Return to Video

Како им помагам на трансродовите тинејџери да станат она што сакаат | Норман Спак | TEDxBeaconStreet

  • 0:17 - 0:20
    Задоволство ми е да бидам овде со вас.
  • 0:20 - 0:23
    Чинам, имам зборувано насекаде
  • 0:23 - 0:25
    освен во мојот роден град.
  • 0:27 - 0:28
    Мислам дека нема многумина
  • 0:28 - 0:31
    кои би кажале дека се родени во Бруклајн.
  • 0:31 - 0:34
    Но, всушност така пишува на мојот
    извод на родени,
  • 0:34 - 0:37
    бидејќи имаше породилишта на Пин Хил,
  • 0:37 - 0:40
    кои не постојат веќе- а јас сум
    роден во Алертон.
  • 0:40 - 0:42
    Пред многу години.
  • 0:44 - 0:48
    Им благодарам на оние кои ме поканија
    да зборувам денес.
  • 0:50 - 0:53
    Сакам сите да размислите
  • 0:53 - 0:58
    за третиот збор кој некогаш бил
    изречен за вас,
  • 1:00 - 1:03
    или ако сте раѓале,
  • 1:03 - 1:06
    за личноста што ја родивте.
  • 1:09 - 1:12
    Шепнете го или гласно изговорете го.
  • 1:13 - 1:17
    Тоа е..првите два беа, „Тоа е...“
  • 1:18 - 1:20
    Публика:(Измешани одговори) Машко. Женско.
  • 1:20 - 1:21
    (Смеа)
  • 1:21 - 1:23
    Тоа покажува дека-
  • 1:23 - 1:26
    -и јас се занимавам со состојби каде
    нема сигурност
  • 1:26 - 1:27
    за тоа дали е машко или женско,
  • 1:28 - 1:31
    и најсоодветен е измешаниот одговор.
  • 1:31 - 1:36
    Денес најчесто одговорот не го дава
    раѓањето туку ултразвукот,
  • 1:36 - 1:39
    освен ако родителите сакаат
    да бидат изненадени,
  • 1:40 - 1:41
    како што сме сите.
  • 1:43 - 1:49
    Но, сакам да размислите што
    води кон изјавата
  • 1:50 - 1:52
    на третиот збор,
  • 1:52 - 1:54
    зашто третиот збор
  • 1:54 - 1:57
    е опис на вашиот пол.
  • 2:02 - 2:04
    Кога го велам тоа, мислам
  • 2:04 - 2:07
    на описот на вашите гениталии.
  • 2:09 - 2:12
    како педијатриски ендокринолог,
  • 2:12 - 2:18
    Бев прилично многу вклучен, и сеуште сум,
    во случаи
  • 2:18 - 2:23
    каде има несовпаѓања во надворешноста
  • 2:24 - 2:27
    или помеѓу надворешноста и внатрешноста,
  • 2:28 - 2:32
    и буквално треба да го разјасниме
  • 2:33 - 2:36
    описот на вашиот пол.
  • 2:37 - 2:41
    Но не постои ништо што може да се
    дефинира при раѓање,
  • 2:43 - 2:45
    нешто што би ве дефинирало.
  • 2:47 - 2:49
    Кога зборувам за дефиниција,
  • 2:49 - 2:53
    зборувам за вашата сексуална ориентација.
  • 2:55 - 2:58
    Не велиме, „ Геј машко е! “
  • 3:00 - 3:02
    „Геј женско! “
  • 3:03 - 3:07
    Тие состојби не се дефинираат
  • 3:07 - 3:09
    речиси до втората деценија на животот.
  • 3:11 - 3:15
    Ниту го дефинираат вашиот род,
  • 3:16 - 3:19
    кој е различен од вашиот анатомски пол
  • 3:19 - 3:22
    и го опишува вашиот личен лонцепт:
  • 3:23 - 3:27
    Дали се гледате себе си како
    машко или женско,
  • 3:28 - 3:31
    или некаде во просторот измеѓу?
  • 3:33 - 3:37
    Тоа понекогаш се јавува
  • 3:39 - 3:41
    во првата деценија на животот,
  • 3:42 - 3:45
    и може да ги збуни родителите
  • 3:45 - 3:49
    бидејќи за децата се природни
  • 3:50 - 3:53
    меѓуполовите игри и однесување,
  • 3:54 - 3:57
    а постојат и студии кои укажуваат
  • 3:57 - 4:01
    дека дури 80% од децата кои
    така се однесуваат
  • 4:03 - 4:09
    нема да имаат склоности да преминат
    во спротивниот род
  • 4:10 - 4:12
    во почетокот на пубертет.
  • 4:14 - 4:17
    Но, во време кога започнува пубертетот-
  • 4:19 - 4:24
    меѓу 10-12 годишна возраст кај девојчињата
    и 12-14 кај момчињата-
  • 4:26 - 4:28
    со растењето на градите,
  • 4:28 - 4:32
    или двојното или тројно зголемување
    на машките полови жлезди
  • 4:32 - 4:34
    во случаи на генетските мажи,
  • 4:35 - 4:36
    до тој момент,
  • 4:36 - 4:41
    дете кое вели дека е во сосема
    погрешно тело
  • 4:42 - 4:45
    е речиси апсолутно дека е
    транс-полова личност
  • 4:47 - 4:50
    и не постои веројатност
    тоа да се промени,
  • 4:53 - 4:57
    без разлика колку се обидуваат некои
    со корективни терапии
  • 4:58 - 5:00
    или други штетни терапии.
  • 5:02 - 5:04
    Ова е прилично ретко,
  • 5:05 - 5:08
    и немамв многу лично искуство
    во врска со тоа.
  • 5:09 - 5:11
    Моето искуство беше повеќе типично
  • 5:11 - 5:13
    бидејќи имам пракса со адолесценти.
  • 5:13 - 5:15
    Имам видено лице на 24 години
  • 5:15 - 5:20
    генетски жена, го помина Харвард
    со тројца цимери- мажи
  • 5:20 - 5:21
    кои ја знаеја цела приказна,
  • 5:21 - 5:27
    за време на студиите бил заведуван
    со машко име,
  • 5:28 - 5:31
    дојде кај мене откако дипломира,
  • 5:31 - 5:35
    и ми рече:„Помогнете ми, знам дека знаете
    многу за ендокринологија.“
  • 5:35 - 5:38
    Навистина имам лекувано многу луѓе
    родени без машки полови жлезди.
  • 5:38 - 5:40
    Ова не беше научна фанстастика.
  • 5:40 - 5:42
    Но се договорив со него.
  • 5:42 - 5:44
    „Ќе те лекувам ако ме подучиш.“
  • 5:45 - 5:47
    И ме подучи.
  • 5:48 - 5:50
    Какво образование добив
  • 5:50 - 5:53
    грижејќи се за членовите на оваа
    група за поддршка.
  • 5:54 - 5:57
    И бев навистина збунет,
  • 5:57 - 6:00
    мислејќи дека е лесно на таа возраст
  • 6:00 - 6:01
    само да се даваат хормони
  • 6:01 - 6:04
    на полот во кој сакаат да преминат.
  • 6:05 - 6:08
    Но, тогаш мојот пациент се ожени
  • 6:09 - 6:13
    за жена кој била родена како машко,
  • 6:13 - 6:16
    се оженил и имал две деца,
  • 6:17 - 6:21
    и потоа преминал во жена.
  • 6:25 - 6:28
    И сега оваа шармантна жена
  • 6:29 - 6:35
    се спои со мојот пациент,
    всушност беа законски венчани,
  • 6:35 - 6:38
    бидејќи настапиле како маж и жена
    и кој знаел?
  • 6:38 - 6:40
    Нели? (Смеа)
  • 6:43 - 6:50
    Мојот пациент покажа дека тој има исто
    право да биде маж
  • 6:50 - 6:54
    како секој, зашто ми пиша од
    нивниот меден месец
  • 6:54 - 6:57
    од палатата во Версај,
  • 6:57 - 7:02
    рече: „Им требаа 50 полицајци да ја
    избркаат жена ми.“
  • 7:08 - 7:11
    Бев збунет-
  • 7:11 - 7:13
    “Дали ова го прави овој и оној геј?
  • 7:13 - 7:15
    Дали го прави овој и оној стрејт?“
  • 7:15 - 7:19
    Ја измешамв сексуалната ориентација
    со родовиот идентитет.
  • 7:21 - 7:23
    Мојот пациент ми рече:
  • 7:23 - 7:25
    “Гледај, гледај.
  • 7:25 - 7:27
    Ако размислиш за следново, ќе сфатиш.
  • 7:27 - 7:30
    Сексуална ориентација е со кого
    одиш во кревет.
  • 7:30 - 7:33
    Родов идентитет е како што
    одиш во кревет.
  • 7:34 - 7:36
    (Смеа)
  • 7:36 - 7:39
    После тоа научив многу од овие возрасни-
  • 7:39 - 7:42
    се грижев за околу 200 возрасни-
  • 7:42 - 7:43
    од нив научив
  • 7:43 - 7:47
    ако не ѕиркам кој е нивниот партнер
    во чекалната
  • 7:48 - 7:51
    никогаш нема да знам од чиста случајност
  • 7:52 - 7:55
    дали се геј, стрејт или асексуалци
  • 7:56 - 7:58
    во нивниот потврден род.
  • 7:58 - 7:59
    Со други зборови,
  • 7:59 - 8:02
    едната работа нема никаква
    врска со другата.
  • 8:04 - 8:06
    Податоците го покажуваат тоа.
  • 8:08 - 8:11
    Бидејќи се грижев за тие 200 возрасни,
  • 8:11 - 8:12
    ми беше многу тешко.
  • 8:13 - 8:16
    Овие луѓе, многумина од нив
  • 8:16 - 8:20
    мораа многу жртви во животот да направат.
  • 8:20 - 8:23
    Понекогаш се отфрлени од родителите
  • 8:23 - 8:25
    браќата или сестрите, нивните
    сопствени деца,
  • 8:25 - 8:27
    а партнерот од кого
    се разведуваат.
  • 8:27 - 8:30
    им забранува да ги гледаат децата,
  • 8:31 - 8:33
    Беше ужасно,
  • 8:33 - 8:36
    Но зошто го прават тоа на 40 и 50
    годишна возраст?
  • 8:36 - 8:40
    Бидејќи чувствуваат дека треба
    се докажат
  • 8:41 - 8:43
    пред да се убијат себе си.
  • 8:44 - 8:48
    Навистина, самоубиствата кај транс-родови
    луѓе без третман
  • 8:51 - 8:53
    се најбројни во светот.
  • 8:54 - 8:56
    Што треба да се прави?
  • 8:56 - 9:00
    Бев заинтересиран, на една конференција
    во Холандија,
  • 9:00 - 9:03
    каде има стручњаци за ова,
  • 9:03 - 9:05
    го видов најневеројатното нешто.
  • 9:06 - 9:09
    Лечеа млади адолесценти
  • 9:09 - 9:14
    давајќи им интензивни психометриски
    родови тестови,
  • 9:15 - 9:19
    и им го блокираа несаканиот пубертет.
  • 9:20 - 9:22
    Бидејќи, генерално децата
    изгледаат слично,
  • 9:22 - 9:25
    во својот пол додека минуваат
    низ пубертет,
  • 9:25 - 9:28
    кога, ако сметаат дека се со погрешен пол
  • 9:28 - 9:30
    се чувствуваат како Пинокио
    претворен во магаре.
  • 9:31 - 9:34
    Замислата што ја имаа дека телото
    ќе им се промени
  • 9:34 - 9:36
    во тоа што сакаат со пубертетот
  • 9:36 - 9:39
    всушност се уништува со пубертетот.
  • 9:41 - 9:43
    И се распаѓаат.
  • 9:45 - 9:48
    Затоа, одложувањето на пубертетот-
    -зошто одлагање?
  • 9:48 - 9:51
    Не можете да давате спротивни хормони
    на толку млада возраст.
  • 9:51 - 9:53
    Ќе завршат со закржлавен раст,
  • 9:53 - 9:56
    и мислите дека ќе имате разумен дијалог
  • 9:56 - 9:58
    за ефектите од таквото лечење
    врз плодноста
  • 9:58 - 10:02
    кај девојчиња од 10 год или момчиња од 12?
  • 10:02 - 10:05
    Така купуваме време во процесот
    на дијагностицирање.
  • 10:05 - 10:06
    за 4-5 години,
  • 10:06 - 10:09
    за да можат да го решат проблемот.
  • 10:09 - 10:12
    Можат да се направат уште тестови,
  • 10:12 - 10:16
    и да живеат без чувството дека телото
    ги напушта.
  • 10:16 - 10:20
    Потоа, во програмата наречена 12-16-18,
  • 10:21 - 10:24
    на 12 години е времето кога се даваат
    хормони за блокада,
  • 10:26 - 10:28
    и на 16 години, со повторно тестирање
  • 10:28 - 10:30
    подготвени се да примат-
  • 10:30 - 10:33
    запомнете, хормоните за блокада
    се реверзибилни,
  • 10:33 - 10:36
    но кога давате хормони од спротивниот пол,
  • 10:36 - 10:39
    почнуваат да растат гради, брада
    се менува гласот,
  • 10:40 - 10:41
    во зависност од тоа што се дава,
  • 10:41 - 10:43
    и тие последици се трајни.
  • 10:43 - 10:45
    или потреба е операција
    отстранување,
  • 10:45 - 10:46
    или електролити,
  • 10:47 - 10:49
    а гласот речиси никогаш
    не може да се измени.
  • 10:49 - 10:52
    Ове е сериозно, се работи за 15-16
    годишна возраст.
  • 10:53 - 10:56
    На 18 веќе се подготвени за операција.
  • 10:57 - 11:00
    Не постои добра операција за претворањена
    женски во машки гениталии
  • 11:01 - 11:04
    но, операцијата од маж кон жена
    ги збунува гинеколозите.
  • 11:05 - 11:07
    Значи толку е успешна.
  • 11:08 - 11:12
    Ги набљудував пациентите,
  • 11:12 - 11:15
    и гледав пациенти кои изгледаа
    како секој друг,
  • 11:15 - 11:18
    освен што им бил пубертетот одложен.
  • 11:18 - 11:20
    Штом им се дадат хормоните
  • 11:20 - 11:22
    соодветни на полот во кој се потврдуваат
  • 11:22 - 11:24
    тие изгледаат прекрасно.
  • 11:24 - 11:26
    Изгледаат нормално.
  • 11:26 - 11:28
    Имаат нормална висина.
  • 11:28 - 11:31
    Никогаш нема да можете да ги
    разликувате во толпата.
  • 11:33 - 11:35
    Тогаш, одлучив да го правам тоа.
  • 11:35 - 11:39
    Тоа е доменот на педијатрскиот
    ендокринолог,
  • 11:40 - 11:44
    зашто, ако се справувате со тоа
    кај деца од 10-14 год.
  • 11:44 - 11:46
    тоа е педијатриска ендокринологија.
  • 11:47 - 11:50
    Започнав со неколкумина млади
  • 11:52 - 11:54
    и ова стана стандардна грижа
  • 11:54 - 11:57
    а зад тоа стоеше Бостонската
    Детска Болница.
  • 11:57 - 12:00
    Покажував слики од децата пред и потоа,
  • 12:01 - 12:05
    луѓе кои никогаш не биле лечени и луѓе
    кои сакаа да се лечат-
  • 12:05 - 12:07
    -и слики од Холанѓаните-
  • 12:08 - 12:10
    -доаѓаа кај ммене и ми велеа:
  • 12:10 - 12:12
    „Треба да направиш нешто за овие деца.“
  • 12:12 - 12:14
    А каде беа овие деца претходно?
  • 12:15 - 12:18
    Беа надвор некаде страдајќи-таму беа.
  • 12:21 - 12:24
    Со програмата започнавме во 2007 година.
  • 12:24 - 12:27
    Беше прва програма од тој вид-
  • 12:27 - 12:29
    -Холандски тип
  • 12:29 - 12:31
    во Северна Америка.
  • 12:31 - 12:35
    Оттогаш имаме 160 пациенти.
  • 12:37 - 12:39
    Дојдоа од Авганистан? Не.
  • 12:42 - 12:46
    75 проценти беа од околината на Бостон.
  • 12:50 - 12:52
    Некои дојдоа од Англија.
  • 12:52 - 12:56
    Џеки била злоставувана во
    Мидлендс, Англија.
  • 12:56 - 12:58
    Таа имаше 12 години таму,
  • 12:58 - 12:59
    живееше како девојче,
  • 12:59 - 13:01
    но беше тепана.
  • 13:01 - 13:04
    Било ужасно, морала дома да се школува.
  • 13:04 - 13:08
    И причината поради која доаѓаа Англичани
  • 13:08 - 13:13
    беше зашто не лекуваа никој под
    16 годишна возраст,
  • 13:13 - 13:17
    што значи дека ги осудувале на тело
    на возрасен човек
  • 13:17 - 13:19
    без разлика што се случуваше,
  • 13:19 - 13:20
    дури и ако добро ги тестирале.
  • 13:21 - 13:25
    Џеки, како врв на сѐ, според обележјата
    на `рбетот
  • 13:25 - 13:27
    беше предодредена да порасне 198 см.
  • 13:30 - 13:33
    А само што го започна машкиот пубертет.
  • 13:34 - 13:37
    Направив нешто иновативно,
  • 13:37 - 13:39
    бидејќи ги познавам хормоните,
  • 13:39 - 13:41
    и знам дека естрогенот е помоќен
  • 13:41 - 13:45
    во затворањето на епифизата,
    плочките на раст
  • 13:45 - 13:48
    и запирањето на растот, за разлика
    од тестостеронот.
  • 13:48 - 13:52
    И го блокиравме тестостеронот со
    хормонот за блокада
  • 13:53 - 13:56
    но додадовме естроген, не на
    16 туку на 13 години.
  • 13:58 - 14:00
    Еве ја на 16 години, таму лево.
  • 14:03 - 14:06
    На својот 16-ти роденден отиде во Тајланд,
  • 14:06 - 14:08
    каде ќе има пластична генитална операција.
  • 14:08 - 14:10
    Ќе ја направат на 18 години.
  • 14:10 - 14:12
    Таа заврши со растот до 180 см.
  • 14:14 - 14:17
    И повеќе од тоа, имаше нормален
    раст на гради,
  • 14:17 - 14:19
    зашто со блокирање на тестостеронот
  • 14:19 - 14:23
    секој наш пациент има нормална
    големина на гради,
  • 14:23 - 14:26
    ако дојдат кај нас на соодветна возраст.,
  • 14:26 - 14:27
    не предоцна.
  • 14:29 - 14:31
    На крај десно, еве ја.
  • 14:31 - 14:34
    Стана јавна личност-полуфиналистка во
    натпреварот за Мис на Англија.
  • 14:37 - 14:40
    Судиите дебатираа, дали
    да го направат тоа?
  • 14:42 - 14:44
    Еден од нив дури и се пошегувал:
  • 14:44 - 14:48
    „Таа е поприродна од сите
    други натпреварувачки.“
  • 14:48 - 14:52
    (Смеа)
  • 14:52 - 14:55
    Некои од нив биле преуредени,
  • 14:55 - 14:57
    но тоа е нејзината ДНК.
  • 14:58 - 15:01
    Таа стана исклучителен ггласноговорник.
  • 15:03 - 15:06
    Ѝ беа понудени договори за модел
  • 15:06 - 15:08
    и тогаш се пошегува со мене
  • 15:08 - 15:11
    на Скајп за ББС кога рече:
  • 15:11 - 15:14
    „Ќе имав повеќе шанси за модел
  • 15:14 - 15:15
    ако ме направевте 195 см.“
  • 15:15 - 15:17
    (Смеа)
  • 15:18 - 15:19
    Па сега вие гледајте.
  • 15:24 - 15:27
    Оваа слика, мислам го покажува сето тоа.
  • 15:28 - 15:29
    Објаснува сѐ.
  • 15:30 - 15:33
    Овие се Никол и братот Џонас,
  • 15:33 - 15:38
    за кои пишуваше Boston Sunday Globe
    во февруари 2011.
  • 15:39 - 15:41
    Идентични близнаци-машки
  • 15:42 - 15:44
    и докажани како идентични.
  • 15:45 - 15:49
    Никол се потврди себе си како девојче на
    3-годишна возраст.
  • 15:49 - 15:52
    Кога имала 7 год, ѝ го промениле името,
  • 15:52 - 15:56
    и дојде кај мене на самиот почеток
    на машкиот пубертет.
  • 16:01 - 16:04
    Можете да видите гледајќи го
    Џонас на 14 год.
  • 16:04 - 16:07
    дека машкиот пубетртет е ран во
    ова семејство,
  • 16:07 - 16:09
    бидејќи изгледа повеќе како 16 годишен.
  • 16:09 - 16:11
    Тоа уште повеќе докажува
  • 16:11 - 16:14
    зошто мора да сме свесни каде
    се наоѓа пациентот.
  • 16:15 - 16:18
    Никол е на пубертетска блокада овде,
  • 16:19 - 16:22
    а Џонас поминува биолошка контрола.
  • 16:23 - 16:24
    Вака ќе изгледаше Никол
  • 16:24 - 16:26
    ако не го правевме тоа што го направивме.
  • 16:27 - 16:30
    Тој има истакнато адамово јаболко.
  • 16:30 - 16:33
    Има четвртасти коски на лицето,
  • 16:33 - 16:37
    под влијание на тестостеронот во
    неговиот случај,
  • 16:38 - 16:39
    и бркови.
  • 16:39 - 16:41
    Како што гледаме има разлика
    и во висината,
  • 16:41 - 16:44
    бидејќи поминал низ забрзан раст
    кој таа го немаше.
  • 16:44 - 16:46
    Сега Никол е на естроген.
  • 16:46 - 16:48
    Тоа ѝ додаде облини.
  • 16:49 - 16:53
    Ова семејство отиде во Белата Куќа
    минатата пролет
  • 16:55 - 17:00
    поради нивниот ангажман околу
    анти-дискрминација-
  • 17:01 - 17:03
    постоеше предлог-закон кој би го забранил
  • 17:03 - 17:07
    правото на транс-популацијата во Мејн да
    употребуваат јавни тоалети,
  • 17:08 - 17:10
    и беше веројатно дека предлог-законот
    ќе помине,
  • 17:10 - 17:12
    и тоа ќе беше проблем,
  • 17:12 - 17:15
    но Никол лично отиде кај секој
    законодавец во Мејн
  • 17:16 - 17:18
    и рече: „Јас можам да го направам ова.
  • 17:18 - 17:20
    Кога ќе ме видат, ќе разберат
  • 17:20 - 17:23
    зошто не сум закана во женските тоалети,
  • 17:25 - 17:27
    но можат да ми се заканат во
    машки тоалет.“
  • 17:27 - 17:29
    На крај сфатија.
  • 17:34 - 17:36
    Каде треба да се оди понатаму?
  • 17:37 - 17:41
    Имаме уште да одиме во смисол на
    анти-дискриминација.
  • 17:41 - 17:45
    Има само 17 држави кои имаат закони
    за анти-дискриминација
  • 17:45 - 17:47
    против дискриминација во семејството,
  • 17:47 - 17:50
    работното место, јавните институции-
  • 17:51 - 17:54
    само 17, а четири од нив се
    во Нова Англија.
  • 17:55 - 17:57
    Ни требаат поевтини лекови.
  • 17:57 - 17:59
    како оние за блокади.
  • 17:59 - 18:00
    Премногу чинат.
  • 18:00 - 18:05
    Треба да се избориме состојбата да не се
    смета за ментално растројство.
  • 18:05 - 18:10
    Таа е психијатриска состојба колку
    и хомосексуалноста,
  • 18:11 - 18:14
    Тоа се обелодени во 1973 год.
  • 18:14 - 18:15
    и светот се промени.
  • 18:15 - 18:18
    Тоа нема да повлијае на ничиј буџет.
  • 18:18 - 18:19
    Ова не е толку вообичаено.
  • 18:20 - 18:24
    Но, ризикот е-ако ништо не направиме
    за овие луѓе,
  • 18:26 - 18:32
    не само што е ризично за нив да ги
    губат животите во самоубиства,
  • 18:33 - 18:37
    туку покажува и колку сме
    инклузивни како општества.
  • 18:39 - 18:40
    Ви благодарам.
  • 18:40 - 18:42
    (Аплауз)
Title:
Како им помагам на трансродовите тинејџери да станат она што сакаат | Норман Спак | TEDxBeaconStreet
Description:

Пубертетот е непријатен период за секого, но за трансродовите тинејџери може да биде кошмар кога растат и не се чувствуваат удобно во телата во кои се развиваат. Ендокринологот Норман Спак, на потресен начин ја раскажува својата приказна за тоа како станал еден од малкуте лекари во САД кои лекуваат малолетници со хормонска терапија. Одложувајќи го влијанието на пубертетот, Спак им го овозможува потребното време на тинејџерите.

Говоров беше одржан на TEDx настан кој го користеше форматот карактеристичен за TED конференција, но беше независно организиран од страна на локална заедница. Дознај повеќе на http://ted.com/tedx

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDxTalks
Duration:
18:45

Macedonian subtitles

Revisions