0:00:01.458,0:00:04.250 Кога сме млади, [br]ние сме наивно храбри 0:00:04.292,0:00:07.809 и си ја замислуваме иднината [br]без трошка страв. 0:00:07.833,0:00:11.351 Можеби сте сакале да станете[br]астронаути или научници. 0:00:11.375,0:00:15.143 Можеби сте сонувале [br]да ги посетите сите континенти. 0:00:15.167,0:00:16.851 Уште од мала 0:00:16.875,0:00:19.059 сонував да работам [br]за Обединетите нации 0:00:19.083,0:00:22.059 во најпроблематичните држави [br]во светот. 0:00:22.083,0:00:24.393 И благодарение[br]на големата храброст 0:00:24.417,0:00:26.518 сонот ми се оствари. 0:00:26.542,0:00:28.559 Но имајте го предвид ова: 0:00:28.583,0:00:31.184 храброста не се појавува [br]кога ќе ни притреба. 0:00:31.208,0:00:34.518 Таа е производ на длабока промисленост [br]и вистинска работа, 0:00:34.542,0:00:39.018 и значи рамнотежа [br]меѓу стравот и храброста. 0:00:39.042,0:00:41.851 Без страв, [br]би правеле будалаштини. 0:00:41.875,0:00:45.893 А без храброст,[br]не би тргнале кон непознатото. 0:00:45.917,0:00:48.768 Кога има рамнотежа меѓу нив,[br]се случува магија, 0:00:48.792,0:00:51.833 тоа е рамнотежата[br]која секојдневно ја бараме. 0:00:52.958,0:00:55.393 Најпрво, збор-два [br]за моите симпатични тркала. 0:00:55.417,0:00:57.476 Не бев отсекогаш [br]во инвалидска количка. 0:00:57.500,0:00:58.976 Пораснав како вас, 0:00:59.000,0:01:01.184 трчав, скокав, танцував. 0:01:01.208,0:01:04.059 Обожавав да танцувам. 0:01:04.083,0:01:06.351 Но во средината на дваесеттите, 0:01:06.375,0:01:10.476 почнав да паѓам[br]без причина. 0:01:10.500,0:01:11.809 По неколку години, 0:01:11.833,0:01:15.184 ми дијагностицираа[br]рецесивна генетска болест 0:01:15.208,0:01:18.851 што се нарекува[br]наследна миопатија со инклузии 0:01:18.875,0:01:21.393 или HIBM. 0:01:21.417,0:01:24.226 Тоа е прогресивна невромускулна болест 0:01:24.250,0:01:27.893 што влијае на сите мускули[br]од глава до пети. 0:01:27.917,0:01:30.059 HIBM е многу ретка. 0:01:30.083,0:01:35.476 Има помалку од 200 случаи[br]во САД. 0:01:35.500,0:01:39.684 До денес, не е откриен [br]третман или лек, 0:01:39.708,0:01:42.768 и по 10 до 15 години[br]од првите симптоми, 0:01:42.792,0:01:45.684 доведува до квадриплегија, 0:01:45.708,0:01:48.643 па затоа денес користам количка. 0:01:48.667,0:01:52.268 Кога ми ја дијагностицираа болеста,[br]сѐ се промени. 0:01:52.292,0:01:54.268 Беа тоа страшни вести 0:01:54.292,0:01:58.643 зашто немав искуство[br]со хронична болест или со инвалидитет. 0:01:58.667,0:02:03.059 Немав претстава[br]како може да напредува болеста. 0:02:03.083,0:02:05.184 Но најмногу ме обесхрабруваше 0:02:05.208,0:02:08.351 кога слушав како ме советуваат 0:02:08.375,0:02:10.518 да си ги зауздам амбициите и сништата, 0:02:10.542,0:02:14.208 и да ги променам[br]очекувањата во животот. 0:02:15.208,0:02:18.018 „Треба да се откажеш[br]од меѓународната кариера.“ 0:02:18.042,0:02:20.684 „Никој нема да се омажи со тебе ваква.“ 0:02:20.708,0:02:23.417 „Би било себично да сакаш деца.“ 0:02:24.750,0:02:26.976 Фактот дека други луѓе 0:02:27.000,0:02:29.851 ми ги ограничуваа[br]сништата и амбициите 0:02:29.875,0:02:31.643 беше бесмислен. 0:02:31.667,0:02:33.292 И неприфатлив. 0:02:34.875,0:02:36.143 Затоа ги игнорирав. 0:02:36.167,0:02:42.684 (бодрење и аплаудирање) 0:02:42.708,0:02:44.351 Се омажив. 0:02:44.375,0:02:48.184 И сама одлучив да не родам деца. 0:02:48.208,0:02:51.518 И ја продолжив кариерата[br]во Обединетите нации 0:02:51.542,0:02:52.809 по дијагнозата, 0:02:52.833,0:02:55.268 две години работев во Ангола 0:02:55.292,0:02:59.208 која се опоравуваше [br]од 27-годишна граѓанска војна. 0:03:00.125,0:03:02.059 Дури по 5 години 0:03:02.083,0:03:05.893 му ја соопштив дијагнозата[br]на мојот работодавач. 0:03:05.917,0:03:07.226 Затоа што се плашев 0:03:07.250,0:03:11.601 дека ќе се сомневаат во[br]моите способности и ќе добијам отказ. 0:03:11.625,0:03:14.851 Работев во држави [br]каде детската парализа беше честа, 0:03:14.875,0:03:16.643 па кога наслушнав [br]како велат 0:03:16.667,0:03:19.393 дека можеби сум преживеала[br]детска парализа, 0:03:19.417,0:03:22.018 мислев дека [br]тајната ќе остане неоткриена. 0:03:22.042,0:03:24.351 Не ме прашуваа зошто куцам. 0:03:24.375,0:03:26.559 Па, не кажав ништо. 0:03:26.583,0:03:27.934 Потребно беше деценија 0:03:27.958,0:03:31.143 да се соочам [br]со сериозноста на HIBM, 0:03:31.167,0:03:35.809 дури кога простите задачи и функции[br]почнаа да стануваат потешки. 0:03:35.833,0:03:39.893 Но продолжив да си го следам сонот[br]и да работам низ светот, 0:03:39.917,0:03:42.309 бев назначена како [br]фокусна точка за инвалидитет 0:03:42.333,0:03:44.226 за УНИЦЕФ во Хаити, 0:03:44.250,0:03:48.455 каде служев две години[br]по разурнувачкиот земјотрес од 2010. 0:03:49.000,0:03:51.893 Потоа, работата ме донесе [br]во САД. 0:03:51.917,0:03:54.684 Дури и кога болеста значајно напредуваше 0:03:54.708,0:03:57.726 и ми беа неопходни [br]протези и одалка, 0:03:57.750,0:04:00.726 копнеев за авантура. 0:04:00.750,0:04:02.018 А овојпат, 0:04:02.042,0:04:05.434 сонував за [br]грандиозна авантура на отворено. 0:04:05.458,0:04:08.611 А што е пограндиозно од[br]Големиот Кањон? 0:04:09.875,0:04:14.268 Знаете ли дека [br]на секои 5 милиони посетители 0:04:14.292,0:04:17.723 само еден процент слегува [br]во подножјето на кањонот? 0:04:18.417,0:04:21.393 Сакав да бидам дел од тој еден процент. 0:04:21.417,0:04:22.934 Само што - 0:04:22.958,0:04:27.309 (аплауз) 0:04:27.333,0:04:31.726 Само што Големиот Кањон [br]не е лесно пристаплив. 0:04:31.750,0:04:33.500 Потребна ми беше помош 0:04:33.524,0:04:38.458 да се спуштам по стрмната удолнина[br]долга 1.5 км. 0:04:38.458,0:04:40.042 Но кога се соочувам со препреки 0:04:40.042,0:04:43.833 стравот не настапува веднаш 0:04:43.833,0:04:46.667 зашто си велам, [br]вака или онака, 0:04:46.667,0:04:48.226 ќе најдам начин. 0:04:48.250,0:04:50.476 Во овој случај, си помислив, 0:04:50.500,0:04:52.643 ако не успеам да отидам пеш, 0:04:52.667,0:04:54.851 би можела да научам да јавам коњ. 0:04:54.875,0:04:56.809 Токму тоа го сторив. 0:04:56.833,0:04:58.643 И од таа судбоносна одлука 0:04:58.667,0:05:00.643 произлезе четиригодишна предаденост, 0:05:00.667,0:05:03.726 одржување рамнотежа[br]меѓу стравот и храброста 0:05:03.750,0:05:06.476 за да го отпочнам [br]дванаесетдневниот поход. 0:05:06.500,0:05:09.726 Четири дена на коњ да го поминам [br]Големиот Кањон од крај до крај. 0:05:09.750,0:05:13.768 8 дена и 240 км[br]на сплав на реката Колорадо 0:05:13.792,0:05:15.726 со филмска екипа покрај нас. 0:05:15.750,0:05:17.833 На крајот - успеавме. 0:05:17.833,0:05:20.643 Но не пред да увидам дека[br]стравовите 0:05:20.643,0:05:25.428 можат да се претворат[br]во подеднакво голема храброст. 0:05:25.428,0:05:28.726 На 13 април 2018 г., 0:05:28.726,0:05:30.876 додека се наоѓав[br]на 2.5 км над земјата, 0:05:30.876,0:05:32.726 и јавав коњ по име Шериф, 0:05:32.726,0:05:35.438 мојот прв впечаток за Големиот Кањон 0:05:35.438,0:05:37.892 беше шок и ужас. 0:05:38.462,0:05:40.768 Кој знаел дека се плашам од височини. 0:05:40.768,0:05:42.059 (смеа) 0:05:42.059,0:05:44.599 Но немаше откажување сега. 0:05:44.601,0:05:48.351 Го собрав секој грам храброст од мене 0:05:48.351,0:05:51.851 и не му дозволив на стравот [br]да ме надвладее. 0:05:52.075,0:05:54.031 Додека се движев[br]по Јужниот раб, 0:05:54.031,0:05:56.762 за да останам прибрана[br]можев само 0:05:56.762,0:06:00.273 да дишам длабоко,[br]да гледам во облаците 0:06:00.273,0:06:03.593 и да се фокусирам на [br]гласовите од групата. 0:06:03.834,0:06:08.990 Но веднаш штом тргнавме -[br]катастрофа. 0:06:08.990,0:06:10.842 Не бев[br]исправена на седлото, 0:06:10.842,0:06:12.601 и на едно преголемо скалило 0:06:12.601,0:06:17.135 излетав напред и со лицето [br]плеснав право во коњот. 0:06:17.143,0:06:18.434 Настана паника, 0:06:18.434,0:06:20.193 главата ужасно ме болеше, 0:06:20.193,0:06:23.932 но стазата беше претесна[br]за да се симнам од седлото. 0:06:23.932,0:06:27.247 Само на половина пат,[br]на висина 700 метри, 0:06:27.247,0:06:29.050 барем по два часа спуштање, 0:06:29.050,0:06:31.492 можевме да застанеме [br]да ја тргнам кацигата 0:06:31.492,0:06:34.779 и да видам [br]џумка голема колку јајце. 0:06:35.329,0:06:37.285 При сето планирање и опрема, 0:06:37.285,0:06:40.206 како не зедовме пакет мраз? 0:06:40.336,0:06:41.228 (смеа) 0:06:41.228,0:06:44.018 За среќа, отокот излегуваше 0:06:44.018,0:06:48.088 и ми се изли под очите, [br]во форма на две фантастични модрици 0:06:48.088,0:06:51.513 што патем е одличен изглед [br]за документарец. 0:06:51.513,0:06:52.976 (смеа) 0:06:52.976,0:06:57.356 (аплауз и бодрење) 0:06:58.370,0:07:00.481 Не беше лесно и мирно патување, 0:07:00.481,0:07:02.400 но во тоа се криеше пораката. 0:07:02.400,0:07:05.113 Иако се плашев да се вратам[br]на седлото, 0:07:05.113,0:07:06.309 се вратив. 0:07:06.309,0:07:08.956 Самото спуштање [br]до дното на кањонот 0:07:08.956,0:07:10.601 траеше вкупно 10 часа 0:07:10.601,0:07:13.860 а тоа беше само првиот [br]од четирите дена. 0:07:13.860,0:07:15.921 Следни беа силните брзаци. 0:07:15.921,0:07:17.880 На реката Колорадо во Големиот Кањон 0:07:17.880,0:07:20.770 се дел од најголемите брзаци [br]во државата. 0:07:20.770,0:07:23.293 И за да сме подготвени [br]во случај на превртување, 0:07:23.293,0:07:26.721 вежбавме така што пливав[br]по помали брзаци. 0:07:26.721,0:07:29.388 И можам да кажам дека [br]не беше гламурозно. 0:07:29.388,0:07:30.302 (смеа) 0:07:30.302,0:07:32.979 Зедов воздух [br]во погрешен дел од бранот 0:07:32.979,0:07:34.240 се засркнав со водата 0:07:34.240,0:07:36.518 и не можев да се водам себеси. 0:07:36.518,0:07:38.333 Да, беше застрашувачки, 0:07:38.333,0:07:40.776 но истовремено беше фантастично. 0:07:40.776,0:07:42.726 Водопади, лизгави кањони 0:07:42.726,0:07:45.184 и карпесто тло [br]старо милјарди години 0:07:45.184,0:07:47.104 што изгледаше како [br]да менува бои. 0:07:47.104,0:07:50.101 Големиот Кањон [br]е вистинска дивина 0:07:50.101,0:07:53.413 и вреди [br]секој кажан збор за него. 0:07:53.623,0:07:59.978 (аплауз) 0:08:00.766,0:08:01.963 Експедицијата, 0:08:02.220,0:08:05.241 целото планирање и самото патување, 0:08:05.241,0:08:09.835 ми покажаа ниво на страв[br]што никогаш не сум го искусила. 0:08:09.992,0:08:11.521 Но, поважно, 0:08:11.521,0:08:15.474 ми покажаа колку голема храброст[br]има во мене. 0:08:16.090,0:08:18.465 Патувањето не беше лесно. 0:08:18.465,0:08:21.102 Ова не беше визија на Амазонка 0:08:21.102,0:08:24.309 која без напор се пробива преку[br]импресивна природа. 0:08:24.469,0:08:26.393 Бев јас - со солзи, 0:08:26.393,0:08:30.278 преморена и претепана со две модри очи. 0:08:30.278,0:08:31.661 Беше застрашувачки, 0:08:31.661,0:08:34.205 беше стресно, 0:08:34.205,0:08:36.127 беше восхитувачко. 0:08:36.917,0:08:38.276 Откако заврши, 0:08:38.276,0:08:41.853 лесно е опуштено [br]да раскажувам што постигнавме. 0:08:41.853,0:08:44.101 Знам дека сакам да одам [br]на рафтинг повторно. 0:08:44.101,0:08:47.956 Овој пат, на сите 445 км. 0:08:47.956,0:08:51.177 (аплауз) 0:08:51.177,0:08:54.985 Но знам и дека не би го поминувала [br]одново делот со коњот. 0:08:54.985,0:08:56.435 (смеа) 0:08:56.435,0:08:58.601 Преопасно е. 0:08:58.808,0:09:00.563 И тоа ми е пораката. 0:09:00.563,0:09:03.184 Не дојдов[br]само да ви покажам снимки. 0:09:03.184,0:09:05.226 Дојдов да ве потсетам 0:09:05.226,0:09:08.096 дека животот е само лекција 0:09:08.096,0:09:10.735 за рамнотежата[br]меѓу стравот и храброста. 0:09:10.735,0:09:15.393 И да научиме што е, [br]а што не е добра идеја. 0:09:15.393,0:09:16.973 (смеа) 0:09:16.973,0:09:18.827 Животот сам по себе е страшен, 0:09:18.827,0:09:22.349 и за да си ги оствариме сништата,[br]мора да сме храбри. 0:09:22.349,0:09:23.863 Во соочувањето со стравовите 0:09:23.863,0:09:26.432 и наоѓањето храброст [br]да се пробивам низ нив, 0:09:26.432,0:09:29.851 се колнам, животот ми беше извонреден. 0:09:29.929,0:09:31.739 Затоа, живејте со полно срце 0:09:31.739,0:09:34.375 и обидете се храброста [br]да го надвладее стравот. 0:09:34.375,0:09:37.092 Не се знае до каде ќе стигнете. 0:09:37.442,0:09:38.396 Благодарам. 0:09:38.396,0:09:42.364 (аплауз и бодрење)