1 00:00:01,212 --> 00:00:03,342 Не сум сигурен дека секој човек овде 2 00:00:03,342 --> 00:00:06,079 е запознаен со моите фотографии. 3 00:00:06,079 --> 00:00:10,162 Сакам да започнам со тоа што ќе ви покажам неколку слики, 4 00:00:10,162 --> 00:00:13,112 а потоа ќе зборувам. 5 00:00:45,884 --> 00:00:49,836 Морам да ви кажам малку за моето минато, 6 00:00:49,836 --> 00:00:51,783 бидејќи ќе зборувам за тоа 7 00:00:51,783 --> 00:00:54,764 во мојот говор денес. 8 00:00:54,764 --> 00:00:57,900 Роден сум во 1944 во Бразил, 9 00:00:57,900 --> 00:01:01,655 во времињата кога Бразил сеуште не беше пазарна економија. 10 00:01:01,655 --> 00:01:03,538 Роден сум на фарма, 11 00:01:03,538 --> 00:01:08,040 која беше над 50% дождовна шума. 12 00:01:08,040 --> 00:01:09,660 Прекрасно место. 13 00:01:09,660 --> 00:01:13,972 Живеев со неверојатни птици и животни, 14 00:01:13,972 --> 00:01:18,213 пливав во нашите мали реки со каимани. 15 00:01:18,213 --> 00:01:21,122 Имаше околу 35 семејства кои живееја на оваа фарма 16 00:01:21,122 --> 00:01:25,404 и сè што произведувавме на оваа фарма самите го трошевме. 17 00:01:25,404 --> 00:01:27,511 Многу малку работи одеа на пазарот. 18 00:01:27,511 --> 00:01:30,221 Еднаш годишно, единственото нешто што одеше на пазарот 19 00:01:30,221 --> 00:01:31,941 беа говедата кои ги израснавме 20 00:01:31,941 --> 00:01:34,710 и патувавме околу 45 дена 21 00:01:34,710 --> 00:01:36,886 за да стигнеме до кланицата, 22 00:01:36,886 --> 00:01:39,180 носејќи илјадници грла, 23 00:01:39,180 --> 00:01:41,712 и околу 20 дена враќање назад 24 00:01:41,712 --> 00:01:44,109 за повторно да стигнеме на нашата фарма. 25 00:01:44,109 --> 00:01:46,486 Кога имав 15 години, 26 00:01:46,486 --> 00:01:49,991 морав да го напуштам ова место 27 00:01:49,991 --> 00:01:53,454 и да одам во малку поголем град -- многу поголем -- 28 00:01:53,454 --> 00:01:56,885 каде ја завршив втората половина од средно училиште. 29 00:01:56,885 --> 00:01:59,653 Таму научив различни нешта. 30 00:01:59,653 --> 00:02:02,278 Бразил почна да се урбанизира, индустријализира, 31 00:02:02,278 --> 00:02:06,693 и ја познавав политиката. Станав малку радикален, 32 00:02:06,693 --> 00:02:09,535 бев член на левичарските партии, 33 00:02:09,535 --> 00:02:12,641 и станав активист. 34 00:02:12,641 --> 00:02:15,733 Отидов на факултет за да станам економист. 35 00:02:15,733 --> 00:02:18,413 Магистрирав економија. 36 00:02:18,413 --> 00:02:21,422 Најважното нешто во мојот живот 37 00:02:21,422 --> 00:02:23,081 исто така се случи тогаш. 38 00:02:23,081 --> 00:02:25,770 Запознав една неверојатна девојка 39 00:02:25,770 --> 00:02:29,908 која ми стана доживотен најдобар пријател 40 00:02:29,908 --> 00:02:33,676 и мој соработник во сè што сум направил до сега, 41 00:02:33,676 --> 00:02:36,940 мојата сопруга, Лејла Веник Салгадо. 42 00:02:36,940 --> 00:02:38,844 Бразил многу се радикализира. 43 00:02:38,844 --> 00:02:41,756 Напорно се боревме против диктатурата, 44 00:02:41,756 --> 00:02:43,542 во тој момент беше неопходно за нас 45 00:02:43,542 --> 00:02:47,126 или да останеме во тајност со оружја во рацете, 46 00:02:47,126 --> 00:02:49,581 или да го напуштиме Бразил. Бевме многу млади, 47 00:02:49,581 --> 00:02:54,782 а нашата организација сметаште дека е подобро за нас да си одиме, 48 00:02:54,782 --> 00:02:56,136 и заминавме во Франција 49 00:02:56,136 --> 00:02:57,765 каде докторирав економија, 50 00:02:57,765 --> 00:02:59,761 а Лејла стана архитект. 51 00:02:59,761 --> 00:03:02,844 Работев за инвестициска банка. 52 00:03:02,844 --> 00:03:05,956 Бевме на многу патувања, го финансиравме развојот, 53 00:03:05,956 --> 00:03:08,661 економски проекти во Африка со Светската Банка. 54 00:03:08,661 --> 00:03:12,129 И еден ден фотографијата целосно ми го освои животот. 55 00:03:12,129 --> 00:03:13,367 Станав фотограф, 56 00:03:13,367 --> 00:03:15,983 напуштив сè и станав фотограф 57 00:03:15,983 --> 00:03:18,808 и почнав да го фотографирам 58 00:03:18,808 --> 00:03:21,804 она што беше важно за мене. 59 00:03:21,804 --> 00:03:23,990 Многумина ми велат дека сум фоторепортер, 60 00:03:23,990 --> 00:03:26,566 дека сум фотограф-антрополог, 61 00:03:26,566 --> 00:03:29,327 дека сум фотограф-активист. 62 00:03:29,327 --> 00:03:32,327 Но, јас направив многу повеќе од тоа. 63 00:03:32,327 --> 00:03:35,009 Го поистоветував фотографирањето со мојот живот. 64 00:03:35,009 --> 00:03:37,613 Целожно живеев за фотографирањето 65 00:03:37,613 --> 00:03:39,648 правев долгорочни проекти, 66 00:03:39,648 --> 00:03:42,158 и сакам да ви покажам само неколку слики, 67 00:03:42,158 --> 00:03:48,055 ќе видите во друштвените проекти, 68 00:03:48,055 --> 00:03:50,217 тогаш издадов многу книги 69 00:03:50,217 --> 00:03:53,423 за овие фотографии, 70 00:03:53,423 --> 00:03:57,178 но сега ќе ви покажам само неколку. 71 00:04:42,949 --> 00:04:46,724 Во деведесеттите, од 1994 до 2000, 72 00:04:46,724 --> 00:04:49,965 фотографирав приказна наречена Миграции. 73 00:04:49,965 --> 00:04:51,842 Стана книга. Стана шоу. 74 00:04:51,842 --> 00:04:54,600 Но во времето кога го фотографирав ова, 75 00:04:54,600 --> 00:05:00,337 минував низ многу тежок период од мојот живот, претежно во Руанда. 76 00:05:00,337 --> 00:05:04,648 Во Руанда видов тотална бруталност. 77 00:05:04,648 --> 00:05:07,813 Гледав по илјадници смртни случаи дневно. 78 00:05:07,813 --> 00:05:10,754 Ја изгубив надежта во човечкиот вид. 79 00:05:10,754 --> 00:05:14,945 Не верував дека е можно да продолжиме да живееме, 80 00:05:14,945 --> 00:05:20,492 a и ме нападнаа сопствените стафилококи. 81 00:05:20,492 --> 00:05:23,476 Бев инфициран насекаде. 82 00:05:23,476 --> 00:05:27,888 Кога имав односи со мојата жена, од мене не излегуваше сперма, 83 00:05:27,888 --> 00:05:30,715 туку крв. 84 00:05:30,715 --> 00:05:33,596 Отидов на доктор во Париз, 85 00:05:33,596 --> 00:05:36,362 му кажав дека сум многу болен. 86 00:05:36,362 --> 00:05:39,216 Тој долго ме испитуваше и ми рече: „Себастијан, 87 00:05:39,216 --> 00:05:42,353 не си болен, твојата простата е совршена. 88 00:05:42,353 --> 00:05:46,441 Она што се случило, си видел толку многу смртни случаи што и самиот умираш. 89 00:05:46,441 --> 00:05:49,360 Мораш да престанеш. Престани. 90 00:05:49,360 --> 00:05:54,201 Мораш да престанеш бидејќи во спротивно, ќе умреш.“ 91 00:05:54,201 --> 00:05:57,847 И решив да престанам. 92 00:05:57,847 --> 00:06:00,140 Ме вознемируваше фотографирањето, 93 00:06:00,140 --> 00:06:02,161 и сè на светот, 94 00:06:02,161 --> 00:06:06,001 и одлучив да се вратам онаму каде се родив. 95 00:06:06,001 --> 00:06:07,605 Беше голема случајност. 96 00:06:07,605 --> 00:06:11,016 Беше периодот кога моите родители остареа. 97 00:06:11,016 --> 00:06:14,577 Имам седум сестри. Јас сум единствениот маж во семејството, 98 00:06:14,577 --> 00:06:16,445 и тие заедно ја донесоа одлуката 99 00:06:16,445 --> 00:06:19,145 да ни го препишат имотот на Лејла и мене. 100 00:06:19,145 --> 00:06:24,761 Кога ја добивме земјата, беше мртва исто колку и јас. 101 00:06:24,761 --> 00:06:28,065 Кога бев дете, беше повеќе од 50% дождовна шума. 102 00:06:28,065 --> 00:06:29,587 Кога ја добивме земјата, 103 00:06:29,587 --> 00:06:33,362 на целото подрачје имаше помалку од 104 00:06:33,362 --> 00:06:35,007 пола процент дождовна шума. 105 00:06:35,007 --> 00:06:37,936 Поради развојот на Бразил, 106 00:06:37,936 --> 00:06:40,723 уништивме многу голем дел од нашата шума. 107 00:06:40,723 --> 00:06:42,706 Исто како што направивте вие во САД 108 00:06:42,706 --> 00:06:44,994 или во Индија и секаде на планетата. 109 00:06:44,994 --> 00:06:46,672 Поради нашиот развој, 110 00:06:46,672 --> 00:06:48,755 дојдовме до огромна контрадикција 111 00:06:48,755 --> 00:06:52,490 и уништивме сè околу нас. 112 00:06:52,490 --> 00:06:56,155 Оваа фарма која имаше над илјадници грла говеда 113 00:06:56,155 --> 00:06:58,322 сега имаше само неколку стотици, 114 00:06:58,322 --> 00:07:00,727 и не знаевме што да правиме. 115 00:07:00,727 --> 00:07:04,627 Лејла доби една неверојатна, луда идеја. 116 00:07:04,627 --> 00:07:09,274 Таа рече, зошто да не ја вратиме дождовната шума што беше тука претходно? 117 00:07:09,274 --> 00:07:10,780 Велиш дека си бил роден во рај. 118 00:07:10,780 --> 00:07:13,706 Ајде повторно да го направиме рајот. 119 00:07:13,706 --> 00:07:16,538 И отидов да видам еден добар пријател, 120 00:07:16,538 --> 00:07:18,071 шумарски инженер 121 00:07:18,071 --> 00:07:19,969 да ни подготви проект, 122 00:07:19,969 --> 00:07:22,150 и почнавме. Започнавме да садиме, и 123 00:07:22,150 --> 00:07:26,407 првата година изгубивме многу дрвја, втората година помалку, 124 00:07:26,407 --> 00:07:31,468 и полека, полека оваа мртва земја почна да се прераѓа. 125 00:07:31,468 --> 00:07:34,831 Почнавме да садиме стотици и илјадници дрвја, 126 00:07:34,831 --> 00:07:38,271 само локални видови, само домашни видови, 127 00:07:38,271 --> 00:07:41,812 изградивме екосистем идентичен на оној кој беше уништен, 128 00:07:41,812 --> 00:07:46,120 и животот почна да се враќа на неверојатен начин. 129 00:07:46,120 --> 00:07:48,919 Беше неопходно за нас да ја претвориме нашата земја 130 00:07:48,919 --> 00:07:50,361 во национален парк. 131 00:07:50,361 --> 00:07:53,019 Тоа го направивме. Ја вративме природата во оваа земја. 132 00:07:53,019 --> 00:07:54,394 Стана национален парк. 133 00:07:54,394 --> 00:07:58,144 Формиравме институција наречена Instituto Terra, 134 00:07:58,144 --> 00:08:03,123 и направивме голем проект за да собереме пари. 135 00:08:03,123 --> 00:08:06,908 Тука во Лос Анџелес, во заливот во Сан Франциско, 136 00:08:06,908 --> 00:08:09,059 започна да се одбива од даноците во САД. 137 00:08:09,059 --> 00:08:12,387 Собравме пари во Шпанија, Италија и многу во Бразил. 138 00:08:12,387 --> 00:08:14,595 Работевме со многу компании во Бразил 139 00:08:14,595 --> 00:08:16,843 што вложија пари во овој проект, а и владата. 140 00:08:16,843 --> 00:08:21,027 Животот се враќаше, а јас имав голема желба 141 00:08:21,027 --> 00:08:24,443 да се вратам на фотографијата, повторно да фотографирам. 142 00:08:24,443 --> 00:08:27,738 Овој пат, не сакав да ја фотографирам 143 00:08:27,738 --> 00:08:32,321 единствената врста на животни која ја фотографирав целиот мој живот: нас. 144 00:08:32,321 --> 00:08:34,689 Сакав да ги фотографирам другите животни, 145 00:08:34,689 --> 00:08:36,681 да ги фотографирам пејзажите, 146 00:08:36,681 --> 00:08:40,127 да нè фотографирам нас, но од почетокот, 147 00:08:40,127 --> 00:08:42,657 од времето кога живеевме во рамнотежа со природата. 148 00:08:42,657 --> 00:08:47,210 Така и почнав. Започнав на почетокот на 2004, 149 00:08:47,210 --> 00:08:50,410 и завршив на крај на 2011. 150 00:08:50,410 --> 00:08:53,103 Направивме неверојатна количина на фотографии, 151 00:08:53,103 --> 00:08:56,673 а резултатот - Лејла ги дизајнираше сите мои книги и сите мои говори. 152 00:08:56,673 --> 00:08:58,287 Таа е креаторот на сите говори. 153 00:08:59,737 --> 00:09:02,044 Со овие фотографии сакаме 154 00:09:02,044 --> 00:09:08,456 да отвориме дискусија за она недопреното што го имаме на планетата 155 00:09:08,456 --> 00:09:10,979 и што мора да задржиме на оваа планета 156 00:09:10,979 --> 00:09:14,277 доколку сакаме да живееме, да имаме некаква рамнотежа во животот. 157 00:09:14,277 --> 00:09:16,788 И сакав да нè видам нас 158 00:09:16,788 --> 00:09:22,655 кога сме го користеле каменот како орудија. 159 00:09:22,655 --> 00:09:24,812 Сеуште постоиме. Мината недела бев 160 00:09:24,812 --> 00:09:27,708 во Националната Индијанска Фондација во Бразил, 161 00:09:27,708 --> 00:09:31,014 и само во Амазон има околу 110 групи 162 00:09:31,014 --> 00:09:33,945 Индијанци со кои сеуште немаме контакт. 163 00:09:33,945 --> 00:09:36,478 Во смисла на тоа, мора да ги зачуваме шумите. 164 00:09:36,478 --> 00:09:41,313 И со овие фотографии, се надевам дека може да креираме 165 00:09:41,313 --> 00:09:43,542 систем од информации. 166 00:09:43,542 --> 00:09:47,288 Се обидовме да ја прикажеме планетата на нов начин 167 00:09:47,288 --> 00:09:49,214 и сега сакам да ви покажам неколку слики 168 00:09:49,214 --> 00:09:52,483 од овој проект. 169 00:11:47,543 --> 00:11:49,975 Ова - (Аплауз) - 170 00:11:49,975 --> 00:11:54,538 Многу ви благодарам. 171 00:11:57,142 --> 00:12:00,228 Мора напорно да се бориме за ова 172 00:12:00,228 --> 00:12:02,119 да остане онака како што е. 173 00:12:02,119 --> 00:12:06,230 Но, постои и уште нешто кое мора заедно одново да го изградиме, 174 00:12:06,230 --> 00:12:10,247 да формираме друштво, модерно семејство од друштва, 175 00:12:10,247 --> 00:12:12,886 од овде не можеме да се вратиме назад. 176 00:12:12,886 --> 00:12:15,094 Но ние создаваме неверојатна контрадикторност. 177 00:12:15,094 --> 00:12:17,390 За да го изградиме сè ова, уништуваме многу. 178 00:12:17,390 --> 00:12:19,600 Нашата шума во Бразил, древната шума 179 00:12:19,600 --> 00:12:22,486 која беше голема колку Калифорнија, 180 00:12:22,486 --> 00:12:25,160 денес е 93% уништена. 181 00:12:25,160 --> 00:12:28,154 Овде на западниот брег и вие сте ги уништиле вашите шуми. 182 00:12:28,154 --> 00:12:31,391 И овде. Шумите со црвени дрвја исчезнаа. 183 00:12:31,391 --> 00:12:33,258 Многу брзо исчезнаа. 184 00:12:33,258 --> 00:12:35,927 Доаѓајќи тука од Атланта пред два дена 185 00:12:35,927 --> 00:12:37,771 летав преку пустини 186 00:12:37,771 --> 00:12:40,631 кои самите сме ги напрaвиле со сопствените раце. 187 00:12:40,631 --> 00:12:43,290 Индија нема веќе дрјва, ниту Шпанија. 188 00:12:43,290 --> 00:12:46,799 Мора да ги обновиме сите овие шуми. 189 00:12:46,799 --> 00:12:50,447 Тоа е суштината на нашите животи, овие шуми. 190 00:12:50,447 --> 00:12:54,689 Мора да дишеме. Единствената фабрика 191 00:12:54,689 --> 00:12:58,265 која може да го претвори јаглеродниот-диоксид во кислород, 192 00:12:58,265 --> 00:13:00,009 се шумите. 193 00:13:00,009 --> 00:13:04,363 Единствените машини способни да го заробат јаглеродот 194 00:13:04,363 --> 00:13:07,214 кој го произведуваме, 195 00:13:07,214 --> 00:13:11,379 дури и кога ќе го намалиме, што и да правиме, произведуваме CO2, 196 00:13:11,379 --> 00:13:12,878 се дрвјата. 197 00:13:12,878 --> 00:13:17,244 Пред три или четири недели го поставив прашањето - 198 00:13:17,244 --> 00:13:18,933 видовме во весниците 199 00:13:18,933 --> 00:13:21,825 милиони риби умреле во Норвешка. 200 00:13:21,825 --> 00:13:24,841 Недостаток на кислород во водата. 201 00:13:24,841 --> 00:13:27,073 Се запрашав, ако за момент 202 00:13:27,073 --> 00:13:31,060 недостасува кислород за сите животниски видови, 203 00:13:31,060 --> 00:13:34,498 вклучувајќи го и нашиот -- тоа би било многу сложено за нас. 204 00:13:34,498 --> 00:13:38,802 За водениот систем, дрвјата се неопходни. 205 00:13:38,802 --> 00:13:42,474 Ќе ви дадам краток пример кој лесно ќе го разберете. 206 00:13:42,474 --> 00:13:46,400 Вие среќници кои имате многу коса на главата, 207 00:13:46,400 --> 00:13:49,565 ако се истуширате, ви треба 208 00:13:49,565 --> 00:13:53,089 два или три часа за да ја исушите косата 209 00:13:53,089 --> 00:13:55,410 доколку не употребите фен. 210 00:13:55,410 --> 00:14:00,191 Мене ми треба една минута и сум сув. Исто е и со дрвјата. 211 00:14:00,191 --> 00:14:02,893 Дрвјата се косата на нашата планета. 212 00:14:02,893 --> 00:14:06,682 Кога врне дожд во места без дрвја, 213 00:14:06,682 --> 00:14:10,110 само за неколку минути, водата стига до потокот, 214 00:14:10,110 --> 00:14:12,693 носи земја, уништувајќи го нашиот извор за вода, 215 00:14:12,693 --> 00:14:14,600 ги уништува реките и влажноста 216 00:14:14,600 --> 00:14:16,010 не може да се задржи. 217 00:14:16,010 --> 00:14:20,301 Кај дрвјата, кореновиот систем ја задржува водата. 218 00:14:20,301 --> 00:14:23,029 Сите гранки од дрвјата, лисјата кои паѓаат 219 00:14:23,029 --> 00:14:25,091 прават влажна површина 220 00:14:25,091 --> 00:14:29,811 и со месеци се под вода, стигаат до реките 221 00:14:29,811 --> 00:14:33,011 и го одржуваат нашиот извор, нашите реки. 222 00:14:33,011 --> 00:14:35,015 Ова е најважното нешто, 223 00:14:35,015 --> 00:14:39,478 кога ќе сфатиме дека водата ни е потребна за секоја активност во животот. 224 00:14:39,478 --> 00:14:41,666 Сега за крај сакам да ви покажам 225 00:14:41,666 --> 00:14:44,366 неколку фотографии кои за мене 226 00:14:44,366 --> 00:14:47,305 се многу важни во таа насока. 227 00:14:47,305 --> 00:14:49,455 Се сеќавате дека ви кажав 228 00:14:49,455 --> 00:14:51,558 кога ја добив фармата од моите родители 229 00:14:51,558 --> 00:14:54,358 таа фарма беше мојот рај. 230 00:14:54,358 --> 00:14:59,868 Земјата потполно уништена и исушена од ерозијата. 231 00:14:59,868 --> 00:15:02,424 Но, на оваа слика можете да видите, 232 00:15:02,424 --> 00:15:06,439 започнавме да градиме едукативен центар 233 00:15:06,439 --> 00:15:11,403 кој стана прилично голем центар за заштита на околината во Бразил. 234 00:15:11,403 --> 00:15:15,741 Но, во оваа слика можете да видите многу мали точки. 235 00:15:15,741 --> 00:15:19,318 Кај секоја точка, ние засадивме дрво. 236 00:15:19,318 --> 00:15:20,893 Има илјадници дрвја. 237 00:15:20,893 --> 00:15:24,101 Сега ќе ви ги покажам фотографиите од истото место 238 00:15:24,101 --> 00:15:26,178 пред два месеци. 239 00:15:27,807 --> 00:15:35,154 (Аплауз) 240 00:15:36,857 --> 00:15:38,615 На почетокот ви кажав дека беше 241 00:15:38,615 --> 00:15:43,415 неопходно да засадиме околу 2.5 милиони дрвја 242 00:15:43,415 --> 00:15:45,854 од околу 200 различни врсти 243 00:15:45,854 --> 00:15:49,094 за одново да го изградиме екосистемот. 244 00:15:49,094 --> 00:15:51,629 И ќе ви ја покажам последната фотографија. 245 00:15:51,629 --> 00:15:54,798 Сега имаме 2 милиони дрвја. 246 00:15:54,798 --> 00:15:56,447 Правиме секвестрација 247 00:15:56,447 --> 00:16:00,901 на околу 100,000 тони јаглерод со овие дрвја. 248 00:16:00,901 --> 00:16:05,445 Мои пријатели, многу е лесно да се направи тоа. Ние го направивме, зарем не? 249 00:16:05,445 --> 00:16:07,757 Поради несреќата која ми се случи мене, 250 00:16:07,757 --> 00:16:11,157 се вративме и изградивме екосистем. 251 00:16:11,157 --> 00:16:13,824 Верувам дека сите ние во оваа просторија, 252 00:16:13,824 --> 00:16:17,360 имаме ист интерес 253 00:16:17,360 --> 00:16:19,796 и овој модел кој го креиравме во Бразил 254 00:16:19,796 --> 00:16:21,141 може да го пренесеме и тука. 255 00:16:21,141 --> 00:16:24,164 Можеме да го примениме секаде. 256 00:16:24,164 --> 00:16:27,112 И верувам дека можеме тоа да го направиме заедно. 257 00:16:27,112 --> 00:16:28,741 Ви благодарам многу. 258 00:16:28,741 --> 00:16:33,388 (Аплауз)