дека другите луѓе знаат што ви значат. Погледнете го.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
03:11
Elena Panova added a translation

Macedonian subtitles

Revisions