Macedonian subtitles

← Unit 2, Topic 27, A-Star Fifth Question

Unit 2, Topic 27, A-Star Fifth Question

Get Embed Code
19 Languages

Showing Revision 1 created 11/28/2012 by Amara Bot.

  1. Да го истражиме јазолот кај Питешти.
  2. Треба да одиме во оваа насока,
  3. тогаш стигнуваме до пат кој веќе сме го виделе
  4. и одиме во оваа насока.
  5. Сега стигнуваме до Букурешт, нашата цел,
  6. и вредноста на h ќе биде 0
  7. зашто сме на целта, а вредноста на g е 418.
  8. Не запираме тука само зашто сме го ставиле патот на границата,
  9. го оставаме тука, не го правиме тестот за целта
  10. туку одиме назад на границата,
  11. и испаѓа дека 418 е патот со најмала цена на границата.
  12. Сега ја тестираме целта,
  13. го најдовме патот до целта,
  14. кој е најкраткиот можен пат.
  15. Во овој случај, А-ѕвезда беше во можност да го најде патот со најмала цена.
  16. Прашањето за кое ќе треба да размислите,
  17. бидејќи се уште не сме го објасниле,
  18. е дали А-ѕвезда секогаш ќе го прави ова.
  19. Одговорете „да“ ако мислите дека А-ѕвезда секогаш ќе го најде патот со најмала цена,
  20. или одговорете „не“ ако мислите дека зависи од конкретниот проблем,
  21. одговорете „не“ и ако мислите дека зависи од конкретната хеуристичка функција за проценка, h.