Return to Video

Педи Ешдаун: Глобално поместување на моќта

  • 0:00 - 0:02
    Има една песна напишана
  • 0:02 - 0:04
    од еден многу познат англиски поет
  • 0:04 - 0:06
    некаде на крајот од 19 век.
  • 0:06 - 0:09
    Велат дека одѕвонувала во умот на Черчил
  • 0:09 - 0:11
    во 1930-те.
  • 0:11 - 0:13
    Поемата оди вака:
  • 0:13 - 0:15
    „На тивкиот рид на летото,
  • 0:15 - 0:17
    мрзелив со текот на поточињата,
  • 0:17 - 0:19
    слушам далечен татнеж,
  • 0:19 - 0:21
    татни како звук во сон,
  • 0:21 - 0:24
    далеку и блиску, гласно и погласно низ земјините патишта,
  • 0:24 - 0:27
    драг кон пријателот и храна за правот,
  • 0:27 - 0:29
    маршираат војници,
  • 0:29 - 0:31
    кои набрзо ќе умрат."
  • 0:31 - 0:33
    Оние кои сакаат поезија,
  • 0:33 - 0:36
    поемата се вика "A Shropshire Lad" напишана од А.Е.Хаусман
  • 0:36 - 0:38
    Хаусман согледал,
  • 0:38 - 0:42
    а тоа го има и во симфониите на Нилсен исто така,
  • 0:42 - 0:46
    дека стабилноста карактеристична за
  • 0:46 - 0:48
    долгите и топли лета од 19 век
  • 0:48 - 0:50
    се ближи кон својот крај,
  • 0:50 - 0:52
    и дека наскоро ќе влеземе
  • 0:52 - 0:54
    во еден од оние застрашувачки периоди од историјата
  • 0:54 - 0:56
    кога моќта се менува.
  • 0:56 - 0:58
    Овие периоди, дами и господа секогаш се,
  • 0:58 - 1:01
    пропратени со турбуленции,
  • 1:01 - 1:03
    и се почесто со крв.
  • 1:03 - 1:05
    Мојата порака за вас е
  • 1:05 - 1:07
    дека верувам дека ние сме осудени да живееме
  • 1:07 - 1:10
    во еден од таквите периоди од историјата
  • 1:10 - 1:12
    период во кој
  • 1:12 - 1:15
    воспоставениот поредок започнува да се менува
  • 1:15 - 1:17
    и новиот изглед на светот,
  • 1:17 - 1:20
    новите моќи кои постојат во светот,
  • 1:20 - 1:22
    почнуваат да се формираат.
  • 1:22 - 1:25
    Овие се -- тоа го гледаме јасно во денешно време --
  • 1:25 - 1:28
    речиси секогаш многу турбулентни и тешки времиња,
  • 1:28 - 1:30
    и многу почесто крвави времиња.
  • 1:30 - 1:33
    Колку да знаете, се случува еднаш во секој век.
  • 1:33 - 1:35
    Можеби ќе кажете дека последен пат се случи --
  • 1:35 - 1:38
    а тоа како доаѓа го предосетил Хаусман како и Черчил --
  • 1:38 - 1:41
    кога моќта премина од старите нации,
  • 1:41 - 1:43
    старите моќни Европски нации,
  • 1:43 - 1:45
    преку Атлантикот кон ново растечката моќ
  • 1:45 - 1:47
    на Соединетите Американски Држави --
  • 1:47 - 1:49
    почетокот на Американскиот век.
  • 1:49 - 1:51
    И се разбира, во вакумот
  • 1:51 - 1:54
    во кој се наоѓаа пре-старите Европски моќи
  • 1:54 - 1:57
    беа одиграни двете крвави катастрофи
  • 1:57 - 1:59
    на минатиот век --
  • 1:59 - 2:02
    едната во првиот дел и другата во вториот: двете големи Светски војни.
  • 2:02 - 2:05
    Мао Зедонг ги нарекуваше Европските граѓански војни,
  • 2:05 - 2:08
    и веројатно е поверодостоен начин за нивно опишување.
  • 2:08 - 2:10
    Па, дами и господа,
  • 2:10 - 2:12
    ние живееме во едно од тие времиња.
  • 2:12 - 2:15
    Денеска би сакал да зборувам за три фактори.
  • 2:15 - 2:18
    Првиот од нив, првите два од нив, се
  • 2:18 - 2:20
    однесуваат на поместување на моќта.
  • 2:20 - 2:23
    Вториот се однесува на една нова димензија,
  • 2:23 - 2:26
    која никогаш не се случила како што се случува сега.
  • 2:26 - 2:29
    Но прво да кажеме за поместувањата на моќта кои се случуваат денес.
  • 2:29 - 2:31
    Она што се случува денес
  • 2:31 - 2:33
    е, со еден збор, застрашувачко
  • 2:33 - 2:36
    бидејќи никогаш не се случило порано.
  • 2:36 - 2:38
    Сме виделе хоризонтално поместување на моќта --
  • 2:38 - 2:41
    моќта на Грција преминала во Рим
  • 2:41 - 2:43
    и поместувањата на моќта кои се случиле
  • 2:43 - 2:46
    за време на Европските цивилизации --
  • 2:46 - 2:48
    но денес гледаме нешто малку поразлично.
  • 2:48 - 2:50
    Моќта не се поместува само хоризонтално
  • 2:50 - 2:52
    од нација во нација.
  • 2:52 - 2:54
    Исто така се движи вертикално.
  • 2:54 - 2:57
    Во денешно време, моќта која што беше затворена во,
  • 2:57 - 3:00
    и која што важеше и која го овозможуваше владеењето на правото,
  • 3:00 - 3:03
    во институцијата наречена национална држава
  • 3:03 - 3:06
    во денешно време гледаме дека мигрираше на глобалната сцена.
  • 3:06 - 3:08
    Глобализацијата на моќта --
  • 3:08 - 3:10
    ние зборуваме за глобализацијата на пазарите,
  • 3:10 - 3:14
    но всушност станува збор за глобализација на вистинската моќ.
  • 3:14 - 3:16
    И додека, на ниво на национална држава
  • 3:16 - 3:18
    таа моќ се контролира со
  • 3:18 - 3:20
    помош на владеење на правото,
  • 3:20 - 3:23
    на интернационалната сцена не е таков случајот.
  • 3:23 - 3:26
    Интернационалната и глобална сцена каде што моментов моќта престојува:
  • 3:26 - 3:29
    моќта на Интернетот, моќта на сателитските емитувачи (ТВ),
  • 3:29 - 3:32
    разменувачите на пари --
  • 3:32 - 3:34
    оваа огромна количина на пари
  • 3:34 - 3:38
    која што циркулира и која е 32 пати повеќе одошто е потребно
  • 3:38 - 3:41
    за едно нормално одвивање на трговијата --
  • 3:41 - 3:43
    разменувачите на пари,
  • 3:43 - 3:45
    финансиските шпекуланти
  • 3:45 - 3:48
    кои не фрлија во бездна од неодамна,
  • 3:48 - 3:50
    моќта на мултинационалните корпорации
  • 3:50 - 3:53
    чиишто буџети се често
  • 3:53 - 3:55
    пати поголеми од оние на средно-големите земји.
  • 3:55 - 3:57
    Овој живот на глобалната сцена
  • 3:57 - 3:59
    кој воглавно поминува нерегулиран,
  • 3:59 - 4:02
    и кој не подлежи под владеењето на законот,
  • 4:02 - 4:04
    и во кој луѓето може да се однесуваат како сакаат.
  • 4:04 - 4:07
    Тоа им одговара на моќните
  • 4:07 - 4:09
    но само за момент.
  • 4:09 - 4:12
    Секогаш им одговара на оние кои имаат најмногу моќ
  • 4:12 - 4:15
    да дејствуваат во средина каде нема ограничувања,
  • 4:15 - 4:18
    меѓутоа она што не учи историјата е дека, порано или подоцна,
  • 4:18 - 4:20
    нерегулираниот простор --
  • 4:20 - 4:22
    просторот кој не подлежи под закон --
  • 4:22 - 4:25
    станува населен, не само од нештата што се погодни --
  • 4:25 - 4:27
    меѓународна трговија, Интернетот, итн. --
  • 4:27 - 4:29
    туку и од нешта што не ги сакате --
  • 4:29 - 4:32
    меѓународен криминал, меѓународен тероризам.
  • 4:32 - 4:34
    Она што научивме од 9/11
  • 4:34 - 4:39
    е дека, без разлика на тоа што сте најмоќната нација на светот,
  • 4:39 - 4:42
    сепак,
  • 4:42 - 4:44
    оние кои живеат во тој простор можат да ве нападнат
  • 4:44 - 4:46
    дури и во вашите најзначајни градови
  • 4:46 - 4:48
    во едно ведро Септемвриско утро.
  • 4:48 - 4:50
    Кружат гласини дека околу 60 проценти
  • 4:50 - 4:53
    од четирите милиони долари кои биле потребни за спроведување на 9/11
  • 4:53 - 4:56
    всушност поминале низ институциите на Кулите Близначки
  • 4:56 - 4:58
    кои беа уништени во 9/11.
  • 4:58 - 5:00
    Гледате, нашите непријатели исто така го користат овој простор --
  • 5:00 - 5:03
    просторот на масовното патување, Интернетот, сателитските емитувачи --
  • 5:03 - 5:06
    со цел како би можеле да ни наштетат,
  • 5:06 - 5:09
    т.е. да го уништат нашиот систем и начин на живеење.
  • 5:09 - 5:11
    Порано или подоцна,
  • 5:11 - 5:13
    порано или подоцна,
  • 5:13 - 5:15
    законот на историјата вели
  • 5:15 - 5:17
    дека онаму каде што е моќта
  • 5:17 - 5:20
    владеењето мора да биде присутно.
  • 5:20 - 5:22
    Доколку ја прифатиме премисата дека една од
  • 5:22 - 5:24
    најзначајните карактеристики на нашето време
  • 5:24 - 5:26
    е глобализација на моќта,
  • 5:26 - 5:29
    оттука следи дека еден од предизвиците на нашето време
  • 5:29 - 5:32
    е инсталирање на владеењето на глобалната сцена.
  • 5:32 - 5:35
    Верувам дека следниве декади кои следат
  • 5:35 - 5:39
    ќе бидат помалку или повеќе турбулентни
  • 5:39 - 5:42
    во зависност од тоа колку сме способни да ја постигнеме целта:
  • 5:42 - 5:44
    да го инсталираме владеењето на глобалната сцена.
  • 5:44 - 5:46
    Да појаснам, јас не зборувам за влада.
  • 5:46 - 5:48
    Не зборувам за поставување на
  • 5:48 - 5:51
    некоја глобална демократска институција.
  • 5:51 - 5:53
    Моето гледиште, патем, дами и господа,
  • 5:53 - 5:55
    е дека ова е помалку веројатно да го постигнеме
  • 5:55 - 5:57
    преку создавање на повеќе институции на О.Н.
  • 5:57 - 5:59
    Доколку ги немавме О.Н., тогаш ќе моравме да ги создадеме.
  • 5:59 - 6:01
    Светот има потреба од меѓународен форум.
  • 6:01 - 6:05
    Има потреба од инструменти преку кои ќе можете да го легитимизирате меѓународното дејство.
  • 6:05 - 6:07
    Меѓутоа кога станува збор за владеење на глобалната сцена,
  • 6:07 - 6:10
    претпоставувам дека ова нема да се случи
  • 6:10 - 6:12
    преку создавање на повеќе О.Н. институции.
  • 6:12 - 6:15
    Тоа ќе се случи преку моќно соединување
  • 6:15 - 6:17
    и создавање на системи базирани врз договор,
  • 6:17 - 6:19
    согласности базирани на договор,
  • 6:19 - 6:21
    со чија помош ќе биде
  • 6:21 - 6:24
    И ако внимателно погледнете, ќе видите дека веќе почнуваат да се појавуваат.
  • 6:24 - 6:27
    Светската Трговска Организација: организација базирана на договор,
  • 6:27 - 6:29
    целосно базирана на договор,
  • 6:29 - 6:32
    и сепак, доволно моќна да бара одговорност доколку е потребно дури и од
  • 6:32 - 6:34
    најмоќните, Соединетите Држави.
  • 6:34 - 6:36
    Кјото: почетокот на борбата за создавање на
  • 6:36 - 6:38
    организација базирана на договор.
  • 6:38 - 6:40
    Г-20:
  • 6:40 - 6:42
    веќе знаеме дека треба да составиме институција која
  • 6:42 - 6:44
    е способна да го контролира финансискиот
  • 6:44 - 6:47
    простор наменет за финансиска шпекулација.
  • 6:47 - 6:50
    Токму тоа е Г20, институција базирана на договор.
  • 6:50 - 6:52
    Меѓутоа, имаме проблем овде,
  • 6:52 - 6:54
    на кој ќе се вратиме за малку,
  • 6:54 - 6:57
    а тоа е дека, доколку ги соедините најмоќните заедно
  • 6:57 - 6:59
    за да ги создаваат правилата во една институција базирана на договор,
  • 6:59 - 7:02
    која треба да го исполни тој вакум,
  • 7:02 - 7:05
    тогаш што ќе се случи со слабите кои се изоставени?
  • 7:05 - 7:07
    Тоа е голем проблем,
  • 7:07 - 7:09
    на кој ќе се навратиме за малку.
  • 7:09 - 7:11
    Мојата прва порака е дека,
  • 7:11 - 7:14
    доколку сакате да поминете низ овие турбулентни времиња,
  • 7:14 - 7:17
    помалку или повеќе турбулентни,
  • 7:17 - 7:19
    тогаш нашиот успех во тоа
  • 7:19 - 7:21
    во голема мера ќе зависи од нашиот капацитет за
  • 7:21 - 7:23
    инсталирање на размуно владеење
  • 7:23 - 7:25
    во глобалниот простор.
  • 7:25 - 7:28
    И веќе тоа почнува да се случува.
  • 7:28 - 7:30
    Мојата втора поента е,
  • 7:30 - 7:32
    иако знам дека не морам да зборувам пред ваква публика
  • 7:32 - 7:34
    за вакви работи,
  • 7:34 - 7:37
    меѓутоа моќта не се менува само вертикално,
  • 7:37 - 7:39
    исто така се менува хоризонтално.
  • 7:39 - 7:42
    Можеби ќе речете дека приказната, историјата на цивилизациите,
  • 7:42 - 7:45
    биле цивилизации собрани околу морињата --
  • 7:45 - 7:48
    притоа првите биле собрани околу Медитеранот,
  • 7:48 - 7:52
    додека неодамнешните Западни цивилизации се собрани околу Атлантикот.
  • 7:52 - 7:54
    Ми се чини дека
  • 7:54 - 7:57
    во моментов сме сведоци на фундаментално поместување на моќта,
  • 7:57 - 8:00
    подалеку од нациите собрани околу Атлантикот
  • 8:00 - 8:02
    кон нациите собрани околу Пацификот.
  • 8:02 - 8:04
    Сето тоа започнува со економската моќ,
  • 8:04 - 8:06
    но секогаш на тој начин започнува.
  • 8:06 - 8:09
    Веќе гледате развивање на надворешните политики,
  • 8:09 - 8:11
    зголемување на воените буџети кај
  • 8:11 - 8:14
    другите растечки моќи низ светот.
  • 8:14 - 8:16
    Всушност, мислам
  • 8:16 - 8:18
    дека ова и не е баш поместување од Запад кон Исток;
  • 8:18 - 8:20
    нешто поразлично се случува.
  • 8:20 - 8:22
    Претпоставувам дека
  • 8:22 - 8:24
    Соединетите Држави ќе останат
  • 8:24 - 8:26
    најмоќна нација на земјата
  • 8:26 - 8:29
    следните 10 години, 15
  • 8:29 - 8:32
    меѓутоа контекстот во кој ја држи моќта, денеска
  • 8:32 - 8:35
    е радикално променет.
  • 8:35 - 8:37
    Се приближувам до 50 години,
  • 8:37 - 8:39
    најнеобичните години, од историјата
  • 8:39 - 8:42
    во кои имавме целосно моно-поларен свет,
  • 8:42 - 8:44
    во кој секој сите беа
  • 8:44 - 8:46
    за добро или зло
  • 8:46 - 8:49
    насочени кон Вашнгтон --
  • 8:49 - 8:53
    свет доминиран од страна на еден џин.
  • 8:53 - 8:55
    Меѓутоа, ова не е вообичаено за историјата.
  • 8:55 - 8:57
    Всушност, во моментов се појавува
  • 8:57 - 8:59
    многу понормалното историско сценарио.
  • 8:59 - 9:01
    Започнувате да го гледате настанувањето на
  • 9:01 - 9:03
    мулти-поларниот свет.
  • 9:03 - 9:05
    Се до овој момент,
  • 9:05 - 9:08
    Соединетите Држави беа доминантната карактеристика на светот.
  • 9:08 - 9:10
    Тие ќе останат најмоќна држава,
  • 9:10 - 9:12
    но тие ќе бидат најмоќна нација
  • 9:12 - 9:14
    во се повеќе мултиполарниот-свет.
  • 9:14 - 9:17
    Веќе можете да ги видите алтернативните центри на моќта како настануваат --
  • 9:17 - 9:19
    Кина, се разбира,
  • 9:19 - 9:22
    иако според мое мислење искачувањето на Кина до врвот нема да биде глатко.
  • 9:22 - 9:24
    Ќе биде прилично турбулентно
  • 9:24 - 9:26
    откако Кина ќе започне да го демократизира своето општество
  • 9:26 - 9:28
    после либеризацијата на економијата.
  • 9:28 - 9:31
    Но, тоа е предмет за друга дискусија.
  • 9:31 - 9:33
    Доаѓа Индија, доаѓа Бразил.
  • 9:33 - 9:35
    Се повеќе гледате
  • 9:35 - 9:38
    дека светот сега всушност изгледа, за нас Европјаните,
  • 9:38 - 9:41
    како Европа од 19-от век.
  • 9:41 - 9:43
    Европа во 19-от век:
  • 9:43 - 9:45
    големиот Британски надворешен секретар, Лорд Кенинг,
  • 9:45 - 9:48
    ја опишуваше како "Европски збир на моќи."
  • 9:48 - 9:50
    Имало баланс, пето-страничен баланс.
  • 9:50 - 9:53
    Британија секогаш играше на картата на балансот.
  • 9:53 - 9:55
    Доколку Париз се здружеше со Берлин,
  • 9:55 - 9:58
    Британија ќе се здружеше со Виена и Рим за да постигне контрабаланс.
  • 9:58 - 10:00
    Видете,
  • 10:00 - 10:02
    период во кој доминира моно-поларен свет,
  • 10:02 - 10:04
    имате фиксирани алијанси --
  • 10:04 - 10:06
    НАТО, Варшавскиот Пакт.
  • 10:06 - 10:08
    Фиксиран поларитет на моќ
  • 10:08 - 10:10
    значи фиксирани сојузи.
  • 10:10 - 10:12
    Но, мултипла поларност на моќ
  • 10:12 - 10:14
    значи поместување и менување на сојузите.
  • 10:14 - 10:16
    Тоа е светот во кој веќе навлегуваме,
  • 10:16 - 10:18
    во кој се повеќе гледаме
  • 10:18 - 10:20
    дека нашите сојузи не се фиксирани.
  • 10:20 - 10:22
    Кенинг, големиот Британски надворешен секретар еднаш рече,
  • 10:22 - 10:24
    "Британија има заеднички интерес,
  • 10:24 - 10:26
    но нема заеднички сојузници."
  • 10:26 - 10:28
    Се повеќе ќе стануваме свесни
  • 10:28 - 10:30
    дека дури и ние на Запад
  • 10:30 - 10:32
    ќе посегнеме, мораме да посегнеме,
  • 10:32 - 10:34
    надвор од удобниот круг составен од Атлантските моќи
  • 10:34 - 10:36
    со цел како би направиле сојуз со другите
  • 10:36 - 10:39
    доколку сакаме да ги завршиме работите во светот.
  • 10:39 - 10:41
    Имајте на ум дека кога отидовме во Либија,
  • 10:41 - 10:43
    не беше доволно Западот сам да ја заврши работата;
  • 10:43 - 10:45
    моравме да вклучиме и други.
  • 10:45 - 10:48
    Моравме да ја вклучиме во овој случај, Арабската Лига.
  • 10:48 - 10:51
    Ирак и Авганистан беа последните задачи кои
  • 10:51 - 10:53
    Западот се обиде да ги реши сам,
  • 10:53 - 10:55
    и притоа не успеавме.
  • 10:55 - 10:57
    Претпоставувам
  • 10:57 - 11:00
    дека се наближуваме кон почетокот на крајот на 400-те години --
  • 11:00 - 11:03
    Велам 400 години бидејќи тоа е крајот на Отоманската Империја --
  • 11:03 - 11:05
    од хегемонијата на Западната моќ,
  • 11:05 - 11:08
    Западните институции и Западните вредности.
  • 11:09 - 11:12
    Знаете, се досега, доколку Западот дејствуваше заедно,
  • 11:12 - 11:14
    можеше да влијае
  • 11:14 - 11:16
    во секој дел од светот.
  • 11:16 - 11:18
    Но, тоа веќе не е точно.
  • 11:18 - 11:20
    Земете ја последната финансиска криза
  • 11:20 - 11:22
    после Втората Светска Војна.
  • 11:22 - 11:24
    Западот се соедини --
  • 11:24 - 11:27
    Bretton Woods Институцијата, Светската Банка, Интернационалниот Монетарен Фонд --
  • 11:27 - 11:29
    и проблемот е решен.
  • 11:29 - 11:31
    Денеска мораме да им се обратиме на другите.
  • 11:31 - 11:33
    Сега мораме да го формираме Г20.
  • 11:33 - 11:35
    Сега мораме да посегнеме надвор од удобниот круг
  • 11:35 - 11:37
    составен од нашите Западни пријатели.
  • 11:37 - 11:39
    Ќе направам едно предвидување,
  • 11:39 - 11:42
    кое веројатно е уште поневеројатно.
  • 11:42 - 11:45
    Претпоставувам дека се доближуваме до крајот
  • 11:45 - 11:47
    на 400-те години
  • 11:47 - 11:49
    од Западната моќ која е и повеќе од доволна.
  • 11:49 - 11:51
    Луѓето ми велат, "Кинезите никогаш
  • 11:51 - 11:53
    нема да се вовлечат во одржување
  • 11:53 - 11:55
    на мирот, мултелатерално чување на светскиот мир."
  • 11:55 - 11:57
    Дали? Зошто не?
  • 11:57 - 11:59
    Колку Кинески трупи
  • 11:59 - 12:01
    служат под плавата беретка, служат под плавото знаме,
  • 12:01 - 12:03
    служат под командата на О.Н. во светот денес?
  • 12:03 - 12:05
    3,700.
  • 12:05 - 12:08
    Колку Американци? 11.
  • 12:08 - 12:10
    Кој е најголемиот морски контингент
  • 12:10 - 12:13
    кој се занимава со Сомалиските пирати?
  • 12:13 - 12:15
    Кинескиот морски контингент.
  • 12:15 - 12:17
    Тоа се подразбира, тие се трговска нација.
  • 12:17 - 12:19
    Тие сакаат морските води да бидат отворени.
  • 12:19 - 12:22
    Се повеќе, ќе мораме да правиме бизнис со
  • 12:22 - 12:25
    луѓе со кои не споделуваме исти вредности,
  • 12:25 - 12:28
    но со кои, во тој момент, споделуваме заеднички интереси.
  • 12:28 - 12:30
    Станува збор за потполно поинаков начин
  • 12:30 - 12:33
    на гледање кон светот кој денеска се раѓа.
  • 12:33 - 12:35
    И еве го третиот фактор,
  • 12:35 - 12:38
    кој е целосно различен.
  • 12:38 - 12:40
    Денеска во нашиот модерен свет,
  • 12:40 - 12:42
    поради Интернетот,
  • 12:42 - 12:45
    поради работите за кои зборуваа луѓето овде,
  • 12:45 - 12:49
    се е поврзано со се.
  • 12:49 - 12:51
    Сега сме меѓузависни.
  • 12:51 - 12:53
    Сега сме испреплетени,
  • 12:53 - 12:55
    како нации, како личности,
  • 12:55 - 12:57
    на начин кој што не е познат од порано,
  • 12:57 - 13:00
    непознат од порано.
  • 13:00 - 13:02
    Поврзаноста на нациите,
  • 13:02 - 13:04
    од секогаш постоела.
  • 13:04 - 13:07
    Дипломатијата служи за одржување на врските помеѓу нациите.
  • 13:07 - 13:09
    Но, денеска ние сме интимно повзрани едни со други.
  • 13:09 - 13:11
    Имате свински грип во Мексико,
  • 13:11 - 13:13
    а тоа е проблем за аеродромот Шарл де Гол
  • 13:13 - 13:15
    24 часа подоцна.
  • 13:15 - 13:18
    Леман Браќата(банка) пропаѓа, а по нејзе и многу други.
  • 13:18 - 13:21
    Имате пожари во Руските степи, а од тоа следат
  • 13:21 - 13:23
    востанија за храна во Африка.
  • 13:23 - 13:27
    Денеска сме сите длабоко, длабоко меѓусебно поврзани.
  • 13:27 - 13:30
    Тоа значи дека
  • 13:30 - 13:34
    идејата за национална држави која функционира сама,
  • 13:34 - 13:36
    и неповрзана со другите,
  • 13:36 - 13:38
    која не соработува со другите,
  • 13:38 - 13:40
    повеќе не е соодветна опција.
  • 13:40 - 13:43
    Тоа е така бидејќи дејностите на националната држава
  • 13:43 - 13:45
    не се ограничени во нејзе внатре,
  • 13:45 - 13:47
    и бидејќи не е доволно самата држава
  • 13:47 - 13:49
    да ја контролира својата територија,
  • 13:49 - 13:52
    бидејќи ефектите кој се јавуваат надвор од државата
  • 13:52 - 13:55
    веќе почнуваат да влијаат врз внатрешните случувања.
  • 13:55 - 13:57
    Бев млад војник
  • 13:57 - 14:01
    во последната од неколкуте мали империјални војни на Британија.
  • 14:01 - 14:03
    Во тоа време, одбраната на мојата земја
  • 14:03 - 14:06
    се вртеше околу едно прашање:
  • 14:06 - 14:09
    колку е силна нашата војска, нашето воздухопловство,
  • 14:09 - 14:11
    колку е силна морнарицата и колку се силни нашите сојузници.
  • 14:11 - 14:13
    Тоа беше време кога непријателот е надвор од ѕидините.
  • 14:13 - 14:16
    Сега непријателот е внатре.
  • 14:16 - 14:18
    Денеска ако сакам да зборувам за одбрана на мојата земја,
  • 14:18 - 14:20
    морам да зборувам со Министерот за Здравство
  • 14:20 - 14:23
    бидејќи пандемските болести се закана за мојата безбедност,
  • 14:23 - 14:25
    морам да зборувам со Министерот за Земјоделство
  • 14:25 - 14:27
    бидејќи сигурноста на храната е закана за мојата безбедност,
  • 14:27 - 14:31
    морам да зборувам со Министерот за Индустрија
  • 14:31 - 14:34
    бидејќи кревкоста на нашата хај-тек инфраструктура
  • 14:34 - 14:36
    денеска е цел на напад од страна на непријателите --
  • 14:36 - 14:38
    како што веќе гледаме во сајбер војните --
  • 14:38 - 14:41
    морам да зборувам со Министерот за Внатрешни Работи
  • 14:41 - 14:43
    бидејќи оној кој влегол во мојата земја,
  • 14:43 - 14:46
    оној кој живее во куќите лоцирани во гетоата
  • 14:46 - 14:48
    има директно влијание врз случувањата во мојата земја --
  • 14:48 - 14:52
    како што видивме во бомбашките напади од 7/7 во Лондон.
  • 14:52 - 14:55
    Безбедноста на земјата повеќе не зависи само од
  • 14:55 - 14:58
    нејзините војници и нејзиното министерство за одбрана.
  • 14:58 - 15:01
    Туку од нејзиниот капацитет да ги координира сопствените институции.
  • 15:01 - 15:04
    Ова ви кажува нешто многу важно.
  • 15:04 - 15:06
    Ви кажува, дека,
  • 15:06 - 15:09
    нашите влади, кои се вертикално конструирани,
  • 15:09 - 15:11
    конструирани според економскиот модел од Индустриската Револуција --
  • 15:11 - 15:14
    вертикална хиерархија, специјализација на задачите,
  • 15:14 - 15:16
    командни структури --
  • 15:16 - 15:18
    дека тие се потполно погрешно конструирани.
  • 15:18 - 15:20
    Вие кои сте во бизнисот знаете
  • 15:20 - 15:22
    дека парадигматската структура на нашето време, дами и господа,
  • 15:22 - 15:24
    е мрежата.
  • 15:24 - 15:26
    Она што е важно е вашата способност да се поврзете,
  • 15:26 - 15:29
    внатре во вашите влади, но и надворешно.
  • 15:29 - 15:31
    И еве го Ешдауновиот трет закон.
  • 15:31 - 15:34
    Патем, не прашувајте ме за првиот и вториот Ешдаунов закон
  • 15:34 - 15:36
    бидејќи сеуште не сум ги измислил;
  • 15:36 - 15:38
    секогаш звучи подобро кога има трет закон, зарем не?
  • 15:38 - 15:41
    Ешдауновиот трет закон е дека во модерната доба,
  • 15:41 - 15:43
    каде се е поврзано со се,
  • 15:43 - 15:46
    најважната работа
  • 15:46 - 15:48
    е тоа што можете да направите со другите.
  • 15:48 - 15:50
    Најважниот елемент на вашата структура --
  • 15:50 - 15:52
    без разлика дали сте влада, или сте армиски полк,
  • 15:52 - 15:54
    дали сте претпријатие --
  • 15:54 - 15:56
    се вашите точки за поврзување, интерконекции,
  • 15:56 - 15:58
    тоа е вашата способност да се поврзете со другите.
  • 15:58 - 16:00
    Вие во индустријата го разбирате ова;
  • 16:00 - 16:03
    но, не и владите.
  • 16:03 - 16:05
    Сега уште за крај нешто да кажам.
  • 16:05 - 16:08
    Доколку е вистина, дами и господа -- а, вистина е --
  • 16:08 - 16:10
    дека сме меѓусебно зависни
  • 16:10 - 16:12
    на начин како никогаш порано,
  • 16:12 - 16:16
    тогаш е вистина дека ние споделуваме заедничка судбина.
  • 16:16 - 16:19
    Наеднаш и за прв пат,
  • 16:19 - 16:22
    колективната одбрана, начинот на кој ги
  • 16:22 - 16:24
    обезбедувавме нашите нации,
  • 16:24 - 16:26
    повеќе не е доволен.
  • 16:26 - 16:28
    Порано важеше дека
  • 16:28 - 16:30
    ако моето племе е помоќно од нивното племе, тогаш сум безбеден;
  • 16:30 - 16:33
    ако мојата земја е помоќна од нивната земја, тогаш сум безбеден;
  • 16:33 - 16:36
    мојата алијанса, како НАТО, e помоќна од нивната алијанса, безбеден сум.
  • 16:36 - 16:38
    Повеќе не е така.
  • 16:38 - 16:41
    Настанокот на меѓуповрзаноста
  • 16:41 - 16:43
    и на оружјата за масовно уништување
  • 16:43 - 16:45
    значи дека, се повеќе,
  • 16:45 - 16:47
    јас делам судбина со мојот непријател.
  • 16:47 - 16:49
    Кога бев дипломат при
  • 16:49 - 16:52
    договарањето на договорите за разоружување со Советскиот Сојуз
  • 16:52 - 16:54
    во Женева во 1970-те,
  • 16:54 - 16:56
    успеавме бидејќи разбравме дека
  • 16:56 - 16:58
    делиме заедничка судбина со нив.
  • 16:58 - 17:01
    Колективната безбедност не е доволна.
  • 17:01 - 17:03
    Мирот дојде во Северна Ирска
  • 17:03 - 17:06
    бидејќи двете страни сватија дека таквата тактика нема да им успее.
  • 17:06 - 17:09
    Тие споделуваа судбина со нивните непријатели.
  • 17:09 - 17:11
    Едната од поголемите бариери за мир на Блискиот Исток
  • 17:11 - 17:14
    е тоа што двете страни, и Израел, и Палестинците,
  • 17:14 - 17:16
    не разбираат
  • 17:16 - 17:19
    дека делат заедничка судбина.
  • 17:19 - 17:21
    И така наеднаш, дами и господа,
  • 17:21 - 17:23
    она што беше претпоставка за
  • 17:23 - 17:26
    визионерите и поетите низ сиве овие години
  • 17:26 - 17:28
    станува нешто кое што треба сериозно да го сфатиме
  • 17:28 - 17:30
    како дел од јавната политика.
  • 17:30 - 17:33
    Почнав со поема, ќе завршам со уште една.
  • 17:33 - 17:36
    Големата поема од Џон Дон.
  • 17:36 - 17:40
    "Испратен не за кого бијат камбаните."
  • 17:40 - 17:42
    Поемата се вика "Ниту еден Човек е Остров."
  • 17:42 - 17:44
    Оди вака:
  • 17:44 - 17:47
    "Смртта на секој човек ме погоди,
  • 17:47 - 17:49
    бидејќи сум вовлечен во човештвото,
  • 17:49 - 17:51
    испратен не за да праша
  • 17:51 - 17:53
    за кого бијат камбаните,
  • 17:53 - 17:55
    бијат за тебе."
  • 17:55 - 17:58
    За Џон Дон, ова е препорака за моралност.
  • 17:58 - 18:00
    За нас е, мислам,
  • 18:00 - 18:03
    дел од равенката за нашето преживување.
  • 18:03 - 18:05
    Ви благодарам многу.
  • 18:05 - 18:08
    (Аплауз)
Title:
Педи Ешдаун: Глобално поместување на моќта
Speaker:
Paddy Ashdown
Description:

Педи Ешдаун тврди дека живееме во момент од историјата во кој што моќта се менува на начин како никогаш порано. Во фасцинантниот говор на TEDxBrussels тој ги изложува трите најголеми глобални поместувања кои според него ни претстојат во иднина.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
18:09
Dimitra Papageorgiou approved Macedonian subtitles for The global power shift
ALEKSANDAR MITEVSKI accepted Macedonian subtitles for The global power shift
Сања Богоева edited Macedonian subtitles for The global power shift
ALEKSANDAR MITEVSKI added a translation

Macedonian subtitles

Revisions