0:00:00.000,0:00:03.000 Сакам да го погледнете ова бебе. 0:00:03.000,0:00:06.000 Тоа што ве привлекува се нејзините очи 0:00:06.000,0:00:09.000 и кожата која сакате да ја допрете. 0:00:09.000,0:00:12.000 Но денес ќе зборувам за нешто што не можете да го видите - 0:00:12.000,0:00:15.000 тоа што се случува во нејзиното мало мозоче. 0:00:16.000,0:00:18.000 Модерните алатки на неврологијата 0:00:18.000,0:00:21.000 ни демонстрираат дека тоа што се случува таму 0:00:21.000,0:00:24.000 не е ништо помалку значајно од „ракетна наука.“ 0:00:24.000,0:00:26.000 И тоа што го проучуваме 0:00:26.000,0:00:28.000 ќе фрли светлина 0:00:28.000,0:00:31.000 врз тоа што романтичарските писатели и поети 0:00:31.000,0:00:34.000 го опишуваа како „небесна отвореност“ 0:00:34.000,0:00:36.000 на детскиот ум. 0:00:36.000,0:00:38.000 Овде гледаме 0:00:38.000,0:00:40.000 една мајка од Индија, 0:00:40.000,0:00:42.000 која зборува Коро, 0:00:42.000,0:00:44.000 кој е новопронајден јазик. 0:00:44.000,0:00:46.000 И таа му зборува на своето бебе. 0:00:46.000,0:00:48.000 Тоа што оваа мајка - 0:00:48.000,0:00:51.000 и 800те луѓе кои зборуваат Коро во светот - 0:00:51.000,0:00:54.000 подразбираат е дека за да се зачува овој јазик, 0:00:54.000,0:00:57.000 тие треба да им го зборуваат на своите бебиња. 0:00:57.000,0:01:00.000 И тука лежи една клучна загатка. 0:01:00.000,0:01:02.000 Зошто не може да се зачува еден јазик 0:01:02.000,0:01:05.000 преку зборување на истиот на мене и тебе, на возрасните? 0:01:05.000,0:01:08.000 Тоа е поврзано со мозокот. 0:01:08.000,0:01:10.000 Овде гледаме 0:01:10.000,0:01:13.000 дека јазикот има критичен период на изучување. 0:01:13.000,0:01:16.000 Начинот на читање на овој слајд е да ја погледнете вашата возраст на хоризонталната оска. 0:01:16.000,0:01:19.000 (смеа) 0:01:19.000,0:01:21.000 А на вертикалната оска ќе ја видите 0:01:21.000,0:01:23.000 вашата способност за усвојување на втор јазик. 0:01:23.000,0:01:25.000 Бебињата и децата се генијалци 0:01:25.000,0:01:27.000 сè додека не наполнат седум години, 0:01:27.000,0:01:30.000 а потоа има систематско опаѓање. 0:01:30.000,0:01:32.000 По пубертетот веќе нè нема на мапата. 0:01:32.000,0:01:35.000 Ни научниците не ја оспоруваат оваа крива, 0:01:35.000,0:01:37.000 но лабораториите насекаде во светот 0:01:37.000,0:01:40.000 се обидуваат да сфатат зошто ова се одвива токму на овој начин. 0:01:40.000,0:01:42.000 Работата во мојата лабораторија се фокусира 0:01:42.000,0:01:44.000 на првиот критичен период во развојот - 0:01:44.000,0:01:46.000 и тоа е периодот во кој 0:01:46.000,0:01:49.000 бебињата се обидуваат да ги совладаат звуците кои се користат во нивниот јазик. 0:01:49.000,0:01:52.000 Сметаме дека преку проучување на овој процес, 0:01:52.000,0:01:54.000 ќе имаме модел за остатокот од јазикот 0:01:54.000,0:01:57.000 и евентуално за критичните периоди кои можеби постојат во детството 0:01:57.000,0:01:59.000 за социјален, емоционален 0:01:59.000,0:02:01.000 и когнитивен развој. 0:02:01.000,0:02:03.000 Па така, ги проучувавме бебињата 0:02:03.000,0:02:05.000 користејќи техника која ја користиме насекаде во светот 0:02:05.000,0:02:07.000 и звуците од сите јазици. 0:02:07.000,0:02:09.000 Бебето седи во скутот на својот родител 0:02:09.000,0:02:11.000 и ние ги обучуваме да ја вртат главата кога звукот се менува - 0:02:11.000,0:02:13.000 на пример од „а“ во „и.“ 0:02:13.000,0:02:15.000 Ако го направат тоа во вистинското време, 0:02:15.000,0:02:17.000 црната кутија почнува да свети 0:02:17.000,0:02:19.000 и мече панда чука на тапан. 0:02:19.000,0:02:21.000 Шестмесечни бебиња ја обожуваат задачата. 0:02:21.000,0:02:23.000 Што научивме? 0:02:23.000,0:02:25.000 Бебињата насекаде во светот 0:02:25.000,0:02:27.000 како што јас сакам да кажувам, 0:02:27.000,0:02:29.000 се како „граѓани на светот.“ 0:02:29.000,0:02:32.000 Можат да ги разликуваат звуците од сите јазици 0:02:32.000,0:02:35.000 без разлика која земја ја тестираме и кој јазик го употребуваме 0:02:35.000,0:02:38.000 и тоа е извонредно бидејќи ние возрасните ја немаме оваа способност. 0:02:38.000,0:02:40.000 Ние сме културно-ограничени слушатели. 0:02:40.000,0:02:42.000 Ние можеме да ги разликуваме звуците на сопствениот јазик, 0:02:42.000,0:02:44.000 но не и тие на странските јазици. 0:02:44.000,0:02:46.000 Па се поставува прашање: 0:02:46.000,0:02:48.000 кога, тие „граѓани на светот“ 0:02:48.000,0:02:51.000 се претвораат во јазично-ограничени сушатели како нас? 0:02:51.000,0:02:54.000 И одговорот: пред нивниот прв роденден. 0:02:54.000,0:02:57.000 Тука гледате изведба на задачата со вртење на главата 0:02:57.000,0:02:59.000 за бебиња тестирани во Токио и САД, 0:02:59.000,0:03:01.000 тука во Сиетл, 0:03:01.000,0:03:03.000 како слушаат „ра“ и „ла“ - 0:03:03.000,0:03:06.000 звуци важни за англискиот, но не и за јапонскиот јазик. 0:03:06.000,0:03:09.000 Па така, во првите шест до осум месеци бебињата се целосно еднакви. 0:03:09.000,0:03:12.000 Два месеци подоцна се случува нешто неверојатно. 0:03:12.000,0:03:14.000 Бебињата во САД се подобри во учењето, 0:03:14.000,0:03:16.000 а учењето кај бебињата во Јапонија се влошува, 0:03:16.000,0:03:18.000 но двете групи на бебиња 0:03:18.000,0:03:21.000 се подготвуваат за точно определениот јазик кој ќе го изучуваат. 0:03:21.000,0:03:24.000 Прашањето е следно: што се случува 0:03:24.000,0:03:26.000 за време на критичниот двомесечен период? 0:03:26.000,0:03:28.000 Ова е критичниот период за развој на слухот, 0:03:28.000,0:03:30.000 но што се случува? 0:03:30.000,0:03:32.000 Има две работи кои се случуваат. 0:03:32.000,0:03:35.000 Првата е дека бебињата нè слушаат внимателно 0:03:35.000,0:03:38.000 и додека нè слушаат како ние зборуваме - 0:03:38.000,0:03:40.000 тие собираат податоци. 0:03:40.000,0:03:43.000 Слушнете две мајки кои зборуваат галовно и мајчински - 0:03:43.000,0:03:46.000 универзалниот јазик кој сите го користиме кога зборуваме со деца - 0:03:46.000,0:03:49.000 прво на англиски, а потоа на јапонски. 0:03:49.000,0:03:52.000 (видео) Англиска мајка: Ах, што ги сакам твоите големи сини очиња - 0:03:52.000,0:03:55.000 толку се убави и слатки. 0:03:56.000,0:04:02.000 Јапонска мајка: (на јапонски) 0:04:02.000,0:04:04.000 Патриша Кул: За време на продукцијата на говор 0:04:04.000,0:04:06.000 кога бебињата слушаат, 0:04:06.000,0:04:08.000 тие собираат податоци 0:04:08.000,0:04:11.000 за јазикот кој го слушаат. 0:04:11.000,0:04:14.000 И овие распределби (стапки на фрекфентност) растат. 0:04:14.000,0:04:16.000 И тоа што научивме 0:04:16.000,0:04:19.000 е дека бебињата се чувствителни на статистиката, 0:04:19.000,0:04:22.000 а статистиките на јапонскиот и англискиот многу, многу се разликуваат. 0:04:22.000,0:04:25.000 Англискиот има многу „Р“ и „Л“, 0:04:25.000,0:04:27.000 покажува изговорот. 0:04:27.000,0:04:29.000 А изговорот кај јапонскиот е сосема поинаков, 0:04:29.000,0:04:32.000 кај него повеќе има група на средни звуци, 0:04:32.000,0:04:35.000 позната како јапонското „Р.“ 0:04:35.000,0:04:37.000 Бебињата ги апсорбираат 0:04:37.000,0:04:39.000 податоците за јазикот, 0:04:39.000,0:04:41.000 а тоа им ги менува мозоците; 0:04:41.000,0:04:43.000 ги преобразува од граѓани на светот 0:04:43.000,0:04:46.000 во културно-ограничени слушатели како што сме ние. 0:04:46.000,0:04:48.000 Но, ние како возрасни 0:04:48.000,0:04:50.000 повеќе не ги апсорбираме тие податоци. 0:04:50.000,0:04:53.000 Ние сме водени од претставите во нашата меморија 0:04:53.000,0:04:56.000 кои биле формирани рано во развојот. 0:04:56.000,0:04:58.000 Па така овде гледаме менување 0:04:58.000,0:05:01.000 на нашите сфаќања за тоа што всушност претставува критичниот период. 0:05:01.000,0:05:04.000 Од математичка гледна точка ние тврдиме 0:05:04.000,0:05:07.000 дека учењето на јазичниот материјал може да успори 0:05:07.000,0:05:09.000 кога нашиот изговор ќе се стабилизира. 0:05:09.000,0:05:12.000 Се покренуваат голем број прашања за билингвалните луѓе. 0:05:12.000,0:05:16.000 Билингвалците мораат да водат две групи на статистика во умот одеднаш 0:05:16.000,0:05:19.000 и да се префрлаат од една на друга, последователно, 0:05:19.000,0:05:21.000 зависно од личноста со која зборуваат. 0:05:21.000,0:05:23.000 Па се прашавме, 0:05:23.000,0:05:26.000 можат ли бебињата да собираат статистички податоци за сосема нов јазик? 0:05:26.000,0:05:28.000 И го тестиравме ова изложувајќи две американски бебиња 0:05:28.000,0:05:30.000 кои никогаш не слушнале втор јазик, 0:05:30.000,0:05:33.000 на мандарински за првпат за време на критичниот период. 0:05:33.000,0:05:35.000 Знаевме дека кога монолингвалците беа тестирани 0:05:35.000,0:05:38.000 во Тајпеј и Сиетл на мандарински звуци 0:05:38.000,0:05:40.000 тие ја покажаа истата шема. 0:05:40.000,0:05:42.000 Шест до осум месеци тие се целосно еднакви. 0:05:42.000,0:05:45.000 Два месеца подоцна нешто неверојатно се случува. 0:05:45.000,0:05:48.000 Но, овојпат тајванските бебиња се подобруваа во изучувањето, а не американските. 0:05:48.000,0:05:51.000 Ги изложивме американските бебиња за време на овој критичен период 0:05:51.000,0:05:53.000 на мандарински. 0:05:53.000,0:05:56.000 Беше исто како да имаат мандарински роднини кои дошле да ги посетат на еден месец, 0:05:56.000,0:05:58.000 се вселиле во вашата куќа 0:05:58.000,0:06:00.000 и зборувале со бебињата 12 сесии. 0:06:00.000,0:06:02.000 Еве како изгледаше тоа во лабораторија. 0:06:02.000,0:06:24.000 (видео) Мандарински говорител: (на мандарински) 0:06:24.000,0:06:26.000 П.К.: Што им направивме на нивните мали мозочиња? 0:06:26.000,0:06:29.000 (смеа) 0:06:29.000,0:06:31.000 Моравме да водиме контролна група 0:06:31.000,0:06:33.000 за да се осигураме дека самото доаѓање во лабораторијата 0:06:33.000,0:06:35.000 не ги подобрува „мандаринските вештини.“ 0:06:35.000,0:06:37.000 Така, група бебиња дојдоа и слушаа англиски. 0:06:37.000,0:06:39.000 И можеме да видиме од графиконот 0:06:39.000,0:06:41.000 дека изложеноста на англиски не го подобри нивниот мандарински јазик. 0:06:41.000,0:06:43.000 Но, гледајте што се случи кај бебињата 0:06:43.000,0:06:45.000 изложени на мандарински 12 сесии. 0:06:45.000,0:06:47.000 Тие беа исто толку добри како и бебињата од Тајван 0:06:47.000,0:06:50.000 кои го слушале јазикот околу 10 и пол месеци. 0:06:50.000,0:06:52.000 Се покажа 0:06:52.000,0:06:54.000 дека бебињата собираат податоци за новиот јазик. 0:06:54.000,0:06:58.000 Било што и да ставите пред нив, тие за тоа собираат податоци. 0:06:58.000,0:07:00.000 Но се прашувавме која улога 0:07:00.000,0:07:02.000 ја игра човекот 0:07:02.000,0:07:04.000 во оваа поучна вежба 0:07:04.000,0:07:06.000 Затоа тестиравме друга група бебиња 0:07:06.000,0:07:09.000 во која децата ја добија истата доза, истите 12 сесии, 0:07:09.000,0:07:11.000 но преку телевизор 0:07:11.000,0:07:14.000 и друга група бебиња кои беа изложени само на звуци 0:07:14.000,0:07:16.000 и гледаа мече на екранот. 0:07:16.000,0:07:19.000 Што им направивме на нивните мозочиња? 0:07:19.000,0:07:22.000 Тоа што го гледате тука е аудио резултатот - 0:07:22.000,0:07:24.000 скоро ништо научено - 0:07:24.000,0:07:27.000 и видео резултатот - 0:07:27.000,0:07:29.000 скоро ништо научено. 0:07:29.000,0:07:31.000 Потребен е човек 0:07:31.000,0:07:33.000 за бебињата да учат и собираат податоци. 0:07:33.000,0:07:35.000 Социјалната компонента на мозокот одредува 0:07:35.000,0:07:37.000 кога бебињата ќе прибираат податоци. 0:07:37.000,0:07:39.000 Ние сакаме да навлеземе во мозокот 0:07:39.000,0:07:41.000 и да видиме како се случува тоа 0:07:41.000,0:07:43.000 додека бебињата се пред телевизор, 0:07:43.000,0:07:45.000 за разлика од тоа кога се наоѓаат пред човек. 0:07:45.000,0:07:47.000 За среќа, имаме нова машина, 0:07:47.000,0:07:49.000 магнетоенцефалографија, 0:07:49.000,0:07:51.000 која ни овозможува да го направиме ова. 0:07:51.000,0:07:53.000 Изгледа како фен од Марс. 0:07:53.000,0:07:55.000 Но е комплетно безбедна, 0:07:55.000,0:07:58.000 целосно непопречувачка и тивка. 0:07:58.000,0:08:00.000 Гледаме со милиметарска прецизност 0:08:00.000,0:08:02.000 во поглед на просторот 0:08:02.000,0:08:04.000 и точност во милисекунди 0:08:04.000,0:08:06.000 користејќи 306 SQUIDs - 0:08:06.000,0:08:08.000 овие се суперспроводни 0:08:08.000,0:08:10.000 квантни направи за интерференција - 0:08:10.000,0:08:12.000 кои ги фаќаат магнетните полиња 0:08:12.000,0:08:14.000 кои се менуваат додека размислуваме. 0:08:14.000,0:08:16.000 Ние сме први во светот 0:08:16.000,0:08:18.000 кои снимаме бебиња 0:08:18.000,0:08:20.000 во магнетоенцефалографска машина 0:08:20.000,0:08:22.000 додека тие учат. 0:08:22.000,0:08:24.000 Ова е малата Ема. 0:08:24.000,0:08:26.000 Таа е шестмесечно бебе. 0:08:26.000,0:08:28.000 И таа слуша различни јазици 0:08:28.000,0:08:31.000 преку слушалките во нејзините уши. 0:08:31.000,0:08:33.000 Можете да забележите дека таа може да се поместува. 0:08:33.000,0:08:35.000 Ние ја надгледуваме нејзината глава 0:08:35.000,0:08:37.000 со мали сензорни топчиња во капа 0:08:37.000,0:08:40.000 па така, таа може да се поместува како сака. 0:08:40.000,0:08:42.000 Ова е брилијантно техничко постигнување. 0:08:42.000,0:08:44.000 Што гледаме? 0:08:44.000,0:08:46.000 Го гледаме бебешкиот мозок. 0:08:46.000,0:08:49.000 Додека бебето слуша збор на нејзиниот јазик, 0:08:49.000,0:08:51.000 аудиторните области се активираат, 0:08:51.000,0:08:53.000 а последователно и околните области, 0:08:53.000,0:08:56.000 за кои мислиме дека се поврзани со кохерентноста, 0:08:56.000,0:08:58.000 координирајќи го мозокот со неговите различни области 0:08:58.000,0:09:00.000 и каузалноста каде 0:09:00.000,0:09:03.000 една мозочна област поттикнува активирање на друга. 0:09:03.000,0:09:05.000 Влегуваме 0:09:05.000,0:09:08.000 во грандиозна и златна ера 0:09:08.000,0:09:11.000 на знаење за развитокот на детскиот мозок. 0:09:11.000,0:09:13.000 Ќе имаме можност да гледаме во детскиот мозок 0:09:13.000,0:09:15.000 додека тие доживуваат некаква емоција, 0:09:15.000,0:09:17.000 додека учат да зборуваат и читаат, 0:09:17.000,0:09:19.000 додека решаваат математички проблем, 0:09:19.000,0:09:21.000 додека имаат идеја. 0:09:21.000,0:09:24.000 И врз основа на мозокот ќе можеме да создадеме интервенции 0:09:24.000,0:09:27.000 за оние деца кои имаат потешкотии во учењето. 0:09:27.000,0:09:30.000 Како што поетите и писателите опишуваа, 0:09:30.000,0:09:32.000 ние ќе можеме да ја видиме, јас мислам 0:09:32.000,0:09:34.000 таа неверојатна отвореност, 0:09:34.000,0:09:36.000 таа целосна и крајна отвореност 0:09:36.000,0:09:39.000 на детскиот ум. 0:09:39.000,0:09:41.000 Преку проучување на детскиот мозок, 0:09:41.000,0:09:43.000 ќе можеме да откриеме големи вистини 0:09:43.000,0:09:45.000 за тоа што значи да си човек 0:09:45.000,0:09:47.000 и во процесот 0:09:47.000,0:09:49.000 би можеле да им помогнеме на нашите умови да останат отворени за учење 0:09:49.000,0:09:51.000 во текот на целите наши животи. 0:09:51.000,0:09:53.000 Ви благодарам. 0:09:53.000,0:09:56.000 (аплауз)