Научна заблуда е верувањето дека науката ја разбира природата на реалноста и дека оставила само мали празнини да се пополнат. Ова е општоприфатено верување во општеството. Тоа е еден систем на веувања кога луѓето велат: „Не верувам во Бог, верувам во науката.“ Тоа е систем на верувања распространет насекаде денес. Но,постои судир во сржта на науката помеѓу науката како метод на истражуавање заснован на причини, докази,хипотези или колективни истражувања, и науката како систем на верување или поглед на свет. За жал,аспектот на науката како поглед кон светот,го попречува и стеснува слободното истражување кое е темелот на научните стремежи. Уште од 19-от век, науката се однесува во склад со системот на верувања или поглед на светот кој во основа материјалистички. Филозофски материјализам. Науката целосно е подредена на материјалистичкиот поглед на светот. Мислам дека ако се оттргнеме од тоа, науката ќе се препороди. Во мојата книга „Научна заблуда“ -во САД издадена под наслов „Ослободена наука“- наведов десет догми или претпоставки и ги претворив во прашања. Сакав да видам колку се одржливи ако се набљудуваат од научен аспект. Ниедна од нив не беше доволно оддржлива. Прво ќе ви покажам кои се овие десет догми. Потоа подробо ќе се осврнам на 1-2 од нив. Но, пред сè, 10-те догми кои се одраз на погледот на светот на најобразованите луѓе во цел свет се: Прво: природата е механичка или слична на машина, универзумот е како машина, животните и растенијата се како машини, ние сме како машини. Всушност,ние сме машини. Ние сме„тромави роботи“ како што вели Ричард Докинс со мозоци кои се генетички програмирани компјутери.