0:00:01.619,0:00:06.451 Во последните неколку години,[br]ги критикуваме мажите. 0:00:06.873,0:00:08.302 Моравме да го сториме тоа. 0:00:08.326,0:00:10.278 (Аплауз) 0:00:10.302,0:00:16.266 Од неодамна, си размислувам дека[br]мора да преземеме нешто уште построго. 0:00:16.567,0:00:20.149 Мора, што би рекол мојот добар пријател,[br]Тони Портер, 0:00:20.173,0:00:24.422 да најдеме начин [br]да ги вклучиме во разговорот. 0:00:25.412,0:00:30.290 Татко ми почна сексуално да ме [br]злоупотребува кога имав 5 години. 0:00:30.586,0:00:33.681 Доаѓаше среде ноќ во мојата соба. 0:00:33.705,0:00:35.875 Изгледаше како да е во транс. 0:00:36.476,0:00:39.620 Злоупотребувањето траеше [br]додека наполнив 10 години. 0:00:39.846,0:00:42.149 Кога пробав да му се спротивставам, 0:00:42.173,0:00:44.960 кога конечно можев да кажам „не“, 0:00:44.984,0:00:46.792 почна да ме тепа. 0:00:46.816,0:00:48.590 Ме нарекуваше глупава. 0:00:48.614,0:00:50.684 Ме нарекуваше лажга. 0:00:50.974,0:00:53.705 Сексуалното насилство заврши [br]кога имав 10 години 0:00:53.729,0:00:56.992 но всушност, никогаш не заврши целосно. 0:00:57.531,0:00:59.237 Ме промени како личност. 0:00:59.823,0:01:04.298 Постојано бев исполнета [br]со страв, вина и срам, 0:01:04.322,0:01:06.121 и не знаев зошто. 0:01:06.145,0:01:09.200 Си го мразев телото,[br]се мразев самата себеси, 0:01:09.224,0:01:10.970 честопати се разболував, 0:01:10.994,0:01:12.300 не можев да размислувам, 0:01:12.324,0:01:14.246 не можев да паметам информации. 0:01:14.343,0:01:17.545 Ме привлекуваа опасни мажи и жени 0:01:17.569,0:01:22.438 на кои им дозволував, поточно,[br]ги повикував да ме третираат лошо, 0:01:22.462,0:01:25.845 бидејќи татко ми ме научи [br]дека тоа е љубов. 0:01:26.708,0:01:31.847 Целиот живот чекав извинување[br]од татко ми. 0:01:32.118,0:01:33.470 Не ми се извини. 0:01:33.494,0:01:35.009 Не сакаше. 0:01:35.033,0:01:37.794 И потоа, по неодамнешните скандали [br]на познатите мажи, 0:01:37.818,0:01:41.207 додека ги откриваа еден по друг, 0:01:41.231,0:01:42.381 сфатив нешто: 0:01:43.481,0:01:46.536 никогаш не сум слушнала како маж, 0:01:46.560,0:01:50.758 кој силувал или физички малтретирал некого 0:01:50.782,0:01:54.838 јавно ѝ се извинил на жртвата. 0:01:56.294,0:01:58.116 Почнав да се прашувам, 0:01:58.140,0:02:04.160 како би изгледало едно искрено [br]и длабоко извинување. 0:02:08.179,0:02:12.202 Така, почна да се случува нешто чудно. 0:02:12.404,0:02:14.282 Почнав да пишувам 0:02:14.306,0:02:17.819 и гласот на татко ми почна [br]да излегува од мене. 0:02:18.235,0:02:20.782 Почна да ми кажува што ми направил 0:02:20.806,0:02:22.245 и зошто. 0:02:22.269,0:02:25.104 Почна да се извинува. 0:02:25.128,0:02:27.589 Татко ми е мртов речиси 31 година, 0:02:27.613,0:02:29.361 но сепак, во извинувањето, 0:02:29.385,0:02:31.977 што морав да го напишам во негово име, 0:02:32.001,0:02:36.486 ја открив моќта на извинувањето 0:02:36.510,0:02:39.241 и како тоа е можеби начинот[br]да продолжиме понатаму, 0:02:39.265,0:02:41.364 од кризата во која моментално се наоѓаме 0:02:41.388,0:02:45.196 со мажите и сите жени[br]злоупотребени од нивна страна. 0:02:45.196,0:02:48.966 Извинувањето е света задача. 0:02:49.798,0:02:52.061 Бара целосна искреност. 0:02:52.719,0:02:55.948 Бара време и длабоко испитување на себеси. 0:02:55.972,0:02:57.671 Не може да го брзаме. 0:02:58.052,0:03:01.140 Открив дека извинувањето има 4 чекори, 0:03:01.164,0:03:04.133 кои би сакала да ви ги претставам. 0:03:04.157,0:03:08.738 Првиот чекор - мора детално да кажете[br]што сте сториле. 0:03:08.951,0:03:11.019 Вашето извинување не смее да биде бледо. 0:03:11.236,0:03:12.682 „Извини ако те повредив" 0:03:12.706,0:03:14.707 „Извини ако сексуално те злоупотребив," 0:03:14.731,0:03:16.049 не е доволно. 0:03:16.350,0:03:19.474 Мора да кажете што всушност се случило. 0:03:20.351,0:03:22.676 „Дојдов во собата среде ноќ, 0:03:22.700,0:03:25.384 и ти ги соблеков гаќите." 0:03:25.810,0:03:27.921 „Те омаловажував [br]бидејќи ти љубоморев 0:03:27.945,0:03:30.349 и сакав да чувствуваш [br]помалку вредна." 0:03:30.373,0:03:33.358 Ослободувањето е во деталите. 0:03:34.088,0:03:36.930 Извинувањето е навраќање. 0:03:36.954,0:03:39.426 Ги поврзува минатото и сегашноста. 0:03:39.450,0:03:42.712 Потврдува дека тоа навистина се случило. 0:03:43.838,0:03:48.663 Вториот чекор е [br]да се прашате зошто сте го сториле тоа. 0:03:48.997,0:03:52.019 Жртвите ги прогонува тоа „зошто“. 0:03:52.043,0:03:57.139 Зошто? Зошто татко ми сакал сексуално [br]да си ја злоупотреби најстарата ќерка? 0:03:57.163,0:04:00.535 Зошто би ми ја земал главата и [br]би ми ја удрил во ѕид? 0:04:03.565,0:04:05.668 Во случајот на татко ми, 0:04:05.692,0:04:10.206 тој бил роден долго време[br]по другите деца. 0:04:10.671,0:04:14.020 Не бил планиран и станал „чудо". 0:04:14.375,0:04:18.450 Го обожавале и третирале посебно - [br]тој бил омиленото дете. 0:04:18.714,0:04:22.230 Но обожавањето, излегува дека не е љубов. 0:04:22.410,0:04:23.863 Обожавањето е проекција 0:04:23.887,0:04:26.157 на нечија туѓа потреба ти да си совршен 0:04:26.181,0:04:27.331 врз тебе. 0:04:27.788,0:04:30.731 Татко ми морал да го достигне[br]тој невозможен идеал 0:04:30.755,0:04:33.309 и никогаш не смеел[br]да се однесува како што сака. 0:04:33.441,0:04:35.502 Никогаш не смеел да изрази нежност 0:04:35.526,0:04:38.759 или ранливост, љубопитност, сомнеж. 0:04:38.783,0:04:40.999 Не му било дозволено да плаче. 0:04:41.023,0:04:44.187 И бил присилен да ги потисне[br]сите чувства 0:04:44.211,0:04:47.100 и на крајот, тие метастазирале. 0:04:47.124,0:04:51.295 Тие потиснати чувства подоцна станале[br]негова сенка, 0:04:51.319,0:04:52.963 сенката ја изгубила контролата 0:04:52.987,0:04:56.549 и на крај, откако се ослободила,[br]се истури врз мене. 0:04:58.215,0:05:02.215 Третиот чекор е [br]да си го отворите срцето 0:05:02.239,0:05:06.593 и да почувствувате што чувствувала[br]жртвата додека сте ја злоупотребувале. 0:05:06.952,0:05:09.032 Мора да му дозволите на срцето [br]да се скрши. 0:05:09.056,0:05:11.338 Мора да ги почувствувате [br]теророт, предавството 0:05:11.338,0:05:15.270 и долготрајното влијание на [br]вашето насилство врз жртвата 0:05:15.883,0:05:19.505 Мора да го прифатите страдањето [br]што сте го предизвикале. 0:05:19.729,0:05:21.373 И се разбира, четвртиот чекор 0:05:21.397,0:05:24.594 е да преземете одговорност [br]за она што сте го сториле 0:05:24.618,0:05:26.529 и да направите промени. 0:05:26.977,0:05:32.714 Па, зошто некој би сакал да помине [br]низ толку мачен и понижувачки процес? 0:05:32.982,0:05:36.091 Зошто некој би сакал да се отвори? 0:05:36.636,0:05:40.829 Бидејќи тоа е единственото нешто [br]што може да ве ослободи. 0:05:40.853,0:05:44.540 Тоа е и единственото нешто [br]што ќе ја ослободи жртвата. 0:05:44.564,0:05:47.384 Ја немате уништено само жртвата. 0:05:47.408,0:05:49.455 Сте се уништиле и себеси. 0:05:49.479,0:05:53.606 Нема личност што некому нанесува зло, 0:05:53.630,0:05:56.905 а и самата не ги сноси последиците. 0:05:57.348,0:06:03.988 Создава неверојатно мрачна и [br]заразна енергија 0:06:04.012,0:06:06.691 што се шири низ целиот ваш живот. 0:06:07.962,0:06:10.732 Извинувањето што го напишав - [br]научив нешто 0:06:10.756,0:06:13.156 за туѓата перспектива,[br]од која треба да погледнеме, 0:06:13.180,0:06:16.203 за да можеме да го разбереме [br]проблемот со насилството од мажите 0:06:16.227,0:06:20.121 кое јас и милијарда други жени [br]сме го преживеале. 0:06:20.438,0:06:23.425 Честопати се осврнуваме кон казнувањето,[br]како прва мерка. 0:06:23.576,0:06:26.000 Тоа ни е првиот инстинкт, но всушност, 0:06:26.024,0:06:30.440 иако казнувањето е некогаш ефективно, 0:06:30.464,0:06:32.714 само по себе, не е доволно. 0:06:32.738,0:06:34.285 Мојот татко ме казни мене. 0:06:34.849,0:06:36.076 Бев отфрлена 0:06:36.100,0:06:38.051 и скршена. 0:06:38.587,0:06:42.142 Мислам дека казнувањето нè зацврстува,[br]но не нè учи ништо. 0:06:42.166,0:06:44.888 Понижувањето не е откровение. 0:06:45.334,0:06:50.190 Ние всушност мора да создадеме процес,[br]кој може да опфати и казнување, 0:06:50.214,0:06:52.529 но, отвора и можност 0:06:52.553,0:06:57.743 мажите да можат да станат[br]нешто друго или некој друг. 0:06:57.847,0:07:00.232 Многу години, си го мразев татко ми. 0:07:00.256,0:07:03.234 Сакав да умре. [br]Сакав да оди во затвор. 0:07:03.258,0:07:07.605 Но всушност, тој бес ме поврзуваше[br]со приказната на татко ми. 0:07:08.086,0:07:12.657 Она што навистина го сакав [br]не беше само некој да го запре. 0:07:12.681,0:07:14.253 Сакав да се смени. 0:07:14.277,0:07:16.157 Сакав да се извини. 0:07:16.181,0:07:17.515 Тоа е тоа што го сакаме. 0:07:17.871,0:07:20.172 Не сакаме мажите да бидат уништени, 0:07:20.196,0:07:22.950 не сакаме само да бидат казнети. 0:07:22.974,0:07:27.632 Сакаме да нè видат нас,[br]жртвите што ги повредиле 0:07:27.656,0:07:29.651 и сакаме да се покајат 0:07:29.675,0:07:31.120 и да се сменат. 0:07:31.425,0:07:34.169 И јас всушност верувам [br]дека ова е возможно. 0:07:34.474,0:07:37.833 И верувам дека е тоа е начинот[br]за да продолжиме понатаму. 0:07:37.928,0:07:40.777 Но, мажите треба да ни се придружат. 0:07:41.354,0:07:46.629 Мажите треба да се храбри и [br]да се дел од оваа трансформација. 0:07:47.677,0:07:51.796 Го поминав најголемиот дел [br]од животот критикувајќи ги мажите, 0:07:52.344,0:07:54.070 и сега сум овде, 0:07:55.336,0:07:56.527 токму во овој момент, 0:07:57.307,0:08:00.155 да ве повикам[br]да се приклучите во процесот. 0:08:01.104,0:08:02.256 Ви благодарам. 0:08:02.280,0:08:04.690 (Аплауз) 0:08:04.714,0:08:05.865 Ви благодарам. 0:08:05.889,0:08:06.905 (Аплауз) 0:08:06.929,0:08:08.582 Ви благодарам, ви благодарам. 0:08:08.582,0:08:10.317 (Аплауз)