1 00:00:01,224 --> 00:00:04,498 Мојот ден почнува исто како и вашиот. 2 00:00:05,581 --> 00:00:10,546 (смеење) 3 00:00:10,570 --> 00:00:12,586 Кога се будам наутро, 4 00:00:12,610 --> 00:00:14,798 го проверувам мојот телефон, 5 00:00:14,822 --> 00:00:16,484 и потоа пијам кафе. 6 00:00:17,512 --> 00:00:20,001 Но потоа, мојот ден навистина започнува. 7 00:00:21,154 --> 00:00:23,141 Можеби не е како вашиот, 8 00:00:23,141 --> 00:00:27,811 бидејќи јас го живеам животот како уметничко дело 9 00:00:28,289 --> 00:00:32,612 Замислете се во една огромна кутија накит 10 00:00:32,636 --> 00:00:35,977 со сите прекрасни работи што ги имате видено во вашиот живот. 11 00:00:37,336 --> 00:00:41,186 Потоа замислете дека вашето тело е платно. 12 00:00:42,568 --> 00:00:44,311 И на тоа платно, 13 00:00:44,335 --> 00:00:49,397 вие имате мисија да создадете едно ремек дело 14 00:00:49,421 --> 00:00:52,212 користејќи ја содржината на вашата огромна кутија накит. 15 00:00:53,757 --> 00:00:56,766 Откога ќе го создадете вашето ремек дело, 16 00:00:56,790 --> 00:01:00,298 можеби ќе си помислите, "Леле, јас го создадов тоа. 17 00:01:00,322 --> 00:01:01,998 Ова сум јас денес". 18 00:01:02,546 --> 00:01:04,691 Потоа ќе ги земете клучевите од вашиот дом, 19 00:01:04,715 --> 00:01:06,961 ќе излезете надвор во вистинскиот свет, 20 00:01:06,985 --> 00:01:10,371 можеби ќе користите јавен превоз за да стигнете до центарот на градот. 21 00:01:11,709 --> 00:01:14,913 Можеби и ќе се прошетате по улиците или пак ќе одите на шопинг. 22 00:01:15,731 --> 00:01:17,458 Тоа е мојот живот, секој ден. 23 00:01:18,686 --> 00:01:20,079 Кога излегувам од вратата, 24 00:01:20,103 --> 00:01:21,699 уметничките дела ме претставуваат 25 00:01:22,281 --> 00:01:24,377 - јас сум уметност. 26 00:01:26,408 --> 00:01:29,572 Цел мој живот како возрасен го живеам како уметност. 27 00:01:30,324 --> 00:01:33,015 Се открив себеси кога почнав да живеам како уметност. 28 00:01:34,401 --> 00:01:38,365 Израснав во мало село кое што се вика Филонгли, во Англија, 29 00:01:38,365 --> 00:01:40,872 последен пат спомнато во „Книга за страшниот суд“ 30 00:01:40,872 --> 00:01:42,461 така што менталитетот е таков. 31 00:01:42,485 --> 00:01:43,636 (смеење) 32 00:01:43,660 --> 00:01:45,982 Ме израснаа баба ми и дедо ми. 33 00:01:46,006 --> 00:01:47,780 тие продаваа антиквитети 34 00:01:47,804 --> 00:01:52,109 така што бев опкружен со историја и прекрасни предмети додека растев. 35 00:01:52,621 --> 00:01:54,498 Имав неверојатната кутија за костими 36 00:01:55,309 --> 00:01:58,340 така што како што можете да замислите, тогаш започна сé. 37 00:02:01,817 --> 00:02:04,455 Се преселив во Лондон на 17 години за да станам модел. 38 00:02:05,718 --> 00:02:07,610 Тогаш почнав да студирам и фотографија. 39 00:02:08,995 --> 00:02:11,364 Не бев среќен самиот со себе во тој период, 40 00:02:11,388 --> 00:02:13,169 па сакав да избегам од реалноста. 41 00:02:13,884 --> 00:02:16,516 Ги проучував изработките на Давид ЛаШапел 42 00:02:16,540 --> 00:02:17,826 и Стивен Арнолд, 43 00:02:17,850 --> 00:02:21,474 фотографи кои издигнаа и изградија светови 44 00:02:21,498 --> 00:02:23,596 кои што мене ми беа посебно импресивни. 45 00:02:24,038 --> 00:02:29,887 Еден ден решив да преминам од површинскиот свет на модата 46 00:02:29,911 --> 00:02:31,570 до површинскиот свет на уметноста. 47 00:02:31,594 --> 00:02:32,967 (смеење) 48 00:02:32,991 --> 00:02:36,426 Се одлучив да го живеам животот како едно уметничко дело. 49 00:02:38,178 --> 00:02:41,071 Работам со саати, понекогаш и со месеци изработувајќи нешто. 50 00:02:41,807 --> 00:02:45,196 Мојата најчесто користена алатка е безопасната игла, еве вака некако -- 51 00:02:45,220 --> 00:02:46,226 (смеење) 52 00:02:46,250 --> 00:02:47,478 Не се доволно големи. 53 00:02:47,502 --> 00:02:48,609 (смеење) 54 00:02:48,633 --> 00:02:51,157 И ги користам истите ткаенини одново, 55 00:02:51,181 --> 00:02:53,054 така што рециклирам сé што користам. 56 00:02:54,580 --> 00:02:57,590 Кога се облекувам, бојата, формата и текстурата ме водат. 57 00:02:58,848 --> 00:03:00,203 Ретко имам некоја тема. 58 00:03:00,865 --> 00:03:03,169 Наоѓам прекрасни предмети од цел светот, 59 00:03:03,183 --> 00:03:06,021 и ги оформувам во тридимензионални таписерии 60 00:03:06,045 --> 00:03:08,705 врз една постава што ја покрива формата на моето тело. 61 00:03:08,729 --> 00:03:10,670 зашто не сум задоволен со своето тело. 62 00:03:10,694 --> 00:03:11,844 (смеење) 63 00:03:12,177 --> 00:03:14,177 Се прашувам, "Да соблечам нешто 64 00:03:14,201 --> 00:03:16,395 или да облечам уште нешто? 65 00:03:16,419 --> 00:03:17,592 100 парчиња, можеби?" 66 00:03:17,616 --> 00:03:19,062 Некогаш, го правам токму тоа. 67 00:03:20,963 --> 00:03:23,767 Ветувам, не е премногу неудобно-- 68 00:03:23,791 --> 00:03:25,333 добро, можеби е малку-- 69 00:03:25,357 --> 00:03:26,437 (смеење) 70 00:03:26,461 --> 00:03:28,700 Moжеби понекогаш ме боцка некоја безопасна игла 71 00:03:28,724 --> 00:03:30,629 додека разговарам со вас, 72 00:03:30,653 --> 00:03:32,195 па малку ќе се занесам-- 73 00:03:32,219 --> 00:03:33,643 (смеење) 74 00:03:35,091 --> 00:03:38,566 Вообичаено ми требаат околу 20 минути за да се спремам, 75 00:03:38,590 --> 00:03:40,692 но никој не верува во тоа. 76 00:03:41,828 --> 00:03:42,978 Вистина е-- 77 00:03:43,002 --> 00:03:44,152 понекогаш. 78 00:03:44,942 --> 00:03:47,677 Тоа е една моја верзија на облекување маичка и фармерки. 79 00:03:47,701 --> 00:03:49,925 (смеење) 80 00:03:49,949 --> 00:03:52,104 Кога се облекувам се изградувам како архитект. 81 00:03:52,892 --> 00:03:55,546 Нежно поставувам работи за да чувствувам дека припаѓаат. 82 00:03:56,157 --> 00:03:58,791 Всушност, дел од моите идеи доаѓаат од луцидно сонување. 83 00:03:59,180 --> 00:04:01,766 Всушност, спијам за да ги добијам тие идеи, 84 00:04:01,790 --> 00:04:04,319 и се имам научено да се будам за да ги запишам. 85 00:04:06,002 --> 00:04:07,995 Ги носам работите додека не се распаднат, 86 00:04:08,019 --> 00:04:10,200 и потоа, им давам нов живот. 87 00:04:10,686 --> 00:04:12,423 На пример, златниот костим-- 88 00:04:12,447 --> 00:04:16,486 тоа беше костимот што го носев во Палатата на парламентот во Лондон. 89 00:04:17,411 --> 00:04:20,244 Изработен е од оклоп, циркони и скршен накит. 90 00:04:20,268 --> 00:04:23,015 Јас бев првиот човек кој носеше оклоп во Парламентот 91 00:04:23,039 --> 00:04:25,719 откога Оливер Кромвел го забрани во 17-от век. 92 00:04:26,889 --> 00:04:29,555 Работите не треба да се скапи за да се прекрасни. 93 00:04:30,335 --> 00:04:35,120 Пробајте да направите костими од кеси за ѓубре или нешто што ќе најдете на улица. 94 00:04:35,144 --> 00:04:36,295 Од каде знаете, 95 00:04:36,319 --> 00:04:38,660 можеби тоа ќе заврши во списанието "Vouge". 96 00:04:39,932 --> 00:04:42,156 Во мојата колекција има повеќе од 6000 парчиња- 97 00:04:42,180 --> 00:04:46,486 -од Римски прстени кои се стари 2000 години па до будистички артефакти. 98 00:04:47,066 --> 00:04:50,084 Верувам во споделување на она што го правам со други, 99 00:04:50,108 --> 00:04:53,046 па се одлучив да направам уметничка изложба, 100 00:04:53,070 --> 00:04:55,998 што мометално низ музеите ширум светот. 101 00:04:57,080 --> 00:04:59,305 Содржи една армија од мене-- 102 00:04:59,329 --> 00:05:01,478 скулптура со реална големина, како што гледате 103 00:05:01,502 --> 00:05:02,653 зад мене, тука се-- 104 00:05:02,677 --> 00:05:03,894 тие се мојот живот. 105 00:05:03,918 --> 00:05:07,152 Тие се како 3Д таписерии од моето постоење како едно уметничко дело. 106 00:05:07,176 --> 00:05:09,652 Содржат пластични кристали помешано со дијаманти, 107 00:05:09,676 --> 00:05:12,267 лименки за пиво и кралска свила заедно во еден костим. 108 00:05:12,639 --> 00:05:15,508 Ми се допаѓа фактот што гледачот никогаш не може да замисли 109 00:05:15,532 --> 00:05:17,191 што е вистинско, а што е лажно. 110 00:05:17,599 --> 00:05:22,390 Сметам дека е важно да истражувам и споделувам култури преку моите дела. 111 00:05:23,746 --> 00:05:26,156 Ја користам облеката како алатка за истражување 112 00:05:26,180 --> 00:05:28,636 и ценам луѓе од секој крај на светот. 113 00:05:29,557 --> 00:05:34,711 Понекогаш, луѓето мислат дека сум уметнички изведувач или транвестит. 114 00:05:35,704 --> 00:05:37,125 Не сум. 115 00:05:37,149 --> 00:05:40,725 Иако навидум мојот живот изгледа како перформанс, 116 00:05:40,749 --> 00:05:42,125 не е. 117 00:05:42,149 --> 00:05:43,844 Многу е реален. 118 00:05:44,791 --> 00:05:47,832 Луѓето реагираат на мене исто како и на други уметнички дела. 119 00:05:48,272 --> 00:05:51,164 Многу луѓе се фасцинирани и заинтересирани. 120 00:05:51,536 --> 00:05:54,574 Некои пак се вртат околу мене, ме зјапаат, се срамат отпрвин. 121 00:05:55,024 --> 00:05:59,446 Но ќе ми пријдат и ќе ми кажат дали им се допаѓа или не она што го правам. 122 00:06:00,242 --> 00:06:03,986 Понекогаш им одговарам, понекогаш ја оставам уметноста да им одговори. 123 00:06:06,187 --> 00:06:09,964 Најиритантното нешто на свет е кога тие сакат да го допрат уметничкото дело. 124 00:06:10,550 --> 00:06:11,860 Но ги разбирам. 125 00:06:12,822 --> 00:06:14,531 Како и голем дел современата уметност 126 00:06:14,579 --> 00:06:16,059 многу луѓе се негативни. 127 00:06:16,059 --> 00:06:17,966 Некои се критични, 128 00:06:17,990 --> 00:06:19,342 но други навредуваат. 129 00:06:19,918 --> 00:06:22,809 Мислам дека тоа доаѓа од стравот за нешто различно-- 130 00:06:22,833 --> 00:06:24,170 нешто непознато. 131 00:06:24,194 --> 00:06:26,671 Има толку многу реакции за тоа што го правам, 132 00:06:26,695 --> 00:06:29,729 што се научив да не ги сфаќам лично. 133 00:06:30,803 --> 00:06:33,336 Никогаш не сум живеел како Даниел Лисмор, личноста, 134 00:06:33,360 --> 00:06:35,454 туку како Даниел Лисмор, уметничкото дело. 135 00:06:36,174 --> 00:06:38,761 Сум се соочил со секоја пречка како уметничко дело. 136 00:06:40,402 --> 00:06:42,294 Знае да биде и многу тешко... 137 00:06:42,318 --> 00:06:46,459 особено ако вашите алишта зафаќаат простор на контејнер со големина 12 метри, 138 00:06:46,483 --> 00:06:49,397 3 сандаци за складирање и 30 кутии од ИКЕА-- 139 00:06:49,421 --> 00:06:50,936 (смеење) 140 00:06:50,960 --> 00:06:54,968 Понекогаш ми е многу тешко да влезам во кола 141 00:06:54,992 --> 00:06:56,218 и некогаш-- 142 00:06:56,242 --> 00:06:58,910 на пример, утрово не ме собра во сопственото WC 143 00:06:58,934 --> 00:07:00,177 така што тоа беше проблем. 144 00:07:00,201 --> 00:07:01,848 (смеење) 145 00:07:01,872 --> 00:07:03,847 Што значи тоа да бидеш свој? 146 00:07:04,313 --> 00:07:06,182 Луѓето го велат тоа постојано, 147 00:07:06,206 --> 00:07:07,896 но што значи тоа навистина, 148 00:07:07,920 --> 00:07:09,346 зошто е толку важно? 149 00:07:10,257 --> 00:07:14,465 Како се менува животот кога ќе изберете да бидете безрезервно свои? 150 00:07:16,560 --> 00:07:20,466 Сум се соочувал со маки и победи додека живеам живот како уметност. 151 00:07:20,490 --> 00:07:22,730 Сум летал со приватни авиони 152 00:07:22,754 --> 00:07:24,329 насекаде околу светот. 153 00:07:24,724 --> 00:07:26,957 Моите дела биле изложени во престижни музеи, 154 00:07:26,971 --> 00:07:28,448 и сум ја имал приликата-- 155 00:07:28,472 --> 00:07:31,204 инаку, тоа се моите баба и дедо, 156 00:07:31,228 --> 00:07:32,943 луѓето кои ме израснаа, 157 00:07:32,967 --> 00:07:34,323 а еве ме мене-- 158 00:07:34,347 --> 00:07:35,348 (смеење) 159 00:07:35,372 --> 00:07:40,834 (аплауз) 160 00:07:40,858 --> 00:07:43,611 Значи сум летал со приватни авиони насекаде околу светот, 161 00:07:43,635 --> 00:07:45,700 и сепак, не ми било секогаш лесно 162 00:07:45,724 --> 00:07:48,796 бидејќи имало времиња каде што сум бил бездомник, 163 00:07:48,820 --> 00:07:50,182 плукале по мене, 164 00:07:50,206 --> 00:07:52,096 ме злоупотребувале,некогаш и секој ден, 165 00:07:52,120 --> 00:07:54,008 ме навредувале цел живот, 166 00:07:54,032 --> 00:07:56,494 сум бил отфрлен од многу поединци, 167 00:07:56,518 --> 00:07:58,404 сум бил и прободен. 168 00:07:58,428 --> 00:08:00,334 Но она што ме болело најмногу беше тоа 169 00:08:00,358 --> 00:08:02,517 што бев ставен на листа за најлошо облечени. 170 00:08:02,541 --> 00:08:05,751 (смеење) 171 00:08:05,775 --> 00:08:08,106 Да бидете свои може да биде многу тешко, но 172 00:08:08,130 --> 00:08:09,903 научив дека тоа е најдобриот начин. 173 00:08:09,927 --> 00:08:11,284 Еве го "најлошо облечениот". 174 00:08:11,308 --> 00:08:12,854 (смеење) 175 00:08:13,768 --> 00:08:16,371 Како што се вели, "Секој друг е веќе зафатен". 176 00:08:17,128 --> 00:08:20,415 Сум сфатил дека самодовербата е концепт кој што сами го избирате. 177 00:08:20,991 --> 00:08:25,121 Сум сфатил дека автентичноста е потребна, и е моќна. 178 00:08:26,206 --> 00:08:29,244 Сум пробал да бидам како други луѓе извесно време. 179 00:08:29,741 --> 00:08:30,981 Не функционираше. 180 00:08:31,362 --> 00:08:33,705 Да не си свој е напорна работа. 181 00:08:35,600 --> 00:08:37,340 Имам неколку прашања за сите вас. 182 00:08:38,612 --> 00:08:39,762 Кои сте вие? 183 00:08:41,074 --> 00:08:42,878 Колку многу верзии од вас постојат? 184 00:08:43,850 --> 00:08:46,272 И имам уште едно финално прашање: 185 00:08:47,031 --> 00:08:50,040 Дали ги користите сите тие верзии во ваша полза? 186 00:08:51,503 --> 00:08:55,163 Во реалноста, секој е способен да создаде едно свое уметничко дело. 187 00:08:55,847 --> 00:08:57,628 Треба да пробате некогаш. 188 00:08:57,652 --> 00:08:58,802 Забавно е. 189 00:08:59,453 --> 00:09:00,604 Ви благодарам. 190 00:09:00,628 --> 00:09:05,841 (аплауз)