WEBVTT 00:00:00.000 --> 00:00:04.147 Шах Рук Кан: „Девојка треба да биде видена, а не слушната." 00:00:04.147 --> 00:00:05.643 „Биди тивка," или „шшш“ 00:00:05.667 --> 00:00:09.351 Овие зборови се често користени за да се замолчат девојчиња уште од детството, 00:00:09.375 --> 00:00:10.684 до зрелоста 00:00:10.708 --> 00:00:12.434 и длабоко до староста. NOTE Paragraph 00:00:12.458 --> 00:00:15.841 Јас сум горд да ја претставам следната говорничка, вистински шампион на 00:00:15.841 --> 00:00:17.792 женскиот глас, советник за сиромаштијата, 00:00:17.792 --> 00:00:19.934 род и развој во Светската Банка, 00:00:19.958 --> 00:00:24.268 Обединетите Нации и неколку други НВО во Индија и низ светот. 00:00:24.292 --> 00:00:27.809 Таа се нарекува себеси културолошки детектив. 00:00:27.833 --> 00:00:31.166 Да ги повишиме гласовите и да ѝ посакаме добредојде на реномираната 00:00:31.166 --> 00:00:34.325 општествена научничка и авторка Дипа Нарајан. NOTE Paragraph 00:00:34.325 --> 00:00:36.351 (Музика) NOTE Paragraph 00:00:36.375 --> 00:00:40.292 (Аплауз) NOTE Paragraph 00:00:44.388 --> 00:00:46.917 Дипа Нарајан: Целта на секој родител исполнет со љубов 00:00:46.917 --> 00:00:48.768 е да израсне добри девојки, 00:00:48.792 --> 00:00:50.695 но, родителите во суштина 00:00:50.695 --> 00:00:55.143 ги спречуваат, ограничуваат и ги гушат своите девојчиња. 00:00:55.167 --> 00:00:57.018 Додека ги гушат своите девојчиња, 00:00:57.042 --> 00:00:58.958 ги подготвуваат за насилство. 00:00:59.875 --> 00:01:02.059 Ова е толку катастрофално 00:01:02.083 --> 00:01:04.643 што никој родител не би го истрпил, 00:01:04.667 --> 00:01:05.934 па е маскирано. NOTE Paragraph 00:01:05.958 --> 00:01:09.226 Во Индија, го нарекуваме „прилагодување". 00:01:09.250 --> 00:01:11.212 Сигурна сум дека сте го слушнале зборот. 00:01:11.625 --> 00:01:13.684 „Душо, само прилагоди се малку. 00:01:13.708 --> 00:01:14.976 Само прилагоди се. 00:01:15.000 --> 00:01:17.976 Без разлика на тоа што ќе се случи, само прилагоди се." 00:01:18.000 --> 00:01:21.809 „Прилагоди се" ги учи девојчињата да бидат немоќни, 00:01:21.833 --> 00:01:24.393 да не постојат, да не бидат видени, 00:01:24.417 --> 00:01:26.101 да немаат „јас", 00:01:26.125 --> 00:01:32.518 и ги тренира момчињата да стекнуваат моќ и авторитет над светот. 00:01:32.542 --> 00:01:38.018 Во меѓувремено зборуваме за родова еднаквост и еманципирање на жените. NOTE Paragraph 00:01:38.042 --> 00:01:43.643 По едно групно силување во движечки автобус во Делхи во 2012-та, 00:01:43.667 --> 00:01:48.684 навистина сакав да ги разберам коренот на насилството. 00:01:48.708 --> 00:01:52.143 Започнав да поставувам многу едноставно прашање: 00:01:52.167 --> 00:01:57.458 што значи за тебе да бидеш добра жена или добар маж денес? 00:01:58.333 --> 00:02:01.226 Бев толку изненадена од тоа што го слушнав, 00:02:01.250 --> 00:02:04.601 особено од одговорите на младите луѓе, 00:02:04.625 --> 00:02:10.184 што проектот прерасна во истражување кое ме преокупира. NOTE Paragraph 00:02:10.208 --> 00:02:15.643 За 3 години, ислушав над 600 жени, мажи и деца, 00:02:15.667 --> 00:02:17.476 образовани, од средна класа 00:02:17.500 --> 00:02:21.559 кое доведе до 1800 часови слушање 00:02:21.583 --> 00:02:23.893 и 8000 страни забелешки 00:02:23.917 --> 00:02:26.545 и требаше уште една година за да му дадам смисла. NOTE Paragraph 00:02:26.545 --> 00:02:32.434 Денес, гледаме добро облечени, образовани жени како многу од вас тука, 00:02:32.458 --> 00:02:35.268 сите во оваа просторија и јас 00:02:35.292 --> 00:02:37.851 и мислиме дека светот се променил, 00:02:37.875 --> 00:02:41.684 но овие надворешни промени се премногу лажни 00:02:41.708 --> 00:02:44.667 бидејќи внатре ние не сме променети. NOTE Paragraph 00:02:46.375 --> 00:02:48.809 Денес, нема да зборувам за сиромашните луѓе. 00:02:48.833 --> 00:02:51.768 Ќе зборувам само за средните и високите класи, 00:02:51.792 --> 00:02:54.893 бидејќи ние најмногу негираме. 00:02:54.917 --> 00:02:59.018 Ние сме тие кои повторно и повторно велиме 00:02:59.042 --> 00:03:01.184 дека кога жените ќе се образовани, 00:03:01.208 --> 00:03:02.559 кога ќе се вработени 00:03:02.583 --> 00:03:04.893 и кога ќе заработуваат, 00:03:04.917 --> 00:03:07.625 тие ќе бидат еднакви,еманципирани и слободни. 00:03:08.667 --> 00:03:10.059 Тие не се. 00:03:10.083 --> 00:03:11.351 Зошто? NOTE Paragraph 00:03:11.375 --> 00:03:15.018 Од моето истражување, идентификувам 7 навики 00:03:15.042 --> 00:03:16.601 кои ги бришат жените, 00:03:16.625 --> 00:03:18.809 кои прават жените да исчезнат, 00:03:18.833 --> 00:03:21.434 но овие навики опстојуваат 00:03:21.458 --> 00:03:23.851 бидејќи ни се добро познати 00:03:23.875 --> 00:03:25.958 и сме ги направиле добри и морални. 00:03:26.792 --> 00:03:30.375 Зошто би промениле или исфрлиле нешто што е добро и морално? 00:03:31.500 --> 00:03:33.559 Од една страна, ги сакаме нашите деца, 00:03:33.583 --> 00:03:34.893 ги сакаме нашите ќерки, 00:03:34.917 --> 00:03:37.292 а од друга страна, ги гушиме. NOTE Paragraph 00:03:38.875 --> 00:03:41.625 Прва навика: Ти немаш тело. 00:03:43.250 --> 00:03:48.518 Првиот чекор да претвориш девојче во дух е да направиш нејзиното тело да исчезне, 00:03:48.542 --> 00:03:50.768 да се преправаш дека таа нема тело. 00:03:50.792 --> 00:03:53.643 Акангша, која има 23 год. рече: 00:03:53.667 --> 00:03:58.018 „Во моето семејство никогаш не зборувавме за телото, никогаш". 00:03:58.042 --> 00:03:59.643 Токму во таа тишина 00:03:59.667 --> 00:04:03.559 милиони и милиони девојки се сексуално нападнати 00:04:03.583 --> 00:04:06.750 и дури не им кажуваат на нивните мајки. 00:04:07.625 --> 00:04:10.101 И негативните коментари од другите 00:04:10.125 --> 00:04:14.833 водат до 90 проценти од жените да велат дека не си ги сакаат своите тела. 00:04:15.458 --> 00:04:17.726 Кога девојка го одбива своето тело, 00:04:17.750 --> 00:04:19.809 таа го одбива нејзиниот единствен дом 00:04:19.833 --> 00:04:22.726 и невидливоста и несигурноста 00:04:22.750 --> 00:04:25.393 стануваат нејзината несигурна основа. NOTE Paragraph 00:04:25.417 --> 00:04:29.000 Втора навика: Биди тивка.[ Тишина] 00:04:29.583 --> 00:04:31.559 Ако не треба да постоиш 00:04:31.583 --> 00:04:33.184 и немаш тело, 00:04:33.208 --> 00:04:35.351 како може да имаш глас? 00:04:35.375 --> 00:04:37.268 Па речиси секоја жена изјавила: 00:04:37.292 --> 00:04:41.434 „Кога бев мала мајка ми ме караше и ми велеше: 00:04:41.458 --> 00:04:44.434 „Не зборувај, биди тивка, замоччи, 00:04:44.458 --> 00:04:47.976 зборувај нежно, не се карај и никогаш не одвраќај. 00:04:48.000 --> 00:04:49.309 Не одговарај." 00:04:49.333 --> 00:04:51.375 Сигурна сум дека сите сте го слушнале тоа. 00:04:51.750 --> 00:04:54.226 Па девојчињата стануваат плашливи, се повлекуваат. 00:04:54.250 --> 00:04:57.643 Стануваат тивки и велат, 00:04:57.667 --> 00:04:59.476 „Остави. Ќе помине. 00:04:59.500 --> 00:05:01.333 Што е поентата? Никој не слуша." 00:05:02.375 --> 00:05:04.184 Образованите жени велат 00:05:04.208 --> 00:05:05.768 дека нивниот прв проблем 00:05:05.792 --> 00:05:09.059 е нивната неможност да прозборат, 00:05:09.083 --> 00:05:11.976 како да има стапало на нивното грло 00:05:12.000 --> 00:05:13.250 спремно да ги задави. 00:05:14.250 --> 00:05:17.208 Тишината ги распарчува жените. NOTE Paragraph 00:05:19.375 --> 00:05:22.268 Трета навика: Биди задоволувач на луѓето. 00:05:22.292 --> 00:05:23.559 Задоволи ги другите. 00:05:23.583 --> 00:05:26.726 Секој сака фина жена, која секогаш се смее, 00:05:26.750 --> 00:05:29.184 која никогаш не вели „не“ и никогаш не е лута, 00:05:29.208 --> 00:05:31.268 дури и кога е експлоатирана. 00:05:31.292 --> 00:05:34.018 Амиша, која има 18 год. вели: 00:05:34.042 --> 00:05:36.309 „Татко ми рече: 00:05:36.333 --> 00:05:39.333 „Ако не те гледам да се смееш, не се чувствувам добро". 00:05:40.167 --> 00:05:41.476 Па таа се смее. 00:05:41.500 --> 00:05:44.059 Нејзиниот татко ја учи, 00:05:44.083 --> 00:05:48.018 мојата среќа е поважна од твојата среќа. 00:05:48.042 --> 00:05:52.268 Во овој бизнис за обид да ги усреќат сите цело време, 00:05:52.292 --> 00:05:55.167 девојчињата се плашат да донесат одлуки. 00:05:56.042 --> 00:05:58.643 Кога ги прашуваш, велат: 00:05:58.667 --> 00:06:01.042 „Што и да е, како и да е! 00:06:01.917 --> 00:06:03.708 Сѐ поминува.“ 00:06:05.083 --> 00:06:07.101 Дарша, која има 25 год. 00:06:07.125 --> 00:06:09.018 рече со огромна гордост, 00:06:09.042 --> 00:06:11.518 „Јас сум многу еластична. 00:06:11.542 --> 00:06:14.792 Јас станувам што другите сакаат да бидам." 00:06:15.500 --> 00:06:18.226 Такви девојчиња се откажуваат од своите соништа, 00:06:18.250 --> 00:06:19.559 своите желби 00:06:19.583 --> 00:06:21.518 и никој не ни забележува, 00:06:21.542 --> 00:06:23.476 освен ако не стане збор за депресија. 00:06:23.500 --> 00:06:24.750 Таа се вгнездува. 00:06:25.583 --> 00:06:29.000 Друг дел од девојчето се одронува. NOTE Paragraph 00:06:31.042 --> 00:06:33.750 Четврта навика: Ти немаш сексуалност. 00:06:35.000 --> 00:06:39.101 Мислам дека сите ќе се согласите дека со население од над 1.3 милијарди, 00:06:39.125 --> 00:06:41.000 сексот не е нов за Индија. 00:06:42.208 --> 00:06:46.934 Ново е тоа што повеќе луѓе признаваат 00:06:46.958 --> 00:06:50.000 дека жените, исто така, имаат право на сексуална желба. 00:06:51.042 --> 00:06:54.518 Но како може жена која не го поседува сопственото тело, 00:06:54.542 --> 00:06:56.976 која не е образована за своето тело, 00:06:57.000 --> 00:06:59.476 која можеби била сексуално злоупотребена, 00:06:59.500 --> 00:07:00.976 која не може да рече „не“ 00:07:01.000 --> 00:07:03.184 и која е исполнета со срам, 00:07:03.208 --> 00:07:05.583 како да си ја потврди својата сексуална желба? 00:07:06.417 --> 00:07:09.042 Сексуалноста на жена е потисната. NOTE Paragraph 00:07:10.625 --> 00:07:13.917 Петта навика: Не верувај им на жените. 00:07:15.083 --> 00:07:17.434 Замислете како ќе се променеше светот 00:07:17.458 --> 00:07:19.934 ако жените се здружеа заедно во солидарност, 00:07:19.958 --> 00:07:22.768 но за да не се случи ова, 00:07:22.792 --> 00:07:26.268 нашата култура високо ги вреднува моралните вредности 00:07:26.292 --> 00:07:29.583 за верноста на мажите и семејната дискреција. 00:07:30.125 --> 00:07:31.768 Жените, една по друга изјавуваа: 00:07:31.792 --> 00:07:34.393 „Знам само една жена од доверба 00:07:34.417 --> 00:07:36.018 и тоа сум јас." 00:07:36.042 --> 00:07:37.559 Дури и Ручи, која има 30 год. 00:07:37.583 --> 00:07:41.476 и работи на еманципирањето на жените на Универзитетот во Делхи рече: 00:07:41.500 --> 00:07:45.393 „Не им верувам на жените. Љубоморни се и озборуваат." 00:07:45.417 --> 00:07:47.184 Очигледно, тогаш, во градовите, 00:07:47.208 --> 00:07:49.233 жените не се приклучуваат кон женски групи 00:07:49.233 --> 00:07:52.483 и кога ќе ги прашаш зошто, тие велат: „Немаме време за озборување." 00:07:53.208 --> 00:07:57.125 Многу е полесно да уништиш жена која е сама. NOTE Paragraph 00:07:58.375 --> 00:08:01.917 Шеста навика: Обврски пред желби. 00:08:02.833 --> 00:08:07.143 Мускан даде многу долга дефиниција за добра девојка, а има само 15 год. 00:08:07.167 --> 00:08:09.768 „Таа е љубезна, учтива, умее да сака, 00:08:09.792 --> 00:08:12.226 грижлива, искрена, послушна, ги почитува постарите, 00:08:12.250 --> 00:08:15.917 безусловно помага секому, добра е со сите и ги извршува обврските." 00:08:17.667 --> 00:08:19.559 Заморно, нели ? 00:08:19.583 --> 00:08:22.518 Додека ги извршиш обврските, 00:08:22.542 --> 00:08:25.976 која желба и да останала е исто така изгубена. 00:08:26.000 --> 00:08:29.518 И кога пожртвуваните жени немаат ништо друго да кажат 00:08:29.542 --> 00:08:31.226 освен да зборуваат за храна -- 00:08:31.250 --> 00:08:35.184 "Дали си јаден? Што ќе јадеш?", 00:08:35.208 --> 00:08:39.292 мажи како Саураб, кој има 24, ги нарекува „досадни." 00:08:40.417 --> 00:08:42.976 Жената станува остаток. NOTE Paragraph 00:08:43.000 --> 00:08:47.184 Седма навика: Биди целосно зависна. 00:08:47.208 --> 00:08:50.309 Сите овие навики колективно ги рушат жените, 00:08:50.333 --> 00:08:51.851 ги полнат со страв 00:08:51.875 --> 00:08:55.476 и во нивното постоење целосно ги прават зависни од мажите 00:08:55.500 --> 00:08:59.167 и ова дозволува системот на машка моќ да продолжи. NOTE Paragraph 00:09:00.083 --> 00:09:04.601 Па сите овие седум навики кои мислевме дека се добри и морални 00:09:04.625 --> 00:09:07.518 го одземаат животот на девојките 00:09:07.542 --> 00:09:09.958 и овозможуваат мажите да злоупотребуваат. NOTE Paragraph 00:09:11.125 --> 00:09:12.976 Мораме да се промениме. 00:09:13.000 --> 00:09:14.250 Како да се промениме? 00:09:15.083 --> 00:09:16.917 Навиката е само навика. 00:09:17.708 --> 00:09:20.101 Секоја навика е научена навика, 00:09:20.125 --> 00:09:21.684 па може да се одвикнеме 00:09:21.708 --> 00:09:24.393 и оваа лична промена е значително важна. 00:09:24.417 --> 00:09:26.518 И јас морав да се сменам исто така. 00:09:26.542 --> 00:09:29.101 Но, ова не го променува системот 00:09:29.125 --> 00:09:31.417 кој руши милиони други жени. 00:09:32.292 --> 00:09:34.393 Па мораме да одиме до коренот. 00:09:34.417 --> 00:09:38.809 Мораме да го смениме она што значи добра жена и добар маж, 00:09:38.833 --> 00:09:41.583 бидејќи ова е основата на секое општество. 00:09:42.292 --> 00:09:46.684 Не ни требаат еластични жени, ни требаат еластични дефиниции 00:09:46.708 --> 00:09:48.268 и за мажите исто така 00:09:48.292 --> 00:09:53.518 и оваа голема општествена промена не може да се случи без вклученост на мажите. 00:09:53.542 --> 00:09:54.809 Ни требате. 00:09:54.833 --> 00:09:57.851 Ни требаат мажи за да станат шампиони на промената, 00:09:57.875 --> 00:10:01.059 да развијат силни мускули на промената. 00:10:01.083 --> 00:10:03.601 Инаку, ќе требаат уште два века 00:10:03.625 --> 00:10:05.976 додека нашите девојчиња и момчиња, 00:10:06.000 --> 00:10:07.250 не се безбедни и слободни. NOTE Paragraph 00:10:08.292 --> 00:10:14.559 Замислете половина милијарда жени да дојдат заедно, со поддршка на мажите, 00:10:14.583 --> 00:10:17.684 да зборуваат еден со друг за конверзација, за промена 00:10:17.708 --> 00:10:19.601 и лична и политичка 00:10:19.625 --> 00:10:21.976 и замислете ги мажите во нивните кругови 00:10:22.000 --> 00:10:26.268 и замислете мажи и жени кои ќе се соберат заедно само за да се ислушаат 00:10:26.292 --> 00:10:28.684 без осудување, без клевета, 00:10:28.708 --> 00:10:31.518 без обвиненија и без срам. 00:10:31.542 --> 00:10:33.601 Замислете колку многу би се промениле. 00:10:33.625 --> 00:10:35.518 Ние можеме да го направиме ова заедно. 00:10:35.542 --> 00:10:37.958 Жени, не се прилагодувајте. 00:10:39.167 --> 00:10:41.083 Мажи, прилагодете се. 00:10:41.958 --> 00:10:43.726 Време е. NOTE Paragraph 00:10:43.750 --> 00:10:45.101 Ви благодарам. NOTE Paragraph 00:10:45.125 --> 00:10:48.958 (Аплауз) NOTE Paragraph 00:10:49.512 --> 00:10:51.175 СРК: Колку добро кажано, прекрасно. 00:10:51.175 --> 00:10:52.937 Сите, Дипа, ве молам. 00:10:53.000 --> 00:10:54.809 Слушајќи ја неа, јас сфатив 00:10:54.833 --> 00:10:58.393 дека дури и во наједноставните разговори кои ги имаме со жените, 00:10:58.417 --> 00:10:59.976 ние всушност сме агресивни. 00:11:00.000 --> 00:11:02.423 На пример, некогаш ѝ велам на ќерка ми: 00:11:02.423 --> 00:11:05.519 "Yaar Tu hasti hai to mujhe accha lagta hai varna bura lagta hai". 00:11:05.519 --> 00:11:07.848 [Многу се извинувам,никогаш не би го сторил тоа.] 00:11:07.848 --> 00:11:09.768 Aaj Se main meri beti ko yahi bolunga. 00:11:09.792 --> 00:11:11.101 [Што и да правиш, 00:11:11.125 --> 00:11:13.726 ми се допаѓа, дури и да не се чувствувам добро.] 00:11:13.750 --> 00:11:16.601 [Прави како сметаш дека е исправно.] NOTE Paragraph 00:11:16.625 --> 00:11:19.518 (Аплалуз) NOTE Paragraph 00:11:19.542 --> 00:11:21.018 Како се чувствувате, 00:11:21.042 --> 00:11:26.976 прво со слушање на толку многу неисполнети приказни, желби, 00:11:27.000 --> 00:11:28.309 недостаток на независност 00:11:28.333 --> 00:11:32.851 за девојчиња за кои вообичаено претпоставуваме дека им е подобро? NOTE Paragraph 00:11:32.875 --> 00:11:34.381 ДН: Многу депресивно. 00:11:34.381 --> 00:11:37.268 Беше шокантно за мене и затоа не можев да престанам, 00:11:37.292 --> 00:11:41.268 бидејќи немав намера да проучувам и не планирав да пишувам книга. 00:11:41.292 --> 00:11:45.101 Имав напишано 17 книги предходно и мислев завршив. 00:11:45.125 --> 00:11:47.268 Но кога отидов на Колеџот Св. Стефан 00:11:47.292 --> 00:11:52.393 и ги чув на најелитните колеџи во Делхи, вам добро познати, 00:11:52.417 --> 00:11:54.476 чув млади жени и мажи, 00:11:54.500 --> 00:11:58.351 што рекоа за тоа што за нив значи да си жена или маж. 00:11:58.375 --> 00:12:01.643 Не звучеше како мене, туку како генерацијата на мојата мајка. 00:12:01.667 --> 00:12:04.768 Па отидов на друг колеџ и на друг. 00:12:04.792 --> 00:12:06.476 Она што ми беше највпечатливо 00:12:06.500 --> 00:12:09.934 е тоа што секоја жена чувствува дека е сама, 00:12:09.958 --> 00:12:13.351 дека си го крие стравот и сопственото однесување 00:12:13.375 --> 00:12:15.375 бидејќи таа мисли дека е личен недостаток. 00:12:16.125 --> 00:12:19.059 Не е личен недостаток, туку е тренирање 00:12:19.083 --> 00:12:21.393 и мислам дека тоа е најголемото откритие 00:12:21.417 --> 00:12:24.851 дека ако престанеме да се преправаме, 00:12:24.875 --> 00:12:26.601 тогаш светот се менува. NOTE Paragraph 00:12:26.625 --> 00:12:29.653 СРК: Дали вие девојки се согласувате со тоа што го вели Депа? NOTE Paragraph 00:12:29.653 --> 00:12:31.784 (Аплауз) NOTE Paragraph 00:12:31.784 --> 00:12:33.934 Веќе ја слушнав таа млада девојка како вели: 00:12:33.958 --> 00:12:36.559 „Слушна, слушна ли што рече таа?" Ова ми го викаш мене. 00:12:36.559 --> 00:12:38.268 Да, тоа е како треба да биде. 00:12:38.268 --> 00:12:41.182 Ти, момче, прилагоди се. Ние не се прилагодуваме веќе, во ред? NOTE Paragraph 00:12:41.182 --> 00:12:42.601 (Аплауз) NOTE Paragraph 00:12:42.601 --> 00:12:45.320 Многу ви благодарам. Имајте пријатна вечер. Ви благодарам. NOTE Paragraph 00:12:45.320 --> 00:12:46.150 (Аплауз)