Околина Да го погледнеме стариот Фројд ...Сигмунд Фројд кој дефинитивно имаше своја кариера Тој вели однесувањето е под влијание на родителите, соновите, шегите и сексот. Не мора по тој редослед, но што кажува тоа : Ова е повторно под капата на животната средина, така? Многу научни истражувања, покажаа очигледен факт дека однесувањето на човечкото суштество е креирано од околината. Ако гените предиспонираат одредено однесување, но средината не го поддржи така, тоа однесување нема да се манифестира, што во овој случај гените не се важни. Ние живееме во извонредно време, ерата на генетиката. Вашиот геном е целата низа од вашата ДНК вашата низа и мојата се малку различни тоа е зашто изгледаме различно. Јас имам кафени очи, вие можеби имате сини или сиви, но не е само површно. Насловите на медиумите кажуваат дека гените можат да ни пренесат страшни болести, можеби дури и да ја формираат нашата личност или да ни предизвикат ментални пореметувања. Изгледа дека нашите гени имаат неверојатна моќ врз нашата судбина, а сепак, би сакал да мислам дека јас сум повеќе од моите гени. Исто така, секој конектор се менува со текот на времето. Каков тип на промени се случуваат? Па, на невроните, како и на дрвјата, може да им израстат нови гранки и да ги изгубат старите. Синапсите може да бидат создадени и уништени. Синапсите можат да растат поголеми и помали. Второ прашање: Што ги предизвикува овие промени? Па, точно е дека до некој степен тие се програмирани од вашите гени. Но, тоа не е целата приказна. Затоа што постојат сигнали, електрични сигнали кои патуваат низ гранките на невроните и хемиски сигнали кои скокаат од гранка на гранка. Овие сигнали се викаат нервна активност. И постојат многу докази, дека нервната активност ги шифрира нашите мисли, чувства, перцепции, нашите ментални доживувања. Постојат многу докази и дека нервната активност може да ги смени вашите врски. Ако ги поврзете овие два факти, значи дека вашите искуства можат да го променат вашиот конектом. Заради тоа секој конектом е уникатен, дури тие и на генетски идентични близнаци. Конектомот е каде вроденото се сретнува со стекнатото. И можеби е точно дека самиот акт на мислење може да го промени вашиот конектом, идеа која што можеби ќе ви се чини поттикнувачка. Дали го слушнавте прашањето за полот кој е социјално создаден наспроти биолошкиот, хормонално создадениот пол? Се разбира дека јас доаѓам очигледно од биолошката страна, но сега верувам, поминувајќи долги години во истражување на биологијата и навистина верувајќи дека дебатата на вродено-стекнато во многу начини е мртва, во овој момент, од следнава причина : Мозокот е многу прилагодлив. Сите ние сме родени со машки или женски предиспозиции и тогаш ќе имаме хормони кои ќе го зголемат тоа коло за однесување, што е работа на хормонот. ,,Работата'' на хормонот е да не' предиспонира на одредени однесувања. Како и да е, начинот на кој сме одгледани, на пр. малите деца; Истражувањата покажаа дека малите момчиња на коишто им е кажано дека не смеат нешто да допрат тие често ќе го земат тоа и ќе го допрат, додека на малите девојчиња може да им се даде вербалнo барање да не го допираат предметот. Малите момчиња низ светот се казнувани почесто за престапи. На малите момчиња им е кажано да не плачат, ним им е кажано да бидат ,,мажи‘‘, така? Дури и на млада возраст, татковците се исплашени ако нивните момчиња прават некакви верзии на феминистичко однесување. На пример, се сеќавам кога летав од брег до брег со човек кој седеше до мене и рече: Неговиот 18 годишен син кога ја видол сестра му како отвара подарок, порано таа недела, добила чанта, и тој рекол : О, може ли и јас да добијам чанта? Тој се почувствувал, како некој да го удрил во стомакот и му се развикал на неговиот 18 годишен син: - Не, момчињата немаат чанти! Тоа ми го пренесе на мене и подоцна се осети засрамено, затоа што разбра дека неговиот син не изразуваше било што во врска со тоа да биде женствен или не... Така, овие работи, начинот на кој ги одгледуваме нашите мали момчиња или девојчиња Нашиот мозок е многу прилагодлив. На пр. ние не сме се родиле научени да свириме пијано, така? Тоа се стекнува со вежбање, вежбање, вежбање... Можете да го извежбате мозокот за разни нешта. Мислам дека целиот живот, ние сме обучени, полово обучени, да бидеме едниот начин или другиот. Мажите: изразите на лицето на пример, кога ги мерат и им ставаат електроди и потоа им покажуваат слика од гризли која што претпоставува дека треба да ги свитка и да ги направи емоционални, нивните изрази на лицето наспроти женските, всушност одговараат поемоционално додека да станат свесни, и точно после тоа, кога ќе станат свесни тие почнуваат да ги замрзнуваат нивните мускули на лицето, за муртење или смеење; Кај женските, всушност мускулите на лицето зајакнуваат а на мажите одат долу. Научниците веруваат, хипотезата e дека, мажите се тренирани да ги потиснуваат чувствата. Така, благодарам на прашањето, тоа е движечка цел за многу во нашите животи. И начините на кои сме одгледани, она што ни е дозволено, или на момчињата што им / не им е дозволено да прават, поврзано е со тоа, како тие пораснале да станат мажи. Размисли за начинот на кој реагираш, за изразот на лицето, вредностите кои што си ги прифатил начинот на кој зборуваш, сè. Запомни дека тие се резултат на средината. Човечкиот мозок нема механизам да распознае што е релевантно или не. Се сликам себеси... затоа што сакам да освојам девојка. Тоа момче е многу згодно Кога пиеме крв, тоа не' прави поцврсти. Племе среќава човек за првпат Не постои такво нешто како лоши, криминални, мрзливи, брилијантни луѓе крадци или расисти. Постојат луѓе кои се предиспонирани на такво однесување. Но, ако средината не го активира тоа во нив таквото однесување никогаш не се појавува. Запомнете, човечкиот мозок нема механизам за да распознае што е релевантно, а што не е. Најекстремниот случај е оној со Дивите деца. Диво дете е, човечко дете кое живеело изолирано од човеков контакт од многу млада возраст и нема (или има малку) искуство од човекова грижа, љубов или социјално однесување и суштествено со човечки јазик. На Дивото дете му недостасуваат основните социјални вештини кои нормално се учат во процесот на културализација. На пример, тие можеби нема да бидат во состојба да користат тоалет, да имаат проблеми во учењето да одат исправено и да покажат комплетна незаинтересираност кон човековата активност околу нив. Оксана Малаја го започна нејзиниот живот живеејќи со кучиња, отфрлена од нејзините родители, таа некако преживеела шест години, живеејќи диво, пред да биде згрижена. Постојат неколку примери на Диви деца кои можеле целосно да го надоместат занемарувањето кое што го претрпеле. Оксана сега има 22 години, но нејзината иднина се уште виси на конец. Имаат ли научниците доволно научено од претходните случаеви за да ја рехабилитираат? Шест години Оксана од својот живот, проживеа во кафез, заедно со кучиња. Целосно напуштена од мајка ѝ и татко ѝ, кога била откриена се однесувала повеќе како животно отколку како човечко дете. Два века Дивите деца се предмет на фасцинантни истражувања. Израснати без љубов или социјална интеракција, Дивите деца го поставуваат прашањето: Што е тоа што нè прави луѓе? Оксана беше родена во ноември 1983. ,,Кога бебето девојче се роди, таа тежеше 2.5кг и немаше никакви абнормалности‘‘ Џини, поминала 13 години во изолација, во речиси празна соба, лишена од каков било човеков контакт. Иако не страдала од некоја психичка болест, заради таквата средина таа се однесувала како психички болна личност. Таа не можеше да создаде социјални врски, таа не можеше да зборува дури и нејзиното одење беше чудно. После некое време, поради инсистирањето на некои луѓе да ја рехабилитираат, Џини почна да се изразува преку јазикот на знаците и да се социјализира со луѓето. Тие исто така преземаа одговорност за терапијата на Џини, се обидоа да и помогнат во борбата со хоророт од нејзиното детство. ‚‚Добро душо, отвори ја устата!‘‘ Во оваа примитивна улога на играње вежба, Мерилин се преправа дека е мајка на Џини. ,,Побрзај, побрзај затоа што нема време!‘‘ ,,Тато ќе биде лут!‘‘ Мерилин пробува да предизвика спомени од минатото на Џини. Мерилин: Се прашувам што мислиш? - Џини: (НЕЈАСЕН ОДГОВОР)... Џини е екстремен доказ на влијание на средината. И покрај се што поминала, проблемите на Џини не беа завршени. Во нејзиниот прв дом на згрижување, Џини беше строго казнувана за повраќање. Искуството беше толку трауматизирачко, така што Џини беше вратена во болница за деца каде што докторите понудија помош. Не можеш да си помогнеш. Значи сега ја држиш затворена устата за да не повратиш. Џини се плашеше да ја отвори устата. Таа назадуваше до единствениот начин што го знаеше како да биде под опсада, сосема тивко. Ако не го изложиш човековото суштество на убиство, силување, педофилија, зоофилија, некрофилија, оружје, расизам... тогаш тоа нема да знае што се тие. Тоа е исто како да пробаш да замислиш боја која што не си ја видел никогаш претходно.