Return to Video

Мирен соживот за национализмот и глобализмот

  • 0:02 - 0:06
    Пред две недели,го пребарував
    зборот „националист“ на Твитер.
  • 0:06 - 0:08
    Резултатите беа прилично шаренолики,
  • 0:08 - 0:11
    со изрази како
    „окуражен расистички морон“
  • 0:11 - 0:12
    (Смеа)
  • 0:12 - 0:15
    „бел шовинистички идиот“,
  • 0:15 - 0:16
    „фашистичка марионета“,
  • 0:17 - 0:18
    (Смеа)
  • 0:18 - 0:20
    „орвеловски, хитлеровски, застрашувачки“.
  • 0:20 - 0:23
    Потоа го побарав зборот „глобалист“,
  • 0:23 - 0:26
    и се појавија следните описи:
    „социјалистички препродавач“,
  • 0:26 - 0:29
    „одвратна корпорациска пропаганда“,
  • 0:29 - 0:32
    „елистички финансиски кметови“,
  • 0:32 - 0:34
    „безмилосни космополитски стаорци““.
  • 0:34 - 0:35
    (Смеа)
  • 0:35 - 0:39
    Дури и според стандардите на социјалните
    медиуми зборовите се одвратни и сурови.
  • 0:39 - 0:44
    Но,тие го изразуваат интензитетот
    на едно од најважните прашања
  • 0:44 - 0:45
    на нашето време:
  • 0:45 - 0:49
    Национализам или глобализам?
  • 0:49 - 0:52
    Прашањето влијае на сѐ
    она за што нѐ засега:
  • 0:52 - 0:54
    нашиот културен идентитет,
  • 0:54 - 0:56
    нашиот напредок,
  • 0:56 - 0:58
    нашите политички системи-
  • 0:58 - 1:01
    сѐ-благосостојбата на нашата планета-сѐ.
  • 1:02 - 1:04
    На една страна имаме национализам.
  • 1:05 - 1:08
    Колинс го дефинира како
    „посветеност кон сопствената нација“,
  • 1:08 - 1:11
    но и како „доктрина која ги става
    националните интереси
  • 1:11 - 1:13
    над меѓународните интереси“.
  • 1:13 - 1:18
    За националистите,модерните општества
    се градат на национални темели:
  • 1:18 - 1:23
    делиме земја, историја култура
    и се браниме меѓусебе.
  • 1:23 - 1:26
    Во големиот и хаотичен свет
  • 1:26 - 1:30
    за нив национализмот е единствен
    разумен начин за социјална стабилност.
  • 1:32 - 1:34
    Но,загрижените глобалисти предупредуваат:
  • 1:34 - 1:37
    егоцентричниот национализам
    може да се претвори во зло.
  • 1:38 - 1:41
    Го видовме тоа со фашизмот во 20-от век:
  • 1:41 - 1:45
    крвави војни,милиони жртви,
    непроценливо уништување.
  • 1:45 - 1:47
    На другата страна имаме глобализам.
  • 1:48 - 1:50
    Ова е дефиниција од Оксфорд речникот:
  • 1:50 - 1:53
    „процесите и планирањата во областа
    на политиката и економијата
  • 1:53 - 1:55
    на глобално ниво“.
  • 1:56 - 1:59
    За националистите, глобализмот
    е брзо уништување
  • 1:59 - 2:02
    на она што нашите
    претци го граделе со децении.
  • 2:02 - 2:04
    Како да плукаш врз гробовите
    на нашите војници;
  • 2:04 - 2:07
    ја поткопува нашата национална солидарност
  • 2:07 - 2:10
    и ги отвора вратите
    на странските инвазии.
  • 2:11 - 2:15
    Но,глобалистите тврдат дека зајакнувањето
    на глобалното раководење
  • 2:15 - 2:19
    е единствениот начин да се справиме
    со големите наднационални проблеми,
  • 2:19 - 2:22
    како нуклеарнaта распространетост,
  • 2:22 - 2:24
    глобалната бегалска криза,
  • 2:24 - 2:27
    климатските промени и тероризмот,
  • 2:27 - 2:30
    дури и последиците од
    надчовечката вештачка интелигенција.
  • 2:31 - 2:33
    Значи,се наоѓаме на крстопат,
  • 2:33 - 2:35
    и треба да одбереме:
  • 2:35 - 2:37
    национализам или глобализам?
  • 2:39 - 2:41
    Живеев на 4 континенти
  • 2:41 - 2:43
    и отсекогаш ме интересираше ова прашање.
  • 2:43 - 2:47
    Но, добив сосема поинаква
    претстава кога го видов
  • 2:47 - 2:51
    најголемиот бран на националистички
    гласови во западните демократски земји
  • 2:51 - 2:53
    по Втората Светска Војна.
  • 2:53 - 2:56
    Наеднаш, ова не е веќе теорија.
  • 2:56 - 3:00
    Овие политички движења
    го достигнале успехот со идеи
  • 3:00 - 3:04
    кои би значеле да го изгубам моето
    француско државјанство
  • 3:04 - 3:05
    бидејќи сум Северно Африканец,
  • 3:05 - 3:08
    или не би можел да се вратам дома во САД
  • 3:08 - 3:10
    бидејќи сум од земја со
    муслиманско мнозинство.
  • 3:11 - 3:13
    Кога живеете во демократија,
  • 3:13 - 3:17
    живеете со идејата дека
    вашата влада ќе ве заштитува
  • 3:17 - 3:19
    сѐ додека ги почитувате законите.
  • 3:20 - 3:22
    Со порастот на националистичкиот
    популизам,
  • 3:22 - 3:25
    и покрај тоа што сум лојален граѓанин,
  • 3:25 - 3:28
    ќе морам да живеам со помислата дека
    мојата влада може да ми наштети
  • 3:28 - 3:30
    од причини кои
    не можам да ги контролирам.
  • 3:31 - 3:32
    Тоа е загрижувачки.
  • 3:33 - 3:34
    Но, тоа ме натера да размислам
  • 3:34 - 3:37
    подлабоко за ова прашање.
  • 3:37 - 3:39
    Колку повеќе размислував,
  • 3:39 - 3:42
    толку повеќе се запрашував.
  • 3:42 - 3:46
    Зошто мораме да бираме помеѓу
    национализмот и глобализмот,
  • 3:46 - 3:49
    помеѓу љубовта кон сопствената земја
    и грижата за светот?
  • 3:50 - 3:51
    Нема причина.
  • 3:51 - 3:54
    Не мора да бираме помеѓу
    семејството и државата,
  • 3:54 - 3:56
    или меѓу регионот или
    религијата и државата.
  • 3:56 - 4:00
    Веќе имаме повеќе идентитети
    и живееме добро со нив.
  • 4:01 - 4:04
    Зошто мораме да бираме
    меѓу државата и светот?
  • 4:04 - 4:08
    Што ако, наместо го одбериме
    апсурдниот избор
  • 4:08 - 4:12
    се решиме да се бориме против ова
    опасно, подвоено размислување?
  • 4:13 - 4:15
    За сите глобалисти во публиката,
  • 4:15 - 4:16
    имам едно прашање:
  • 4:16 - 4:20
    Кога велам „националист“,
    која слика ја замислувате?
  • 4:21 - 4:22
    Нешто вакво?
  • 4:23 - 4:24
    Верувајте, и јас така замислувам.
  • 4:25 - 4:28
    Но, сакам да запаметите
    дека за повеќето луѓе
  • 4:28 - 4:30
    национализмот изгледа вака.
  • 4:30 - 4:32
    Или вака.
  • 4:32 - 4:34
    Тоа е она нешто во вас
  • 4:34 - 4:39
    кога случајно гледате некој
    непознат Олимписки спорт на ТВ -
  • 4:39 - 4:41
    (Смеа)
  • 4:41 - 4:42
    чекајте-
  • 4:42 - 4:46
    и само погледот на непознатиот
    спортист со вашите национални бои
  • 4:46 - 4:48
    прави да се чувствувате возбудено.
  • 4:48 - 4:50
    Срцето забрзано ви чука,
  • 4:50 - 4:52
    стресот ви се намалува,
  • 4:52 - 4:54
    и седите пред ТВ екранот
  • 4:54 - 4:56
    страсно навивајќи тој спортист да победи.
  • 4:57 - 4:58
    Тоа е национализам.
  • 4:58 - 5:00
    Кога луѓето се среќни што се заедно,
  • 5:00 - 5:02
    среќни што припаѓаат на
    големата национална заедница.
  • 5:03 - 5:04
    Зошто да е погрешно?
  • 5:05 - 5:08
    Глобалисти, можеби сметате
    дека национализмот
  • 5:08 - 5:12
    е стара идеја од 19-ти век
    која неизбежно ќе згасне.
  • 5:12 - 5:15
    Но, за жал фактите не се на ваша страна.
  • 5:16 - 5:20
    Во анкета за светските вредности,
    над 89.000 испитаници од 60 земји,
  • 5:20 - 5:21
    биле запрашани
  • 5:21 - 5:24
    колку се горди на својата земја-
  • 5:24 - 5:28
    88,5 % одговориле „многу горди“
    или„прилично горди“-
  • 5:28 - 5:30
    85 проценти.
  • 5:30 - 5:33
    Национализмот нема
    да исчезне во скоро време.
  • 5:34 - 5:38
    Тоа е силно чувство кое,
    според друга студија
  • 5:38 - 5:41
    е моќен показател за
    среќата на поединецот.
  • 5:41 - 5:47
    Чудно, но среќата повеќе
    се поврзува со националното задоволство
  • 5:47 - 5:50
    отколку со нештата
    кои ги очекуваме, како приходи
  • 5:50 - 5:52
    задоволство од работата
  • 5:52 - 5:54
    или здравјето.
  • 5:54 - 5:57
    Значи,ако национализмот
    ги прави луѓето среќни
  • 5:57 - 5:59
    зошто некој да им го одземе?
  • 6:00 - 6:02
    Пријатели глобалисти, ако сте како мене,
  • 6:02 - 6:06
    значи сте поврзани со глобализацијата
    од хумани причини
  • 6:06 - 6:11
    и верувам се радувате
    на некои достигнувања по 1945-та.
  • 6:11 - 6:14
    И покрај сѐ, поголемиот дел од светот
    е исклучитено мирољубив;
  • 6:15 - 6:18
    стапката на екстремна сиромаштија
    во светот опаѓа;
  • 6:19 - 6:22
    и повеќе од 2 милијарди луѓе,
    претежно од Азија,
  • 6:22 - 6:25
    покажуваат импресивен
    напредок во животниот стандард.
  • 6:25 - 6:30
    Но,студиите исто покажуваат дека
    глобализацијата има и темна страна.
  • 6:30 - 6:33
    Настрана се оставени
  • 6:33 - 6:36
    стотици милиони луѓе
    од средната класа на западот
  • 6:36 - 6:39
    чии приходи стагнираат
    повеќе од две децении,
  • 6:39 - 6:42
    можеби и три децении,
    според некои студии.
  • 6:42 - 6:45
    Не можеме да го занемариме
    овој сериозен проблем.
  • 6:45 - 6:48
    Подобро ќе ја искористиме
    колективната енергија
  • 6:48 - 6:51
    ако ги најдеме начините да го решиме
    овој аспект на глобализацијата
  • 6:51 - 6:56
    наместо да водиме битка за
    разединуавње со национализмот.
  • 6:57 - 6:59
    Сега, за вас националисти во публиката,
  • 6:59 - 7:02
    имам незгодно прашање и за вас
  • 7:02 - 7:03
    (Смеа)
  • 7:04 - 7:07
    Кога велам „глобалист“, што ви паѓа на ум?
  • 7:07 - 7:10
    Недопирливи плутократи кои сочинуваат 1%?
  • 7:10 - 7:11
    (Смеа)
  • 7:11 - 7:14
    Или можеби безмилосните,
    алчни типови од Вол стрит?
  • 7:14 - 7:17
    Или можеби луѓе како мене,
    со повеќекратно потекло,
  • 7:17 - 7:20
    кои живеат во големи,
    космополитски метрополи.
  • 7:21 - 7:24
    Сетете се на анкетата за светските
    вредности што ја спомнав.
  • 7:24 - 7:27
    Таа покажа уште еден зачудувачки податок:
  • 7:27 - 7:31
    71% од светската популација
    се согласува со изјавата,
  • 7:31 - 7:33
    „Јас сум граѓанин на светот“.
  • 7:33 - 7:35
    Знаете што значи тоа?
  • 7:35 - 7:38
    Повеќето од нас истовремено
    сме горди на својата земја
  • 7:38 - 7:40
    и граѓани на светот.
  • 7:40 - 7:42
    И ветува уште повеќе.
  • 7:42 - 7:46
    Граѓаните на светот во студијата покажуваат
    повисок степен на национална гордост
  • 7:46 - 7:48
    од оние кои го отфрлаат ова обележје.
  • 7:49 - 7:53
    Да се биде глобалист не значи
    да се издаде сопствената земја.
  • 7:53 - 7:55
    Тоа покажува дека имате
    национална емпатија
  • 7:55 - 7:58
    и ја рефлектирате надвор
    од вашите нацинални граници.
  • 7:59 - 8:03
    Кога продирам во моите национални чувства
  • 8:03 - 8:06
    една од моите грижи
    наспроти глобалниот свет
  • 8:06 - 8:08
    е националниот идентитет.
  • 8:08 - 8:11
    Како да го зачуваме тоа
    што нѐ прави посебни,
  • 8:11 - 8:12
    што нѐ прави различни,
  • 8:12 - 8:14
    што нѐ спојува?
  • 8:14 - 8:18
    Кога почнав да размислувам за ова,
    открив нешто чудно,
  • 8:18 - 8:22
    дека многу од главните одлики
    на нашиот национален идентитет
  • 8:22 - 8:25
    всушност доаѓаат надвор
    од нашите национални граници.
  • 8:25 - 8:27
    На пример,писмото
    кое го користиме секојдневно.
  • 8:28 - 8:29
    Не знам дали знаете,
  • 8:29 - 8:33
    но латиничното писмо кое го користиме
  • 8:33 - 8:35
    потекнува од пред илјадници години
  • 8:35 - 8:37
    од околината на реката Нил.
  • 8:37 - 8:40
    Започна со еден ваков вид на добиток
  • 8:40 - 8:45
    кој пишувачите го претворија
    во елегантни хиероглифи.
  • 8:45 - 8:49
    Семитите во Синај Хиероглифите
    ги препишале
  • 8:49 - 8:50
    во писмото алеф.
  • 8:51 - 8:56
    Преку Феникијците, алеф стигнал
    до бреговите на Европа, во Грција
  • 8:56 - 8:57
    каде се претворил во алфа,
  • 8:57 - 8:59
    мајката на нашата буква „А“.
  • 9:00 - 9:03
    Така, египетската крава стана
    нашата буква „А“.
  • 9:03 - 9:04
    (Смеа)
  • 9:05 - 9:11
    Исто и со египетската куќа која стана бет, бета и „Б“.
  • 9:11 - 9:15
    Египетската риба, која
    стана далет, делта и „Д“.
  • 9:16 - 9:19
    Нашите најзначајни текстови
    се полни со египетски крави,
  • 9:19 - 9:21
    куќи и риби.
  • 9:21 - 9:22
    (Смеа)
  • 9:23 - 9:25
    Има многу други примери.
  • 9:25 - 9:28
    Земета го Обединетото Кралство
    и нивната монархија.
  • 9:28 - 9:30
    Кралицата Елизабета II?
  • 9:30 - 9:31
    Германско потекло.
  • 9:31 - 9:34
    Геслата напишани на кралските грбови?
  • 9:34 - 9:36
    Сите се на француски,
    ниту еден збор на англиски.
  • 9:37 - 9:41
    Земета ја Франција и нивната
    позната Ајфелова кула.
  • 9:41 - 9:42
    Инспирација?
  • 9:43 - 9:45
    Соединетите Американски Држави-
  • 9:45 - 9:46
    не мислам на Лас Вегас,
  • 9:46 - 9:48
    мислам на Њујорк од 19-ти век.
  • 9:48 - 9:49
    (Смеа)
  • 9:49 - 9:53
    Ова беше највисоката зграда
    во Њујорк во средината на 19-ти век.
  • 9:53 - 9:54
    Ве потесетува на нешто?
  • 9:55 - 9:59
    Кина ја сметавме за затворена цивилизација
  • 9:59 - 10:01
    заштитена зад Кинескиот ѕид.
  • 10:01 - 10:02
    Но, размислете добро.
  • 10:02 - 10:04
    Кинеската официјална идеологија:
  • 10:04 - 10:07
    Марксизмот создаден во Германија.
  • 10:08 - 10:10
    Една од најголемите
    кинески религии?
  • 10:10 - 10:12
    Будизмот увезен од Индија.
  • 10:12 - 10:15
    Омилена слободна активност во Индија?
  • 10:15 - 10:16
    Крикет.
  • 10:16 - 10:19
    Ми се допаѓа оваа изрека на Ашис Ненди:
  • 10:19 - 10:24
    „Крикетот е индиска игра
    случајно откриена од Британците.
  • 10:24 - 10:25
    (Смеа)
  • 10:25 - 10:32
    Сево ова потсетува дека многу нешта
    кои ги сакаме во нашите народни традиции
  • 10:32 - 10:34
    всушност доаѓаат од претходниот
    бран на глобализација.
  • 10:35 - 10:39
    Зад националните симболи,
    постојат многу народни традиции
  • 10:39 - 10:42
    кои немаше да постојат
    без глобализацијата.
  • 10:42 - 10:46
    Примерот кој ми паѓа на ум е една народна
    традиција која цел свет ја сака:
  • 10:46 - 10:48
    италијанската кујна.
  • 10:48 - 10:50
    Пријатели, ако имате можност
  • 10:50 - 10:52
    да одите во автентичен
    италијански ресторан
  • 10:52 - 10:55
    во кој се служaт јадења од Стариот Рим,
  • 10:55 - 10:58
    мој совет е-не одете.
  • 10:58 - 10:59
    (Смеа)
  • 10:59 - 11:01
    Ќе бидете многу разочарани.
  • 11:01 - 11:03
    Нема шпагети, нема тестенини-
  • 11:03 - 11:06
    тоа започна на Сицилија во 8-от век
  • 11:06 - 11:08
    кога биле под арапска власт.
  • 11:08 - 11:11
    Без совршено еспресо,
    и кремасто капучино-
  • 11:11 - 11:15
    кои дошле од Абисинија
    преку Јемен во 17-от век.
  • 11:15 - 11:17
    Се разбира, ни совршена пица Наполитана-
  • 11:17 - 11:21
    -како ќе ја приготвите
    без доматите од Новиот Свет?
  • 11:22 - 11:26
    Наместо тоа, сигурно ќе ве послужат
    со разновидни каши,
  • 11:26 - 11:29
    зеленчукови, веројатно,
    најмногу со зелка, малку сирење
  • 11:29 - 11:31
    и ако имате среќа,
  • 11:31 - 11:34
    реткиот деликатес на тоа време-
  • 11:34 - 11:38
    совршено зготвени
    гоени сонливци-вид глувци.
  • 11:38 - 11:39
    (Смеа).
  • 11:40 - 11:44
    За среќа, овој обичај не е зачуван
    од фанатичните традиционалисти.
  • 11:44 - 11:46
    Не, имаше еден отворен тек,
  • 11:46 - 11:52
    предводен од истражувачи, трговци,
    улични продавачи и креативни готвачи.
  • 11:52 - 11:54
    На многу начини, глобализацијата е можност
  • 11:54 - 11:59
    да им дадеме ново значење на народните
    традиции, да ги преиспитаме, обновиме
  • 11:59 - 12:03
    да ги направиме привлечни
    за да останат динамични и трајни.
  • 12:04 - 12:05
    Запомнете го следново:
  • 12:05 - 12:08
    повеќето од нас националисти
    во светот се глобалисти,
  • 12:08 - 12:11
    и повеќето од нас глобалисти
    во светот се националисти.
  • 12:11 - 12:14
    Она што ни се допаѓа во
    нашите народни традиции
  • 12:14 - 12:16
    доаѓа надвор од нашите национални граници.
  • 12:16 - 12:19
    Причината поради која
    се впушаме вон нашите граници
  • 12:19 - 12:22
    е да откриваме други
    народни традиции.
  • 12:22 - 12:24
    Вистинското прашање не треба да биде
  • 12:24 - 12:26
    да се одбере помеѓу
    национализам и глобализам.
  • 12:26 - 12:30
    Вистинското прашање е:
    како најдобро да бидеме обете.
  • 12:30 - 12:33
    Тоа е сложено прашање за еден сложен свет
  • 12:33 - 12:36
    и повикува на донесување креативни,
    не двојни решенија.
  • 12:36 - 12:38
    Што чекате?
  • 12:38 - 12:39
    Ви благодарам!
  • 12:39 - 12:41
    (Аплауз)
Title:
Мирен соживот за национализмот и глобализмот
Speaker:
Ванис Кабај
Description:

Зошто мораме да бираме помеѓу национализмот и глобализмот, помеѓу љубовта кон сопствената земја и грижата за светот? Ванис Кабај, во својот говор упатен кон определените националисти и глобалисти, објаснува на кој начин можеме да го отфрлиме ова подвоено размислување и притоа да бидеме горди и на својата земја и на светот.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
12:54

Macedonian subtitles

Revisions