Return to Video

Не дозволувајте малите градови да изумрат | Даниел Медведовски| TEDxParqueSanCarlos

  • 0:55 - 0:58
    Оние од нас
    што растеле во мали градови
  • 0:58 - 1:01
    некогаш сигурно си рекле:
  • 1:03 - 1:05
    „Овде нема можности.
  • 1:05 - 1:07
    Нема ништо за нас.
  • 1:08 - 1:10
    Не можам да најдам стабилна работа.
  • 1:10 - 1:13
    Не можам да напредувам
    како што јас сакам.“
  • 1:14 - 1:19
    Внимавајте! Секогаш се наоѓа
    по некој човек,
  • 1:19 - 1:26
    стар, со сива коса,
    и стомак колку неговото искуство,
  • 1:26 - 1:28
    да не се навреди некој,
  • 1:29 - 1:34
    што нѐ потсетува дека нештата
    биле подобри во минатото.
  • 1:35 - 1:37
    Дали е навистина така?
  • 1:39 - 1:45
    Или не знаеме да го искористиме
    она што ни се нуди?
  • 1:46 - 1:47
    Кога размислувам за ова,
  • 1:48 - 1:51
    неизбежно се присеќавам и на
    моите долгогодишни другари:
  • 1:51 - 1:53
    Хуанчо, Франко и Емануел.
  • 1:54 - 1:56
    Сликава што ја гледате
  • 1:57 - 2:00
    е од 2009 г.,
    кога одевме во средно училиште.
  • 2:00 - 2:03
    Што да ви кажам
    за моите другари?
  • 2:03 - 2:05
    Ги сакам многу,
  • 2:05 - 2:07
    тие ми се како браќа
  • 2:07 - 2:11
    и тоа се тројца препаметни момци кои,
  • 2:12 - 2:14
    бидејќи ги немаа потребните средства
  • 2:14 - 2:18
    да го учат она што го сакаа,
  • 2:19 - 2:23
    останаа овде во градов,
    и, за чудо,
  • 2:23 - 2:26
    сѐ до денес, не успеаја
    да најдат работа
  • 2:26 - 2:30
    со која ќе успеат да ги претворат
    соништата во реалност.
  • 2:31 - 2:34
    И јас, четвртиот на сликава,
  • 2:34 - 2:37
    го чувствував
    недостатокот од можности.
  • 2:37 - 2:42
    Моите родители, кои се многу вредни,
    направија натчовечки напори
  • 2:42 - 2:44
    за да го учам
    она што го сакав,
  • 2:45 - 2:48
    зашто знаеја,
    а знаев и јас,
  • 2:48 - 2:53
    дека ако останам во градов,
    иако ќе можев да студирам нешто,
  • 2:53 - 2:57
    сепак би имал иднина
    со помалку можности.
  • 2:58 - 3:03
    Сте се запрашале
    како е тоа можно?
  • 3:06 - 3:08
    Живееме во 21 век.
  • 3:09 - 3:13
    Се наоѓаме среде феноменот
    наречен глобализација,
  • 3:14 - 3:19
    каде настаните и напредокот
    се случуваат со огромна брзина,
  • 3:19 - 3:23
    рушејќи ги границите и пречките
    меѓу луѓето.
  • 3:25 - 3:31
    Во оваа смисла, градовите стануваат
    сѐ поважни.
  • 3:31 - 3:33
    Да бидеме искрени:
    тие се нашиот дом.
  • 3:33 - 3:37
    Ги создаваме и пресоздаваме со
    секој преземен чекор.
  • 3:38 - 3:45
    Се проценува дека до 2050 г.
    68% од светското население
  • 3:45 - 3:47
    ќе живее во град.
  • 3:47 - 3:53
    Да ме разберете полесно,
    тоа значи 7 од 10 луѓе
  • 3:53 - 3:54
    ширум светот.
  • 3:55 - 3:57
    7 од 10.
  • 3:59 - 4:03
    Ако сè повеќе луѓе одбираат
    да живеат во градовите,
  • 4:03 - 4:07
    значи таму имаме
    најголема можност за напредок.
  • 4:08 - 4:10
    Зошто, тогаш,
  • 4:10 - 4:13
    додека се чини дека некои градови
    заглавиле во минатото,
  • 4:14 - 4:18
    други напредуваат, се сè поживи,
    секој сака да ги посети
  • 4:18 - 4:20
    и секој сака да живее во нив?
  • 4:21 - 4:25
    Ќе ви го дадам клучниот збор
  • 4:25 - 4:28
    и ве молам запаметете го
    и откако ќе си одите одовде
  • 4:28 - 4:29
    и ќе се вратите дома.
  • 4:30 - 4:32
    Стратегија.
  • 4:32 - 4:36
    Ако сакаме глобализацијата да биде корисна
    за нашите градови,
  • 4:36 - 4:39
    да отвори повеќе можности за луѓето,
  • 4:39 - 4:43
    мора да излеземе со јасна стратегија.
  • 4:44 - 4:46
    Една од работите што ме плаши
  • 4:46 - 4:50
    како иден професионалец
    по меѓународни односи
  • 4:50 - 4:52
    е токму ова:
  • 4:52 - 4:54
    поврзување на градовите
  • 4:55 - 4:58
    со можностите кои ни ги нуди светот.
  • 4:58 - 5:00
    Не безглаво,
  • 5:00 - 5:05
    туку нагласувајќи ги силните страни,
    потенцијалот
  • 5:05 - 5:08
    и обидувајќи се да го намалиме влијанието
    што светот може да го има
  • 5:08 - 5:11
    врз нашите најранливи карактеристики.
  • 5:12 - 5:13
    Можеби ќе речете:
  • 5:13 - 5:17
    Како може да е толку добро,
    кога зборуваме за вистинскиот живот?
  • 5:18 - 5:24
    Преку конкретни проекти што го подобруваат
    квалитетот на живот на населението
  • 5:24 - 5:29
    и преку избегнување миграција
    на други места барајќи подобра иднина.
  • 5:31 - 5:35
    Пак ќе ги споменам другарите.
  • 5:36 - 5:39
    Ова е фотографија од
    пред неколку месеци.
  • 5:39 - 5:42
    На прв поглед ќе забележите
    неколку работи.
  • 5:42 - 5:47
    За почеток,
    сега имаме петти верен другар.
  • 5:47 - 5:48
    Знаете кој?
  • 5:48 - 5:50
    Алкохолот.
  • 5:51 - 5:53
    Второ, може да речеме
  • 5:53 - 5:56
    дека постои
    обратно пропорционален однос.
  • 5:57 - 6:00
    Како што се подобрува
    квалитетот на сликите од телефон,
  • 6:00 - 6:03
    ние изгледаме сѐ полошо.
  • 6:03 - 6:04
    (смеа)
  • 6:04 - 6:08
    Некои се здебелија,
    други имаат помалку коса.
  • 6:10 - 6:13
    Знаете што ни е заедничко
    сѐ до денес,
  • 6:13 - 6:18
    освен што сме длабоко приврзани
    еден за друг?
  • 6:18 - 6:21
    Значаен недостаток на можности.
  • 6:24 - 6:28
    Франко, на пример,
    десно од мене,
  • 6:29 - 6:34
    беше државен првак на натпреварот
    по географија во 2012 г.
  • 6:35 - 6:36
    Државен првак.
  • 6:38 - 6:39
    Но денес,
  • 6:39 - 6:42
    без разлика колку посветено учи
    за да стане учител по географија,
  • 6:42 - 6:47
    нема време
    бидејќи работи деноноќно
  • 6:47 - 6:49
    за да може да преживее.
  • 6:50 - 6:54
    Тука е и Хуанчо,
    лево од мене.
  • 6:54 - 6:56
    Сликани сме
    на неговиот роденден.
  • 6:57 - 7:00
    Хуанчо сакаше да студира
    нешто поврзано со одбрана
  • 7:00 - 7:04
    за да може да се приклучи
    на безбедносните сили.
  • 7:05 - 7:07
    Но, бидејќи не успеа во намерата,
  • 7:07 - 7:10
    постојано менува работни места
  • 7:10 - 7:13
    и не може да го најде
    она што вистински го сака.
  • 7:13 - 7:15
    И нему му е тешко да најде работа
  • 7:15 - 7:18
    што ќе му пружи економска независност.
  • 7:19 - 7:22
    На крај, Емануел, гениј за компјутери.
  • 7:22 - 7:27
    Не можете да замислите каков генијалец.
    Може да поправи сѐ.
  • 7:27 - 7:31
    Но, по напорниот ден поминат
    во продавница,
  • 7:31 - 7:34
    продавницата која сам ја изградил
    од темел,
  • 7:35 - 7:38
    студира компјутерско програмирање
  • 7:38 - 7:41
    и не може да научи сѐ што би сакал
  • 7:41 - 7:43
    зашто му недостигаат потребните алатки
  • 7:43 - 7:46
    што Универзитетот не може да ги обезбеди.
  • 7:47 - 7:49
    Човекот студира програмирање,
  • 7:49 - 7:54
    а ги нема потребните програми
    за да го научи тоа.
  • 7:56 - 7:59
    Најлошо од сѐ е што,
  • 8:00 - 8:03
    ние, младите луѓе,
  • 8:04 - 8:08
    не сме ништо полоши
    од остатокот од светот.
  • 8:09 - 8:11
    Не сме поразлични.
  • 8:11 - 8:12
    Знаете,
  • 8:14 - 8:18
    неодамна имав среќа
    да бидам дел од група
  • 8:19 - 8:24
    од 8 млади лидери од целиот свет
    и да учествувам на семинар
  • 8:24 - 8:27
    во Њу Делхи, главниот град на Индија,
    цела недела.
  • 8:28 - 8:32
    Ја претставував Аргентина,
    бев единствен Аргентинец таму
  • 8:32 - 8:36
    и, тоа беше неверојатно искуство.
  • 8:36 - 8:38
    Мислам, беше над сите очекувања.
  • 8:39 - 8:40
    Научив многу.
  • 8:41 - 8:44
    Но ако денес можам да споделам
    две работи со вас,
  • 8:45 - 8:46
    тоа се следниве:
  • 8:46 - 8:50
    прво, постојат милион нешта
  • 8:50 - 8:53
    и тешко дека ќе можам
    доволно да ги нагласам
  • 8:53 - 8:55
    за да ме разберете,
  • 8:56 - 8:59
    но постојат милион прилики таму надвор
  • 8:59 - 9:02
    за сечиј вкус.
  • 9:03 - 9:07
    Но мора да ги побарате,
    нема да дојдат сами.
  • 9:08 - 9:11
    Второ, не помалку важно,
  • 9:12 - 9:16
    ние Аргентинците имаме
    брилијантни луѓе.
  • 9:16 - 9:20
    Нема зошто да им завидуваме на
    младите Американци
  • 9:20 - 9:22
    на Кинезите, или на кого било.
  • 9:22 - 9:26
    Знаете што немаме и
    по што се разликуваме од нив?
  • 9:27 - 9:32
    Тоа што тие живеат во држава
    која е присутна во светот
  • 9:32 - 9:35
    и им носи можности за да можат
    да се развиваат.
  • 9:36 - 9:42
    Уште еднаш, сакаме подобри градови?
    Да излеземе со јасна стратегија во светот.
  • 9:44 - 9:48
    Се сеќавам кога првпат
    отидов во Росарио,
  • 9:48 - 9:53
    тргнав на факултет 3 дена
    пред да наполнам 18 год.
  • 9:53 - 9:58
    Бев дете, преплашено дете,
    со многу стравови.
  • 9:59 - 10:04
    Никогаш не можев јавно да кажам
    бидејќи ми беше многу тешко
  • 10:04 - 10:08
    и сите околу мене знаеја
    што сѐ ќе треба да поминам.
  • 10:10 - 10:14
    Тешко е да го напуштите
    својот град, својот дом,
  • 10:14 - 10:16
    тоа е како да оставате
    дел од срцето.
  • 10:17 - 10:21
    И денес се чувствувам така,
    а поминаа речиси 6 год.
  • 10:22 - 10:27
    За да не ви се случи истото вам
    или на вашите пријатели
  • 10:28 - 10:30
    или на кој било
    што го познавате,
  • 10:30 - 10:34
    неопходно е да се создадат
    услови за младите луѓе
  • 10:34 - 10:38
    за да останат во нашите градови
    и да се развиваат таму.
  • 10:39 - 10:40
    Освен тоа,
  • 10:41 - 10:45
    што може повеќе да ви даде крилја
    од градот каде сте родени?
  • 10:46 - 10:49
    Ако имаме стратегија, можеме.
  • 10:51 - 10:56
    Замислете колку брилијантен би бил Франко
  • 10:57 - 11:00
    кога би можел целосно да се посвети
    на географијата.
  • 11:02 - 11:06
    Или Хуанчо, кога би бил член
    на безбедносните сили
  • 11:06 - 11:07
    на нашата земја.
  • 11:08 - 11:12
    Или, Емануел,
    кога би ги имал потребните програми
  • 11:12 - 11:15
    и би можел да продолжи со студирање.
  • 11:16 - 11:18
    Вака...
  • 11:19 - 11:20
    Вака...
  • 11:21 - 11:24
    вака го гледаме
    недостатокот од можности.
  • 11:26 - 11:30
    Во случај ова што го зборувам
  • 11:31 - 11:34
    да не е доволно уверливо
  • 11:35 - 11:37
    и сакате уште еден пример -
  • 11:38 - 11:39
    Погледнете.
  • 11:40 - 11:41
    Погледнете го ова.
  • 11:43 - 11:50
    Ова е тетоважата што ја направив
    кога конечно ја преболев
  • 11:50 - 11:55
    длабоката клиничка депресија
    по напуштањето на родниот град,
  • 11:57 - 12:03
    по два обиди за самоубиство и
    многу психолошки третмани
  • 12:04 - 12:08
    кои беше тешко да се пребродат.
  • 12:10 - 12:12
    Ако сакаме да ставиме крај на ова,
  • 12:13 - 12:16
    мораме стратешки да настапиме во светот.
  • 12:17 - 12:21
    Ве молам, не дозволувајте нашите градови
    да изумрат.
  • 12:21 - 12:23
    Ви благодарам многу.
Title:
Не дозволувајте малите градови да изумрат | Даниел Медведовски| TEDxParqueSanCarlos
Description:

Даниел е студент по меѓународни односи на Државниот универзитет во Росарио и уште од рана возраст имал прилика да стои рамо до рамо со млади лидери од целиот свет на различни манифестации, во Австрија, Чиле и неодамна, во Индија, каде ја претставувал Аргентина на важен дипломатски настан. Меѓутоа, тој никогаш не ги заборавил своите корени и сето она што го смета за темел во животот - пријателите од средно училиште. Затоа, своето искуство го преточува во овој говор, во кој говори што можат да направат малите градови за да создадат повеќе можности, без притоа да се изгубат Хуанчо, Франко и Емануел.

Овој говор е одржан на ТЕДх, независно организиран настан од локална заедница што го користи конференцискиот формат на ТЕД. Дознајте повеќе на: https://www.ted.com/tedx

more » « less
Video Language:
Spanish
Team:
closed TED
Project:
TEDxTalks
Duration:
12:32

Macedonian subtitles

Revisions