-
Title:
Кој/а си ти, навистина? Загатката наречена личност
-
Description:
Што те прави тебе, она што си? Психолозите сакаат да зборуваат за црти, односно дефинирани особини кои нè прават она што сме. Но, Брајан Литл е повеќе заинтересиран за моментите кога ги пречокоруваме овие црти - понекогаш бидејќи нашата култура го бара тоа од нас, а понекогаш бидејќи ние самите го бараме тоа од себе. Литл ги анализира разликите помеѓу интровертите и екстровертите и објаснува зошто вашата личност е поподложна на промени одошто мислите.
-
Speaker:
Брајан Литл
-
Колку интересна група на индивидуи
сте вие --
-
за еден психолог.
-
-
Изминативе неколку дена имав
прилика
¶
-
да слушнам дел од вашите разговори
-
и да ја набљудувам вашата интеракција.
-
Оправдано е ако кажам дека, веќе,
-
47 луѓе во публикава,
-
во овој момент,
-
демонстрираат психолошки симптоми
за кои би сакал да зборувам денес.
-
-
И си мислев можеби ќе сакате да знаете
кои сте тие.
¶
-
-
Но, наместо да ве посочам,
¶
-
што би било неоправдано и нападно,
-
си реков дај да ви кажам неколку
факти и приказни,
-
во кои можеби ќе се препознаете.
-
Јас доаѓам од истражувачкото поле
познато како психологија на личноста,
¶
-
кое е пак дел од науката која
ја изучува личноста
-
во која се зборува за многу нешта,
од неврони па до наративи.
-
Она што се обидуваме,
-
е на наш начин,
-
да се обидеме да сфатиме
како секој од нас --
-
секој од вас --
-
е, во одредени аспекти,
-
како сите луѓе,
-
како некои луѓе
-
и како ниту еден човек.
-
-
"Не сум интересен.
-
Јас сум 46тата најдосадна личност на
Западната Хемисфера."
-
Или можеби си велите,
-
"Јас сум интересен,
-
иако повеќето луѓе сметаат дека сум
голем, ненадминлив кретен."
-
-
Но токму вашиот "кретенизам" и тоа што се
доживувате како досадни
¶
-
е она што мене, како психолог,
ме фасцинира кај вас.
-
Дозволете ми да ви објаснам зошто.
-
Еден од највлијателните пристапи
во науката за личноста
¶
-
е познат како психологија на црти.
-
Тој ве опишува преку пет
димензии кои се нормално дистрибуирани.
-
Преку нив се претставени универзални
разлики меѓу луѓето.
-
Можеме да ги претставиме
преку акронимот OCEAN.
-
"O" означува "отвореност кон
нови доживувања,"
-
наспроти оние кои се позатворени.
-
"C" означува "совесност,"
-
наспроти оние кои имаат полабав
пристап кон животот.
-
"Е" -- "екстроверзија," наспроти
луѓето кои се поинтровертни.
-
"A" -- "пријатни индивидуи,"
-
наспроти оние кои не се пријатни.
-
И "N" -- "невротични индивидуи,"
-
наспроти оние кои се постабилни.
-
Сите овие димензии се поврзани
со нашата благосостојба,
¶
-
со тоа како ни оди во животот.
-
Знаеме дека, на пример,
-
отвореноста и совесноста предвидуваат
успех во животот,
-
но отворените луѓе го постигнуваат
тој успех бидејќи се смели
-
и, понекогаш, чудни.
-
Совесните луѓе постигнуваат успех
придржувајќи се до роковите,
-
бидејќи се упорни, и бидејќи
имаат одредена страст.
-
Екстроверзијата и пријатноста
ви помагаат
-
добро да работите со луѓе.
-
Екстровертите, на пример,
ми се многу интересни.
-
На студентите понекогаш
им кажувам еден основен податок
-
кој зборува многу за нивната личност:
-
Им велам дека е буквално невозможно
-
да си го излижеш
надворешниот дел од лактот.
-
-
-
И веќе, некои од вас пробаа
да си го излижат лактот.
-
Но, екстровертите меѓу вас
-
се оние кои не само што пробаа,
-
туку и успеаја да го излижат лактот
-
на човекот што седи до нив.
-
-
-
Дај да ви кажам нешто повеќе за
екстроверзијата,
¶
-
зашто е важна и интересна,
-
и ни помага да ги разбереме она што
го нарекувам нашите три природи.
-
Прво, нашата биогена природа --
нашата неврофизиологија.
-
Второ, нашата социогена или
секундарна природа,
-
која е поврзана со културниот и
социјалниот аспект на нашите животи.
-
И трето, она што ве прави индивидуа
-- уникатни --
-
она што го нарекувам
ваша "идиогена" природа.
-
-
Екстровертите ги карактеризира тоа што
тие имаат потреба од стимулација.
-
Таа стимулација може да се постигне
преку барање работи кои се возбудливи:
-
гласна бучава, забави и социјални настани
како овде на TED --
-
гледате како екстровертите формираат
магнетно јадро.
-
Сите се собираат заедно.
-
Ве видов.
-
Интровертите почесто поминуваат време
на тивките места
-
на вториот спрат,
-
каде можат да ја намалат стимулацијата --
-
поради што погрешно може да бидат
етикетирани како антисоцијални,
-
но тие не се антисоцијални.
-
Едноставно сте сфатиле дека подобро
функционирате
-
откако ќе го намалите нивото
на стимулација.
-
Понекогаш е внатрешен стимулант, од
вашето тело.
¶
-
Кафеинот, на пример, повеќе им помага
на екстровертите отколку на интровертите.
-
Кога екстровертите ќе дојдат во
канцеларија во 9 часот наутро
-
и ќе речат, "Навистина ми треба кафе,"
-
тие не се зезаат --
-
навистина им треба.
-
На интровертите не им помага,
-
особено ако задачата
-
на која работат
-
бара брзина
-
и вршење на пресметки,
-
тогаш интровертите може да изгледаат
дезориентирано.
-
Но, тоа е погрешно.
-
Еве ги последиците кои се навистина
интригантни:
¶
-
ние не сме секогаш она што се чини
дека сме,
-
а ова ме води до следната поента.
-
Но, пред да дојдам до неа, треба да
-
кажам нешто за сексуалниот однос,
-
иако можеби нема да имам време.
-
Па така, ако вие сакате --
-
да, сакате?
-
Добро.
-
-
-
испитуваат колку често луѓето
имаат секс,
-
во зависност од тоа дали се мажи, жени;
интроверти, екстроверти.
-
Значи ве прашувам:
-
Колку пати во минута --
-
ох, извинете, тоа беше за стаорците --
-
-
-
интровертните мажи имаат секс?
-
3.0.
-
Екстровертните мажи?
-
Повеќе или помалку?
-
Да, повеќе.
-
5.5 -- речиси двојно повеќе.
-
Интровертните жени: 3.1.
-
Екстровертните жени?
-
Искрено, за мене како интровертен маж,
-
за што ќе зборувам подоцна --
-
тие се хероини.
-
7.5.
-
Тие не само што ги средиле
сите екстровертни мажи,
-
туку потфатиле и по некој интроверт.
-
-
-
Екстровертите и интровертите,
ние комуницираме различно.
¶
-
Екстровертите, кога се во интеракција,
-
тие бараат близина во социјалните
средби.
-
Тие сакаат да стојат близу до
соговорникот.
-
Имаат голема потреба од очен контакт,
-
да се гледаат со соговорникот во очи.
-
Во одредени истражувања откривме
-
дека тие почесто користат деминутиви
кога ќе запознаат некого.
-
Кога екстроверт ќе го сретне Чарлс,
-
тој брзо станува "Чарли," па "Чак,"
-
и на крај "Чаклс Бејби."
-
-
Додека пак за интровертите,
¶
-
тој останува "Чарлс," се додека
интровертот не добие знак од личноста
-
дека може да се приближи.
-
Ние зборуваме различно.
-
Екстровертите повеќе сакаат црно-бел,
конкретен, едноставен јазик.
-
Интровертите повеќе сакаат --
и повторно морам да ви кажам
-
дека јас сум најголемиот интроверт
кој можете да го замислите --
-
ние зборуваме различно.
-
Ние повеќе сакаме контекстуални, сложени,
-
причинско-последични реченици
-
сакаме многу да филозофираме --
-
-
-
-
-
-
Да бидам целосно искрен --
¶
-
ете така.
-
-
понекогаш не се разбираме.
-
Еднаш работев на проект со еден
колега
-
кој е целосно различен од мене.
-
Прво, неговото име е Том.
-
Моето не е.
-
-
Второ, тој е двометраш.
¶
-
Јас имам тенденција да не сум.
-
-
И трето, тој е најекстровертната особа
што можете да ја најдете.
¶
-
Јас сум сериозен интроверт.
-
Многу брзо се оптеретувам.
-
Ако се напијам кафе после три попладне
-
потоа нема да можам да спијам ноќе.
-
Работевме на еден проект, а таму беше
вклучен еден колега по име Мајкл.
¶
-
Мајкл речиси го уништи проектот.
-
Човекот кој стоеше позади него ме праша
мене и Том,
-
"Што мислите за Мајкл?"
-
Ќе ви кажам што рече Том.
-
Тој зборуваше како класичен екстроверт.
-
А еве како екстровертните уши го слушнаа
она што јас го реков,
-
што е прилично точно.
-
Реков, "Па, Мајкл понекогаш е склон
-
да се однесува на начин што на некои
од нас
-
ни изгледа како понаметлив
одошто е потребно."
-
-
Том ги преврте очите и рече,
¶
-
"Брајан, тоа го реков и јас:
-
тој е серко!"
-
-
-
-
можеби нежно ќе алудирам на одредени
"сераторски" особини
-
во однесувањето на овој човек,
-
но нема да посегнам по с-зборот.
-
-
-
"Ако така оди, ако така зборува, тогаш
така и ќе го нарекувам."
-
Едноставно не се разбираме.
-
Дали е ова нешто на што треба
да обрнеме внимание?
¶
-
Се разбира.
-
Важно е да го знаеме ова.
-
Дали е тоа се?
-
Дали сме само овие црти?
-
Не, не сме.
-
Запамтете, вие сте како некои други луѓе
-
и како ниту еден човек.
-
Што е со уникатното во вас?
-
Како Елизабет или како Џорџ,
-
можеби сте екстровертни или
невротични како некои други.
-
Но, во вашето однесување, има ли нешто
што е уникатно,
-
што го има само кај вас,
-
што ни помага подобро да ве разбереме
одошто самите црти?
-
Што ќе не натера да ве сакаме?
-
Не само затоа што сте одреден тип
на личност.
-
Непријатно ми е да ги ставам
луѓето во фиоки.
¶
-
Тие не припаѓаат таму.
-
Што е тоа што не прави различни?
-
Она што го правиме во нашиот живот --
личните проекти.
-
Токму сега вие имате личен проект,
-
за кој можеби никој овде не знае.
-
Поврзан е со вашето дете --
-
се враќавте три пати во болницата,
-
а тие сеуште не знаат што е проблемот.
-
Или можеби со вашата мајка.
-
И тогаш сте излегле од вашиот карактер.
-
Тоа се слободни црти.
-
Многу сте пријатни,
но се однесувате непријатно
-
за да се пробиете преку административните
бариери
-
во болницата
-
за да добиете нешто за вашата мајка
или вашето дете.
-
Какви се овие слободни црти?
¶
-
Тие настануваат кога нашето
-
однесување е водено од нашиот
главен животен проект.
-
И токму они се најважни.
-
Не ги прашувајте луѓето кој е нивниот тип;
-
прашајте ги, "Кои се клучните проекти
во твојот живот?"
-
Тогаш ги демонстрираме слободните црти.
-
Јас сум интроверт,
-
но мојот клучен проект,
е да предавам.
-
Јас сум професор.
-
И ги овожавам моите студенти,
-
го обожавам моето поле.
-
Едвај чекам да им кажам што е ново,
-
нешто што е интересно.
-
Тогаш се однесувам на екстровертен начин,
-
бидејќи во 8 изутрина
-
на студентите им треба малку хумор,
-
нешто што ќе им го направи интересен
-
напорниот ден.
-
Но треба да бидеме многу внимателни
¶
-
доколку долго време сме
надвор од нашиот карактер.
-
Понекогаш не се грижиме доволно
за самите себе.
-
Јас на пример, после период
на псевдо-екстровертно однесување,
-
имам потреба да бидам сам
за да ги наполнам батериите.
-
Исто како што рече Сузан Кејн во
нејзината книга "Quiet,"
-
во поглавјето кое зборува за чудниот
канадски професор
-
кој во тоа време предавал на Харвард,
-
и јас понекогаш одам во машкото WC
-
за да избегам од лудилото кое го
создаваат разузданите екстроверти.
-
-
Се сеќавам еден ден се повлеков
во тоалет кабината,
¶
-
обидувајќи се да ја намалам стимулацијата.
-
Прав екстроверт дојде до мене --
не во мојата кабина,
-
туку во кабината веднаш до мене --
-
можев да слушнам неколку
олеснувачки звуци,
-
кои ние ги мразиме -- дури и нашите,
-
па затоа пуштаме вода за време
на нужда и откако ќе завршиме.
-
-
И тогаш слушнав еден рапав глас кој вели,
¶
-
"Еј, дали е тоа Д-р Литл?"
-
-
Ако сакате да му предизвикате запек на
интроверт кој ќе трае 6 месеци
¶
-
тогаш зборувајте му додека се олеснува.
-
-
-
Немој да ме следите.
-
-