Мојот ден почнува исто како и вашиот. (смеење) Кога се будам наутро, го проверувам мојот телефон, и потоа пијам кафе. Но потоа, мојот ден навистина започнува. Можеби не е како вашиот, бидејќи јас го живеам животот како уметничко дело Замислете се во една огромна кутија накит со сите прекрасни работи што ги имате видено во вашиот живот. Потоа замислете дека вашето тело е платно. И на тоа платно, вие имате мисија да создадете едно ремек дело користејќи ја содржината на вашата огромна кутија накит. Откога ќе го создадете вашето ремек дело, можеби ќе си помислите, "Леле, јас го создадов тоа. Ова сум јас денес". Потоа ќе ги земете клучевите од вашиот дом, ќе излезете надвор во вистинскиот свет, можеби ќе користите јавен превоз за да стигнете до центарот на градот. Можеби и ќе се прошетате по улиците или пак ќе одите на шопинг. Тоа е мојот живот, секој ден. Кога излегувам од вратата, уметничките дела ме претставуваат - јас сум уметност. Цел мој живот како возрасен го живеам како уметност. Се открив себеси кога почнав да живеам како уметност. Израснав во мало село кое што се вика Филонгли, во Англија, последен пат спомнато во „Книга за страшниот суд“ така што менталитетот е таков. (смеење) Ме израснаа баба ми и дедо ми. тие продаваа антиквитети така што бев опкружен со историја и прекрасни предмети додека растев. Имав неверојатната кутија за костими така што како што можете да замислите, тогаш започна сé. Се преселив во Лондон на 17 години за да станам модел. Тогаш почнав да студирам и фотографија. Не бев среќен самиот со себе во тој период, па сакав да избегам од реалноста. Ги проучував изработките на Давид ЛаШапел и Стивен Арнолд, фотографи кои издигнаа и изградија светови кои што мене ми беа посебно импресивни. Еден ден решив да преминам од површинскиот свет на модата до површинскиот свет на уметноста. (смеење) Се одлучив да го живеам животот како едно уметничко дело. Работам со саати, понекогаш и со месеци изработувајќи нешто. Мојата најчесто користена алатка е безопасната игла, еве вака некако -- (смеење) Не се доволно големи. (смеење) И ги користам истите ткаенини одново, така што рециклирам сé што користам. Кога се облекувам, бојата, формата и текстурата ме водат. Ретко имам некоја тема. Наоѓам прекрасни предмети од цел светот, и ги оформувам во тридимензионални таписерии врз една постава што ја покрива формата на моето тело. зашто не сум задоволен со своето тело. (смеење) Се прашувам, "Да соблечам нешто или да облечам уште нешто? 100 парчиња, можеби?" Некогаш, го правам токму тоа. Ветувам, не е премногу неудобно-- добро, можеби е малку-- (смеење) Moжеби понекогаш ме боцка некоја безопасна игла додека разговарам со вас, па малку ќе се занесам-- (смеење) Вообичаено ми требаат околу 20 минути за да се спремам, но никој не верува во тоа. Вистина е-- понекогаш. Тоа е една моја верзија на облекување маичка и фармерки. (смеење) Кога се облекувам се изградувам како архитект. Нежно поставувам работи за да чувствувам дека припаѓаат. Всушност, дел од моите идеи доаѓаат од луцидно сонување. Всушност, спијам за да ги добијам тие идеи, и се имам научено да се будам за да ги запишам. Ги носам работите додека не се распаднат, и потоа, им давам нов живот. На пример, златниот костим-- тоа беше костимот што го носев во Палатата на парламентот во Лондон. Изработен е од оклоп, циркони и скршен накит. Јас бев првиот човек кој носеше оклоп во Парламентот откога Оливер Кромвел го забрани во 17-от век. Работите не треба да се скапи за да се прекрасни. Пробајте да направите костими од кеси за ѓубре или нешто што ќе најдете на улица. Од каде знаете, можеби тоа ќе заврши во списанието "Vouge". Во мојата колекција има повеќе од 6000 парчиња- -од Римски прстени кои се стари 2000 години па до будистички артефакти. Верувам во споделување на она што го правам со други, па се одлучив да направам уметничка изложба, што мометално низ музеите ширум светот. Содржи една армија од мене-- скулптура со реална големина, како што гледате зад мене, тука се-- тие се мојот живот. Тие се како 3Д таписерии од моето постоење како едно уметничко дело. Содржат пластични кристали помешано со дијаманти, лименки за пиво и кралска свила заедно во еден костим. Ми се допаѓа фактот што гледачот никогаш не може да замисли што е вистинско, а што е лажно. Сметам дека е важно да истражувам и споделувам култури преку моите дела. Ја користам облеката како алатка за истражување и ценам луѓе од секој крај на светот. Понекогаш, луѓето мислат дека сум уметнички изведувач или транвестит. Не сум. Иако навидум мојот живот изгледа како перформанс, не е. Многу е реален. Луѓето реагираат на мене исто како и на други уметнички дела. Многу луѓе се фасцинирани и заинтересирани. Некои пак се вртат околу мене, ме зјапаат, се срамат отпрвин. Но ќе ми пријдат и ќе ми кажат дали им се допаѓа или не она што го правам. Понекогаш им одговарам, понекогаш ја оставам уметноста да им одговори. Најиритантното нешто на свет е кога тие сакат да го допрат уметничкото дело. Но ги разбирам. Како и голем дел современата уметност многу луѓе се негативни. Некои се критични, но други навредуваат. Мислам дека тоа доаѓа од стравот за нешто различно-- нешто непознато. Има толку многу реакции за тоа што го правам, што се научив да не ги сфаќам лично. Никогаш не сум живеел како Даниел Лисмор, личноста, туку како Даниел Лисмор, уметничкото дело. Сум се соочил со секоја пречка како уметничко дело. Знае да биде и многу тешко... особено ако вашите алишта зафаќаат простор на контејнер со големина 12 метри, 3 сандаци за складирање и 30 кутии од ИКЕА-- (смеење) Понекогаш ми е многу тешко да влезам во кола и некогаш-- на пример, утрово не ме собра во сопственото WC така што тоа беше проблем. (смеење) Што значи тоа да бидеш свој? Луѓето го велат тоа постојано, но што значи тоа навистина, зошто е толку важно? Како се менува животот кога ќе изберете да бидете безрезервно свои? Сум се соочувал со маки и победи додека живеам живот како уметност. Сум летал со приватни авиони насекаде околу светот. Моите дела биле изложени во престижни музеи, и сум ја имал приликата-- инаку, тоа се моите баба и дедо, луѓето кои ме израснаа, а еве ме мене-- (смеење) (аплауз) Значи сум летал со приватни авиони насекаде околу светот, и сепак, не ми било секогаш лесно бидејќи имало времиња каде што сум бил бездомник, плукале по мене, ме злоупотребувале,некогаш и секој ден, ме навредувале цел живот, сум бил отфрлен од многу поединци, сум бил и прободен. Но она што ме болело најмногу беше тоа што бев ставен на листа за најлошо облечени. (смеење) Да бидете свои може да биде многу тешко, но научив дека тоа е најдобриот начин. Еве го "најлошо облечениот". (смеење) Како што се вели, "Секој друг е веќе зафатен". Сум сфатил дека самодовербата е концепт кој што сами го избирате. Сум сфатил дека автентичноста е потребна, и е моќна. Сум пробал да бидам како други луѓе извесно време. Не функционираше. Да не си свој е напорна работа. Имам неколку прашања за сите вас. Кои сте вие? Колку многу верзии од вас постојат? И имам уште едно финално прашање: Дали ги користите сите тие верзии во ваша полза? Во реалноста, секој е способен да создаде едно свое уметничко дело. Треба да пробате некогаш. Забавно е. Ви благодарам. (аплауз)