Return to Video

Nigel Marsh/Најџел Марш: Како да направите балансот работа-живот да функционира

  • 0:00 - 0:02
    Она што мислев да го направам
  • 0:02 - 0:04
    е да започнам со просто барање до вас.
  • 0:05 - 0:07
    Би сакал сите вие
  • 0:07 - 0:09
    да застанете за момент,
  • 0:09 - 0:11
    вие бедни слабаци,
  • 0:11 - 0:14
    и да размислите за вашето мизерно постоење.
  • 0:14 - 0:16
    (Смеење)
  • 0:18 - 0:20
    Тоа беше советот
  • 0:20 - 0:22
    што Св. Бенедикт им го даде на своите запрепастени следбеници
  • 0:22 - 0:24
    во петиот век.
  • 0:24 - 0:26
    Тоа беше советот што решив да го следам и самиот
  • 0:26 - 0:29
    кога наполнив 40 години.
  • 0:29 - 0:32
    Сè до тој момент, јас бев класичен корпорациски војник -
  • 0:32 - 0:34
    јадев премногу, пиев премногу,
  • 0:34 - 0:36
    работев премногу напорно,
  • 0:36 - 0:38
    и го запоставував своето семејство.
  • 0:38 - 0:40
    И тогаш, решив дека ќе се обидам
  • 0:40 - 0:42
    да го променам својот живот.
  • 0:42 - 0:44
    Особено, решив
  • 0:44 - 0:46
    дека ќе се обидам да го решам трнливото прашање
  • 0:46 - 0:49
    за воспоставување на рамнотежа помеѓу работата и животот.
  • 0:49 - 0:52
    Па, се повлеков од работата,
  • 0:52 - 0:55
    и, поминав една година дома
  • 0:55 - 0:58
    со мојата сопруга и четирите мали деца.
  • 0:58 - 1:00
    Но, сè што научив за балансот меѓу работата и животот
  • 1:00 - 1:02
    во текот на таа година
  • 1:02 - 1:04
    беше што увидов дека е навистина лесно
  • 1:04 - 1:06
    да балансирам меѓу работата и приватниот живот
  • 1:06 - 1:08
    кога немав никаква работа.
  • 1:08 - 1:12
    (Смеење)
  • 1:12 - 1:14
    Не е многу корисна вештина,
  • 1:14 - 1:17
    особено кога парите ќе се истрошат.
  • 1:17 - 1:19
    Затоа, се вратив на работа,
  • 1:19 - 1:22
    и ги поминав тие седум години од тогаш
  • 1:22 - 1:25
    борејќи се, учејќи
  • 1:25 - 1:28
    и пишувајќи за рамнотежата меѓу работата и животот.
  • 1:28 - 1:30
    И, имам четири согледувања
  • 1:30 - 1:32
    кои би сакал да ги споделам со вас денеска.
  • 1:32 - 1:34
    Првото е,
  • 1:34 - 1:37
    ако општеството треба да напредува во однос на ова прашање,
  • 1:37 - 1:40
    потребна ни е искрена дебата.
  • 1:40 - 1:42
    Но, проблемот е
  • 1:42 - 1:44
    што многу луѓе зборуваат глупости
  • 1:44 - 1:46
    за рамнотежата помеѓу работата и животот.
  • 1:47 - 1:49
    Сите тие дискусии за флексибилно работно време,
  • 1:49 - 1:52
    неформални петоци
  • 1:52 - 1:54
    или породилно отсуство за татковците
  • 1:54 - 1:57
    само служат за да се замаскира клучното прашање,
  • 1:57 - 1:59
    кое всушност е
  • 1:59 - 2:02
    дека одредена работа или изборите на кариера
  • 2:02 - 2:05
    се фундаментално некомпатибилни
  • 2:05 - 2:07
    со тоа да се биде значајно посветен
  • 2:07 - 2:09
    секојдневно
  • 2:09 - 2:11
    на семејството.
  • 2:13 - 2:15
    Сега, првиот чекор во решавање на секој проблем
  • 2:15 - 2:18
    е сфаќањето на реалноста на ситуацијата во која се наоѓате.
  • 2:18 - 2:22
    А, реалноста на општеството во кое живееме
  • 2:22 - 2:24
    се илјадници и илјадници
  • 2:24 - 2:26
    луѓе насекаде
  • 2:26 - 2:30
    кои водат животи на тивок, а сепак врескачки очај,
  • 2:30 - 2:32
    кога напорно работат долги часови
  • 2:32 - 2:34
    на работни места што ги мразат.
  • 2:34 - 2:36
    за да си овозможат да ги купат нештата кои им се потребни
  • 2:36 - 2:38
    за да ги импресионираат луѓето кои им се допаѓаат.
  • 2:38 - 2:40
    (Смеење)
  • 2:40 - 2:43
    (Ракоплескање)
  • 2:43 - 2:47
    Мислам оти одењето на работа во фармерки и маичка во петок
  • 2:47 - 2:49
    не е навистина навлегување во решението на проблемот.
  • 2:49 - 2:52
    (Смеење)
  • 2:53 - 2:55
    Второто согледување што сакам да го дадам
  • 2:55 - 2:57
    е дека ние мораме да се соочиме со вистината
  • 2:57 - 2:59
    дека владите и компаниите
  • 2:59 - 3:02
    нема да го решат овој проблем за нас.
  • 3:02 - 3:04
    Ние треба да престанеме да гледаме надвор;
  • 3:04 - 3:06
    останува на нас, поединците,
  • 3:06 - 3:09
    да ги превземеме контролата и одговорноста
  • 3:09 - 3:12
    за видот на живот којшто сакаме да го водиме.
  • 3:12 - 3:14
    Ако вие не го креирате сопствениот живот,
  • 3:14 - 3:17
    некој друг ќе го направи тоа за вас,
  • 3:17 - 3:19
    а вам можеби и нема да ви се допадне
  • 3:19 - 3:21
    нивната идеја за балансот за кој зборуваме.
  • 3:21 - 3:24
    Особено е значајно -
  • 3:24 - 3:26
    ова не е на Интернет, нели, ќе ме отпуштат -
  • 3:26 - 3:28
    особено е значајно
  • 3:28 - 3:31
    никогаш да не го ставите квалитетот на својот живот
  • 3:31 - 3:34
    во рацете на комерцијална корпорација.
  • 3:35 - 3:38
    Не зборувам овде само за лошите компании -
  • 3:38 - 3:41
    кланиците на човечката душа како што јас ги нарекувам.
  • 3:41 - 3:43
    (Смеење)
  • 3:43 - 3:46
    Зборувам за сите компании.
  • 3:46 - 3:48
    Бидејќи, на сите комерцијални компании
  • 3:48 - 3:50
    им е својствено, и така се дизајнирани
  • 3:50 - 3:52
    да извлечат од вас
  • 3:52 - 3:54
    најмногу што можат.
  • 3:54 - 3:56
    Тоа е во нивната природа, тоа е во нивната ДНК,
  • 3:56 - 3:58
    тоа е тоа што тие го прават -
  • 3:58 - 4:01
    дури и добрите, добронамерни компании.
  • 4:01 - 4:03
    Од една страна,
  • 4:03 - 4:05
    отворањето на градинки во компанијата
  • 4:05 - 4:07
    е прекрасно и восхитувачки.
  • 4:07 - 4:09
    Но, од друга страна, тоа е кошмар;
  • 4:09 - 4:12
    тоа само значи дека вие поминувате повеќе време во одвратната канцеларија.
  • 4:14 - 4:16
    Ние мораме да бидеме одговорни
  • 4:16 - 4:18
    за поставување и јакнење
  • 4:18 - 4:21
    на границите кои ги сакаме во нашите животи.
  • 4:22 - 4:24
    Третото мое согледување е дека
  • 4:24 - 4:26
    мораме да бидеме внимателни
  • 4:26 - 4:29
    со временските рамки кои ги избираме
  • 4:29 - 4:32
    и според кои го цениме нашиот баланс.
  • 4:33 - 4:35
    Пред да се вратам на работа
  • 4:35 - 4:37
    после онаа година дома,
  • 4:37 - 4:39
    седнав
  • 4:39 - 4:41
    и напишав
  • 4:41 - 4:44
    детален, чекор-по-чекор опис
  • 4:44 - 4:47
    на идеално балансираниот ден
  • 4:47 - 4:49
    кој се стремев да го имам
  • 4:49 - 4:52
    И тоа изгледаше вака:
  • 4:52 - 4:54
    Да се разбудам добро одморен
  • 4:54 - 4:56
    по добро спиење.
  • 4:56 - 4:58
    Да имам секс.
  • 4:59 - 5:01
    Да го прошетам кучето.
  • 5:01 - 5:04
    Да појадувам со сопругата и децата.
  • 5:04 - 5:06
    Пак да имам секс.
  • 5:06 - 5:09
    (Смеење)
  • 5:09 - 5:12
    Да ги одвезам децата до училиште по пат кон канцеларијата.
  • 5:12 - 5:14
    Да работам три часа.
  • 5:14 - 5:17
    Да спортувам со пријател за време на паузата за ручек.
  • 5:17 - 5:19
    Да работам уште три часа.
  • 5:19 - 5:22
    Да се сретнам со некои пријатели во пабот на пијалок.
  • 5:23 - 5:25
    Да се одвезам дома за вечера
  • 5:25 - 5:28
    со сопругата и децата.
  • 5:28 - 5:31
    Да медитирам половина час.
  • 5:31 - 5:33
    Да имам секс.
  • 5:33 - 5:36
    Да го прошетам кучето. Пак да имам секс.
  • 5:36 - 5:39
    Да одам на спиење.
  • 5:39 - 5:44
    (Ракоплескање)
  • 5:44 - 5:46
    Колку често мислите дека имам таков ден?
  • 5:46 - 5:49
    (Смеење)
  • 5:49 - 5:51
    Мораме да бидеме реални.
  • 5:51 - 5:53
    Сè тоа не можете да го направите во текот на еден ден.
  • 5:53 - 5:56
    Потребна ни е продолжена временска рамка
  • 5:56 - 5:58
    според која го цениме балансот во нашиот живот,
  • 5:58 - 6:00
    но треба да ја продолжиме
  • 6:00 - 6:02
    без да паднеме во стапицата
  • 6:02 - 6:05
    на фразата „ќе имам живот кога ќе се пензионирам,
  • 6:05 - 6:07
    кога децата ќе пораснат и ќе го напуштат домот,
  • 6:07 - 6:10
    кога сопругата ќе се разведе од мене, моето здравје ќе се влоши,
  • 6:10 - 6:12
    ќе немам повеќе ни пријатели ни интереси.“
  • 6:12 - 6:14
    (Смеење)
  • 6:14 - 6:17
    Денот е прекраток, а „откако ќе се пензионирам“ е предолго.
  • 6:17 - 6:20
    Мора да постои некаква средина.
  • 6:21 - 6:23
    Четвртото согледување:
  • 6:23 - 6:25
    Мораме да ѝ пристапиме на рамнотежата
  • 6:25 - 6:28
    на урамнотежен начин.
  • 6:28 - 6:30
    Една пријателка ме посети минатата година -
  • 6:30 - 6:33
    и не ѝ пречи да ја раскажам приказнава - една пријателка ме посети лани
  • 6:33 - 6:35
    и рече, „Најџел, ја прочитав твојата книга.
  • 6:35 - 6:38
    И сфатив дека мојот живот е целосно неурамнотежен.
  • 6:38 - 6:41
    Животот ми е комплетно преовладан од работата.
  • 6:41 - 6:44
    Работам 10 часа дневно, правам нешто различно два часа дневно.
  • 6:44 - 6:46
    Сите мои врски беа неуспешни.
  • 6:46 - 6:48
    Не постои ништо друго во мојот живот
  • 6:48 - 6:50
    освен мојата работа.
  • 6:50 - 6:53
    Затоа решив да се соземам и да го решам проблемот.
  • 6:53 - 6:55
    Се зачленив во фитнес клуб.“
  • 6:55 - 6:58
    (Смеење)
  • 6:58 - 7:01
    Немам намера да се потсмевам,
  • 7:01 - 7:05
    но да се биде добар канцелариски глушец 10 часа дневно
  • 7:05 - 7:08
    не значи поурамнотежен, туку поподобен.
  • 7:08 - 7:10
    (Смеење)
  • 7:10 - 7:13
    Колку и да е физичката вежба корисна,
  • 7:13 - 7:15
    сепак има и други значајни делови во животот.
  • 7:15 - 7:17
    Постои интелектуалната страна, емоционалната страна,
  • 7:17 - 7:19
    духовната страна.
  • 7:19 - 7:21
    И, за да се воспостави рамнотежата,
  • 7:21 - 7:23
    верувам оти треба да ги запазиме
  • 7:23 - 7:25
    сите тие области -
  • 7:25 - 7:28
    не само да направиме 50 стомачни вежби.
  • 7:28 - 7:30
    Секако, тоа може да звучи застрашувачки.
  • 7:30 - 7:33
    Затоа што луѓето велат, „Нема шанси другар, јас немам време за вежбање;
  • 7:33 - 7:35
    а ти сакаш да одам в црква и да ѝ се јавувам на мама.“
  • 7:35 - 7:37
    И јас тоа го разбирам.
  • 7:37 - 7:40
    Навистина разбирам дека ова може да биде застрашувачко.
  • 7:40 - 7:43
    Но, еден инцидент што се случи пред неколку години
  • 7:43 - 7:45
    ми подари нова перспектива.
  • 7:45 - 7:48
    Мојата сопруга, која е некаде во публиката и денеска,
  • 7:48 - 7:51
    ми се јави во канцеларијата
  • 7:51 - 7:54
    и рече, „Најџел, треба да го земеш нашиот најмлад син,
  • 7:54 - 7:56
    Хери, од училиште.“
  • 7:56 - 7:59
    Затоа што таа требало да биде негде на друго место со останатите три деца истата вечер.
  • 7:59 - 8:02
    Заради тоа, јас излегов од канцеларија еден час порано тоа попладне
  • 8:02 - 8:05
    и го земав Хери од пред училиштето.
  • 8:06 - 8:08
    Се шетавме во паркот,
  • 8:08 - 8:11
    се забавуваме на нишалките, игравме некои смешни игри...
  • 8:11 - 8:14
    Потоа се искачивме до блискиот ресторан
  • 8:14 - 8:17
    земавме пица и чај,
  • 8:17 - 8:19
    па се шетавме до дома,
  • 8:19 - 8:21
    го искапив
  • 8:21 - 8:24
    и го облеков во „Бетмен“ пиџамките.
  • 8:24 - 8:26
    Потоа му прочитав една приказна
  • 8:26 - 8:29
    од Даловата „Џејмс и џиновската праска“.
  • 8:29 - 8:31
    Го ставив во креветчето, го покрив,
  • 8:31 - 8:33
    го бакнав на главчето и реков, „Добра ноќ, другарче“
  • 8:33 - 8:35
    и излегов од неговата соба.
  • 8:35 - 8:37
    Кога излегував од неговата соба,
  • 8:37 - 8:40
    тој рече, „Тато?“, јас прашав „Кажи, другар?“
  • 8:40 - 8:42
    Тој рече, „Тато, ова беше наубавиот ден
  • 8:42 - 8:45
    во мојот живот!“
  • 8:47 - 8:50
    А јас, ништо не направив,
  • 8:50 - 8:53
    не го однесов во Дизни паркот, не му купив Плејстејшн...
  • 8:53 - 8:55
    Мојата поента е:
  • 8:55 - 8:58
    малите работи се тие што значат многу.
  • 8:58 - 9:00
    Да бидете поурамнотежени
  • 9:00 - 9:03
    не бара драматичен пресврт во вашиот живот.
  • 9:03 - 9:05
    Со најмало вложување
  • 9:05 - 9:07
    на вистинските места,
  • 9:07 - 9:10
    можете радикално да го промените квалитетот на вашите врски
  • 9:10 - 9:12
    и квалитетот на вашиот живот.
  • 9:12 - 9:14
    Уште повеќе, мислам оти тоа
  • 9:14 - 9:17
    може да го промени општеството.
  • 9:17 - 9:19
    Затоа што, ако доволно луѓе го направат тоа,
  • 9:19 - 9:22
    можеме да ја промениме општествената дефиниција за успехот
  • 9:22 - 9:25
    поразлично од моронското просто сфаќање
  • 9:25 - 9:29
    дека оној со најмногу пари кога ќе умре е победник,
  • 9:29 - 9:32
    во поосмислената и урамнотежена дефиниција
  • 9:32 - 9:36
    за тоа како добро живеан живот изгледа.
  • 9:36 - 9:38
    И тоа е она, што јас мислам
  • 9:38 - 9:40
    дека е идеја која вреди да се рашири меѓу луѓето.
  • 9:40 - 9:43
    (Ракоплескање)
Title:
Nigel Marsh/Најџел Марш: Како да направите балансот работа-живот да функционира
Speaker:
Nigel Marsh
Description:

Балансот помеѓу работата и приватниот живот, вели Најџел Марш, е многу значаен за да се остави во рацете на вашиот работодавач. На TEDxSydney, Марш претставува идеален ден каде е избалансирано времето за семејството, времето за себе и продуктивноста - и ве охрабрува тоа да го примените.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
09:44
Dragana Mitrovikj added a translation

Macedonian subtitles

Revisions