1 00:00:01,646 --> 00:00:04,121 Ова е Сиан Кан. 2 00:00:04,145 --> 00:00:07,664 Јужно од Тулум на карипскиот брег на Мексико, 3 00:00:07,688 --> 00:00:10,041 тоа е резерват заштитен од државата, 4 00:00:10,065 --> 00:00:12,204 светско наследство на УНЕСКО 5 00:00:12,204 --> 00:00:15,109 и еден од најбиоразновидните региони на планетата. 6 00:00:15,157 --> 00:00:17,138 Но кога прв пат го посетив во 2010 г., 7 00:00:17,162 --> 00:00:20,094 бев згрозен и целосно зачуден 8 00:00:20,118 --> 00:00:22,565 зошто плажата е претрупана со ѓубре. 9 00:00:22,589 --> 00:00:26,653 Брзо сфатив дека допловува од целиот свет. 10 00:00:27,432 --> 00:00:29,808 По првото патување, се враќав 11 00:00:29,832 --> 00:00:31,229 неколкупати годишно 12 00:00:31,253 --> 00:00:33,717 во Сиан Кан во државата каде сум роден, 13 00:00:33,741 --> 00:00:35,201 за да работам со ова ѓубре. 14 00:00:35,225 --> 00:00:36,383 И досега, 15 00:00:36,407 --> 00:00:40,829 имаме документирано отпад од 58 различни држави и територии 16 00:00:40,853 --> 00:00:42,430 на 6 континенти, 17 00:00:42,454 --> 00:00:46,339 што испливал на брегот на овој рај во Мексико. 18 00:00:46,363 --> 00:00:48,977 Иако никогаш не можам да знам каде бил фрлен производот, 19 00:00:49,001 --> 00:00:52,958 некогаш можам да откријам според ознаката. 20 00:00:52,982 --> 00:00:57,192 Со црвено се означени државите застапени од своето ѓубре 21 00:00:57,192 --> 00:00:58,694 во Сиан Кан. 22 00:00:59,650 --> 00:01:03,603 Како овие садови за путер од Хаити во сите форми и големини, 23 00:01:03,627 --> 00:01:05,191 шишиња за вода од Јамајка. 24 00:01:05,215 --> 00:01:08,889 Не е зачудувачки што голем дел е од соседните карипски држави, 25 00:01:08,913 --> 00:01:10,503 но има работи од секаде. 26 00:01:10,527 --> 00:01:12,909 Еве пример од меѓународни шишиња за вода. 27 00:01:12,933 --> 00:01:16,056 И иронично е што многу од најдените производи 28 00:01:16,080 --> 00:01:19,557 се наменети за чистење и разубавување, 29 00:01:19,829 --> 00:01:22,507 како производов од САД, 30 00:01:22,531 --> 00:01:24,927 што всушност е направен да ја штити пластиката, 31 00:01:25,385 --> 00:01:26,887 (Смеа) 32 00:01:26,911 --> 00:01:29,272 шампон од Јужна Кореа, 33 00:01:29,296 --> 00:01:30,834 варикина од Коста Рика 34 00:01:30,858 --> 00:01:32,824 и средство за чистење тоалет од Норвешка. 35 00:01:32,848 --> 00:01:35,441 Ова се многу секојдневни производи за нас, 36 00:01:35,465 --> 00:01:38,866 или се надевам дека ви се познати четкиве за заби. 37 00:01:38,890 --> 00:01:39,954 (Смеа) 38 00:01:40,601 --> 00:01:42,433 Кујнски прибор. 39 00:01:43,552 --> 00:01:44,980 Играчки. 40 00:01:46,090 --> 00:01:49,691 Исто така наоѓам докази од изгорено пластично ѓубре, 41 00:01:49,715 --> 00:01:52,824 што во воздухот ослободува гасови кои предизвикуваат рак. 42 00:01:52,824 --> 00:01:55,821 Луѓето ме прашуваат за најинтересниот предмет што сум го нашол, 43 00:01:55,845 --> 00:01:59,372 и тоа убедливо е оваа протетичка нога. 44 00:01:59,396 --> 00:02:02,530 И во позадината, ако можете да ја видите малата сина тапа, 45 00:02:02,554 --> 00:02:03,928 во моментот кога ја најдов, 46 00:02:03,952 --> 00:02:06,511 беше дом на овој мал рак пустиник. 47 00:02:06,535 --> 00:02:07,830 Овој дечко е многу сладок. 48 00:02:07,854 --> 00:02:09,142 (Смеа) 49 00:02:11,380 --> 00:02:13,040 (Смеа) 50 00:02:14,235 --> 00:02:17,538 И овие фасцинантни, 51 00:02:17,562 --> 00:02:19,750 но истовремено згрозувачки предмети, 52 00:02:19,774 --> 00:02:21,295 секој со своја приказна, 53 00:02:21,319 --> 00:02:25,432 ги користам за краткотрајни, еколошки уметнички дела. 54 00:02:25,456 --> 00:02:28,252 И се почна со оваа слика во февруари 2010, 55 00:02:28,276 --> 00:02:29,893 кога прв пат го посетив Сиан Кан. 56 00:02:29,917 --> 00:02:33,768 Забележав дека сината е најдоминантна боја во пластиките. 57 00:02:33,792 --> 00:02:37,096 Виолетовата е всушност најретка. Таа е како злато за мене. 58 00:02:37,120 --> 00:02:38,619 Но сината е најдоминантна, 59 00:02:38,643 --> 00:02:40,337 па собрав некои од сините 60 00:02:40,361 --> 00:02:43,055 и го направив овој мал аранжман пред синото небо 61 00:02:43,079 --> 00:02:44,965 и сините карипски води. 62 00:02:44,989 --> 00:02:47,686 И кога фотографирав и погледнав во пробната слика, 63 00:02:47,710 --> 00:02:50,508 беше како да ме удри молња во тој момент, 64 00:02:50,532 --> 00:02:52,562 и знаев дека ќе мора да се вратам 65 00:02:52,586 --> 00:02:56,114 да создадам низа поставки на лице место 66 00:02:56,138 --> 00:02:57,762 и да ги фотографирам. 67 00:02:57,786 --> 00:02:59,648 Па ова се претвори во скица 68 00:02:59,672 --> 00:03:03,739 за дело кое го завршив 3 години подоцна. 69 00:03:03,763 --> 00:03:06,117 Немав идеја дека 10 години подоцна, 70 00:03:06,141 --> 00:03:08,859 речиси деценија подоцна, сѐ уште ќе работам на него. 71 00:03:08,883 --> 00:03:10,780 Но проблемот опстојува. 72 00:03:11,242 --> 00:03:13,282 Па, ќе ви покажам некои од фотографиите 73 00:03:13,306 --> 00:03:18,216 од серијата наречена „Исфрлено на брегот: трансформирање загаден пејзаж". 74 00:03:18,236 --> 00:03:20,747 Ве молам запомнете дека не го бојам отпадот. 75 00:03:21,319 --> 00:03:23,513 Го собирам и организирам по боја 76 00:03:23,537 --> 00:03:26,298 на истите плажи каде го наоѓам. 77 00:03:34,381 --> 00:03:38,330 Ова е мојот скапоцен куп од отпад од 2015 г. 78 00:03:38,354 --> 00:03:41,849 по поставување на првото издание на "Museo de la Basura," 79 00:03:41,873 --> 00:03:43,861 или „Музеј на отпад". 80 00:03:44,409 --> 00:03:47,352 Моја намера е во целост е да се грижам за овој отпад, 81 00:03:47,352 --> 00:03:48,671 да го возвишам, 82 00:03:48,671 --> 00:03:49,876 да го ставам на пиедестал 83 00:03:49,900 --> 00:03:51,227 и да го поставам. 84 00:03:51,251 --> 00:03:53,710 Сите сме виделе ужасни слики 85 00:03:53,734 --> 00:03:56,097 од мртви животни со пластика во стомаците. 86 00:03:56,121 --> 00:03:58,922 И многу е важно вистински да ги видиме 87 00:03:58,946 --> 00:04:00,351 и да ги сфатиме. 88 00:04:00,375 --> 00:04:04,139 Но со правење естетски - некој би рекол прекрасни - аранжмани 89 00:04:04,163 --> 00:04:05,622 од ѓубрето на светот, 90 00:04:05,646 --> 00:04:08,300 сакам да го заведам гледачот 91 00:04:08,324 --> 00:04:11,571 да ги привлечам оние отрпнатите од грозотијата на светот 92 00:04:11,595 --> 00:04:15,459 и да им пружам друг начин да сфатат што се случува. 93 00:04:15,483 --> 00:04:17,996 Некои го опишуваат Големиот пацифички отпад 94 00:04:18,020 --> 00:04:20,155 како остров двојно поголем од Тексас, 95 00:04:20,179 --> 00:04:22,170 но ми велат дека е тешко да се види 96 00:04:22,194 --> 00:04:24,001 бидејќи повеќе е како смог. 97 00:04:24,173 --> 00:04:25,806 Па преку мојата уметност, 98 00:04:25,830 --> 00:04:29,738 се обидувам да прикажам што навистина ѝ се случува на околината 99 00:04:29,762 --> 00:04:32,258 и невидливото да го направам видливо. 100 00:04:32,400 --> 00:04:35,081 Моето клучно прашање, по отпочнувањето на проектот, 101 00:04:35,105 --> 00:04:37,544 беше „Што ќе правам со ѓубрето откако ќе завршам?" 102 00:04:37,568 --> 00:04:41,740 Некои ми кажаа дека може да биде оштетена стока 103 00:04:41,764 --> 00:04:45,266 откако патувало низ океанот и било изложено на елементите, 104 00:04:45,290 --> 00:04:49,983 дека може да се разгради и да уништи рециклиран материјал. 105 00:04:50,007 --> 00:04:53,625 Ниту депонијата не беше добро решение. 106 00:04:54,074 --> 00:04:55,757 И тогаш конечно, ми светна 107 00:04:55,781 --> 00:04:59,488 после сиот мој напор и на сите луѓе кои ми помогнале 108 00:04:59,512 --> 00:05:02,245 да го соберам, организирам и исчистам ова ѓубре, 109 00:05:02,269 --> 00:05:03,445 дека треба да го чувам. 110 00:05:03,826 --> 00:05:06,187 Па тоа е планот, 111 00:05:06,211 --> 00:05:08,875 да го користам бесконечен број пати 112 00:05:08,899 --> 00:05:10,396 да создавам уште уметнички дела 113 00:05:10,420 --> 00:05:14,491 и да поттикнам заедници да се занимаваат со еколошка уметност. 114 00:05:15,111 --> 00:05:18,845 Ова е пример на дело од заедницата, што го изработивме лани 115 00:05:18,869 --> 00:05:22,422 со младината од Пунта Ален во Сиан Кан. 116 00:05:22,446 --> 00:05:26,072 Клучен дел од работата на заедницата се чистењата на плажите 117 00:05:26,096 --> 00:05:27,914 и правење програма за образование. 118 00:05:27,938 --> 00:05:30,471 И како што заедницата се зголемува 119 00:05:30,495 --> 00:05:32,597 како што се зголемува колекцијата отпад, 120 00:05:32,621 --> 00:05:36,007 навистина верувам дека ќе се зголеми и влијанието. 121 00:05:36,031 --> 00:05:37,297 Како одминуваа годините, 122 00:05:37,321 --> 00:05:41,354 станав малку опседнат со мојата колекција отпад. 123 00:05:41,378 --> 00:05:45,113 Ја пакувам во куфери и патувам со неа. 124 00:05:45,137 --> 00:05:47,252 Ја носам на одмор со мене. 125 00:05:47,276 --> 00:05:48,673 (Смеа) 126 00:05:48,697 --> 00:05:50,586 И во последното дело, 127 00:05:50,610 --> 00:05:54,781 почнав да излегувам од 2Д рамнината на сликата. 128 00:05:54,805 --> 00:05:56,908 Многу сум возбуден за новите дела. 129 00:05:56,932 --> 00:05:59,736 Ги гледам како живи уметнички дела 130 00:05:59,760 --> 00:06:02,692 кои ќе се видоизменуваат и растат со текот на времето. 131 00:06:02,716 --> 00:06:06,696 Иако моја најголема желба е да снемам суровини 132 00:06:06,720 --> 00:06:08,096 за оваа работа, 133 00:06:08,120 --> 00:06:09,399 не сме стигнати дотаму. 134 00:06:09,423 --> 00:06:11,269 Па во следната фаза на проектот, 135 00:06:11,293 --> 00:06:13,698 планирам да продолжам со работа во заедницата 136 00:06:13,722 --> 00:06:16,246 и да правам уште поголеми свои дела, 137 00:06:16,270 --> 00:06:19,017 бидејќи проблемот е огромен. 138 00:06:19,930 --> 00:06:26,243 8 милиони тони пластика влегува во океаните секоја година, 139 00:06:26,267 --> 00:06:28,001 и ги уништува екосистемите. 140 00:06:28,504 --> 00:06:33,651 Сега, додека зборувам, буквално се случува излевање на пластика. 141 00:06:34,170 --> 00:06:40,044 Го гледам овој проект како молба за помош и повик за делување. 142 00:06:40,068 --> 00:06:42,845 Нашето здравје и иднина се нераскинливо врзани 143 00:06:42,869 --> 00:06:44,129 со иднината на океаните. 144 00:06:44,153 --> 00:06:48,533 Го нарекувам проектот „Исфрлено на брегот: трансформирање загаден пејзаж," 145 00:06:48,557 --> 00:06:50,391 но проектот ме трансформира и мене 146 00:06:50,415 --> 00:06:53,724 и ме поттикна да си ги преиспитам постапките и потрошувачката. 147 00:06:53,748 --> 00:06:56,974 И ако може да му помогне некому да стане посвесен, 148 00:06:56,998 --> 00:06:58,936 тогаш трудот ќе вреди. 149 00:06:58,960 --> 00:07:00,111 Многу ви благодарам. 150 00:07:00,135 --> 00:07:03,230 (Аплауз)