0:00:01.646,0:00:04.121 Ова е Сиан Кан. 0:00:04.145,0:00:07.664 Јужно од Тулум[br]на карипскиот брег на Мексико, 0:00:07.688,0:00:10.041 тоа е резерват заштитен од државата, 0:00:10.065,0:00:12.204 светско наследство на УНЕСКО 0:00:12.204,0:00:15.109 и еден од најбиоразновидните[br]региони на планетата. 0:00:15.157,0:00:17.138 Но кога прв пат го посетив [br]во 2010 г., 0:00:17.162,0:00:20.094 бев згрозен и целосно зачуден 0:00:20.118,0:00:22.565 зошто плажата е претрупана со ѓубре. 0:00:22.589,0:00:26.653 Брзо сфатив[br]дека допловува од целиот свет. 0:00:27.432,0:00:29.808 По првото патување, [br]се враќав 0:00:29.832,0:00:31.229 неколкупати годишно 0:00:31.253,0:00:33.717 во Сиан Кан[br]во државата каде сум роден, 0:00:33.741,0:00:35.201 за да работам со ова ѓубре. 0:00:35.225,0:00:36.383 И досега, 0:00:36.407,0:00:40.829 имаме документирано отпад[br]од 58 различни држави и територии 0:00:40.853,0:00:42.430 на 6 континенти, 0:00:42.454,0:00:46.339 што испливал на брегот[br]на овој рај во Мексико. 0:00:46.363,0:00:48.977 Иако никогаш не можам да знам[br]каде бил фрлен производот, 0:00:49.001,0:00:52.958 некогаш можам да откријам [br]според ознаката. 0:00:52.982,0:00:57.192 Со црвено се означени државите[br]застапени од своето ѓубре 0:00:57.192,0:00:58.694 во Сиан Кан. 0:00:59.650,0:01:03.603 Како овие садови за путер од Хаити[br]во сите форми и големини, 0:01:03.627,0:01:05.191 шишиња за вода од Јамајка. 0:01:05.215,0:01:08.889 Не е зачудувачки што голем дел [br]е од соседните карипски држави, 0:01:08.913,0:01:10.503 но има работи од секаде. 0:01:10.527,0:01:12.909 Еве пример [br]од меѓународни шишиња за вода. 0:01:12.933,0:01:16.056 И иронично е што[br]многу од најдените производи 0:01:16.080,0:01:19.557 се наменети за чистење[br]и разубавување, 0:01:19.829,0:01:22.507 како производов од САД, 0:01:22.531,0:01:24.927 што всушност е направен[br]да ја штити пластиката, 0:01:25.385,0:01:26.887 (Смеа) 0:01:26.911,0:01:29.272 шампон од Јужна Кореа, 0:01:29.296,0:01:30.834 варикина од Коста Рика 0:01:30.858,0:01:32.824 и средство за чистење тоалет [br]од Норвешка. 0:01:32.848,0:01:35.441 Ова се многу секојдневни [br]производи за нас, 0:01:35.465,0:01:38.866 или се надевам дека ви се познати[br]четкиве за заби. 0:01:38.890,0:01:39.954 (Смеа) 0:01:40.601,0:01:42.433 Кујнски прибор. 0:01:43.552,0:01:44.980 Играчки. 0:01:46.090,0:01:49.691 Исто така наоѓам докази[br]од изгорено пластично ѓубре, 0:01:49.715,0:01:52.824 што во воздухот ослободува [br]гасови кои предизвикуваат рак. 0:01:52.824,0:01:55.821 Луѓето ме прашуваат за најинтересниот[br]предмет што сум го нашол, 0:01:55.845,0:01:59.372 и тоа убедливо е[br]оваа протетичка нога. 0:01:59.396,0:02:02.530 И во позадината, ако можете да ја видите[br]малата сина тапа, 0:02:02.554,0:02:03.928 во моментот кога ја најдов, 0:02:03.952,0:02:06.511 беше дом на овој [br]мал рак пустиник. 0:02:06.535,0:02:07.830 Овој дечко е многу сладок. 0:02:07.854,0:02:09.142 (Смеа) 0:02:11.380,0:02:13.040 (Смеа) 0:02:14.235,0:02:17.538 И овие фасцинантни, 0:02:17.562,0:02:19.750 но истовремено згрозувачки предмети, 0:02:19.774,0:02:21.295 секој со своја приказна, 0:02:21.319,0:02:25.432 ги користам за краткотрајни,[br]еколошки уметнички дела. 0:02:25.456,0:02:28.252 И се почна со оваа слика [br]во февруари 2010, 0:02:28.276,0:02:29.893 кога прв пат го посетив Сиан Кан. 0:02:29.917,0:02:33.768 Забележав дека сината е најдоминантна[br]боја во пластиките. 0:02:33.792,0:02:37.096 Виолетовата е всушност најретка.[br]Таа е како злато за мене. 0:02:37.120,0:02:38.619 Но сината е најдоминантна, 0:02:38.643,0:02:40.337 па собрав некои од сините 0:02:40.361,0:02:43.055 и го направив овој мал аранжман[br]пред синото небо 0:02:43.079,0:02:44.965 и сините карипски води. 0:02:44.989,0:02:47.686 И кога фотографирав[br]и погледнав во пробната слика, 0:02:47.710,0:02:50.508 беше како да ме удри молња[br]во тој момент, 0:02:50.532,0:02:52.562 и знаев [br]дека ќе мора да се вратам 0:02:52.586,0:02:56.114 да создадам низа поставки[br]на лице место 0:02:56.138,0:02:57.762 и да ги фотографирам. 0:02:57.786,0:02:59.648 Па ова се претвори во скица 0:02:59.672,0:03:03.739 за дело кое го завршив[br]3 години подоцна. 0:03:03.763,0:03:06.117 Немав идеја [br]дека 10 години подоцна, 0:03:06.141,0:03:08.859 речиси деценија подоцна,[br]сѐ уште ќе работам на него. 0:03:08.883,0:03:10.780 Но проблемот опстојува. 0:03:11.242,0:03:13.282 Па, ќе ви покажам [br]некои од фотографиите 0:03:13.306,0:03:18.216 од серијата наречена „Исфрлено на брегот: [br]трансформирање загаден пејзаж". 0:03:18.236,0:03:20.747 Ве молам запомнете[br]дека не го бојам отпадот. 0:03:21.319,0:03:23.513 Го собирам[br]и организирам по боја 0:03:23.537,0:03:26.298 на истите плажи каде го наоѓам. 0:03:34.381,0:03:38.330 Ова е мојот скапоцен куп од отпад[br]од 2015 г. 0:03:38.354,0:03:41.849 по поставување на првото издание [br]на "Museo de la Basura," 0:03:41.873,0:03:43.861 или „Музеј на отпад". 0:03:44.409,0:03:47.352 Моја намера е во целост[br]е да се грижам за овој отпад, 0:03:47.352,0:03:48.671 да го возвишам, 0:03:48.671,0:03:49.876 да го ставам на пиедестал 0:03:49.900,0:03:51.227 и да го поставам. 0:03:51.251,0:03:53.710 Сите сме виделе [br]ужасни слики 0:03:53.734,0:03:56.097 од мртви животни[br]со пластика во стомаците. 0:03:56.121,0:03:58.922 И многу е важно[br]вистински да ги видиме 0:03:58.946,0:04:00.351 и да ги сфатиме. 0:04:00.375,0:04:04.139 Но со правење естетски - [br]некој би рекол прекрасни - аранжмани 0:04:04.163,0:04:05.622 од ѓубрето на светот, 0:04:05.646,0:04:08.300 сакам да го заведам гледачот 0:04:08.324,0:04:11.571 да ги привлечам оние отрпнатите[br]од грозотијата на светот 0:04:11.595,0:04:15.459 и да им пружам друг начин[br]да сфатат што се случува. 0:04:15.483,0:04:17.996 Некои го опишуваат[br]Големиот пацифички отпад 0:04:18.020,0:04:20.155 како остров двојно поголем од Тексас, 0:04:20.179,0:04:22.170 но ми велат дека е тешко да се види 0:04:22.194,0:04:24.001 бидејќи повеќе е како смог. 0:04:24.173,0:04:25.806 Па преку мојата уметност, 0:04:25.830,0:04:29.738 се обидувам да прикажам [br]што навистина ѝ се случува на околината 0:04:29.762,0:04:32.258 и невидливото да го направам видливо. 0:04:32.400,0:04:35.081 Моето клучно прашање,[br]по отпочнувањето на проектот, 0:04:35.105,0:04:37.544 беше „Што ќе правам со ѓубрето [br]откако ќе завршам?" 0:04:37.568,0:04:41.740 Некои ми кажаа [br]дека може да биде оштетена стока 0:04:41.764,0:04:45.266 откако патувало низ океанот[br]и било изложено на елементите, 0:04:45.290,0:04:49.983 дека може да се разгради[br]и да уништи рециклиран материјал. 0:04:50.007,0:04:53.625 Ниту депонијата не беше[br]добро решение. 0:04:54.074,0:04:55.757 И тогаш конечно, ми светна 0:04:55.781,0:04:59.488 после сиот мој напор[br]и на сите луѓе кои ми помогнале 0:04:59.512,0:05:02.245 да го соберам, организирам и [br]исчистам ова ѓубре, 0:05:02.269,0:05:03.445 дека треба да го чувам. 0:05:03.826,0:05:06.187 Па тоа е планот, 0:05:06.211,0:05:08.875 да го користам [br]бесконечен број пати 0:05:08.899,0:05:10.396 да создавам уште уметнички дела 0:05:10.420,0:05:14.491 и да поттикнам заедници [br]да се занимаваат со еколошка уметност. 0:05:15.111,0:05:18.845 Ова е пример на дело од заедницата,[br]што го изработивме лани 0:05:18.869,0:05:22.422 со младината од Пунта Ален [br]во Сиан Кан. 0:05:22.446,0:05:26.072 Клучен дел од работата на заедницата[br]се чистењата на плажите 0:05:26.096,0:05:27.914 и правење програма за образование. 0:05:27.938,0:05:30.471 И како што заедницата се зголемува 0:05:30.495,0:05:32.597 како што се зголемува[br]колекцијата отпад, 0:05:32.621,0:05:36.007 навистина верувам дека[br]ќе се зголеми и влијанието. 0:05:36.031,0:05:37.297 Како одминуваа годините, 0:05:37.321,0:05:41.354 станав малку опседнат[br]со мојата колекција отпад. 0:05:41.378,0:05:45.113 Ја пакувам во куфери [br]и патувам со неа. 0:05:45.137,0:05:47.252 Ја носам на одмор со мене. 0:05:47.276,0:05:48.673 (Смеа) 0:05:48.697,0:05:50.586 И во последното дело, 0:05:50.610,0:05:54.781 почнав да излегувам [br]од 2Д рамнината на сликата. 0:05:54.805,0:05:56.908 Многу сум возбуден [br]за новите дела. 0:05:56.932,0:05:59.736 Ги гледам како живи уметнички дела 0:05:59.760,0:06:02.692 кои ќе се видоизменуваат и [br]растат со текот на времето. 0:06:02.716,0:06:06.696 Иако моја најголема желба е да[br]снемам суровини 0:06:06.720,0:06:08.096 за оваа работа, 0:06:08.120,0:06:09.399 не сме стигнати дотаму. 0:06:09.423,0:06:11.269 Па во следната фаза на проектот, 0:06:11.293,0:06:13.698 планирам да продолжам [br]со работа во заедницата 0:06:13.722,0:06:16.246 и да правам уште поголеми свои дела, 0:06:16.270,0:06:19.017 бидејќи проблемот е огромен. 0:06:19.930,0:06:26.243 8 милиони тони пластика[br]влегува во океаните секоја година, 0:06:26.267,0:06:28.001 и ги уништува екосистемите. 0:06:28.504,0:06:33.651 Сега, додека зборувам, буквално[br]се случува излевање на пластика. 0:06:34.170,0:06:40.044 Го гледам овој проект [br]како молба за помош и повик за делување. 0:06:40.068,0:06:42.845 Нашето здравје и иднина се[br]нераскинливо врзани 0:06:42.869,0:06:44.129 со иднината на океаните. 0:06:44.153,0:06:48.533 Го нарекувам проектот „Исфрлено на брегот:[br]трансформирање загаден пејзаж," 0:06:48.557,0:06:50.391 но проектот ме трансформира и мене 0:06:50.415,0:06:53.724 и ме поттикна да си ги преиспитам[br]постапките и потрошувачката. 0:06:53.748,0:06:56.974 И ако може да му помогне некому [br]да стане посвесен, 0:06:56.998,0:06:58.936 тогаш трудот ќе вреди. 0:06:58.960,0:07:00.111 Многу ви благодарам. 0:07:00.135,0:07:03.230 (Аплауз)