0:00:01.212,0:00:03.342 Не сум сигурен дека секој човек овде 0:00:03.342,0:00:06.079 е запознаен со моите фотографии. 0:00:06.079,0:00:10.162 Сакам да започнам со тоа[br]што ќе ви покажам неколку слики, 0:00:10.162,0:00:13.112 а потоа ќе зборувам. 0:00:45.884,0:00:49.836 Морам да ви кажам малку за моето минато, 0:00:49.836,0:00:51.783 бидејќи ќе зборувам за тоа 0:00:51.783,0:00:54.764 во мојот говор денес. 0:00:54.764,0:00:57.900 Роден сум во 1944 во Бразил, 0:00:57.900,0:01:01.655 во времињата кога Бразил сеуште [br]не беше пазарна економија. 0:01:01.655,0:01:03.538 Роден сум на фарма, 0:01:03.538,0:01:08.040 која беше над 50% дождовна шума. 0:01:08.040,0:01:09.660 Прекрасно место. 0:01:09.660,0:01:13.972 Живеев со неверојатни птици и животни, 0:01:13.972,0:01:18.213 пливав во нашите мали реки со каимани. 0:01:18.213,0:01:21.122 Имаше околу 35 семејства кои [br]живееја на оваа фарма 0:01:21.122,0:01:25.404 и сè што произведувавме на [br]оваа фарма самите го трошевме. 0:01:25.404,0:01:27.511 Многу малку работи одеа на пазарот. 0:01:27.511,0:01:30.221 Еднаш годишно, единственото [br]нешто што одеше на пазарот 0:01:30.221,0:01:31.941 беа говедата кои ги израснавме 0:01:31.941,0:01:34.710 и патувавме околу 45 дена 0:01:34.710,0:01:36.886 за да стигнеме до кланицата, 0:01:36.886,0:01:39.180 носејќи илјадници грла, 0:01:39.180,0:01:41.712 и околу 20 дена враќање назад 0:01:41.712,0:01:44.109 за повторно да стигнеме на нашата фарма. 0:01:44.109,0:01:46.486 Кога имав 15 години, 0:01:46.486,0:01:49.991 морав да го напуштам ова место 0:01:49.991,0:01:53.454 и да одам во малку поголем град [br]-- многу поголем -- 0:01:53.454,0:01:56.885 каде ја завршив втората [br]половина од средно училиште. 0:01:56.885,0:01:59.653 Таму научив различни нешта. 0:01:59.653,0:02:02.278 Бразил почна да се урбанизира, [br]индустријализира, 0:02:02.278,0:02:06.693 и ја познавав политиката. [br]Станав малку радикален, 0:02:06.693,0:02:09.535 бев член на левичарските партии, 0:02:09.535,0:02:12.641 и станав активист. 0:02:12.641,0:02:15.733 Отидов на факултет за да станам економист. 0:02:15.733,0:02:18.413 Магистрирав економија. 0:02:18.413,0:02:21.422 Најважното нешто во мојот живот 0:02:21.422,0:02:23.081 исто така се случи тогаш. 0:02:23.081,0:02:25.770 Запознав една неверојатна девојка 0:02:25.770,0:02:29.908 која ми стана доживотен најдобар пријател 0:02:29.908,0:02:33.676 и мој соработник во сè [br]што сум направил до сега, 0:02:33.676,0:02:36.940 мојата сопруга, Лејла Веник Салгадо. 0:02:36.940,0:02:38.844 Бразил многу се радикализира. 0:02:38.844,0:02:41.756 Напорно се боревме против диктатурата, 0:02:41.756,0:02:43.542 во тој момент беше неопходно за нас 0:02:43.542,0:02:47.126 или да останеме во тајност [br]со оружја во рацете, 0:02:47.126,0:02:49.581 или да го напуштиме Бразил. [br]Бевме многу млади, 0:02:49.581,0:02:54.782 а нашата организација сметаште [br]дека е подобро за нас да си одиме, 0:02:54.782,0:02:56.136 и заминавме во Франција 0:02:56.136,0:02:57.765 каде докторирав економија, 0:02:57.765,0:02:59.761 а Лејла стана архитект. 0:02:59.761,0:03:02.844 Работев за инвестициска банка. 0:03:02.844,0:03:05.956 Бевме на многу патувања, [br]го финансиравме развојот, 0:03:05.956,0:03:08.661 економски проекти во Африка[br]со Светската Банка. 0:03:08.661,0:03:12.129 И еден ден фотографијата целосно [br]ми го освои животот. 0:03:12.129,0:03:13.367 Станав фотограф, 0:03:13.367,0:03:15.983 напуштив сè и станав фотограф 0:03:15.983,0:03:18.808 и почнав да го фотографирам 0:03:18.808,0:03:21.804 она што беше важно за мене. 0:03:21.804,0:03:23.990 Многумина ми велат дека сум фоторепортер, 0:03:23.990,0:03:26.566 дека сум фотограф-антрополог, 0:03:26.566,0:03:29.327 дека сум фотограф-активист. 0:03:29.327,0:03:32.327 Но, јас направив многу повеќе од тоа. 0:03:32.327,0:03:35.009 Го поистоветував фотографирањето [br]со мојот живот. 0:03:35.009,0:03:37.613 Целожно живеев за фотографирањето 0:03:37.613,0:03:39.648 правев долгорочни проекти, 0:03:39.648,0:03:42.158 и сакам да ви покажам само неколку слики, 0:03:42.158,0:03:48.055 ќе видите во друштвените проекти, 0:03:48.055,0:03:50.217 тогаш издадов многу книги 0:03:50.217,0:03:53.423 за овие фотографии, 0:03:53.423,0:03:57.178 но сега ќе ви покажам само неколку. 0:04:42.949,0:04:46.724 Во деведесеттите, од 1994 до 2000, 0:04:46.724,0:04:49.965 фотографирав приказна наречена Миграции. 0:04:49.965,0:04:51.842 Стана книга. Стана шоу. 0:04:51.842,0:04:54.600 Но во времето кога го фотографирав ова, 0:04:54.600,0:05:00.337 минував низ многу тежок период [br]од мојот живот, претежно во Руанда. 0:05:00.337,0:05:04.648 Во Руанда видов тотална бруталност. 0:05:04.648,0:05:07.813 Гледав по илјадници смртни случаи дневно. 0:05:07.813,0:05:10.754 Ја изгубив надежта во човечкиот вид. 0:05:10.754,0:05:14.945 Не верував дека е можно да [br]продолжиме да живееме, 0:05:14.945,0:05:20.492 a и ме нападнаа сопствените стафилококи. 0:05:20.492,0:05:23.476 Бев инфициран насекаде. 0:05:23.476,0:05:27.888 Кога имав односи со мојата жена, [br]од мене не излегуваше сперма, 0:05:27.888,0:05:30.715 туку крв. 0:05:30.715,0:05:33.596 Отидов на доктор во Париз, 0:05:33.596,0:05:36.362 му кажав дека сум многу болен. 0:05:36.362,0:05:39.216 Тој долго ме испитуваше [br]и ми рече: „Себастијан, 0:05:39.216,0:05:42.353 не си болен, твојата простата е совршена. 0:05:42.353,0:05:46.441 Она што се случило, си видел толку многу[br]смртни случаи што и самиот умираш. 0:05:46.441,0:05:49.360 Мораш да престанеш. Престани. 0:05:49.360,0:05:54.201 Мораш да престанеш бидејќи [br]во спротивно, ќе умреш.“ 0:05:54.201,0:05:57.847 И решив да престанам. 0:05:57.847,0:06:00.140 Ме вознемируваше фотографирањето, 0:06:00.140,0:06:02.161 и сè на светот, 0:06:02.161,0:06:06.001 и одлучив да се вратам [br]онаму каде се родив. 0:06:06.001,0:06:07.605 Беше голема случајност. 0:06:07.605,0:06:11.016 Беше периодот кога моите родители остареа. 0:06:11.016,0:06:14.577 Имам седум сестри. Јас сум [br]единствениот маж во семејството, 0:06:14.577,0:06:16.445 и тие заедно ја донесоа одлуката 0:06:16.445,0:06:19.145 да ни го препишат имотот [br]на Лејла и мене. 0:06:19.145,0:06:24.761 Кога ја добивме земјата, [br]беше мртва исто колку и јас. 0:06:24.761,0:06:28.065 Кога бев дете, беше повеќе [br]од 50% дождовна шума. 0:06:28.065,0:06:29.587 Кога ја добивме земјата, 0:06:29.587,0:06:33.362 на целото подрачје имаше помалку од 0:06:33.362,0:06:35.007 пола процент дождовна шума. 0:06:35.007,0:06:37.936 Поради развојот на Бразил, 0:06:37.936,0:06:40.723 уништивме многу голем дел од нашата шума. 0:06:40.723,0:06:42.706 Исто како што направивте вие во САД 0:06:42.706,0:06:44.994 или во Индија и секаде на планетата. 0:06:44.994,0:06:46.672 Поради нашиот развој, 0:06:46.672,0:06:48.755 дојдовме до огромна контрадикција 0:06:48.755,0:06:52.490 и уништивме сè околу нас. 0:06:52.490,0:06:56.155 Оваа фарма која имаше над [br]илјадници грла говеда 0:06:56.155,0:06:58.322 сега имаше само неколку стотици, 0:06:58.322,0:07:00.727 и не знаевме што да правиме. 0:07:00.727,0:07:04.627 Лејла доби една [br]неверојатна, луда идеја. 0:07:04.627,0:07:09.274 Таа рече, зошто да не ја вратиме [br]дождовната шума што беше тука претходно? 0:07:09.274,0:07:10.780 Велиш дека си бил роден во рај. 0:07:10.780,0:07:13.706 Ајде повторно да го направиме рајот. 0:07:13.706,0:07:16.538 И отидов да видам еден добар пријател, 0:07:16.538,0:07:18.071 шумарски инженер 0:07:18.071,0:07:19.969 да ни подготви проект, 0:07:19.969,0:07:22.150 и почнавме. Започнавме да садиме, и 0:07:22.150,0:07:26.407 првата година изгубивме многу [br]дрвја, втората година помалку, 0:07:26.407,0:07:31.468 и полека, полека оваа мртва [br]земја почна да се прераѓа. 0:07:31.468,0:07:34.831 Почнавме да садиме стотици [br]и илјадници дрвја, 0:07:34.831,0:07:38.271 само локални видови, само домашни видови, 0:07:38.271,0:07:41.812 изградивме екосистем идентичен [br]на оној кој беше уништен, 0:07:41.812,0:07:46.120 и животот почна да се враќа [br]на неверојатен начин. 0:07:46.120,0:07:48.919 Беше неопходно за нас да [br]ја претвориме нашата земја 0:07:48.919,0:07:50.361 во национален парк. 0:07:50.361,0:07:53.019 Тоа го направивме. Ја вративме [br]природата во оваа земја. 0:07:53.019,0:07:54.394 Стана национален парк. 0:07:54.394,0:07:58.144 Формиравме институција [br]наречена Instituto Terra, 0:07:58.144,0:08:03.123 и направивме голем проект [br]за да собереме пари. 0:08:03.123,0:08:06.908 Тука во Лос Анџелес, во [br]заливот во Сан Франциско, 0:08:06.908,0:08:09.059 започна да се одбива од даноците во САД. 0:08:09.059,0:08:12.387 Собравме пари во Шпанија, [br]Италија и многу во Бразил. 0:08:12.387,0:08:14.595 Работевме со многу компании во Бразил 0:08:14.595,0:08:16.843 што вложија пари во овој [br]проект, а и владата. 0:08:16.843,0:08:21.027 Животот се враќаше, а јас [br]имав голема желба 0:08:21.027,0:08:24.443 да се вратам на фотографијата, [br]повторно да фотографирам. 0:08:24.443,0:08:27.738 Овој пат, не сакав да ја фотографирам 0:08:27.738,0:08:32.321 единствената врста на животни која ја [br]фотографирав целиот мој живот: нас. 0:08:32.321,0:08:34.689 Сакав да ги фотографирам другите животни, 0:08:34.689,0:08:36.681 да ги фотографирам пејзажите, 0:08:36.681,0:08:40.127 да нè фотографирам нас, но од почетокот, 0:08:40.127,0:08:42.657 од времето кога живеевме [br]во рамнотежа со природата. 0:08:42.657,0:08:47.210 Така и почнав. Започнав [br]на почетокот на 2004, 0:08:47.210,0:08:50.410 и завршив на крај на 2011. 0:08:50.410,0:08:53.103 Направивме неверојатна [br]количина на фотографии, 0:08:53.103,0:08:56.673 а резултатот - Лејла ги дизајнираше [br]сите мои книги и сите мои говори. 0:08:56.673,0:08:58.287 Таа е креаторот на сите говори. 0:08:59.737,0:09:02.044 Со овие фотографии сакаме 0:09:02.044,0:09:08.456 да отвориме дискусија за она [br]недопреното што го имаме на планетата 0:09:08.456,0:09:10.979 и што мора да задржиме на оваа планета 0:09:10.979,0:09:14.277 доколку сакаме да живееме, да имаме [br]некаква рамнотежа во животот. 0:09:14.277,0:09:16.788 И сакав да нè видам нас 0:09:16.788,0:09:22.655 кога сме го користеле [br]каменот како орудија. 0:09:22.655,0:09:24.812 Сеуште постоиме. Мината недела бев 0:09:24.812,0:09:27.708 во Националната Индијанска [br]Фондација во Бразил, 0:09:27.708,0:09:31.014 и само во Амазон има околу 110 групи 0:09:31.014,0:09:33.945 Индијанци со кои сеуште немаме контакт. 0:09:33.945,0:09:36.478 Во смисла на тоа, мора [br]да ги зачуваме шумите. 0:09:36.478,0:09:41.313 И со овие фотографии, се [br]надевам дека може да креираме 0:09:41.313,0:09:43.542 систем од информации. 0:09:43.542,0:09:47.288 Се обидовме да ја прикажеме [br]планетата на нов начин 0:09:47.288,0:09:49.214 и сега сакам да ви покажам неколку слики 0:09:49.214,0:09:52.483 од овој проект. 0:11:47.543,0:11:49.975 Ова - (Аплауз) - 0:11:49.975,0:11:54.538 Многу ви благодарам. 0:11:57.142,0:12:00.228 Мора напорно да се бориме за ова 0:12:00.228,0:12:02.119 да остане онака како што е. 0:12:02.119,0:12:06.230 Но, постои и уште нешто кое мора [br]заедно одново да го изградиме, 0:12:06.230,0:12:10.247 да формираме друштво, модерно [br]семејство од друштва, 0:12:10.247,0:12:12.886 од овде не можеме да се вратиме назад. 0:12:12.886,0:12:15.094 Но ние создаваме неверојатна[br]контрадикторност. 0:12:15.094,0:12:17.390 За да го изградиме сè ова, [br]уништуваме многу. 0:12:17.390,0:12:19.600 Нашата шума во Бразил, древната шума 0:12:19.600,0:12:22.486 која беше голема колку Калифорнија, 0:12:22.486,0:12:25.160 денес е 93% уништена. 0:12:25.160,0:12:28.154 Овде на западниот брег и вие [br]сте ги уништиле вашите шуми. 0:12:28.154,0:12:31.391 И овде. Шумите со црвени дрвја исчезнаа. 0:12:31.391,0:12:33.258 Многу брзо исчезнаа. 0:12:33.258,0:12:35.927 Доаѓајќи тука од Атланта пред два дена 0:12:35.927,0:12:37.771 летав преку пустини 0:12:37.771,0:12:40.631 кои самите сме ги напрaвиле[br]со сопствените раце. 0:12:40.631,0:12:43.290 Индија нема веќе дрјва, ниту Шпанија. 0:12:43.290,0:12:46.799 Мора да ги обновиме сите овие шуми. 0:12:46.799,0:12:50.447 Тоа е суштината на нашите [br]животи, овие шуми. 0:12:50.447,0:12:54.689 Мора да дишеме.[br]Единствената фабрика 0:12:54.689,0:12:58.265 која може да го претвори [br]јаглеродниот-диоксид во кислород, 0:12:58.265,0:13:00.009 се шумите. 0:13:00.009,0:13:04.363 Единствените машини способни [br]да го заробат јаглеродот 0:13:04.363,0:13:07.214 кој го произведуваме, 0:13:07.214,0:13:11.379 дури и кога ќе го намалиме, што [br]и да правиме, произведуваме CO2, 0:13:11.379,0:13:12.878 се дрвјата. 0:13:12.878,0:13:17.244 Пред три или четири недели [br]го поставив прашањето - 0:13:17.244,0:13:18.933 видовме во весниците 0:13:18.933,0:13:21.825 милиони риби умреле во Норвешка. 0:13:21.825,0:13:24.841 Недостаток на кислород во водата. 0:13:24.841,0:13:27.073 Се запрашав, ако за момент 0:13:27.073,0:13:31.060 недостасува кислород за сите [br]животниски видови, 0:13:31.060,0:13:34.498 вклучувајќи го и нашиот -- тоа би [br]било многу сложено за нас. 0:13:34.498,0:13:38.802 За водениот систем, дрвјата се неопходни. 0:13:38.802,0:13:42.474 Ќе ви дадам краток пример [br]кој лесно ќе го разберете. 0:13:42.474,0:13:46.400 Вие среќници кои имате [br]многу коса на главата, 0:13:46.400,0:13:49.565 ако се истуширате, ви треба 0:13:49.565,0:13:53.089 два или три часа за да ја исушите косата 0:13:53.089,0:13:55.410 доколку не употребите фен. 0:13:55.410,0:14:00.191 Мене ми треба една минута и сум сув.[br]Исто е и со дрвјата. 0:14:00.191,0:14:02.893 Дрвјата се косата на нашата планета. 0:14:02.893,0:14:06.682 Кога врне дожд во места без дрвја, 0:14:06.682,0:14:10.110 само за неколку минути, [br]водата стига до потокот, 0:14:10.110,0:14:12.693 носи земја, уништувајќи [br]го нашиот извор за вода, 0:14:12.693,0:14:14.600 ги уништува реките и влажноста 0:14:14.600,0:14:16.010 не може да се задржи. 0:14:16.010,0:14:20.301 Кај дрвјата, кореновиот [br]систем ја задржува водата. 0:14:20.301,0:14:23.029 Сите гранки од дрвјата, лисјата кои паѓаат 0:14:23.029,0:14:25.091 прават влажна површина 0:14:25.091,0:14:29.811 и со месеци се под вода, стигаат до реките 0:14:29.811,0:14:33.011 и го одржуваат нашиот извор, нашите реки. 0:14:33.011,0:14:35.015 Ова е најважното нешто, 0:14:35.015,0:14:39.478 кога ќе сфатиме дека водата ни е [br]потребна за секоја активност во животот. 0:14:39.478,0:14:41.666 Сега за крај сакам да ви покажам 0:14:41.666,0:14:44.366 неколку фотографии кои за мене 0:14:44.366,0:14:47.305 се многу важни во таа насока. 0:14:47.305,0:14:49.455 Се сеќавате дека ви кажав 0:14:49.455,0:14:51.558 кога ја добив фармата од моите родители 0:14:51.558,0:14:54.358 таа фарма беше мојот рај. 0:14:54.358,0:14:59.868 Земјата потполно уништена и [br]исушена од ерозијата. 0:14:59.868,0:15:02.424 Но, на оваа слика можете да видите, 0:15:02.424,0:15:06.439 започнавме да градиме едукативен центар 0:15:06.439,0:15:11.403 кој стана прилично голем центар за[br]заштита на околината во Бразил. 0:15:11.403,0:15:15.741 Но, во оваа слика можете да [br]видите многу мали точки. 0:15:15.741,0:15:19.318 Кај секоја точка, ние засадивме дрво. 0:15:19.318,0:15:20.893 Има илјадници дрвја. 0:15:20.893,0:15:24.101 Сега ќе ви ги покажам [br]фотографиите од истото место 0:15:24.101,0:15:26.178 пред два месеци. 0:15:27.807,0:15:35.154 (Аплауз) 0:15:36.857,0:15:38.615 На почетокот ви кажав дека беше 0:15:38.615,0:15:43.415 неопходно да засадиме околу [br]2.5 милиони дрвја 0:15:43.415,0:15:45.854 од околу 200 различни врсти 0:15:45.854,0:15:49.094 за одново да го изградиме екосистемот. 0:15:49.094,0:15:51.629 И ќе ви ја покажам последната фотографија. 0:15:51.629,0:15:54.798 Сега имаме 2 милиони дрвја. 0:15:54.798,0:15:56.447 Правиме секвестрација 0:15:56.447,0:16:00.901 на околу 100,000 тони [br]јаглерод со овие дрвја. 0:16:00.901,0:16:05.445 Мои пријатели, многу е лесно да се [br]направи тоа. Ние го направивме, зарем не? 0:16:05.445,0:16:07.757 Поради несреќата која ми се случи мене, 0:16:07.757,0:16:11.157 се вративме и изградивме екосистем. 0:16:11.157,0:16:13.824 Верувам дека сите ние во оваа просторија, 0:16:13.824,0:16:17.360 имаме ист интерес 0:16:17.360,0:16:19.796 и овој модел кој го креиравме во Бразил 0:16:19.796,0:16:21.141 може да го пренесеме и тука. 0:16:21.141,0:16:24.164 Можеме да го примениме секаде. 0:16:24.164,0:16:27.112 И верувам дека можеме тоа [br]да го направиме заедно. 0:16:27.112,0:16:28.741 Ви благодарам многу. 0:16:28.741,0:16:33.388 (Аплауз)