1 00:00:00,000 --> 00:00:02,000 Јас сум раскажувач на приказни. 2 00:00:02,000 --> 00:00:05,000 И би сакала да ви раскажам неколку лични приказни 3 00:00:05,000 --> 00:00:10,000 за она што го нарекувам „опасност од еднострана приказна“. 4 00:00:10,000 --> 00:00:14,000 Израснав во универзитетски кампус во источна Нигерија. 5 00:00:14,000 --> 00:00:17,000 Мајка ми вели дека сум почнала да читам на две години, 6 00:00:17,000 --> 00:00:22,000 иако мислам дека поверојатно е дека сум имала четири. 7 00:00:22,000 --> 00:00:24,000 Значи, читам уште од мала. 8 00:00:24,000 --> 00:00:27,000 А читав американски и британски книги за деца. 9 00:00:27,000 --> 00:00:30,000 И пишував од мала. 10 00:00:30,000 --> 00:00:34,000 Отприлика на седум години почнав да пишувам приказни со молив 11 00:00:34,000 --> 00:00:36,000 што ги илустрирав со боички 12 00:00:36,000 --> 00:00:39,000 и кои мојата сирота мајка мораше да ги чита. 13 00:00:39,000 --> 00:00:43,000 Приказните што ги пишував беа исти како оние што ги читав. 14 00:00:43,000 --> 00:00:48,000 Сите ликови беа бели и со сини очи. 15 00:00:48,000 --> 00:00:50,000 Си играа во снегот. 16 00:00:50,000 --> 00:00:52,000 Јадеа јаболка. 17 00:00:52,000 --> 00:00:54,000 (Смеа) 18 00:00:54,000 --> 00:00:56,000 Постојано коментираа за времето, 19 00:00:56,000 --> 00:00:58,000 колку е убаво што конечно е сончево. 20 00:00:58,000 --> 00:01:00,000 (Смеа) 21 00:01:00,000 --> 00:01:03,000 Зборуваа вака и покрај тоа што живеев во Нигерија. 22 00:01:03,000 --> 00:01:07,000 Никогаш немав излезено од Нигерија. 23 00:01:07,000 --> 00:01:10,000 Немавме снег. Јадевме манго. 24 00:01:10,000 --> 00:01:12,000 И никогаш не зборувавме за времето, 25 00:01:12,000 --> 00:01:14,000 бидејќи немаше потреба. 26 00:01:14,000 --> 00:01:17,000 Моите ликови пиеја пиво од ѓумбир, 27 00:01:17,000 --> 00:01:19,000 затоа што ликовите од британските книги што ги читав 28 00:01:19,000 --> 00:01:21,000 пиеја пиво од ѓумбир. 29 00:01:21,000 --> 00:01:24,000 Не беше важно што немав поим што е тоа пиво од ѓумбир. 30 00:01:24,000 --> 00:01:25,000 (Смеа) 31 00:01:25,000 --> 00:01:28,000 И многу години потоа, душа давав 32 00:01:28,000 --> 00:01:30,000 да пробам пиво од ѓумбир. 33 00:01:30,000 --> 00:01:32,000 Ама тоа е друга приказна. 34 00:01:32,000 --> 00:01:34,000 Според мене, од ова се гледа 35 00:01:34,000 --> 00:01:37,000 колку длабок впечаток 36 00:01:37,000 --> 00:01:39,000 ни оставаат приказните и колку ни влијаат, 37 00:01:39,000 --> 00:01:41,000 особено како деца. 38 00:01:41,000 --> 00:01:43,000 Во сите книги што ги читав 39 00:01:43,000 --> 00:01:45,000 имаше странски ликови, 40 00:01:45,000 --> 00:01:47,000 па бев убедена дека книгите сами по себе 41 00:01:47,000 --> 00:01:50,000 мора да имаат странски ликови 42 00:01:50,000 --> 00:01:52,000 и да се за нешта 43 00:01:52,000 --> 00:01:55,000 што ми се туѓи. 44 00:01:55,000 --> 00:01:59,000 Сѐ се смени кога ги открив африканските книги. 45 00:01:59,000 --> 00:02:01,000 Ги немаше многу. 46 00:02:01,000 --> 00:02:03,000 А и многу потешко се наоѓаа од странските. 47 00:02:03,000 --> 00:02:07,000 Но, поради писатели како Чинуа Ачебе и Камара Лае 48 00:02:07,000 --> 00:02:09,000 книжевноста почнав да ја гледам 49 00:02:09,000 --> 00:02:11,000 со други очи. 50 00:02:11,000 --> 00:02:13,000 Сфатив дека и сличните на мене, 51 00:02:13,000 --> 00:02:15,000 девојките со чоколаден тен 52 00:02:15,000 --> 00:02:18,000 и со пуцвал коса што не може да се врзе во репче, 53 00:02:18,000 --> 00:02:20,000 можат да бидат во приказните. 54 00:02:20,000 --> 00:02:24,000 Така почнав да пишувам за нешта што ми се блиски. 55 00:02:24,000 --> 00:02:28,000 Ги обожавав американските и британските книги што ги читав. 56 00:02:28,000 --> 00:02:32,000 Ми ја разбранува фантазијата. Ми ги прошируваа видиците. 57 00:02:32,000 --> 00:02:34,000 Но, исто така, поради нив не знаев 58 00:02:34,000 --> 00:02:36,000 и дека во литературата, 59 00:02:36,000 --> 00:02:38,000 постојат и луѓе како мене. 60 00:02:38,000 --> 00:02:42,000 Откако ги открив африканските писатели, 61 00:02:42,000 --> 00:02:45,000 се спасив од опасноста да имам еднострана приказна 62 00:02:45,000 --> 00:02:47,000 за тоа како треба да изгледаат книгите. 63 00:02:47,000 --> 00:02:50,000 Потекнувам од просечно нигериско семејство од средната класа. 64 00:02:50,000 --> 00:02:52,000 Татко ми беше професор. 65 00:02:52,000 --> 00:02:55,000 Мајка ми беше службеничка. 66 00:02:55,000 --> 00:02:58,000 Како и сите други, 67 00:02:58,000 --> 00:03:03,000 имавме куќна послуга, обично луѓе од околните села. 68 00:03:03,000 --> 00:03:07,000 Кога наполнив осум години, дојде уште едно момче во послугата. 69 00:03:07,000 --> 00:03:09,000 Се викаше Фиде. 70 00:03:09,000 --> 00:03:12,000 За него мајка ми ни кажа 71 00:03:12,000 --> 00:03:15,000 само дека е од многу сиромашно семејство. 72 00:03:15,000 --> 00:03:17,000 Мајка ми им праќаше компири и ориз, 73 00:03:17,000 --> 00:03:20,000 како и износената облека. 74 00:03:20,000 --> 00:03:22,000 И кога немаше да ја дојадам вечерата, мајка ми ќе речеше, 75 00:03:22,000 --> 00:03:27,000 „Дојади! Знаеш дека луѓе како семејството на Фиде немаат леб да јадат“. 76 00:03:27,000 --> 00:03:31,000 Затоа, многу ми беше жал за семејството на Фиде. 77 00:03:31,000 --> 00:03:34,000 Една сабота отидовме кај него в село. 78 00:03:34,000 --> 00:03:38,000 Мајка му ни покажа кошничка од обоена рафија 79 00:03:38,000 --> 00:03:41,000 со интересна плетка, што брат му ја изработил. 80 00:03:41,000 --> 00:03:43,000 Бев вчудоневидена. 81 00:03:43,000 --> 00:03:46,000 Ни на крај памет не ми беше 82 00:03:46,000 --> 00:03:49,000 дека некој од неговото семејство може да направи било што. 83 00:03:49,000 --> 00:03:52,000 Единствено што слушав за нив е дека биле многу сиромашни, 84 00:03:52,000 --> 00:03:54,000 па не можев да ги гледам 85 00:03:54,000 --> 00:03:57,000 никако поинаку. 86 00:03:57,000 --> 00:04:01,000 Нивната сиромаштија беше мојата еднострана приказна за нив. 87 00:04:01,000 --> 00:04:03,000 Години подоцна, размислував за ова 88 00:04:03,000 --> 00:04:06,000 кога заминав од Нигерија на студии во САД. 89 00:04:06,000 --> 00:04:08,000 Имав деветнаесет години. 90 00:04:08,000 --> 00:04:12,000 Ја шокирав цимерката, што беше Американка. 91 00:04:12,000 --> 00:04:15,000 Ме праша каде сум научила англиски толку добро 92 00:04:15,000 --> 00:04:17,000 и се збуни кога ѝ кажав дека по некоја случајност 93 00:04:17,000 --> 00:04:22,000 англискиот е официјален јазик на Нигерија. 94 00:04:22,000 --> 00:04:26,000 Побара да ѝ пуштам “племенска музика”, како што ја нарекуваше, 95 00:04:26,000 --> 00:04:28,000 и се разочара 96 00:04:28,000 --> 00:04:30,000 кога ја извадив касетата од Мараја Кери. 97 00:04:30,000 --> 00:04:33,000 (Смеа) 98 00:04:33,000 --> 00:04:35,000 Мислеше дека не знам 99 00:04:35,000 --> 00:04:38,000 да уклучам шпорет. 100 00:04:38,000 --> 00:04:40,000 Ме погоди тоа што ме сожалувала 101 00:04:40,000 --> 00:04:42,000 уште пред да ме види. 102 00:04:42,000 --> 00:04:46,000 Кон мене, како Африканка, 103 00:04:46,000 --> 00:04:50,000 покажуваше еден вид снисходливо, добронамерно сожалување. 104 00:04:50,000 --> 00:04:53,000 Цимерка ми имаше еднострана приказна за Африка. 105 00:04:53,000 --> 00:04:56,000 Еднострана приказна за катастрофа. 106 00:04:56,000 --> 00:04:58,000 Во оваа еднострана приказна немаше шанси 107 00:04:58,000 --> 00:05:02,000 Африканците да имаат некаква сличност со неа. 108 00:05:02,000 --> 00:05:05,000 Немаше шанси за нешто повеќе од сожалување. 109 00:05:05,000 --> 00:05:09,000 Немаше шанси да бидеме еднакви како луѓе. 110 00:05:09,000 --> 00:05:11,000 Мора да признаам дека пред да заминам за САД 111 00:05:11,000 --> 00:05:14,000 свесно не се идентификував како Африканка. 112 00:05:14,000 --> 00:05:17,000 Но, кога и да се споменеше Африка таму, луѓето ми се обраќаа, 113 00:05:17,000 --> 00:05:21,000 без разлика што не знаев ништо за места како Намибија. 114 00:05:21,000 --> 00:05:23,000 Сепак, на крајот го прифатив овој нов идентитет 115 00:05:23,000 --> 00:05:26,000 и сега се сметам за Африканка поради многу причини. 116 00:05:26,000 --> 00:05:28,000 Сепак, многу се нервирам 117 00:05:28,000 --> 00:05:30,000 кога Африка ја нарекуваат држава. 118 00:05:30,000 --> 00:05:34,000 Последен пример за ова е летот од Лагос пред два дена 119 00:05:34,000 --> 00:05:36,000 кој цело време беше пријатен, 120 00:05:36,000 --> 00:05:38,000 освен кога од авиокомпанијата Вирџин нѐ известија 121 00:05:38,000 --> 00:05:43,000 за хуманитарната работа во „Индија, Африка и други држави“. 122 00:05:43,000 --> 00:05:44,000 (Смеа) 123 00:05:44,000 --> 00:05:48,000 По неколку години поминати во САД како Африканка, 124 00:05:48,000 --> 00:05:52,000 почнав да ѝ ги разбирам реакциите на цимерката. 125 00:05:52,000 --> 00:05:55,000 Да не пораснев во Нигерија и ако за Африка знаев само 126 00:05:55,000 --> 00:05:57,000 од општоприфатената слика, 127 00:05:57,000 --> 00:06:00,000 тогаш и јас ќе мислев дека Африка 128 00:06:00,000 --> 00:06:04,000 е земја на преубави пејзажи, преубави животни 129 00:06:04,000 --> 00:06:06,000 и неразбирливи луѓе, 130 00:06:06,000 --> 00:06:09,000 кои водат бесмислени војни, умираат од сиромаштија и сида, 131 00:06:09,000 --> 00:06:12,000 немаат право на свое мислење 132 00:06:12,000 --> 00:06:14,000 и чекаат да ги спаси 133 00:06:14,000 --> 00:06:17,000 некој љубезен бел странец. 134 00:06:17,000 --> 00:06:19,000 Тогаш би ги доживувала Африканците на ист начин 135 00:06:19,000 --> 00:06:23,000 како што го доживував семејството на Фиде кога бев мала. 136 00:06:23,000 --> 00:06:27,000 Според мене, единостраната приказна за Африка потекнува од западната литература. 137 00:06:27,000 --> 00:06:29,000 Еве еден цитат 138 00:06:29,000 --> 00:06:32,000 од делата на Џон Лок, трговец од Лондон, 139 00:06:32,000 --> 00:06:35,000 кој отпловил во западна Африка во 1561 година 140 00:06:35,000 --> 00:06:40,000 и фантастично го опишал своето патување. 141 00:06:40,000 --> 00:06:42,000 Откако црните Африканци ги опишува 142 00:06:42,000 --> 00:06:44,000 како „ѕверови без куќи“, 143 00:06:44,000 --> 00:06:48,000 вели „Тие се и луѓе без глави, 144 00:06:48,000 --> 00:06:53,000 со устата и очите на градите“. 145 00:06:53,000 --> 00:06:55,000 Кога и да го прочитам ова, се смеам. 146 00:06:55,000 --> 00:06:59,000 Фантазијата на Џон Лок е за восхит. 147 00:06:59,000 --> 00:07:01,000 Но, неговите дела се важни 148 00:07:01,000 --> 00:07:03,000 зашто го означуваат почетокот 149 00:07:03,000 --> 00:07:06,000 на традицијата на раскажување приказни за Африка на Западот, 150 00:07:06,000 --> 00:07:09,000 во која супсахарска Африка е место на негативности, 151 00:07:09,000 --> 00:07:11,000 на разлики, на мрак, 152 00:07:11,000 --> 00:07:15,000 на луѓе кои се, како што вели прекрасниот поет 153 00:07:15,000 --> 00:07:17,000 Радјард Киплинг, 154 00:07:17,000 --> 00:07:20,000 „пола ѓаволи, пола деца“. 155 00:07:20,000 --> 00:07:23,000 Така, почнав да сфаќам дека цимерката од Америка 156 00:07:23,000 --> 00:07:25,000 сигурно слушнала и видела 157 00:07:25,000 --> 00:07:27,000 само различни верзии 158 00:07:27,000 --> 00:07:29,000 на оваа еднострана приказна, 159 00:07:29,000 --> 00:07:31,000 исто како и еден професор 160 00:07:31,000 --> 00:07:36,000 кој еднаш ми рече дека мојот роман не бил „автентично африкански“. 161 00:07:36,000 --> 00:07:38,000 Искрено, спремна бев да признаам дека многу работи во романот 162 00:07:38,000 --> 00:07:40,000 не чинеа 163 00:07:40,000 --> 00:07:44,000 и дека во многу погледи тој беше неуспешен. 164 00:07:44,000 --> 00:07:46,000 Но, ни на крај памет не ми падна дека не сум успеала 165 00:07:46,000 --> 00:07:49,000 да доловам нешто наречено „африканска автентичност“. 166 00:07:49,000 --> 00:07:51,000 Всушност, не ни знаев 167 00:07:51,000 --> 00:07:54,000 што е африканска автентичност. 168 00:07:54,000 --> 00:07:56,000 Професорот ми кажа дека моите ликови 169 00:07:56,000 --> 00:07:58,000 премногу личат на него, 170 00:07:58,000 --> 00:08:00,000 образован човек од средната класа. 171 00:08:00,000 --> 00:08:02,000 Моите ликови возеа коли 172 00:08:02,000 --> 00:08:05,000 и не гладуваа. 173 00:08:05,000 --> 00:08:09,000 Затоа, тие не беа автентични Африканци. 174 00:08:09,000 --> 00:08:12,000 Но, веднаш да ви кажам дека и јас сум исто толку виновна 175 00:08:12,000 --> 00:08:15,000 во однос на едностраната приказна. 176 00:08:15,000 --> 00:08:19,000 Пред неколку години, од САД го посетив Мексико. 177 00:08:19,000 --> 00:08:21,000 Тогаш политичката клима во САД беше напната. 178 00:08:21,000 --> 00:08:25,000 Се дебатираше за имиграцијата. 179 00:08:25,000 --> 00:08:27,000 И како што често се случува во САД, 180 00:08:27,000 --> 00:08:30,000 имиграцијата стана синоним за Мексиканец. 181 00:08:30,000 --> 00:08:32,000 Се ширеа безброј приказни 182 00:08:32,000 --> 00:08:34,000 дека Мексиканците 183 00:08:34,000 --> 00:08:36,000 го дерат здравството, 184 00:08:36,000 --> 00:08:38,000 минуваат граница на црно, 185 00:08:38,000 --> 00:08:42,000 ги апсат на граница, такви работи. 186 00:08:42,000 --> 00:08:46,000 Се сеќавам на првиот ден во Гвадалахара. 187 00:08:46,000 --> 00:08:48,000 Се шетав, ги гледав луѓето како одат на работа, 188 00:08:48,000 --> 00:08:50,000 виткаат тортиљи на пазар, 189 00:08:50,000 --> 00:08:53,000 пушат, се смеат. 190 00:08:53,000 --> 00:08:56,000 Се сеќавам дека отпрвин се подизненадив. 191 00:08:56,000 --> 00:08:59,000 А потоа, пропаднав во земја. 192 00:08:59,000 --> 00:09:02,000 Сфатив дека медиумскиот приказ 193 00:09:02,000 --> 00:09:04,000 на Мексиканците толку многу ми влијаел 194 00:09:04,000 --> 00:09:06,000 што ги гледав 195 00:09:06,000 --> 00:09:09,000 само како бедни имигранти. 196 00:09:09,000 --> 00:09:11,000 Наседнав на едностраната приказна за Мексиканците 197 00:09:11,000 --> 00:09:14,000 и умрев од срам. 198 00:09:14,000 --> 00:09:16,000 Ете така се создава еднострана приказна; 199 00:09:16,000 --> 00:09:19,000 ако постојано претставувате само една особина на народот, 200 00:09:19,000 --> 00:09:21,000 само една, 201 00:09:21,000 --> 00:09:23,000 без престан, 202 00:09:23,000 --> 00:09:26,000 тогаш само по тоа и ги препознаваме. 203 00:09:26,000 --> 00:09:28,000 Невозможно е да се зборува за еднострана приказна 204 00:09:28,000 --> 00:09:31,000 без да се зборува за моќ. 205 00:09:31,000 --> 00:09:33,000 Кога и да помислам 206 00:09:33,000 --> 00:09:35,000 на структурите на моќ во светот, 207 00:09:35,000 --> 00:09:38,000 ми текнува на зборот „нкали“, од јазикот Игбо. 208 00:09:38,000 --> 00:09:40,000 Тоа е именка што во слободен превод 209 00:09:40,000 --> 00:09:43,000 значи „да се биде поголем од другиот“. 210 00:09:43,000 --> 00:09:46,000 Принципот „нкали“ 211 00:09:46,000 --> 00:09:48,000 не ги одредува само економијата и политиката, 212 00:09:48,000 --> 00:09:51,000 туку и приказните. 213 00:09:51,000 --> 00:09:53,000 Од моќта зависи како се раскажани, 214 00:09:53,000 --> 00:09:56,000 кој ги раскажува, кога ги раскажува 215 00:09:56,000 --> 00:10:00,000 и колку приказни раскажува. 216 00:10:00,000 --> 00:10:03,000 Кога имате моќ, не само што можете на другите да им раскажете приказна за еден човек, 217 00:10:03,000 --> 00:10:07,000 туку приказната да ја претставите и како единствената приказна за тој човек. 218 00:10:07,000 --> 00:10:09,000 Палестинскиот поет Моурид Бархоти пишува 219 00:10:09,000 --> 00:10:12,000 дека ако сакате да негирате еден народ, 220 00:10:12,000 --> 00:10:15,000 најлесно е да ја започнете приказната 221 00:10:15,000 --> 00:10:18,000 со „и како второ “. 222 00:10:18,000 --> 00:10:22,000 Наместо со пристигнувањето на Британците, 223 00:10:22,000 --> 00:10:25,000 почнете ја приказната со стрелите на домородците од Америка, 224 00:10:25,000 --> 00:10:28,000 и имате сосем поинаква приказна. 225 00:10:28,000 --> 00:10:30,000 Почнете ја приказната 226 00:10:30,000 --> 00:10:32,000 со пропаѓањето на африканската држава, 227 00:10:32,000 --> 00:10:36,000 а не со создавањето на африканската држава со колонизација, 228 00:10:36,000 --> 00:10:40,000 и имате сосема поинаква приказна. 229 00:10:40,000 --> 00:10:42,000 Неодамна говорев на еден универзитет, 230 00:10:42,000 --> 00:10:44,000 каде еден студент ми рече 231 00:10:44,000 --> 00:10:46,000 дека е огромна штета 232 00:10:46,000 --> 00:10:49,000 што Нигеријците се насилници, 233 00:10:49,000 --> 00:10:52,000 како ликот на таткото во мојот роман. 234 00:10:52,000 --> 00:10:54,000 Му реков дека само што го прочитав романот 235 00:10:54,000 --> 00:10:56,000 „Американски психопат“ 236 00:10:56,000 --> 00:10:58,000 (Смеа) 237 00:10:58,000 --> 00:11:00,000 и дека е жалосно 238 00:11:00,000 --> 00:11:03,000 што младите Американци се сериски убијци. 239 00:11:03,000 --> 00:11:07,000 (Смеа) 240 00:11:07,000 --> 00:11:13,000 (Аплауз) 241 00:11:13,000 --> 00:11:16,000 Секако, бев благо изреволтирана кога го реков тоа. 242 00:11:16,000 --> 00:11:18,000 (Смеа) 243 00:11:18,000 --> 00:11:20,000 Никогаш не би ми паднало на памет 244 00:11:20,000 --> 00:11:22,000 дека сите Американци се сериски убијци 245 00:11:22,000 --> 00:11:24,000 само зашто сум прочитала роман 246 00:11:24,000 --> 00:11:26,000 во кој еден од ликовите 247 00:11:26,000 --> 00:11:28,000 бил сериски убиец. 248 00:11:28,000 --> 00:11:31,000 Значи, не дека сум подобра од тој студент, 249 00:11:31,000 --> 00:11:34,000 туку заради културната и економската моќ на Америка 250 00:11:34,000 --> 00:11:36,000 имав пристап до многу приказни за Америка. 251 00:11:36,000 --> 00:11:40,000 Ги имам прочитано Тајлер, Апдајк, Стајнбек и Гејтскил. 252 00:11:40,000 --> 00:11:43,000 Немав само еднострана приказна за Америка. 253 00:11:43,000 --> 00:11:46,000 Кога дознав пред неколку години дека писателите 254 00:11:46,000 --> 00:11:50,000 требало да имаат мошне тешко детство 255 00:11:50,000 --> 00:11:52,000 за да бидат успешни, 256 00:11:52,000 --> 00:11:54,000 ми падна на ум дека можам да измислам 257 00:11:54,000 --> 00:11:56,000 триста работи што ми ги направиле моите родители. 258 00:11:56,000 --> 00:11:58,000 (Смеа) 259 00:11:58,000 --> 00:12:02,000 Што е за право, имав среќно детство, 260 00:12:02,000 --> 00:12:05,000 исполнето со смеа и љубов, и во семејството бевме многу блиски. 261 00:12:05,000 --> 00:12:09,000 Но имав и дедовци кои умреле во кампови за бегалци. 262 00:12:09,000 --> 00:12:13,000 Братучед ми Поли умре зашто не доби соодветна здравствена нега. 263 00:12:13,000 --> 00:12:16,000 Една блиска другарка, Околома, загина во авионска несреќа 264 00:12:16,000 --> 00:12:19,000 бидејќи немало вода во противпожарните камиони. 265 00:12:19,000 --> 00:12:22,000 Пораснав во време на репресивен воен режим 266 00:12:22,000 --> 00:12:24,000 што не го ценеше образованието, 267 00:12:24,000 --> 00:12:27,000 па се случуваше моите да не добијат плата. 268 00:12:27,000 --> 00:12:31,000 Така, како дете, почна да снемува мармалад за доручек, 269 00:12:31,000 --> 00:12:33,000 па снема и маргарин, 270 00:12:33,000 --> 00:12:36,000 па лебот поскапе, 271 00:12:36,000 --> 00:12:39,000 па се чекаше ред за млеко. 272 00:12:39,000 --> 00:12:42,000 Како капак на сѐ, бевме присилени да го прифатиме 273 00:12:42,000 --> 00:12:46,000 наметнатиот страв од властите. 274 00:12:46,000 --> 00:12:48,000 Сиве овие приказни ме дефинираат. 275 00:12:48,000 --> 00:12:52,000 Но, ако се фокусирам само на негативните приказни, 276 00:12:52,000 --> 00:12:55,000 го гледам животното искуство само дводимензионално 277 00:12:55,000 --> 00:12:57,000 и ги прескокнувам многуте други приказни 278 00:12:57,000 --> 00:12:59,000 што ме оформија. 279 00:12:59,000 --> 00:13:02,000 Со едностраната приказна се создаваат стереотипи. 280 00:13:02,000 --> 00:13:05,000 Не дека стереотипите 281 00:13:05,000 --> 00:13:07,000 не се вистинити, 282 00:13:07,000 --> 00:13:09,000 туку се нецелосни. 283 00:13:09,000 --> 00:13:13,000 Една приказна ја претставуваат како единствената приказна. 284 00:13:13,000 --> 00:13:15,000 Секако, Африка е континент преплавен со несреќи. 285 00:13:15,000 --> 00:13:19,000 Некои се страшни, како ѕверските силувања во Конго. 286 00:13:19,000 --> 00:13:21,000 Некои се очајни, како што во Нигерија 287 00:13:21,000 --> 00:13:26,000 за едно работно место се пријавуваат 5000 луѓе. 288 00:13:26,000 --> 00:13:29,000 Но, има и други приказни што не се за несреќи. 289 00:13:29,000 --> 00:13:33,000 Како и негативните приказни, навистина е важно да ги раскажуваме и овие добри приказни. 290 00:13:33,000 --> 00:13:35,000 Цел живот верувам дека не е можно 291 00:13:35,000 --> 00:13:38,000 човек вистински да се поврзе со едно место или личност 292 00:13:38,000 --> 00:13:42,000 без претходно да се поврзе со сите приказни за тоа место и таа личност. 293 00:13:42,000 --> 00:13:45,000 Едностраната приказна има една последица : 294 00:13:45,000 --> 00:13:48,000 го лишува човека од достоинството. 295 00:13:48,000 --> 00:13:52,000 Тешко согледуваме дека сите сме еднакви. 296 00:13:52,000 --> 00:13:55,000 Ги истакнува нашите разлики, 297 00:13:55,000 --> 00:13:57,000 а не нашите сличности. 298 00:13:57,000 --> 00:13:59,000 Што ако пред да одам во Мексико ги следев 299 00:13:59,000 --> 00:14:03,000 и американската и мексиканската страна 300 00:14:03,000 --> 00:14:05,000 на дебатата за имиграција? 301 00:14:05,000 --> 00:14:09,000 Што ако мајка ми ни имаше кажано дека семејството на Фиде е сиромашно 302 00:14:09,000 --> 00:14:11,000 и трудољубиво? 303 00:14:11,000 --> 00:14:13,000 Што ако имавме африканска национална телевизија 304 00:14:13,000 --> 00:14:17,000 која емитува најразлични африкански приказни низ целиот свет? 305 00:14:17,000 --> 00:14:19,000 Она што нигерискиот писател Чинуа Ачебе 306 00:14:19,000 --> 00:14:22,000 го нарекува „рамнотежа на приказни“. 307 00:14:22,000 --> 00:14:25,000 Што ако цимерка ми знаеше за мојот нигериски издавач, 308 00:14:25,000 --> 00:14:27,000 Мукта Бакарај, 309 00:14:27,000 --> 00:14:29,000 неверојатен човек кој си даде отказ во банката 310 00:14:29,000 --> 00:14:32,000 за да си го оствари сонот и да отвори издавачка куќа? 311 00:14:32,000 --> 00:14:36,000 Општото мислење беше дека Нигеријците не читаат литература. 312 00:14:36,000 --> 00:14:38,000 Тој не се сложуваше. Според него, 313 00:14:38,000 --> 00:14:40,000 луѓето кои знаат да читаат би читале 314 00:14:40,000 --> 00:14:44,000 доколку литературата им е поевтина и подостапна. 315 00:14:44,000 --> 00:14:47,000 Откако тој го објави мојот прв роман, 316 00:14:47,000 --> 00:14:50,000 за кратко време бев на интервју во една телевизија во Лaгос. 317 00:14:50,000 --> 00:14:53,000 Една жена која таму работеше како курир, ми пријде и ми рече: 318 00:14:53,000 --> 00:14:56,000 „Многу ми се допадна книгата, но не ми се допадна крајот. 319 00:14:56,000 --> 00:14:59,000 Напиши втор дел, и вака да биде...“ 320 00:14:59,000 --> 00:15:02,000 (Смеа) 321 00:15:02,000 --> 00:15:05,000 И продолжи да ми кажува што да напишам во вториот дел. 322 00:15:05,000 --> 00:15:08,000 Ме восхити, но и ме трогна. 323 00:15:08,000 --> 00:15:11,000 Пред мене стоеше жена, од широките народни маси во Нигерија 324 00:15:11,000 --> 00:15:14,000 што наводно не читаат. 325 00:15:14,000 --> 00:15:16,000 Но таа не само што ја имаше прочитано книгата, 326 00:15:16,000 --> 00:15:19,000 туку ја чувствуваше како своја и си зеде за право 327 00:15:19,000 --> 00:15:21,000 да ми каже што да напишам во вториот дел. 328 00:15:21,000 --> 00:15:25,000 Што ако цимерка ми знаеше за другарка ми Фуми Онда, 329 00:15:25,000 --> 00:15:28,000 бестрашна жена која води ТВ емисија во Лагос, 330 00:15:28,000 --> 00:15:31,000 и е решена да ги раскаже приказните што ги избегнуваме? 331 00:15:31,000 --> 00:15:35,000 Што ако цимерка ми знаеше за операцијата на срце 332 00:15:35,000 --> 00:15:38,000 што ја изведоа минатата недела во болницата во Лагос? 333 00:15:38,000 --> 00:15:42,000 Што ако цимерка ми знаеше за современата нигериска музика? 334 00:15:42,000 --> 00:15:45,000 Талентирани луѓе кои пеат на англиски и на пиџин, 335 00:15:45,000 --> 00:15:47,000 на игбо, на јоруба и на иџо, 336 00:15:47,000 --> 00:15:51,000 со најразлични влијанија, од Џеј-Зи до Фела, 337 00:15:51,000 --> 00:15:54,000 Боб Марли и нивните дедовци? 338 00:15:54,000 --> 00:15:56,000 Што ако цимерка ми ја знаеше адвокатката 339 00:15:56,000 --> 00:15:58,000 која неодамна отиде во суд во Нигерија 340 00:15:58,000 --> 00:16:00,000 за да оспори еден апсурден закон 341 00:16:00,000 --> 00:16:03,000 со кој на жените им се забранува да ги обноват пасошите 342 00:16:03,000 --> 00:16:06,000 без претходна дозвола од мажот? 343 00:16:06,000 --> 00:16:09,000 Што ако цимерка ми знаеше за Ноливуд, 344 00:16:09,000 --> 00:16:13,000 град полн со креативни луѓе кои снимаат филмови и покрај техничките тешкотии? 345 00:16:13,000 --> 00:16:15,000 Овие филмови се толку популарни 346 00:16:15,000 --> 00:16:17,000 што се најдобар пример 347 00:16:17,000 --> 00:16:20,000 за тоа како Нигеријците го трошат она што го произведуваат. 348 00:16:20,000 --> 00:16:23,000 Што ако цимерка ми знаеше за мојата амбициозна фризерка, 349 00:16:23,000 --> 00:16:27,000 која само што започна бизнис со надградба на коса? 350 00:16:27,000 --> 00:16:29,000 Или за милиони други Нигеријци 351 00:16:29,000 --> 00:16:31,000 кои почнуваат бизнис, понекогаш не успеваат, 352 00:16:31,000 --> 00:16:35,000 ама и понатаму се амбициозни? 353 00:16:35,000 --> 00:16:37,000 Кога и да сум дома се соочувам 354 00:16:37,000 --> 00:16:40,000 со она што секојдневно ги нервира повеќето Нигеријци: 355 00:16:40,000 --> 00:16:43,000 пропаднатата инфраструктура, пропаднатата власт. 356 00:16:43,000 --> 00:16:46,000 Но се соочувам и со неверојатно истрајни луѓе 357 00:16:46,000 --> 00:16:49,000 кои успеваат и покрај власта, 358 00:16:49,000 --> 00:16:51,000 а не поради неа. 359 00:16:51,000 --> 00:16:54,000 Секое лето во Лагос водам работилници по пишување. 360 00:16:54,000 --> 00:16:57,000 И ме зачудува колку многу луѓе се пријавуваат, 361 00:16:57,000 --> 00:17:00,000 колку многу луѓе се желни да пишуваат, 362 00:17:00,000 --> 00:17:02,000 да раскажуваат приказни. 363 00:17:02,000 --> 00:17:05,000 Со нигерискиот издавач основавме непрофитна организација, 364 00:17:05,000 --> 00:17:07,000 „Фондација Фарафина“. 365 00:17:07,000 --> 00:17:10,000 И имаме визија да изградиме библиотеки 366 00:17:10,000 --> 00:17:12,000 и да ги реновираме постоечките, 367 00:17:12,000 --> 00:17:15,000 да набавиме книги за државните училишта, 368 00:17:15,000 --> 00:17:17,000 што имаат речиси празни библиотеки, 369 00:17:17,000 --> 00:17:19,000 и да организираме уште повеќе работилници, 370 00:17:19,000 --> 00:17:21,000 за читање и пишување, 371 00:17:21,000 --> 00:17:24,000 за сите кои се желни да ги раскажат нашите бројни приказни. 372 00:17:24,000 --> 00:17:26,000 Приказните се битни. 373 00:17:26,000 --> 00:17:28,000 Важно е да се има многу приказни. 374 00:17:28,000 --> 00:17:32,000 Сведоци сме за приказни што се користеа за омаловажување и оцрнување. 375 00:17:32,000 --> 00:17:36,000 Но, исто така, приказните можат да се користат и за охрабрување и сочувствување. 376 00:17:36,000 --> 00:17:39,000 Со приказните можете да му го скршите достоинството на еден народ. 377 00:17:39,000 --> 00:17:44,000 Но, со приказните може и да се врати тоа достоинство. 378 00:17:44,000 --> 00:17:46,000 Американската писателка Алис Вокер 379 00:17:46,000 --> 00:17:48,000 вака ги опишува роднините од југот 380 00:17:48,000 --> 00:17:50,000 кои се преселиле на север. 381 00:17:50,000 --> 00:17:52,000 Им дала книга за животот на југот 382 00:17:52,000 --> 00:17:55,000 кој го оставиле зад себе. 383 00:17:55,000 --> 00:17:59,000 „Испоседнати, ја читаа книгата, 384 00:17:59,000 --> 00:18:05,000 ме слушаа кога им ја читав, и повторно како да придобија еден вид рај“. 385 00:18:05,000 --> 00:18:08,000 Би завршила со една мисла: 386 00:18:08,000 --> 00:18:11,000 Кога ја отфрламе едностраната приказна, 387 00:18:11,000 --> 00:18:14,000 кога сфаќаме дека никогаш не постои само еднострана приказна 388 00:18:14,000 --> 00:18:16,000 за едно место, 389 00:18:16,000 --> 00:18:18,000 повторно сме го придобиле рајот. 390 00:18:18,000 --> 00:18:20,000 Ви благодарам. 391 00:18:20,000 --> 00:18:28,000 (Аплауз)