Return to Video

Нов вид лек, изработен по мера од ситни протеини

  • 0:01 - 0:04
    Јас сум дизајнер на протеини.
  • 0:05 - 0:08
    И ќе ви зборувам
    за нов вид лек.
  • 0:08 - 0:12
    Направен е од молекула по име
    ограничен пептид.
  • 0:12 - 0:15
    Достапни се само неколку лекови
    од ограничени пептиди,
  • 0:15 - 0:18
    но бројот ќе се зголеми
    во следната деценија.
  • 0:18 - 0:21
    Да видиме каков е составот
    на овие лекови,
  • 0:21 - 0:24
    како се разликуваат и
    што го предизвикува овој бран
  • 0:24 - 0:26
    на нови и интересни лекови.
  • 0:26 - 0:30
    Ограничените пептиди
    се многу мали протеини.
  • 0:30 - 0:34
    Имаат додатни хемиски врски што
    ја ограничуваат формата на молекулата,
  • 0:34 - 0:36
    и ова ги прави неверојатно стабилни
  • 0:36 - 0:37
    и извонредно моќни.
  • 0:38 - 0:42
    Ги има во природата,
    нашите тела произведуваат неколку
  • 0:42 - 0:44
    што се борат против
    бактериски, габични и вирусни инфекции.
  • 0:44 - 0:46
    Змиите и скорпиите,
  • 0:46 - 0:49
    имаат ограничени пептиди во
    својот отров.
  • 0:49 - 0:52
    Лековите од протеини
    се викаат биолошки лекови.
  • 0:52 - 0:54
    Ова ги опфаќа ограничените пептиди,
  • 0:54 - 0:56
    инсулинот,
  • 0:56 - 1:00
    или лековите од антитела
    како Хумира или Енбрел.
  • 1:00 - 1:03
    Општо земено,
    биолошките лекови се одлични,
  • 1:03 - 1:07
    зашто со нив се избегнуваат
    некои вообичаени несакани ефекти.
  • 1:07 - 1:09
    Прво, тоа е протеин.
  • 1:09 - 1:12
    Целосно природна и нетоксична
    супстанца во телото.
  • 1:12 - 1:15
    Клетките ни создаваат
    10 000 различни протеини,
  • 1:15 - 1:17
    и во основа,
    сета храна има протеини.
  • 1:17 - 1:21
    Второ, понекогаш лековите влијаат
    на молекулите во телото
  • 1:21 - 1:23
    на непосакуван начин.
  • 1:23 - 1:25
    Споредено со лековите
    од мали молекули,
  • 1:25 - 1:27
    мислам на обичните лекови,
    како аспирин,
  • 1:27 - 1:29
    биолошките лекови
    се прилично големи.
  • 1:29 - 1:33
    Молекулите реагираат кога
    постои целосно совпаѓање на формите.
  • 1:33 - 1:35
    Како клуч и брава.
  • 1:35 - 1:37
    Поголемиот клуч има повеќе жлебови,
  • 1:37 - 1:40
    па ќе одговара
    на само една брава.
  • 1:40 - 1:43
    Но биолошките лекови имаат и фалинка.
  • 1:43 - 1:44
    Тие се кревки.
  • 1:44 - 1:46
    Најчесто се инјектираат,
  • 1:46 - 1:49
    бидејќи стомачната киселина
    би го уништила лекот
  • 1:49 - 1:50
    ако го голтнеме.
  • 1:50 - 1:52
    Ограничените пептиди се спротивност.
  • 1:52 - 1:54
    Тие се многу издржливи,
    како обичните лекови.
  • 1:54 - 2:00
    Па, можно е да се даваат
    во форма на апчиња, инхалации, масти.
  • 2:00 - 2:04
    Затоа побарувачката за лекови од
    ограничени пептиди е толку голема.
  • 2:04 - 2:06
    Тие се спој на
    најдобрите особини
  • 2:06 - 2:10
    од биолошките лекови и
    лековите од мали молекули.
  • 2:10 - 2:12
    Но, за жал
    навистина е тешко
  • 2:12 - 2:15
    да се пресоздадат пептидите
    што постојат во природата
  • 2:15 - 2:17
    за да произведеме
    нови лекови.
  • 2:17 - 2:18
    Овде настапувам јас.
  • 2:18 - 2:22
    Создавањето нов лек
    е како изработување клуч
  • 2:22 - 2:24
    што ќе одговара на некоја брава.
  • 2:24 - 2:26
    Само треба да ја погодиме формата.
  • 2:26 - 2:29
    Но ако премногу ја промениме
    формата на ограничениот пептид,
  • 2:29 - 2:31
    не можат да се создадат
    додатни хемиски врски
  • 2:31 - 2:33
    и целата молекула се распаѓа.
  • 2:33 - 2:37
    Требаше да откриеме како
    да стекнеме контрола врз формата.
  • 2:37 - 2:39
    Бев дел од научен обид
  • 2:39 - 2:42
    на дузина организации
    ширум три континенти
  • 2:42 - 2:45
    што заедно успеаја
    да го решат проблемот.
  • 2:45 - 2:49
    Пристапот ни беше радикално поразличен
    од претходните обиди.
  • 2:49 - 2:51
    Наместо да ги менуваме
    ограничените пептиди
  • 2:51 - 2:52
    што постојат во природата
  • 2:52 - 2:56
    откривме како да изградиме нови -
    од нула.
  • 2:56 - 2:57
    За да успееме во ова,
  • 2:57 - 3:00
    развивме целосно достапен,
    слободен софтвер за дизајн на пептиди
  • 3:00 - 3:02
    што секој може да го користи.
  • 3:02 - 3:03
    За да го тестираме системот,
  • 3:03 - 3:06
    создадовме серија ограничени пептиди
  • 3:06 - 3:08
    со широк спектар
    на различни форми.
  • 3:08 - 3:11
    Многу од нив, не беа претходно видени.
  • 3:11 - 3:14
    Потоа, ги произведовме истите
    во лабораторија.
  • 3:14 - 3:16
    Следно, ги одредивме
    нивните молекуларни структури,
  • 3:16 - 3:18
    преку експериментирање.
  • 3:18 - 3:20
    Кога ги споредивме дизајнираните модели
  • 3:20 - 3:21
    со реалните молекуларни структури,
  • 3:22 - 3:25
    откривме дека софтверот може да поставува
    поединечни атоми
  • 3:25 - 3:28
    со толкава прецизност
    колку што реално може да се измери.
  • 3:28 - 3:30
    Пред 3 години, ова не беше можно.
  • 3:30 - 3:33
    Денес, имаме можност
    да дизајнираме пептиди
  • 3:33 - 3:37
    со форми по мера
    за развивање лекови.
  • 3:37 - 3:38
    Каде нѐ води ваквата технологија?
  • 3:39 - 3:41
    Неодамна,
  • 3:41 - 3:43
    со колегите дизајниравме
    ограничени пептиди
  • 3:43 - 3:46
    што го неутрализираат
    вирусот инфлуенца,
  • 3:46 - 3:49
    штитат од ботулизам
  • 3:49 - 3:51
    и спречуваат раст
    на малигни клетки.
  • 3:51 - 3:53
    Некои од овие нови лекови
  • 3:53 - 3:56
    се тестирани претклинички
    со лабораториски животни.
  • 3:56 - 4:00
    Досега, сите се безбедни
    и мошне делотворни.
  • 4:00 - 4:03
    Дизајнирање ограничени пептиди
    е врвна технологија,
  • 4:03 - 4:06
    а развивањето лекови се одвива
    споро и претпазливо.
  • 4:06 - 4:08
    Тестовите врз луѓе нема да се случат
    за 3 до 5 години.
  • 4:08 - 4:10
    Дотогаш,
  • 4:10 - 4:12
    уште лекови
    со ограничени пептиди
  • 4:12 - 4:14
    ќе продолжат да се развиваат.
  • 4:14 - 4:18
    За крај, верувам дека
    лековите со дизајнирани пептиди
  • 4:18 - 4:20
    ќе нѐ ослободат
  • 4:20 - 4:23
    од прангите на нашите заболувања.
  • 4:23 - 4:24
    Благодарам.
  • 4:24 - 4:28
    (аплауз)
Title:
Нов вид лек, изработен по мера од ситни протеини
Speaker:
Кристофер Бал
Description:

Некои од најчестите лекови што спасуваат животи, како на пример инсулинот, се направени од толку големи и кревки протеини што мора да се инјектираат наместо да се пијат во форма на апчиња.
На пат е нова генерација лекови -- направена од помали, поиздржливи протеини познати како пептиди. Во својот брз и содржаен говор, Кристофер Бал, молекуларен инженер и член на ТЕД, објаснува како тој користи компјутерски дизајн да создаде моќни пептиди што еден ден би можеле да го неутрализираат грипот, да штитат од ботулизам, па дури и да ги спречат клетките на ракот да растат.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
04:41

Macedonian subtitles

Revisions