1 00:00:00,000 --> 00:00:04,147 Шах Рук Кан: „Девојка треба да биде видена, а не слушната." 2 00:00:04,147 --> 00:00:05,643 „Биди тивка," или „шшш“ 3 00:00:05,667 --> 00:00:09,351 Овие зборови се често користени за да се замолчат девојчиња уште од детството, 4 00:00:09,375 --> 00:00:10,684 до зрелоста 5 00:00:10,708 --> 00:00:12,434 и длабоко до староста. 6 00:00:12,458 --> 00:00:15,841 Јас сум горд да ја претставам следната говорничка, вистински шампион на 7 00:00:15,841 --> 00:00:17,792 женскиот глас, советник за сиромаштијата, 8 00:00:17,792 --> 00:00:19,934 род и развој во Светската Банка, 9 00:00:19,958 --> 00:00:24,268 Обединетите Нации и неколку други НВО во Индија и низ светот. 10 00:00:24,292 --> 00:00:27,809 Таа се нарекува себеси културолошки детектив. 11 00:00:27,833 --> 00:00:31,166 Да ги повишиме гласовите и да ѝ посакаме добредојде на реномираната 12 00:00:31,166 --> 00:00:34,325 општествена научничка и авторка Дипа Нарајан. 13 00:00:34,325 --> 00:00:36,351 (Музика) 14 00:00:36,375 --> 00:00:40,292 (Аплауз) 15 00:00:44,388 --> 00:00:46,917 Дипа Нарајан: Целта на секој родител исполнет со љубов 16 00:00:46,917 --> 00:00:48,768 е да израсне добри девојки, 17 00:00:48,792 --> 00:00:50,695 но, родителите во суштина 18 00:00:50,695 --> 00:00:55,143 ги спречуваат, ограничуваат и ги гушат своите девојчиња. 19 00:00:55,167 --> 00:00:57,018 Додека ги гушат своите девојчиња, 20 00:00:57,042 --> 00:00:58,958 ги подготвуваат за насилство. 21 00:00:59,875 --> 00:01:02,059 Ова е толку катастрофално 22 00:01:02,083 --> 00:01:04,643 што никој родител не би го истрпил, 23 00:01:04,667 --> 00:01:05,934 па е маскирано. 24 00:01:05,958 --> 00:01:09,226 Во Индија, го нарекуваме „прилагодување". 25 00:01:09,250 --> 00:01:11,212 Сигурна сум дека сте го слушнале зборот. 26 00:01:11,625 --> 00:01:13,684 „Душо, само прилагоди се малку. 27 00:01:13,708 --> 00:01:14,976 Само прилагоди се. 28 00:01:15,000 --> 00:01:17,976 Без разлика на тоа што ќе се случи, само прилагоди се." 29 00:01:18,000 --> 00:01:21,809 „Прилагоди се" ги учи девојчињата да бидат немоќни, 30 00:01:21,833 --> 00:01:24,393 да не постојат, да не бидат видени, 31 00:01:24,417 --> 00:01:26,101 да немаат „јас", 32 00:01:26,125 --> 00:01:32,518 и ги тренира момчињата да стекнуваат моќ и авторитет над светот. 33 00:01:32,542 --> 00:01:38,018 Во меѓувремено зборуваме за родова еднаквост и еманципирање на жените. 34 00:01:38,042 --> 00:01:43,643 По едно групно силување во движечки автобус во Делхи во 2012-та, 35 00:01:43,667 --> 00:01:48,684 навистина сакав да ги разберам коренот на насилството. 36 00:01:48,708 --> 00:01:52,143 Започнав да поставувам многу едноставно прашање: 37 00:01:52,167 --> 00:01:57,458 што значи за тебе да бидеш добра жена или добар маж денес? 38 00:01:58,333 --> 00:02:01,226 Бев толку изненадена од тоа што го слушнав, 39 00:02:01,250 --> 00:02:04,601 особено од одговорите на младите луѓе, 40 00:02:04,625 --> 00:02:10,184 што проектот прерасна во истражување кое ме преокупира. 41 00:02:10,208 --> 00:02:15,643 За 3 години, ислушав над 600 жени, мажи и деца, 42 00:02:15,667 --> 00:02:17,476 образовани, од средна класа 43 00:02:17,500 --> 00:02:21,559 кое доведе до 1800 часови слушање 44 00:02:21,583 --> 00:02:23,893 и 8000 страни забелешки 45 00:02:23,917 --> 00:02:26,545 и требаше уште една година за да му дадам смисла. 46 00:02:26,545 --> 00:02:32,434 Денес, гледаме добро облечени, образовани жени како многу од вас тука, 47 00:02:32,458 --> 00:02:35,268 сите во оваа просторија и јас 48 00:02:35,292 --> 00:02:37,851 и мислиме дека светот се променил, 49 00:02:37,875 --> 00:02:41,684 но овие надворешни промени се премногу лажни 50 00:02:41,708 --> 00:02:44,667 бидејќи внатре ние не сме променети. 51 00:02:46,375 --> 00:02:48,809 Денес, нема да зборувам за сиромашните луѓе. 52 00:02:48,833 --> 00:02:51,768 Ќе зборувам само за средните и високите класи, 53 00:02:51,792 --> 00:02:54,893 бидејќи ние најмногу негираме. 54 00:02:54,917 --> 00:02:59,018 Ние сме тие кои повторно и повторно велиме 55 00:02:59,042 --> 00:03:01,184 дека кога жените ќе се образовани, 56 00:03:01,208 --> 00:03:02,559 кога ќе се вработени 57 00:03:02,583 --> 00:03:04,893 и кога ќе заработуваат, 58 00:03:04,917 --> 00:03:07,625 тие ќе бидат еднакви,еманципирани и слободни. 59 00:03:08,667 --> 00:03:10,059 Тие не се. 60 00:03:10,083 --> 00:03:11,351 Зошто? 61 00:03:11,375 --> 00:03:15,018 Од моето истражување, идентификувам 7 навики 62 00:03:15,042 --> 00:03:16,601 кои ги бришат жените, 63 00:03:16,625 --> 00:03:18,809 кои прават жените да исчезнат, 64 00:03:18,833 --> 00:03:21,434 но овие навики опстојуваат 65 00:03:21,458 --> 00:03:23,851 бидејќи ни се добро познати 66 00:03:23,875 --> 00:03:25,958 и сме ги направиле добри и морални. 67 00:03:26,792 --> 00:03:30,375 Зошто би промениле или исфрлиле нешто што е добро и морално? 68 00:03:31,500 --> 00:03:33,559 Од една страна, ги сакаме нашите деца, 69 00:03:33,583 --> 00:03:34,893 ги сакаме нашите ќерки, 70 00:03:34,917 --> 00:03:37,292 а од друга страна, ги гушиме. 71 00:03:38,875 --> 00:03:41,625 Прва навика: Ти немаш тело. 72 00:03:43,250 --> 00:03:48,518 Првиот чекор да претвориш девојче во дух е да направиш нејзиното тело да исчезне, 73 00:03:48,542 --> 00:03:50,768 да се преправаш дека таа нема тело. 74 00:03:50,792 --> 00:03:53,643 Акангша, која има 23 год. рече: 75 00:03:53,667 --> 00:03:58,018 „Во моето семејство никогаш не зборувавме за телото, никогаш". 76 00:03:58,042 --> 00:03:59,643 Токму во таа тишина 77 00:03:59,667 --> 00:04:03,559 милиони и милиони девојки се сексуално нападнати 78 00:04:03,583 --> 00:04:06,750 и дури не им кажуваат на нивните мајки. 79 00:04:07,625 --> 00:04:10,101 И негативните коментари од другите 80 00:04:10,125 --> 00:04:14,833 водат до 90 проценти од жените да велат дека не си ги сакаат своите тела. 81 00:04:15,458 --> 00:04:17,726 Кога девојка го одбива своето тело, 82 00:04:17,750 --> 00:04:19,809 таа го одбива нејзиниот единствен дом 83 00:04:19,833 --> 00:04:22,726 и невидливоста и несигурноста 84 00:04:22,750 --> 00:04:25,393 стануваат нејзината несигурна основа. 85 00:04:25,417 --> 00:04:29,000 Втора навика: Биди тивка.[ Тишина] 86 00:04:29,583 --> 00:04:31,559 Ако не треба да постоиш 87 00:04:31,583 --> 00:04:33,184 и немаш тело, 88 00:04:33,208 --> 00:04:35,351 како може да имаш глас? 89 00:04:35,375 --> 00:04:37,268 Па речиси секоја жена изјавила: 90 00:04:37,292 --> 00:04:41,434 „Кога бев мала мајка ми ме караше и ми велеше: 91 00:04:41,458 --> 00:04:44,434 „Не зборувај, биди тивка, замоччи, 92 00:04:44,458 --> 00:04:47,976 зборувај нежно, не се карај и никогаш не одвраќај. 93 00:04:48,000 --> 00:04:49,309 Не одговарај." 94 00:04:49,333 --> 00:04:51,375 Сигурна сум дека сите сте го слушнале тоа. 95 00:04:51,750 --> 00:04:54,226 Па девојчињата стануваат плашливи, се повлекуваат. 96 00:04:54,250 --> 00:04:57,643 Стануваат тивки и велат, 97 00:04:57,667 --> 00:04:59,476 „Остави. Ќе помине. 98 00:04:59,500 --> 00:05:01,333 Што е поентата? Никој не слуша." 99 00:05:02,375 --> 00:05:04,184 Образованите жени велат 100 00:05:04,208 --> 00:05:05,768 дека нивниот прв проблем 101 00:05:05,792 --> 00:05:09,059 е нивната неможност да прозборат, 102 00:05:09,083 --> 00:05:11,976 како да има стапало на нивното грло 103 00:05:12,000 --> 00:05:13,250 спремно да ги задави. 104 00:05:14,250 --> 00:05:17,208 Тишината ги распарчува жените. 105 00:05:19,375 --> 00:05:22,268 Трета навика: Биди задоволувач на луѓето. 106 00:05:22,292 --> 00:05:23,559 Задоволи ги другите. 107 00:05:23,583 --> 00:05:26,726 Секој сака фина жена, која секогаш се смее, 108 00:05:26,750 --> 00:05:29,184 која никогаш не вели „не“ и никогаш не е лута, 109 00:05:29,208 --> 00:05:31,268 дури и кога е експлоатирана. 110 00:05:31,292 --> 00:05:34,018 Амиша, која има 18 год. вели: 111 00:05:34,042 --> 00:05:36,309 „Татко ми рече: 112 00:05:36,333 --> 00:05:39,333 „Ако не те гледам да се смееш, не се чувствувам добро". 113 00:05:40,167 --> 00:05:41,476 Па таа се смее. 114 00:05:41,500 --> 00:05:44,059 Нејзиниот татко ја учи, 115 00:05:44,083 --> 00:05:48,018 мојата среќа е поважна од твојата среќа. 116 00:05:48,042 --> 00:05:52,268 Во овој бизнис за обид да ги усреќат сите цело време, 117 00:05:52,292 --> 00:05:55,167 девојчињата се плашат да донесат одлуки. 118 00:05:56,042 --> 00:05:58,643 Кога ги прашуваш, велат: 119 00:05:58,667 --> 00:06:01,042 „Што и да е, како и да е! 120 00:06:01,917 --> 00:06:03,708 Сѐ поминува.“ 121 00:06:05,083 --> 00:06:07,101 Дарша, која има 25 год. 122 00:06:07,125 --> 00:06:09,018 рече со огромна гордост, 123 00:06:09,042 --> 00:06:11,518 „Јас сум многу еластична. 124 00:06:11,542 --> 00:06:14,792 Јас станувам што другите сакаат да бидам." 125 00:06:15,500 --> 00:06:18,226 Такви девојчиња се откажуваат од своите соништа, 126 00:06:18,250 --> 00:06:19,559 своите желби 127 00:06:19,583 --> 00:06:21,518 и никој не ни забележува, 128 00:06:21,542 --> 00:06:23,476 освен ако не стане збор за депресија. 129 00:06:23,500 --> 00:06:24,750 Таа се вгнездува. 130 00:06:25,583 --> 00:06:29,000 Друг дел од девојчето се одронува. 131 00:06:31,042 --> 00:06:33,750 Четврта навика: Ти немаш сексуалност. 132 00:06:35,000 --> 00:06:39,101 Мислам дека сите ќе се согласите дека со население од над 1.3 милијарди, 133 00:06:39,125 --> 00:06:41,000 сексот не е нов за Индија. 134 00:06:42,208 --> 00:06:46,934 Ново е тоа што повеќе луѓе признаваат 135 00:06:46,958 --> 00:06:50,000 дека жените, исто така, имаат право на сексуална желба. 136 00:06:51,042 --> 00:06:54,518 Но како може жена која не го поседува сопственото тело, 137 00:06:54,542 --> 00:06:56,976 која не е образована за своето тело, 138 00:06:57,000 --> 00:06:59,476 која можеби била сексуално злоупотребена, 139 00:06:59,500 --> 00:07:00,976 која не може да рече „не“ 140 00:07:01,000 --> 00:07:03,184 и која е исполнета со срам, 141 00:07:03,208 --> 00:07:05,583 како да си ја потврди својата сексуална желба? 142 00:07:06,417 --> 00:07:09,042 Сексуалноста на жена е потисната. 143 00:07:10,625 --> 00:07:13,917 Петта навика: Не верувај им на жените. 144 00:07:15,083 --> 00:07:17,434 Замислете како ќе се променеше светот 145 00:07:17,458 --> 00:07:19,934 ако жените се здружеа заедно во солидарност, 146 00:07:19,958 --> 00:07:22,768 но за да не се случи ова, 147 00:07:22,792 --> 00:07:26,268 нашата култура високо ги вреднува моралните вредности 148 00:07:26,292 --> 00:07:29,583 за верноста на мажите и семејната дискреција. 149 00:07:30,125 --> 00:07:31,768 Жените, една по друга изјавуваа: 150 00:07:31,792 --> 00:07:34,393 „Знам само една жена од доверба 151 00:07:34,417 --> 00:07:36,018 и тоа сум јас." 152 00:07:36,042 --> 00:07:37,559 Дури и Ручи, која има 30 год. 153 00:07:37,583 --> 00:07:41,476 и работи на еманципирањето на жените на Универзитетот во Делхи рече: 154 00:07:41,500 --> 00:07:45,393 „Не им верувам на жените. Љубоморни се и озборуваат." 155 00:07:45,417 --> 00:07:47,184 Очигледно, тогаш, во градовите, 156 00:07:47,208 --> 00:07:49,233 жените не се приклучуваат кон женски групи 157 00:07:49,233 --> 00:07:52,483 и кога ќе ги прашаш зошто, тие велат: „Немаме време за озборување." 158 00:07:53,208 --> 00:07:57,125 Многу е полесно да уништиш жена која е сама. 159 00:07:58,375 --> 00:08:01,917 Шеста навика: Обврски пред желби. 160 00:08:02,833 --> 00:08:07,143 Мускан даде многу долга дефиниција за добра девојка, а има само 15 год. 161 00:08:07,167 --> 00:08:09,768 „Таа е љубезна, учтива, умее да сака, 162 00:08:09,792 --> 00:08:12,226 грижлива, искрена, послушна, ги почитува постарите, 163 00:08:12,250 --> 00:08:15,917 безусловно помага секому, добра е со сите и ги извршува обврските." 164 00:08:17,667 --> 00:08:19,559 Заморно, нели ? 165 00:08:19,583 --> 00:08:22,518 Додека ги извршиш обврските, 166 00:08:22,542 --> 00:08:25,976 која желба и да останала е исто така изгубена. 167 00:08:26,000 --> 00:08:29,518 И кога пожртвуваните жени немаат ништо друго да кажат 168 00:08:29,542 --> 00:08:31,226 освен да зборуваат за храна -- 169 00:08:31,250 --> 00:08:35,184 "Дали си јаден? Што ќе јадеш?", 170 00:08:35,208 --> 00:08:39,292 мажи како Саураб, кој има 24, ги нарекува „досадни." 171 00:08:40,417 --> 00:08:42,976 Жената станува остаток. 172 00:08:43,000 --> 00:08:47,184 Седма навика: Биди целосно зависна. 173 00:08:47,208 --> 00:08:50,309 Сите овие навики колективно ги рушат жените, 174 00:08:50,333 --> 00:08:51,851 ги полнат со страв 175 00:08:51,875 --> 00:08:55,476 и во нивното постоење целосно ги прават зависни од мажите 176 00:08:55,500 --> 00:08:59,167 и ова дозволува системот на машка моќ да продолжи. 177 00:09:00,083 --> 00:09:04,601 Па сите овие седум навики кои мислевме дека се добри и морални 178 00:09:04,625 --> 00:09:07,518 го одземаат животот на девојките 179 00:09:07,542 --> 00:09:09,958 и овозможуваат мажите да злоупотребуваат. 180 00:09:11,125 --> 00:09:12,976 Мораме да се промениме. 181 00:09:13,000 --> 00:09:14,250 Како да се промениме? 182 00:09:15,083 --> 00:09:16,917 Навиката е само навика. 183 00:09:17,708 --> 00:09:20,101 Секоја навика е научена навика, 184 00:09:20,125 --> 00:09:21,684 па може да се одвикнеме 185 00:09:21,708 --> 00:09:24,393 и оваа лична промена е значително важна. 186 00:09:24,417 --> 00:09:26,518 И јас морав да се сменам исто така. 187 00:09:26,542 --> 00:09:29,101 Но, ова не го променува системот 188 00:09:29,125 --> 00:09:31,417 кој руши милиони други жени. 189 00:09:32,292 --> 00:09:34,393 Па мораме да одиме до коренот. 190 00:09:34,417 --> 00:09:38,809 Мораме да го смениме она што значи добра жена и добар маж, 191 00:09:38,833 --> 00:09:41,583 бидејќи ова е основата на секое општество. 192 00:09:42,292 --> 00:09:46,684 Не ни требаат еластични жени, ни требаат еластични дефиниции 193 00:09:46,708 --> 00:09:48,268 и за мажите исто така 194 00:09:48,292 --> 00:09:53,518 и оваа голема општествена промена не може да се случи без вклученост на мажите. 195 00:09:53,542 --> 00:09:54,809 Ни требате. 196 00:09:54,833 --> 00:09:57,851 Ни требаат мажи за да станат шампиони на промената, 197 00:09:57,875 --> 00:10:01,059 да развијат силни мускули на промената. 198 00:10:01,083 --> 00:10:03,601 Инаку, ќе требаат уште два века 199 00:10:03,625 --> 00:10:05,976 додека нашите девојчиња и момчиња, 200 00:10:06,000 --> 00:10:07,250 не се безбедни и слободни. 201 00:10:08,292 --> 00:10:14,559 Замислете половина милијарда жени да дојдат заедно, со поддршка на мажите, 202 00:10:14,583 --> 00:10:17,684 да зборуваат еден со друг за конверзација, за промена 203 00:10:17,708 --> 00:10:19,601 и лична и политичка 204 00:10:19,625 --> 00:10:21,976 и замислете ги мажите во нивните кругови 205 00:10:22,000 --> 00:10:26,268 и замислете мажи и жени кои ќе се соберат заедно само за да се ислушаат 206 00:10:26,292 --> 00:10:28,684 без осудување, без клевета, 207 00:10:28,708 --> 00:10:31,518 без обвиненија и без срам. 208 00:10:31,542 --> 00:10:33,601 Замислете колку многу би се промениле. 209 00:10:33,625 --> 00:10:35,518 Ние можеме да го направиме ова заедно. 210 00:10:35,542 --> 00:10:37,958 Жени, не се прилагодувајте. 211 00:10:39,167 --> 00:10:41,083 Мажи, прилагодете се. 212 00:10:41,958 --> 00:10:43,726 Време е. 213 00:10:43,750 --> 00:10:45,101 Ви благодарам. 214 00:10:45,125 --> 00:10:48,958 (Аплауз) 215 00:10:49,512 --> 00:10:51,175 СРК: Колку добро кажано, прекрасно. 216 00:10:51,175 --> 00:10:52,937 Сите, Дипа, ве молам. 217 00:10:53,000 --> 00:10:54,809 Слушајќи ја неа, јас сфатив 218 00:10:54,833 --> 00:10:58,393 дека дури и во наједноставните разговори кои ги имаме со жените, 219 00:10:58,417 --> 00:10:59,976 ние всушност сме агресивни. 220 00:11:00,000 --> 00:11:02,423 На пример, некогаш ѝ велам на ќерка ми: 221 00:11:02,423 --> 00:11:05,519 "Yaar Tu hasti hai to mujhe accha lagta hai varna bura lagta hai". 222 00:11:05,519 --> 00:11:07,848 [Многу се извинувам,никогаш не би го сторил тоа.] 223 00:11:07,848 --> 00:11:09,768 Aaj Se main meri beti ko yahi bolunga. 224 00:11:09,792 --> 00:11:11,101 [Што и да правиш, 225 00:11:11,125 --> 00:11:13,726 ми се допаѓа, дури и да не се чувствувам добро.] 226 00:11:13,750 --> 00:11:16,601 [Прави како сметаш дека е исправно.] 227 00:11:16,625 --> 00:11:19,518 (Аплалуз) 228 00:11:19,542 --> 00:11:21,018 Како се чувствувате, 229 00:11:21,042 --> 00:11:26,976 прво со слушање на толку многу неисполнети приказни, желби, 230 00:11:27,000 --> 00:11:28,309 недостаток на независност 231 00:11:28,333 --> 00:11:32,851 за девојчиња за кои вообичаено претпоставуваме дека им е подобро? 232 00:11:32,875 --> 00:11:34,381 ДН: Многу депресивно. 233 00:11:34,381 --> 00:11:37,268 Беше шокантно за мене и затоа не можев да престанам, 234 00:11:37,292 --> 00:11:41,268 бидејќи немав намера да проучувам и не планирав да пишувам книга. 235 00:11:41,292 --> 00:11:45,101 Имав напишано 17 книги предходно и мислев завршив. 236 00:11:45,125 --> 00:11:47,268 Но кога отидов на Колеџот Св. Стефан 237 00:11:47,292 --> 00:11:52,393 и ги чув на најелитните колеџи во Делхи, вам добро познати, 238 00:11:52,417 --> 00:11:54,476 чув млади жени и мажи, 239 00:11:54,500 --> 00:11:58,351 што рекоа за тоа што за нив значи да си жена или маж. 240 00:11:58,375 --> 00:12:01,643 Не звучеше како мене, туку како генерацијата на мојата мајка. 241 00:12:01,667 --> 00:12:04,768 Па отидов на друг колеџ и на друг. 242 00:12:04,792 --> 00:12:06,476 Она што ми беше највпечатливо 243 00:12:06,500 --> 00:12:09,934 е тоа што секоја жена чувствува дека е сама, 244 00:12:09,958 --> 00:12:13,351 дека си го крие стравот и сопственото однесување 245 00:12:13,375 --> 00:12:15,375 бидејќи таа мисли дека е личен недостаток. 246 00:12:16,125 --> 00:12:19,059 Не е личен недостаток, туку е тренирање 247 00:12:19,083 --> 00:12:21,393 и мислам дека тоа е најголемото откритие 248 00:12:21,417 --> 00:12:24,851 дека ако престанеме да се преправаме, 249 00:12:24,875 --> 00:12:26,601 тогаш светот се менува. 250 00:12:26,625 --> 00:12:29,653 СРК: Дали вие девојки се согласувате со тоа што го вели Депа? 251 00:12:29,653 --> 00:12:31,784 (Аплауз) 252 00:12:31,784 --> 00:12:33,934 Веќе ја слушнав таа млада девојка како вели: 253 00:12:33,958 --> 00:12:36,559 „Слушна, слушна ли што рече таа?" Ова ми го викаш мене. 254 00:12:36,559 --> 00:12:38,268 Да, тоа е како треба да биде. 255 00:12:38,268 --> 00:12:41,182 Ти, момче, прилагоди се. Ние не се прилагодуваме веќе, во ред? 256 00:12:41,182 --> 00:12:42,601 (Аплауз) 257 00:12:42,601 --> 00:12:45,320 Многу ви благодарам. Имајте пријатна вечер. Ви благодарам. 258 00:12:45,320 --> 00:12:46,150 (Аплауз)