Return to Video

Скот Фрeјзер: Зошто сведоците прават грешки

  • 0:02 - 0:07
    Убиството се случило пред нешто повеќе од 21 година,
  • 0:07 - 0:11
    18-ти јануари 1991,
  • 0:11 - 0:13
    во еднo мало
  • 0:13 - 0:15
    предградие
  • 0:15 - 0:18
    на Линвуд, Калифорнија, само неколку милји
  • 0:18 - 0:21
    југоисточно од Лос Анџелес.
  • 0:21 - 0:24
    Еден татко излегол од својата куќа
  • 0:24 - 0:27
    за да му каже на неговиот син тинејџер и неговите пет другарчиња
  • 0:27 - 0:30
    дека е време да прекинат со палавите игри кои ги
  • 0:30 - 0:33
    играле на тревникот пред куќата и тротоарот,
  • 0:33 - 0:36
    да одат дома, да си ги завршат домашните задачи,
  • 0:36 - 0:38
    и да се подготват за спиење.
  • 0:38 - 0:42
    И додека таткото им го кажувал ова,
  • 0:42 - 0:45
    полека, поминала една кола,
  • 0:45 - 0:48
    и само што го одминала таткото и тинејџерите,
  • 0:48 - 0:52
    од совозачкиот прозорец се појавила една рака
  • 0:52 - 0:57
    и "Бам, Бам! го убила таткото.
  • 0:57 - 1:01
    Потоа колата забрзала.
  • 1:01 - 1:02
    Полицијата,
  • 1:02 - 1:06
    инспекторите, биле неверојатно ефикасни.
  • 1:06 - 1:09
    Ги зеле во предвид сите вообичаени виновници,
  • 1:09 - 1:13
    и за помалку од 24 часа, го селектирале нивниот осомничен:
  • 1:13 - 1:17
    Франциско Кариљо, 17-годишно дете
  • 1:17 - 1:19
    кое живеело околу два или три блока оддалеченост
  • 1:19 - 1:22
    од местото на пукањето.
  • 1:22 - 1:26
    Пронашле слики од него. Подготвиле цела низа на слики
  • 1:26 - 1:30
    и следниот ден после пукањето,
  • 1:30 - 1:33
    му ги покажале на еден од тинејџерите, а тој рекол,
  • 1:33 - 1:35
    "Тоа е сликата.
  • 1:35 - 1:40
    Него го видов како пукаше, тој го уби татко му."
  • 1:40 - 1:43
    На судијата од прелиминарното сослушување ова
  • 1:43 - 1:48
    му било доволно, за да му одреди на Г.Кариљо судење
  • 1:48 - 1:51
    за убиство од прв степен.
  • 1:51 - 1:54
    Во истрагата којашто следела пред самото судење,
  • 1:54 - 1:57
    на секој од останатите пет тинејџери му биле покажани
  • 1:57 - 2:02
    фотографии т.е. истата низа на фотографии.
  • 2:02 - 2:04
    Од она што најдобро можевме да процениме, сликата
  • 2:04 - 2:07
    којашто најверојатно им била прикажана
  • 2:07 - 2:10
    се наоѓа во вашиот долен лев ќош од овие матни слики.
  • 2:10 - 2:14
    Причината поради која не сме апсолутно сигурни е поради
  • 2:14 - 2:18
    начинот на кој се чуваат доказите во
  • 2:18 - 2:20
    нашиот судски систем,
  • 2:20 - 2:25
    но тоа би било цел друг TEDx говор за подоцна. (Смеа)
  • 2:25 - 2:28
    Така, на самото судење,
  • 2:28 - 2:31
    сите шест тинејџери сведочеле,
  • 2:31 - 2:35
    и ги посочиле нивните веќе направени идентификации
  • 2:35 - 2:38
    на низата од фотографии.
  • 2:38 - 2:43
    Тој бил осуден. Го осудиле на доживотен затвор, и бил
  • 2:43 - 2:49
    префлен во Folsom Prison (Затворот Фолсом).
  • 2:49 - 2:51
    И, што не чини овде?
  • 2:51 - 2:55
    Накратко, фер судење и целосна истрага.
  • 2:55 - 2:59
    А да, пиштол никогаш не бил пронајден.
  • 2:59 - 3:03
    Ниту едно возило не било идентификувано како возилото
  • 3:03 - 3:06
    од кое убиецот ја извадил својата рака за да пука,
  • 3:06 - 3:10
    и ниту една личност не била обвинета дека е возачот
  • 3:10 - 3:13
    на возилото од кое е пукано.
  • 3:13 - 3:17
    А што е со алибито на Г.Кариљо?
  • 3:17 - 3:22
    Кои од родителите овде во просторијава не би лажел
  • 3:22 - 3:25
    за локацијата на вашиот син или ќерка кога станува збор
  • 3:25 - 3:29
    за истрага на убиство?
  • 3:31 - 3:34
    Испратен во затвор,
  • 3:34 - 3:37
    упорно инсистирајќи на својата невиност,
  • 3:37 - 3:42
    која ја поседува непрекинато веќе 21 година.
  • 3:42 - 3:45
    И, што е проблемот?
  • 3:45 - 3:48
    Всушност, проблемите за еден ваков вид на случај
  • 3:48 - 3:52
    потекнуваат повеќекратно од декади на научно истражување
  • 3:52 - 3:56
    кое ја вклучува човековата меморија.
  • 3:56 - 3:59
    Пред сè, ги имаме сите статистички анализи
  • 3:59 - 4:01
    од работата на Проектот Невиност,
  • 4:01 - 4:04
    каде знаеме дека имаме, колку,
  • 4:04 - 4:07
    250, 280 документирани случаи во кои луѓе биле
  • 4:07 - 4:11
    погрешно осудени, а потоа амнестирани,
  • 4:11 - 4:18
    некои од смртна казна, врз основа на подоцнежна ДНК анализа,
  • 4:18 - 4:21
    и знаете дека повеќе од три четвртини од сите тие случаи
  • 4:21 - 4:28
    на амнестирање, вклучувале само идентификација од страна
  • 4:28 - 4:31
    на сведок за време на судењето кое ги осудило.
  • 4:31 - 4:37
    Знаеме дека сведоштвата се несигурни.
  • 4:37 - 4:39
    Другиот проблем потекнува од еден интересен аспект
  • 4:39 - 4:42
    на човековата меморија кој е поврзан со повеќе мозочни функции,
  • 4:42 - 4:44
    но во корист на времето сето тоа ќе го сумирам во
  • 4:44 - 4:47
    една реченица:
  • 4:47 - 4:52
    На мозокот му се гади од празнина.
  • 4:52 - 4:56
    Во најдобрите опсервациски услови,
  • 4:56 - 4:57
    апсолутно најдобрите,
  • 4:57 - 5:01
    ние забележуваме, енкодираме и складираме во нашите мозоци
  • 5:01 - 5:05
    само мали делчиња од севкупното доживување кое е пред нас,
  • 5:05 - 5:07
    а тие делчиња се складирани во различни делови од мозокот.
  • 5:07 - 5:11
    И сега, кога ни е важно да се присетиме на она
  • 5:11 - 5:14
    што претходно сме го доживеале,
  • 5:14 - 5:20
    а ние имаме складирано многу мал дел од потребните информации
  • 5:20 - 5:22
    и тогаш што се случува?
  • 5:22 - 5:25
    Под праг на свесност, без да постои некој
  • 5:25 - 5:30
    мотив, мозокот додава информации кои
  • 5:30 - 5:32
    не биле таму,
  • 5:32 - 5:35
    првобитно не биле складирани,
  • 5:35 - 5:37
    тој си донесува заклучоци, си шпекулира
  • 5:37 - 5:40
    врз основа на информации коишто дошле до вас,
  • 5:40 - 5:43
    како набљудувач, после самиот настан.
  • 5:43 - 5:45
    Но тоа се случува несвесно, на тој начин
  • 5:45 - 5:49
    што вие дури и не знаете дека тоа се случува.
  • 5:49 - 5:51
    Ова се нарекува реконструирани сеќавања.
  • 5:51 - 5:56
    Ни се случува во сите аспекти од животот, цело време.
  • 5:56 - 5:59
    Токму овие две согледувања, помеѓу другите --
  • 5:59 - 6:03
    реконструктивноста на мемориите, односно несигурноста на сведоците --
  • 6:03 - 6:07
    ова беше поттик за
  • 6:07 - 6:09
    една група на адвокати водени
  • 6:09 - 6:12
    од страна на една неверојатна адвокатка Елен Егерс
  • 6:12 - 6:17
    да ги обединат нивното искуство и талент, и да
  • 6:17 - 6:18
    поднесат молба до врховниот суд
  • 6:18 - 6:23
    со цел да добијат ново судење за Франциско Кариљо.
  • 6:23 - 6:28
    Тие ме задржаа, како форензички неврофизиолог,
  • 6:28 - 6:30
    бидејќи имав искуство
  • 6:30 - 6:32
    со меморијата кај сведоците кои вршат идентификација,
  • 6:32 - 6:35
    коешто очигледно има смисла за овој случај, така?
  • 6:35 - 6:39
    Но исто така бидејќи имав искуство и сведочам за
  • 6:39 - 6:43
    природата на човековиот ноќен вид.
  • 6:43 - 6:46
    И, каква врска има тоа со ова?
  • 6:46 - 6:49
    Епа, кога читате низ материјалите од овој случај
  • 6:49 - 6:52
    поврзан со Кариљо,
  • 6:52 - 6:55
    една од работите што веднаш ви боде во очи е тоа што
  • 6:55 - 6:58
    инспекторите рекле дека осветлувањето било добро на
  • 6:58 - 7:02
    местото на злосторството т.е при пукањето.
  • 7:02 - 7:05
    Сите тинејџери сведочеле за време на судењето
  • 7:05 - 7:09
    и рекле дека можеле да гледаат многу добро.
  • 7:09 - 7:12
    Но ова се случило во средината на јануари,
  • 7:12 - 7:18
    на северната хемисфера, во 7 часот навечер.
  • 7:18 - 7:21
    Па така кога ги направив пресметките
  • 7:21 - 7:23
    добиени од податоците за месечината и сонцето
  • 7:23 - 7:26
    за оваа локација на Земјата и за времето на настанот
  • 7:26 - 7:28
    т.е. пукањето,
  • 7:28 - 7:31
    се покажа дека видливоста била многу ниска
  • 7:31 - 7:33
    и дека истата вечер немало месечина.
  • 7:33 - 7:35
    Значи светлината што доаѓа од сонцето и месечината
  • 7:35 - 7:38
    ја гледате овде на овој екран.
  • 7:38 - 7:41
    Единственото осветлување во оваа област би морало
  • 7:41 - 7:44
    да доаѓа од вештачки извори,
  • 7:44 - 7:47
    и тоа е моментот кога излегувам и вршам вистинска реконструкција
  • 7:47 - 7:50
    на сцената со фотометри, со неколку мерачи
  • 7:50 - 7:52
    на осветленост и неколку други мерачи за
  • 7:52 - 7:56
    перцепција на боја, во пакет со специјалните камери
  • 7:56 - 7:58
    и филм со голема брзина, така?
  • 7:58 - 8:01
    Земете во предвид сè што е измерено, така?
  • 8:01 - 8:03
    Потоа земете ги фотографиите, и еве како изгледала сцената
  • 8:03 - 8:05
    за време на пукањето од гледна
  • 8:05 - 8:07
    точка на тинејџерите кои
  • 8:07 - 8:11
    гледаат кон колата која поминува и од која пукаат.
  • 8:11 - 8:13
    Ова е поглед директно преку улицата
  • 8:13 - 8:16
    од местото каде тие стојат.
  • 8:16 - 8:18
    Се сеќавате, извештајот на инспекторите кажал дека
  • 8:18 - 8:20
    осветлувањето било добро.
  • 8:20 - 8:23
    Тинејџерите кажале дека можеле да гледаат многу добро.
  • 8:23 - 8:26
    Ова е поглед надолу кон исток,
  • 8:26 - 8:30
    кон каде избегало возилото од кое е пукано,
  • 8:30 - 8:35
    а ова е осветлувањето директно позади таткото
  • 8:35 - 8:37
    и тинејџерите.
  • 8:37 - 8:41
    Како што гледате, речиси и не се забележува.
  • 8:41 - 8:45
    Никој не би рекол дека ова е добра осветленост,
  • 8:45 - 8:48
    и всушност, колку и да се убави овие слики,
  • 8:48 - 8:51
    и причината поради која ги правиме е бидејќи знаев деке ќе ме викнат да сведочам на суд,
  • 8:51 - 8:55
    а сликата вреди повеќе од илјада зборови
  • 8:55 - 8:57
    во моментите кога се обидувате да пренесете броеви,
  • 8:57 - 9:00
    апстрактни концепти како лукс, меѓународната мерка
  • 9:00 - 9:05
    за осветленост, вредностите од Ишихара тестот за перцепција на боја.
  • 9:05 - 9:09
    Кога зборувате за ова пред луѓе кои не се навлезени
  • 9:09 - 9:12
    во овие аспекти од науката, тие стануваат како
  • 9:12 - 9:14
    саламандери под пладневно сонце. Како кога
  • 9:14 - 9:17
    зборувате за тангентата на визуелниот агол, така?
  • 9:17 - 9:20
    Само бледо ве гледаат, така?
  • 9:20 - 9:24
    Еден добар форензички експерт треба да биде и добар едукатор,
  • 9:24 - 9:26
    добар комуникатор, и тоа е дел од причината
  • 9:26 - 9:29
    поради која ги правиме сликите, не само за да покажеме
  • 9:29 - 9:31
    каде се наоѓаат изворите на светлина, и она што го нарекуваме распрсканост,
  • 9:31 - 9:34
    дистрибуцијата, но исто така бидејќи на тој начин
  • 9:34 - 9:38
    судијата полесно ќе ги разбере околностите.
  • 9:38 - 9:41
    Овие се некои од фотографиите кои, всушност,
  • 9:41 - 9:43
    ги користев кога сведочев,
  • 9:43 - 9:45
    но за мене како научник, поважни беа,
  • 9:45 - 9:47
    податоците, фотометриските податоци,
  • 9:47 - 9:52
    кои можам да ги претворам во предвидувања
  • 9:52 - 9:55
    за визуелната способност на човековото око
  • 9:55 - 9:58
    под тие услови,
  • 9:58 - 10:01
    а од податоците кои ги измерив на самото место
  • 10:01 - 10:04
    во истите сончеви и месечеви услови
  • 10:04 - 10:07
    во истото време, и така натаму, така,
  • 10:07 - 10:08
    можев да предвидам
  • 10:08 - 10:10
    дека нема услови за соодветна перцепција на боја,
  • 10:10 - 10:12
    коешто пак е клучно за препознавање на лицето,
  • 10:12 - 10:15
    и дека во тие услови е можен само скотопски вид,
  • 10:15 - 10:17
    коешто значи дека ќе има многу мала резолуција,
  • 10:17 - 10:19
    она што го нарекуваме гранична или детекција на раб,
  • 10:19 - 10:21
    понатаму, бидејќи зениците би биле целосно проширени
  • 10:21 - 10:25
    при една ваква осветленост, оттука длабочината на полето,
  • 10:25 - 10:28
    далечината до која можете да се фокусирате и да видите
  • 10:28 - 10:34
    детали, би била помалку од 45 сантиметри.
  • 10:34 - 10:36
    Го кажав ова во судот,
  • 10:36 - 10:39
    и додека судијата внимателно ме следеше,
  • 10:39 - 10:41
    а беше многу, многу долго сослушувањето
  • 10:41 - 10:46
    кога ja поднесовме молбата за повторено судење,
  • 10:46 - 10:48
    и така наеднаш ми дојде идејата и
  • 10:48 - 10:52
    си помислив дека можеби на судијата ќе треба да му дадам
  • 10:52 - 10:54
    посликовито објаснување,
  • 10:54 - 10:56
    а не да му трупам само броеви.
  • 10:56 - 10:59
    И тогаш малку се охрабрив,
  • 10:59 - 11:00
    се свртев
  • 11:00 - 11:03
    и побарав од судијата,
  • 11:03 - 11:05
    реков, "Ваше Височество, мислам дека треба да излезете
  • 11:05 - 11:08
    и сами да го видите местото,"
  • 11:08 - 11:11
    Добро, можеби користев тон кој повеќе звучеше на предизвик
  • 11:11 - 11:13
    отколку на барање - (Смеа) -
  • 11:13 - 11:18
    но како и да е, поради заслуга на тој човек и поради неговата храброст
  • 11:18 - 11:21
    тој рече, "Да, ќе отидам."
  • 11:21 - 11:25
    Тоа беше шок во Американската правна наука.
  • 11:25 - 11:28
    Всушност, ги затекнавме истите тие услови,
  • 11:28 - 11:30
    го реконструиравме настанот одново,
  • 11:30 - 11:34
    тој дојде со цела бригада шерифи
  • 11:34 - 11:39
    кои имаа задача да го штитат, така? (Смеа)
  • 11:39 - 11:44
    Го натеравме да застане на улицата,
  • 11:44 - 11:47
    до возилото на осомничениот, возилото од кое е пукано,
  • 11:47 - 11:50
    поблиску од местото на кое стоеле тинејџерите,
  • 11:50 - 11:52
    тој застана неколку стапки од тротоарскиот раб
  • 11:52 - 11:55
    кон средината на улицата.
  • 11:55 - 11:58
    Имавме кола која помина
  • 11:58 - 12:03
    истата кола како што била опишана од страна на тинејџерите, така?
  • 12:03 - 12:05
    Имаше возач и патник,
  • 12:05 - 12:08
    и откако колата помина покрај судијата,
  • 12:08 - 12:12
    патникот ја испружи неговата рака,
  • 12:12 - 12:16
    ја насочи кон судијата додека колата се движеше,
  • 12:16 - 12:19
    исто како што опишале тинејџерите, така?
  • 12:19 - 12:22
    Овој пат, тој не држеше вистински пиштол во раката,
  • 12:22 - 12:24
    туку во раката држеше црн предмет кој беше сличен
  • 12:24 - 12:26
    на претходно опишаниот пиштол.
  • 12:26 - 12:29
    Тој го насочи предметот, и еве што виде судијата.
  • 12:29 - 12:36
    Ова е колата на 9 метри оддалеченост од судијата.
  • 12:36 - 12:39
    Има рака која е испружена од совозачката страна
  • 12:39 - 12:41
    и е насочена кон вас.
  • 12:41 - 12:43
    Тоа е на 9 метри оддалеченост.
  • 12:43 - 12:45
    Некои од тинејџерите рекле дека всушност колата
  • 12:45 - 12:48
    била оддалечена 5 метри при пукањето.
  • 12:48 - 12:52
    Во ред. Еве ви 5 метри.
  • 12:52 - 12:56
    Во тој момент, се загрижив малку.
  • 12:56 - 13:00
    Со овој судија во никој случај не би сакале да играте покер.
  • 13:00 - 13:05
    Беше целосно рамнодушен. Веѓата воопшто не ја ни помрднуваше.
  • 13:05 - 13:08
    Воопшто не ја ни наведна главата.
  • 13:08 - 13:12
    Немав претстава како реагираше на ова,
  • 13:12 - 13:15
    и откако ја погледна оваа симулација,
  • 13:15 - 13:16
    се сврте кон мене и рече,
  • 13:16 - 13:19
    "Има ли уште нешто кон што би сакал да погледнам?"
  • 13:19 - 13:23
    Реков, "Ваше височество," и не сум сигурен дали бев
  • 13:23 - 13:26
    охрабрен поради научните податоци кои ги имав во
  • 13:26 - 13:30
    својот џеб и моето знаење дека тие се прецизни
  • 13:30 - 13:32
    или дали можеби беше чиста глупост,
  • 13:32 - 13:35
    како што мислеа адвокатите од одбраната - (Смеа)
  • 13:35 - 13:37
    кога слушнаа што кажав,
  • 13:37 - 13:40
    "Да, Ваше Височество, сакам да застанете овде
  • 13:40 - 13:44
    и сакам колата да го обиколи блокот уште еднаш
  • 13:44 - 13:47
    и сакам да дојде и да застане
  • 13:47 - 13:51
    токму пред вас, на оддалеченост од еден метар,
  • 13:51 - 13:55
    и сакам патникот да ја испружи неговата рака
  • 13:55 - 13:57
    држејќи црн предмет и да ја насочи кон вас,
  • 13:57 - 14:03
    а вие може да гледате колку ви душа сака."
  • 14:03 - 14:07
    И еве што виде тој. (Смеа)
  • 14:07 - 14:11
    Ќе забележите, а тоа го има и во мојот извештај,
  • 14:11 - 14:14
    воглавно осветлувањето доаѓа од северната страна,
  • 14:14 - 14:15
    што значи дека лицето на оној кој пукал
  • 14:15 - 14:18
    би било осветлено отпозади и со тоа помалку видливо.
  • 14:18 - 14:20
    Понатаму, покривот на колата
  • 14:20 - 14:24
    во внатрешноста на самата кола предизвикува т.н. сенка од облак
  • 14:24 - 14:27
    коешто пак ја прави потемна.
  • 14:27 - 14:32
    Ова е на еден метар оддалеченост.
  • 14:32 - 14:35
    Зошто ризикував?
  • 14:35 - 14:39
    Знаев дека длабочината на видното поле е 45 см или помалку.
  • 14:39 - 14:41
    На еден метар оддалеченост можеше да има и
  • 14:41 - 14:45
    фудбалски терен.
  • 14:45 - 14:47
    Еве што виде тој.
  • 14:47 - 14:51
    Тој си отиде, уште неколку дена имаше изложување на
  • 14:51 - 14:53
    докази. На крајот од ова,
  • 14:53 - 14:56
    тој пресуди и рече дека ќе ја прифати молбата
  • 14:56 - 14:59
    за повторно судење.
  • 14:59 - 15:02
    И во продолжение, тој го ослободи Г.Кариљо
  • 15:02 - 15:05
    за да може да помогне во подготовката на својата одбрана
  • 15:05 - 15:11
    доколку обвинителството одлучи одново кривично да го гони.
  • 15:11 - 15:13
    Тие одлучија да не го прават тоа.
  • 15:13 - 15:18
    Тој сега е слободен човек. (Аплауз)
  • 15:18 - 15:22
    (Аплауз)
  • 15:22 - 15:27
    Еве го како ја прегрнува бабата на неговата девојка.
  • 15:27 - 15:31
    Девојка му била бремена кога тој отишол на судење,
  • 15:31 - 15:35
    така? Таа родила машко дете.
  • 15:35 - 15:38
    Тој и син му, сега и двајцата посетуваат настава на
  • 15:38 - 15:44
    Кал Стејт Лонг Бич. (Аплауз)
  • 15:44 - 15:48
    И до што нè води овој пример --
  • 15:48 - 15:52
    што треба да извлечеме како поука за самите нас?
  • 15:52 - 15:56
    Пред сè, постои долго минато на антипатија
  • 15:56 - 15:58
    помеѓу науката и правото во рамки
  • 15:58 - 16:01
    на Американската правна наука.
  • 16:01 - 16:04
    Можам до утре да ви зборувам за ужасни приказни на незнаење
  • 16:04 - 16:08
    кои ги сретнав низ декадите како форензички експерт
  • 16:08 - 16:13
    обидувајќи се науката да ја внесам во судницата.
  • 16:13 - 16:18
    Судскиот совет секој пат беше против тоа.
  • 16:18 - 16:21
    Мојата препорака е дека сите ние треба да станеме
  • 16:21 - 16:24
    посвесни за тоа дека треба да внесеме повеќе
  • 16:24 - 16:26
    наука во судниците, со помош на
  • 16:26 - 16:29
    политиката и со помош на разни процедури,
  • 16:29 - 16:32
    и мислам дека еден голем чекор кон тоа
  • 16:32 - 16:33
    е да се бара поголемо знаење,
  • 16:33 - 16:36
    со сета должна почит кон правните факултети,
  • 16:36 - 16:41
    од областа на технологијата, инжинерството и математиката
  • 16:41 - 16:43
    од секој кој ќе се запише на право,
  • 16:43 - 16:47
    бидејќи утре тие ќе бидат судии.
  • 16:47 - 16:50
    Размислете за тоа како ги бираме судиите во оваа земја.
  • 16:50 - 16:53
    Многу е поразлично од повеќето други култури. Така?
  • 16:53 - 16:55
    Друго нешто што сакам да предложам,
  • 16:55 - 16:58
    е дека секој од нас треба да внимава,
  • 16:58 - 17:00
    јас постојано се потсетувам самиот себе,
  • 17:00 - 17:03
    и да се прашува, колку се прецизни сеќавањата за кои
  • 17:03 - 17:08
    знаеме дека се вистинити, во коишто веруваме?
  • 17:08 - 17:12
    Овој проблем е истражуван со декади,
  • 17:12 - 17:16
    постојат еден куп случаи како овој,
  • 17:16 - 17:18
    каде луѓето
  • 17:18 - 17:21
    навистина, навистина веруваат. Ниту еден од тинејџерите
  • 17:21 - 17:23
    коишто го идентификувал Кариљо
  • 17:23 - 17:26
    не мислел дека ја избира погрешната личност.
  • 17:26 - 17:30
    Ниту еден од нив не мислел дека не може да го види лицето на личноста.
  • 17:30 - 17:32
    Сите ние треба да бидеме многу внимателни.
  • 17:32 - 17:35
    Сите наши сеќавање се реконструирани сеќавања.
  • 17:35 - 17:38
    Тие се продукт на она што првобитно сме доживеале
  • 17:38 - 17:41
    и сето она што се случило отпосле.
  • 17:41 - 17:43
    Тие се динамични.
  • 17:43 - 17:45
    Тие се променливи. Тие се нестабилни,
  • 17:45 - 17:49
    и како резултат на тоа, треба да запамтиме дека мора да внимаваме,
  • 17:49 - 17:52
    бидејќи вистинитоста на нашите сеќавања
  • 17:52 - 17:56
    не се мери преку тоа колку се јасни,
  • 17:56 - 18:01
    ниту преку тоа колку сте уверени дека се точни.
  • 18:01 - 20:30
    Ви благодарам. (Аплауз)
Title:
Скот Фрeјзер: Зошто сведоците прават грешки
Speaker:
Scott Fraser
Description:

Скот Фрејзер го проучува начинот на кој луѓето се присеќаваат на злосторствата -- и како истите тие сеќавања ги користат како сведоштва. Во овој моќен говор, кој се фокусира на едно убиство кое се случило за време на зајдисонце, тој вели дека дури и сведоците кои се наоѓаат во непосредна близина на злосторството, можат да создадат "сеќавања" кои не е можно да ги виделе. Зошто? Бидејќи на мозокот му се гади кога ќе слушне за празнина.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
20:50
Dimitra Papageorgiou approved Macedonian subtitles for Why eyewitnesses get it wrong
Charlie Psy accepted Macedonian subtitles for Why eyewitnesses get it wrong
Charlie Psy edited Macedonian subtitles for Why eyewitnesses get it wrong
Dimitra Papageorgiou rejected Macedonian subtitles for Why eyewitnesses get it wrong
Dimitra Papageorgiou approved Macedonian subtitles for Why eyewitnesses get it wrong
Dimitra Papageorgiou commented on Macedonian subtitles for Why eyewitnesses get it wrong
Dimitra Papageorgiou approved Macedonian subtitles for Why eyewitnesses get it wrong
Charlie Psy accepted Macedonian subtitles for Why eyewitnesses get it wrong
Show all

Macedonian subtitles

Revisions