1 00:00:00,000 --> 00:00:02,000 Роден сум во Ден Бош, 2 00:00:02,000 --> 00:00:05,000 место според кое сликарот Хиеронимус Бош се нарекол себеси. 3 00:00:05,000 --> 00:00:07,000 Од секогаш бев позитивно наклонет кон овој сликар 4 00:00:07,000 --> 00:00:10,000 кој живеел и работел во 15-от век. 5 00:00:10,000 --> 00:00:12,000 Она што е интересно за него во однос на моралот 6 00:00:12,000 --> 00:00:15,000 е дека тој живеел во време кога влијанието на религијата исчезнувало, 7 00:00:15,000 --> 00:00:17,000 а тој пак се прашувал, мислам, 8 00:00:17,000 --> 00:00:19,000 што ќе се случи со општеството 9 00:00:19,000 --> 00:00:22,000 доколку не постои религија или доколку има помалку религија. 10 00:00:22,000 --> 00:00:25,000 И така тој ја насликал познатата слика, "Градината на Земските Задоволства," 11 00:00:25,000 --> 00:00:27,000 која што од некои беше интерпретирана 12 00:00:27,000 --> 00:00:29,000 дека го претставува човештвото пред Гревот, 13 00:00:29,000 --> 00:00:32,000 или дека е човештвото без никаков Грев. 14 00:00:32,000 --> 00:00:34,000 Веројатно се прашувате, 15 00:00:34,000 --> 00:00:37,000 што ќе се случеше доколку не го вкусевме овошјето на знаењето, 16 00:00:37,000 --> 00:00:40,000 и каков морал ќе имавме ? 17 00:00:40,000 --> 00:00:42,000 Многу подоцна, како студент, 18 00:00:42,000 --> 00:00:44,000 отидов во многу различна градина, 19 00:00:44,000 --> 00:00:47,000 зоолошка градина во Арнхем 20 00:00:47,000 --> 00:00:49,000 каде што чуваме шимпанза. 21 00:00:49,000 --> 00:00:51,000 Ова сум јас во младоста со бебе шимпанзо. 22 00:00:51,000 --> 00:00:54,000 (Смеа) 23 00:00:54,000 --> 00:00:56,000 Таму открив 24 00:00:56,000 --> 00:00:59,000 дека шимпанзата се многу гладни за моќ и воедно напишав книга за тоа. 25 00:00:59,000 --> 00:01:02,000 Во тоа време, фокусот на многуте истражувања врз животни 26 00:01:02,000 --> 00:01:04,000 беше кон агресијата и натпреварувањето. 27 00:01:04,000 --> 00:01:06,000 Насликав цела слика за животинското царство, 28 00:01:06,000 --> 00:01:08,000 вклучувајќи го и човештвото, 29 00:01:08,000 --> 00:01:10,000 која вели дека длабоко во нас ние сме натпреварувачи, 30 00:01:10,000 --> 00:01:12,000 ние сме агресивни, 31 00:01:12,000 --> 00:01:15,000 сите ние сме заинтересирани само за нашата корист. 32 00:01:15,000 --> 00:01:17,000 Ова е промоцијата на мојата книга. 33 00:01:17,000 --> 00:01:19,000 Не сум сигурен колку шимпанзата ја разбраа, 34 00:01:19,000 --> 00:01:22,000 но со сигурност беа заинтересирани за книгата. 35 00:01:24,000 --> 00:01:26,000 Додека работев 36 00:01:26,000 --> 00:01:28,000 и ја проучував моќта и доминацијата 37 00:01:28,000 --> 00:01:30,000 и агресијата и така натаму, 38 00:01:30,000 --> 00:01:33,000 открив дека шимпанзата се помируваат после борбите. 39 00:01:33,000 --> 00:01:36,000 Овде гледате двајца мажјаци кои имале борба. 40 00:01:36,000 --> 00:01:39,000 Завршиле горе на дрвото, и еден од нив му подава рака на другиот. 41 00:01:39,000 --> 00:01:42,000 Неколку секунди подоцна откако ги сликав, тие дојдоа во крошната на дрвото 42 00:01:42,000 --> 00:01:44,000 каде што се бакнаа и прегрнаа еден со друг. 43 00:01:44,000 --> 00:01:46,000 Ова е многу интересно бидејќи 44 00:01:46,000 --> 00:01:49,000 во тоа време сè се вртеше околу натпреварувањето и агресијата, 45 00:01:49,000 --> 00:01:51,000 и затоа ова немаше никаква смисла. 46 00:01:51,000 --> 00:01:53,000 Она што е важно дали победуваш или губиш. 47 00:01:53,000 --> 00:01:55,000 Но, зошто би се помириле после борба? 48 00:01:55,000 --> 00:01:57,000 Тоа нема никаква смисла. 49 00:01:57,000 --> 00:02:00,000 Бонобоата вака го прават тоа. Бонобоата прават сè со секс. 50 00:02:00,000 --> 00:02:02,000 Исто така се помируваат преку секс. 51 00:02:02,000 --> 00:02:04,000 Меѓутоа принципот е ист. 52 00:02:04,000 --> 00:02:06,000 Принципот е дека имате 53 00:02:06,000 --> 00:02:08,000 важна врска 54 00:02:08,000 --> 00:02:10,000 која што е оштетена од конфилкт, 55 00:02:10,000 --> 00:02:12,000 а вие мора да направите нешто во врска со тоа. 56 00:02:12,000 --> 00:02:14,000 Целото мое мислење за животинското царство, 57 00:02:14,000 --> 00:02:16,000 тука вклучувајќи ги и луѓето, 58 00:02:16,000 --> 00:02:18,000 започна да се менува во тоа време. 59 00:02:18,000 --> 00:02:20,000 Го имаме ова гледиште 60 00:02:20,000 --> 00:02:22,000 во политичката наука, економијата, социјалните науки, 61 00:02:22,000 --> 00:02:24,000 филозофијата, а тоа е дека 62 00:02:24,000 --> 00:02:26,000 човек на човека е волк. 63 00:02:26,000 --> 00:02:29,000 Значи нашата фундаментална природа е мрачна. 64 00:02:29,000 --> 00:02:32,000 Мислам дека е многу неправедна слика за волкот. 65 00:02:32,000 --> 00:02:34,000 Волкот е всушност, 66 00:02:34,000 --> 00:02:36,000 многу кооперативно животно. 67 00:02:36,000 --> 00:02:38,000 Поради тоа многумина од вас имате кучиња по дома, 68 00:02:38,000 --> 00:02:40,000 кое што пак ги има сите тие карактеристики. 69 00:02:40,000 --> 00:02:42,000 Исто така е многу неферски спрема човештвото, 70 00:02:42,000 --> 00:02:46,000 бидејќи човештвото е всушност многу повеќе кооперативно и сочувствително 71 00:02:46,000 --> 00:02:48,000 за разлика од она што се смета. 72 00:02:48,000 --> 00:02:50,000 Така почнав да се интересирам за овие работи 73 00:02:50,000 --> 00:02:52,000 и да ги проучувам кај другите животни. 74 00:02:52,000 --> 00:02:54,000 Ова се столбовите на моралноста. 75 00:02:54,000 --> 00:02:58,000 Ако го прашате некого, "На што се базира моралноста?" 76 00:02:58,000 --> 00:03:00,000 овие се двата фактори кои секогаш се појавуваат. 77 00:03:00,000 --> 00:03:02,000 Едниот е реципрочноста, 78 00:03:02,000 --> 00:03:05,000 а со него е поврзано чувството на правда. 79 00:03:05,000 --> 00:03:07,000 Другиот е емпатијата и сочувството. 80 00:03:07,000 --> 00:03:10,000 Човечката моралноста е повеќе од ова, 81 00:03:10,000 --> 00:03:12,000 но ако ги отстраните овие два столба, 82 00:03:12,000 --> 00:03:14,000 сепак нема да остане многу. 83 00:03:14,000 --> 00:03:16,000 Тие се апсолутно важни. 84 00:03:16,000 --> 00:03:18,000 Да ви дадам неколку примери овде. 85 00:03:18,000 --> 00:03:20,000 Ова е многу стара снимка од Јеркс Центарот за Примати 86 00:03:20,000 --> 00:03:23,000 каде што ги тренираат шимпанзата како да соработуваат. 87 00:03:23,000 --> 00:03:26,000 Ова е веќе пред околу сто години кога 88 00:03:26,000 --> 00:03:29,000 се правеа експерименти за соработката. 89 00:03:29,000 --> 00:03:32,000 Овде имате две млади шимпанза кои имаат кутија, а кутијата 90 00:03:32,000 --> 00:03:35,000 е премногу тешка за само едното шимпанзо да ја влече. 91 00:03:35,000 --> 00:03:37,000 И се разбира, има храна на кутијата. 92 00:03:37,000 --> 00:03:39,000 Инаку тие не би влечеле толку силно. 93 00:03:39,000 --> 00:03:41,000 Така тие се обидуваат да ја довлечат кутијата. 94 00:03:41,000 --> 00:03:43,000 Можете да видите дека се синхронизирани. 95 00:03:43,000 --> 00:03:46,000 Можете да видите дека работат заедно, влечат во исто време. 96 00:03:46,000 --> 00:03:49,000 Тоа е веќе голема предност во однос на многу други животни 97 00:03:49,000 --> 00:03:51,000 кои не би биле способни да го прават тоа. 98 00:03:51,000 --> 00:03:53,000 Сега ќе добиете многу поинтересна слика, бидејќи 99 00:03:53,000 --> 00:03:56,000 сега едно од двете шимпанза е нахрането. 100 00:03:56,000 --> 00:03:58,000 Значи едното од нив повеќе не го интересира 101 00:03:58,000 --> 00:04:01,000 задачата. 102 00:04:01,000 --> 00:04:04,000 (Смеа) 103 00:04:08,000 --> 00:04:13,000 (Смеа) 104 00:04:19,000 --> 00:04:22,000 (Смеа) 105 00:04:35,000 --> 00:04:38,000 Погледнете што ќе се случи на крајот од ова. 106 00:04:41,000 --> 00:04:43,000 (Смеа) 107 00:04:52,000 --> 00:04:54,000 Во основа тој зема сè. 108 00:04:54,000 --> 00:04:57,000 (Смеа) 109 00:04:57,000 --> 00:04:59,000 Има два интересни дела за ова. 110 00:04:59,000 --> 00:05:01,000 Едниот е дека шимпанзото од десно 111 00:05:01,000 --> 00:05:03,000 има целосно разбирање дека му треба партнер -- 112 00:05:03,000 --> 00:05:05,000 значи има потполно разбирање за потребата од соработка. 113 00:05:05,000 --> 00:05:08,000 Вториот дел е дека партнерот има волја да соработува 114 00:05:08,000 --> 00:05:10,000 и покрај тоа што тој не е заинтересиран за храната. 115 00:05:10,000 --> 00:05:13,000 Зошто е така? Веројатно е поврзано со реципрочноста. 116 00:05:13,000 --> 00:05:15,000 Всушност постојат многу докази кај приматите и другите животни 117 00:05:15,000 --> 00:05:17,000 дека тие возвраќаат на услугите. 118 00:05:17,000 --> 00:05:19,000 Значи тој за возврат ќе добие услуга 119 00:05:19,000 --> 00:05:21,000 во одреден период од иднината. 120 00:05:21,000 --> 00:05:23,000 Тој е начинот на кој сето ова функционира. 121 00:05:23,000 --> 00:05:25,000 Ја направивме истата задача со слонови. 122 00:05:25,000 --> 00:05:28,000 Со слонови, многу е опасно да се работи со слонови. 123 00:05:28,000 --> 00:05:30,000 Друг проблем со слоновите е 124 00:05:30,000 --> 00:05:32,000 дека не можете да направите апарат кој 125 00:05:32,000 --> 00:05:34,000 ќе биде доволно тежок за еден слон. 126 00:05:34,000 --> 00:05:36,000 Веројатно можете да направите, 127 00:05:36,000 --> 00:05:38,000 меѓутоа ќе биде прилично лесен и кревок. 128 00:05:38,000 --> 00:05:40,000 Она што направивме во овој случај -- 129 00:05:40,000 --> 00:05:43,000 овие истражувања ги правиме во Тајланд со Џош Плотник -- 130 00:05:43,000 --> 00:05:46,000 имаме апарат околу кој има јаже, едно јаже. 131 00:05:46,000 --> 00:05:48,000 Ако влечете на оваа страна од јажето, 132 00:05:48,000 --> 00:05:50,000 јажето изчезнува на другата страна. 133 00:05:50,000 --> 00:05:53,000 Значи потребни се два слона да го земат и да го повлечат во исто време. 134 00:05:53,000 --> 00:05:55,000 Инаку ништо нема да се случи 135 00:05:55,000 --> 00:05:57,000 и јажето само ќе изчезне. 136 00:05:57,000 --> 00:05:59,000 Првата снимка што ќе ја видите 137 00:05:59,000 --> 00:06:01,000 е како два слона кои се ослободени заедно 138 00:06:01,000 --> 00:06:03,000 пристигнуваат кај апаратот. 139 00:06:03,000 --> 00:06:06,000 Апаратот е на лево со храна на истиот. 140 00:06:06,000 --> 00:06:09,000 Тие доаѓаат заедно, пристигнуваат заедно, 141 00:06:09,000 --> 00:06:11,000 го земаат јажето заедно и заедно го влечат. 142 00:06:11,000 --> 00:06:14,000 Всушност е прилично едноставно за нив. 143 00:06:15,000 --> 00:06:17,000 Еве ги. 144 00:06:24,000 --> 00:06:26,000 Еве како го влечат јажето. 145 00:06:26,000 --> 00:06:28,000 Но, сега ќе направиме да биде потешко. 146 00:06:28,000 --> 00:06:30,000 Бидејќи целта на овој експеримент е да 147 00:06:30,000 --> 00:06:32,000 видиме колку добро ја разбираат соработката. 148 00:06:32,000 --> 00:06:35,000 Дали ја разбираат онолку добро како и шимпанзата, на пример? 149 00:06:35,000 --> 00:06:37,000 Она што правиме во следниот чекор 150 00:06:37,000 --> 00:06:39,000 е, го ослободуваме едниот слон пред другиот, 151 00:06:39,000 --> 00:06:41,000 а тој слон треба да биде доволно паметен за 152 00:06:41,000 --> 00:06:43,000 да остане таму, да чека и да не го влече јажето -- 153 00:06:43,000 --> 00:06:46,000 бидејќи ако го повлече, тоа ќе изчезне и тестот ќе заврши. 154 00:06:46,000 --> 00:06:48,000 Сега овој слон прави нешто нелегално 155 00:06:48,000 --> 00:06:50,000 на кое што ние не го учевме. 156 00:06:50,000 --> 00:06:52,000 Меѓутоа ова го покажува неговото разбирање, 157 00:06:52,000 --> 00:06:55,000 бидејќи тој ја става неговата голема нога на јажето, 158 00:06:55,000 --> 00:06:57,000 стои на јажето и го чека другиот слон, 159 00:06:57,000 --> 00:07:00,000 а другиот ќе ја заврши целата работа место него. 160 00:07:00,000 --> 00:07:03,000 Ова го нарекуваме паразитизам. 161 00:07:03,000 --> 00:07:05,000 (Смеа) 162 00:07:05,000 --> 00:07:08,000 Но, ова ја покажува интелигенцијата што ја поседуваат слоновите. 163 00:07:08,000 --> 00:07:11,000 Тие развија неколку вакви алтернативни техники, а кои 164 00:07:11,000 --> 00:07:14,000 што ние сметаме дека не се нужно потребни. 165 00:07:14,000 --> 00:07:19,000 Сега другиот слон доаѓа и тој 166 00:07:19,000 --> 00:07:22,000 ќе го повлече. 167 00:07:38,000 --> 00:07:41,000 Сега гледајте го другиот. Другиот не заборава да јаде, се разбира. 168 00:07:41,000 --> 00:07:45,000 (Смеа) 169 00:07:45,000 --> 00:07:47,000 Ова беше соработката, реципрочноста. 170 00:07:47,000 --> 00:07:49,000 Сега нешто за емпатијата. 171 00:07:49,000 --> 00:07:51,000 Емпатијата е главната тема на моето истражување. 172 00:07:51,000 --> 00:07:53,000 Емпатијата има два вида на квалитет. 173 00:07:53,000 --> 00:07:56,000 Едниот дел е разбирањето. Ова е една вообичаена дефиниција: 174 00:07:56,000 --> 00:07:58,000 способноста за разбирање и споделување на чувствата на другите. 175 00:07:58,000 --> 00:08:00,000 И емоционалниот дел. 176 00:08:00,000 --> 00:08:02,000 Значи емпатијата во основа има два канала. 177 00:08:02,000 --> 00:08:04,000 Едниот е телесниот канал. 178 00:08:04,000 --> 00:08:06,000 Ако зборувате со тажна личност, 179 00:08:06,000 --> 00:08:09,000 тогаш ќе завземете тажен израз и тажен став, 180 00:08:09,000 --> 00:08:11,000 и дур да трепнете станувате тажни. 181 00:08:11,000 --> 00:08:14,000 Тоа е еден вид телесен канал на емоционалната емпатија, 182 00:08:14,000 --> 00:08:16,000 кој што го поседуваат многу животни. 183 00:08:16,000 --> 00:08:18,000 Вашето просечно куче исто така го има тоа. 184 00:08:18,000 --> 00:08:20,000 Всушност поради тоа луѓето чуваат цицачи во домот, 185 00:08:20,000 --> 00:08:22,000 а не желки или змии или нешто такво кое што 186 00:08:22,000 --> 00:08:24,000 не поседува таков вид на емпатија. 187 00:08:24,000 --> 00:08:26,000 Исто така постои когнитивниот канал, 188 00:08:26,000 --> 00:08:28,000 кое што се однесува на превземањето на нечија друга перспектива. 189 00:08:28,000 --> 00:08:30,000 Тоа е повеќе ограничено. 190 00:08:30,000 --> 00:08:32,000 Има неколку животни -- мислам дека слоновите и мајмуните го можат тоа -- 191 00:08:32,000 --> 00:08:35,000 но има многу малку животни кои го можат тоа. 192 00:08:35,000 --> 00:08:37,000 Значи, синхронизацијата, 193 00:08:37,000 --> 00:08:39,000 која е дел од целиот тој емпатски механизам 194 00:08:39,000 --> 00:08:41,000 е многу стара во животинското царство. 195 00:08:41,000 --> 00:08:43,000 Кај луѓето, се разбира, тоа можеме да го истражуваме 196 00:08:43,000 --> 00:08:45,000 преку заразата од зевање. 197 00:08:45,000 --> 00:08:47,000 Луѓето зеваат тогаш кога другите зеваат. 198 00:08:47,000 --> 00:08:49,000 Тоа е поврзано со емпатијата. 199 00:08:49,000 --> 00:08:51,000 Ги активира истите области од мозокот. 200 00:08:51,000 --> 00:08:53,000 Исто така, знаеме дека луѓето кои лесно се заразуваат од зевање 201 00:08:53,000 --> 00:08:55,000 имаат високо ниво на емпатија. 202 00:08:55,000 --> 00:08:57,000 Луѓето кои имаат проблем со емпатијата, како децата со аутизам, 203 00:08:57,000 --> 00:08:59,000 кај нив не се јавува зараза од зевање. 204 00:08:59,000 --> 00:09:01,000 Значи е поврзано. 205 00:09:01,000 --> 00:09:04,000 Тоа го проучуваме кај нашите шимпанза со тоа што им прикажуваме анимирана глава. 206 00:09:04,000 --> 00:09:06,000 Токму тоа гледате горе-лево, 207 00:09:06,000 --> 00:09:08,000 анимирана глава што се прозева. 208 00:09:08,000 --> 00:09:10,000 Шимпанзото го гледа тоа, 209 00:09:10,000 --> 00:09:13,000 вистинско шимпанзо кое гледа во компјутерски екран 210 00:09:13,000 --> 00:09:16,000 на кој ги пуштаме овие анимации. 211 00:09:20,000 --> 00:09:22,000 (Смеа) 212 00:09:22,000 --> 00:09:24,000 Значи, заразата од зевање 213 00:09:24,000 --> 00:09:26,000 со која веројатно сите сте запознаени -- 214 00:09:26,000 --> 00:09:29,000 и можеби ќе почнете сега да зевате сите -- 215 00:09:29,000 --> 00:09:32,000 е нешто што го споделуваме со другите животни. 216 00:09:32,000 --> 00:09:35,000 Тоа е поврзано со целиот тој телесен канал за синхронизација 217 00:09:35,000 --> 00:09:37,000 врз кој се базира емпатијата 218 00:09:37,000 --> 00:09:40,000 и кој што во основа е универзален кај цицачите. 219 00:09:40,000 --> 00:09:43,000 Исто така ги истражуваме и посложените експресии. Ова е утеха. 220 00:09:43,000 --> 00:09:46,000 Ова е машко шимпанзо кое изгубило борба и кое што вреска, 221 00:09:46,000 --> 00:09:48,000 а младото доаѓа и ја става раката околу него 222 00:09:48,000 --> 00:09:50,000 и го смирува. 223 00:09:50,000 --> 00:09:53,000 Тоа е утеха. Многу е слична на човечката утеха. 224 00:09:53,000 --> 00:09:56,000 Утешното однесување, 225 00:09:56,000 --> 00:09:58,000 е поттикнато од емпатијата. 226 00:09:58,000 --> 00:10:01,000 Всушност, начин за проучување на емпатијата кај децата 227 00:10:01,000 --> 00:10:03,000 е да му кажете на член од семејството да глуми демек е вознемирен, 228 00:10:03,000 --> 00:10:05,000 а потоа да гледате што прави детето. 229 00:10:05,000 --> 00:10:07,000 Тоа е поврзано со емпатијата, 230 00:10:07,000 --> 00:10:10,000 и токму таква експресија бараме да видиме. 231 00:10:10,000 --> 00:10:13,000 Неодамна објавивме експеримент за кој можеби имате слушнато. 232 00:10:13,000 --> 00:10:16,000 Се работи за алтруизмот и шимпанзата 233 00:10:16,000 --> 00:10:18,000 каде што прашањето е, дали шимпанзата се грижат 234 00:10:18,000 --> 00:10:20,000 за добросостојбата на некој друг? 235 00:10:20,000 --> 00:10:22,000 Со декади се претпоставуваше 236 00:10:22,000 --> 00:10:24,000 дека само луѓето го можат тоа, 237 00:10:24,000 --> 00:10:27,000 дека само луѓето се грижат за добросостојбата на некој друг. 238 00:10:27,000 --> 00:10:29,000 Направивме еден многу едноставен експеримент. 239 00:10:29,000 --> 00:10:32,000 Го направивме со шимпанза кои живеат во Лоуренсвил, 240 00:10:32,000 --> 00:10:34,000 во станицата во Јеркс. 241 00:10:34,000 --> 00:10:36,000 На овој начин живеат. 242 00:10:36,000 --> 00:10:39,000 Ги повикуваме во соба и правиме експерименти со нив. 243 00:10:39,000 --> 00:10:41,000 Во овој случај, ставивме две шимпанза едно до друго. 244 00:10:41,000 --> 00:10:44,000 едното има кофа полна со жетони, а жетоните имаат различни значења. 245 00:10:44,000 --> 00:10:47,000 Едниот вид на жетон го храни само партнерот што избира, 246 00:10:47,000 --> 00:10:49,000 другиот вид на жетон ги храна двајцата. 247 00:10:49,000 --> 00:10:52,000 Ова истражување го направивме со Вики Хорнер. 248 00:10:53,000 --> 00:10:55,000 Овде ги гледате двата обоени жетони. 249 00:10:55,000 --> 00:10:57,000 Значи имаат полна кофа од истите тие жетони. 250 00:10:57,000 --> 00:11:00,000 Мораат да изберат една од двете бои. 251 00:11:00,000 --> 00:11:03,000 Ќе видите како оди тоа. 252 00:11:03,000 --> 00:11:06,000 Значи, ако ова шимпанзо го направи себичниот избор, 253 00:11:06,000 --> 00:11:09,000 во овој случај тоа е црвениот жетон, 254 00:11:09,000 --> 00:11:11,000 тој треба да ни го даде на нас. 255 00:11:11,000 --> 00:11:14,000 Ние го земаме, го ставаме на маса на која се наоѓаат двете награди во храна, 256 00:11:14,000 --> 00:11:17,000 но овој случај само шимпанзото од десно добива храна. 257 00:11:17,000 --> 00:11:19,000 Она од лево си заминува бидејќи веќе знае дека ова 258 00:11:19,000 --> 00:11:22,000 не е добар тест за нејзе. 259 00:11:22,000 --> 00:11:24,000 Следниот е просоцијалниот жетон. 260 00:11:24,000 --> 00:11:27,000 Оној што го прави изборот -- ова е интересниот дел овде -- 261 00:11:27,000 --> 00:11:29,000 за оној кој го прави изборот, 262 00:11:29,000 --> 00:11:31,000 нема некое значење. 263 00:11:31,000 --> 00:11:34,000 Сега таа ни дава просоцијален жетон и двете шимпанза се нахранети. 264 00:11:34,000 --> 00:11:37,000 Значи, шимпанзото кое го прави изборот секогаш добива награда. 265 00:11:37,000 --> 00:11:39,000 Значи нема било какво значење. 266 00:11:39,000 --> 00:11:41,000 Оттука, претпоставка е дека ќе избира на слепо. 267 00:11:41,000 --> 00:11:43,000 Но, она што најдовме 268 00:11:43,000 --> 00:11:45,000 е дека тие ги преферираат про-социјалните жетони. 269 00:11:45,000 --> 00:11:48,000 Ова е 50 процентната линија, тоа е случајното очекување. 270 00:11:48,000 --> 00:11:51,000 И особено ако партнерот го привлече вниманието кон себе, тие бираат повеќе. 271 00:11:51,000 --> 00:11:54,000 И ако партнерот изврши притисок врз нив -- 272 00:11:54,000 --> 00:11:57,000 ако партнерот почне да плука вода и да ги заплашува -- 273 00:11:57,000 --> 00:12:00,000 тогаш изборите опаѓаат. 274 00:12:00,000 --> 00:12:02,000 Како да велат, 275 00:12:02,000 --> 00:12:04,000 "ако не се однесуваш примерно, нема да бидам просоцијален денес." 276 00:12:04,000 --> 00:12:06,000 Токму ова се случува без партнер, 277 00:12:06,000 --> 00:12:08,000 кога нема партнер кој седи таму. 278 00:12:08,000 --> 00:12:10,000 Откривме дека шимпанзата навистина се грижат 279 00:12:10,000 --> 00:12:12,000 за добро-состојбата на некој друг -- 280 00:12:12,000 --> 00:12:15,000 особено, ова се други членови од нивната група. 281 00:12:15,000 --> 00:12:18,000 Последниот експеримент кој што сакам да го споменам 282 00:12:18,000 --> 00:12:20,000 е нашата студија за правдата. 283 00:12:20,000 --> 00:12:23,000 Ова стана многу позната студија. 284 00:12:23,000 --> 00:12:25,000 Денеска се спроведени уште повеќе, 285 00:12:25,000 --> 00:12:27,000 бидејќи откако ја спроведовме оваа пред 10 години, 286 00:12:27,000 --> 00:12:29,000 истата стана многу позната. 287 00:12:29,000 --> 00:12:31,000 Таа ја спроведовме со мајмуните капучини. 288 00:12:31,000 --> 00:12:34,000 Ќе ви го покажам првиот експеримент кој го направивме. 289 00:12:34,000 --> 00:12:37,000 Неодамна беше направен со кучиња, со птици 290 00:12:37,000 --> 00:12:39,000 и со шимпанза. 291 00:12:39,000 --> 00:12:43,000 Но, ние со Сара Броснан започнавме со мајмуни капучини. 292 00:12:43,000 --> 00:12:45,000 Она што направивме 293 00:12:45,000 --> 00:12:47,000 е ставивме два мајмуни капучини еден до друг. 294 00:12:47,000 --> 00:12:49,000 Повторно, овие животни, тие живеат во група, се знаат меѓусебно. 295 00:12:49,000 --> 00:12:52,000 Ги земаме од групата, ги ставаме во комора за тестирање. 296 00:12:52,000 --> 00:12:54,000 Тука има една многу едноставна задача 297 00:12:54,000 --> 00:12:56,000 што треба да ја исполнат. 298 00:12:56,000 --> 00:12:59,000 Ако и на двајцата им дадете краставица за задачата, 299 00:12:59,000 --> 00:13:01,000 двата мајмуни еден до друг, 300 00:13:01,000 --> 00:13:03,000 со задоволство ќе го прават ова 25 пати последователно. 301 00:13:03,000 --> 00:13:07,000 Значи краставицата, иако според мене е само вода, но 302 00:13:07,000 --> 00:13:10,000 краставицата им е сосем доволна. 303 00:13:10,000 --> 00:13:13,000 Но, ако му дадете на партнерот грозје -- 304 00:13:13,000 --> 00:13:15,000 преференцијата на храна кај моите мајмуни капучини 305 00:13:15,000 --> 00:13:18,000 прецизно коренспондира со цените во супермаркетите -- 306 00:13:18,000 --> 00:13:21,000 ако им дадете грозје -- многу подобра храна -- 307 00:13:21,000 --> 00:13:24,000 тогаш создавате нееднаквост помеѓу нив. 308 00:13:24,000 --> 00:13:26,000 Значи тоа е експериментот што го спроведовме. 309 00:13:26,000 --> 00:13:29,000 Неодамна го снимавме со нови мајмуни кои никогаш не ја вршеле задачата, 310 00:13:29,000 --> 00:13:31,000 мислејќи дека можеби тие ќе имаат посилна реакција, 311 00:13:31,000 --> 00:13:33,000 а тоа се испостави дека е точно. 312 00:13:33,000 --> 00:13:35,000 Оној на лево е мајмунот кој што добива краставица. 313 00:13:35,000 --> 00:13:38,000 Оној од десно го добива грозјето. 314 00:13:38,000 --> 00:13:40,000 Оној што добива краставица, 315 00:13:40,000 --> 00:13:42,000 забележете дека првото парче краставица е сосема во ред. 316 00:13:42,000 --> 00:13:45,000 Првото парче го јаде. 317 00:13:45,000 --> 00:13:48,000 Потоа гледа како другиот добива грозје, и ќе видите што се случува. 318 00:13:48,000 --> 00:13:51,000 Таа ни дава камен на нас. Тоа е задачата. 319 00:13:51,000 --> 00:13:54,000 А, ние и даваме парче од краставица и таа го јаде. 320 00:13:54,000 --> 00:13:57,000 Дргиот треба да ни даде камен. 321 00:13:57,000 --> 00:14:00,000 Токму тоа и го прави. 322 00:14:00,000 --> 00:14:03,000 Потоа добива грозје и го јаде. 323 00:14:03,000 --> 00:14:05,000 Другиот го гледа тоа. 324 00:14:05,000 --> 00:14:07,000 Сега ни дава камен, 325 00:14:07,000 --> 00:14:10,000 и повторно, добива краставица. 326 00:14:12,000 --> 00:14:27,000 (Смеа) 327 00:14:27,000 --> 00:14:30,000 Го тестира каменот од ѕидот. 328 00:14:30,000 --> 00:14:32,000 Треба да ни го даде на нас. 329 00:14:32,000 --> 00:14:35,000 И повторно добива краставица. 330 00:14:37,000 --> 00:14:41,000 (Смеа) 331 00:14:43,000 --> 00:14:47,000 Во основа сега го гледате протестот на Вол Стрит. 332 00:14:47,000 --> 00:14:50,000 (Смеа) 333 00:14:50,000 --> 00:14:53,000 (Аплауз) 334 00:14:53,000 --> 00:14:55,000 Да ви кажам -- 335 00:14:55,000 --> 00:14:57,000 имам уште две минути, да ви кажам една интересна приказна за ова. 336 00:14:57,000 --> 00:14:59,000 Оваа студија стана многу позната 337 00:14:59,000 --> 00:15:01,000 и добивме многу коментари, 338 00:15:01,000 --> 00:15:03,000 особено од антрополози, економисти, 339 00:15:03,000 --> 00:15:05,000 филозофи. 340 00:15:05,000 --> 00:15:07,000 На нив не им се допаѓаше ова воопшто. 341 00:15:07,000 --> 00:15:10,000 Бидејќи веќе имаа одлучено во нивните умови, верувам, 342 00:15:10,000 --> 00:15:12,000 дека правдата е многу сложена работа. 343 00:15:12,000 --> 00:15:14,000 и дека животните не можат да ја имаат. 344 00:15:14,000 --> 00:15:16,000 Дури еден филозоф ни напиша дека е 345 00:15:16,000 --> 00:15:19,000 невозможно за мајмуните да имаат чувство за правда 346 00:15:19,000 --> 00:15:22,000 бидејќи правдата била измислена за време на Француската Револуција. 347 00:15:22,000 --> 00:15:24,000 (Смеа) 348 00:15:24,000 --> 00:15:27,000 Еден друг напиша цело поглавје 349 00:15:27,000 --> 00:15:31,000 велејќи дека тој би поверувал дека е некако поврзано со правдата 350 00:15:31,000 --> 00:15:33,000 доколку оној мајмун кој го добива грозјето го одбие истото. 351 00:15:33,000 --> 00:15:35,000 Интересно е што Сара Броснан, 352 00:15:35,000 --> 00:15:37,000 која го правеше ова со шимпанзата, 353 00:15:37,000 --> 00:15:39,000 имаше неколку комбинации на шимпанза 354 00:15:39,000 --> 00:15:42,000 каде, навистина, оној кој го добива грозјето го одбиваше истото се 355 00:15:42,000 --> 00:15:44,000 додека другиот не добие исто така грозје. 356 00:15:44,000 --> 00:15:47,000 Значи доаѓаме многу блиску до човечкото чувство за правда. 357 00:15:47,000 --> 00:15:51,000 Мислам дека филозофите треба да ја ревидираат својата филозофија. 358 00:15:51,000 --> 00:15:53,000 Да резимирам. 359 00:15:53,000 --> 00:15:55,000 Верувам дека постои еволуирана моралност. 360 00:15:55,000 --> 00:15:57,000 Мислам дека моралноста е многу повеќе од ова за што зборував, 361 00:15:57,000 --> 00:16:00,000 но би била невозможна без овие состојки кои ги наоѓаме 362 00:16:00,000 --> 00:16:02,000 кај другите примати, 363 00:16:02,000 --> 00:16:04,000 а тоа се емпатијата и утехата, 364 00:16:04,000 --> 00:16:07,000 про-социјалните тенденции, реципрочноста и чувството за правда. 365 00:16:07,000 --> 00:16:10,000 Работиме на овие поединечни прашања 366 00:16:10,000 --> 00:16:13,000 за да видиме дали можеме да ја создадеме моралноста одоздола па нагоре, 367 00:16:13,000 --> 00:16:15,000 без притоа да ги вклучуваме Бог и религијата, 368 00:16:15,000 --> 00:16:18,000 и да видиме како да дојдеме до еволуирана моралност, 369 00:16:18,000 --> 00:16:21,000 Ви благодарам на вашето внимание. 370 00:16:21,000 --> 00:16:30,000 (Аплауз)