1 00:00:00,946 --> 00:00:03,340 Зошто е толку специјален човечкиот мозок? 2 00:00:03,340 --> 00:00:05,552 Зошто токму ние ги проучуваме другите животни, 3 00:00:05,552 --> 00:00:07,673 а не тие нас? 4 00:00:07,673 --> 00:00:09,471 Што има или прави човечкиот мозок, 5 00:00:09,471 --> 00:00:11,204 а што не можат другите мозоци? 6 00:00:11,204 --> 00:00:14,052 Кога се заинтересирав за овие прашања пред околу 10 години, 7 00:00:14,052 --> 00:00:16,994 начниците мислеа дека знаат од што се направени различните мозоци. 8 00:00:16,994 --> 00:00:18,723 Иако беше базирано на многу малку докази, 9 00:00:18,723 --> 00:00:20,910 многу научници мислеа дека мозоците на цицачите, 10 00:00:20,910 --> 00:00:22,635 вклучувајќи го и човечкиот мозок, 11 00:00:22,635 --> 00:00:23,935 се направени на ист начин, 12 00:00:23,935 --> 00:00:25,437 дека бројот на неврони е секогаш 13 00:00:25,437 --> 00:00:27,668 пропорционален на големината на мозокот. 14 00:00:27,668 --> 00:00:29,744 Ова значи дека два мозоци со иста големина, 15 00:00:29,744 --> 00:00:33,292 како овие два, со тежина од по 400 грама, 16 00:00:33,292 --> 00:00:35,844 би требало да имаат сличен број на неврони. 17 00:00:35,844 --> 00:00:37,640 Е сега, ако невроните се функционалните 18 00:00:37,640 --> 00:00:40,543 единици на мозокот за обработка на информации, 19 00:00:40,543 --> 00:00:42,135 тогаш сопствениците на овие два мозоци 20 00:00:42,135 --> 00:00:44,864 треба да имаат слични когнитивни способности. 21 00:00:44,864 --> 00:00:47,213 Но, едниот е на шимпанзо, 22 00:00:47,213 --> 00:00:49,850 а другиот на крава. 23 00:00:49,850 --> 00:00:52,212 Можеби кравите имаат навистина богат 24 00:00:52,212 --> 00:00:54,465 ментален живот и се толку паметни 25 00:00:54,465 --> 00:00:58,268 што одлучиле да го сокријат тој факт од нас, 26 00:00:58,268 --> 00:00:59,713 но ние ги јадеме. 27 00:00:59,713 --> 00:01:01,412 Мислам дека повеќето луѓе ќе се сложат 28 00:01:01,412 --> 00:01:03,413 дека шимпанзата се способни за посложени, 29 00:01:03,413 --> 00:01:06,469 подетални и пофлексибилни однесувања отколку кравите. 30 00:01:06,469 --> 00:01:08,401 Ова е првиот знак дека сценариото 31 00:01:08,401 --> 00:01:10,434 "сите мозоци се направени на ист начин" 32 00:01:10,434 --> 00:01:12,105 не е баш исправно. 33 00:01:12,105 --> 00:01:13,451 Но ајде да речеме дека е така. 34 00:01:13,451 --> 00:01:15,229 Ако сите мозоци се направени на ист начин, 35 00:01:15,229 --> 00:01:18,141 ако споредиш животни кои имаат мозоци со различна големина, 36 00:01:18,141 --> 00:01:20,323 тогаш поголемите мозоци треба да имаат повеќе неврони 37 00:01:20,323 --> 00:01:22,646 отколку помалите мозоци, и колку е поголем мозокот 38 00:01:22,646 --> 00:01:25,668 толку поинтелигентен треба да биде неговиот сопственик. 39 00:01:25,668 --> 00:01:27,804 Значи, најголемиот мозок што ќе го најдеме треба 40 00:01:27,804 --> 00:01:30,093 да биде и најинтелигентниот. 41 00:01:30,093 --> 00:01:31,674 И еве ги лошите вести: 42 00:01:31,674 --> 00:01:34,431 Нашиот мозок не е најголемиот мозок. 43 00:01:34,431 --> 00:01:35,986 Доста вознемирувачко. 44 00:01:35,986 --> 00:01:38,721 Нашиот мозок тежи помеѓу 1.2 и 1.5 килограми, 45 00:01:38,721 --> 00:01:42,038 но мозокот на слонот тежи помеѓу четири и пет килограми, 46 00:01:42,038 --> 00:01:44,623 а мозокот на китот може да тежи сѐ до 9 килограми. 47 00:01:44,623 --> 00:01:49,361 А за да ги објаснат човековите когнитивни способности 48 00:01:49,361 --> 00:01:51,518 научниците честопати велеа 49 00:01:51,518 --> 00:01:54,380 дека нашиот мозок мора да е специјален. 50 00:01:54,380 --> 00:01:57,326 Мора да е извонреден, 51 00:01:57,326 --> 00:01:59,303 исклучок од правилото. 52 00:01:59,303 --> 00:02:02,529 Нивниот можеби е поголем, но нашиот е подобар, 53 00:02:02,529 --> 00:02:04,404 и можеби е подобар, на пример, 54 00:02:04,404 --> 00:02:06,515 се чини дека е поголем одошто треба, 55 00:02:06,515 --> 00:02:09,213 имаме многу поголем церебрален кортекс одошто треба да имаме, 56 00:02:09,213 --> 00:02:10,752 имајќи ја на ум големината на нашето тело. 57 00:02:10,752 --> 00:02:12,404 Имаме вишок кортекс со кој 58 00:02:12,404 --> 00:02:15,364 можеме да правиме интересни работи, а не само да управуваме со телото. 59 00:02:15,364 --> 00:02:17,043 Тоа е така бидејќи големината на мозокот 60 00:02:17,043 --> 00:02:19,376 вообичаено е во склад со големината на телото. 61 00:02:19,376 --> 00:02:21,693 Заклучокот дека нашиот мозок е поголем 62 00:02:21,693 --> 00:02:23,780 одошто треба да биде, се базира 63 00:02:23,780 --> 00:02:25,552 на нашите споредби со другите 64 00:02:25,552 --> 00:02:27,238 примати. 65 00:02:27,238 --> 00:02:29,832 Горилата можат да бидат двапати или трипати поголеми од нас, 66 00:02:29,832 --> 00:02:32,253 па оттука и нивните мозоци треба да се поголеми од нашите, 67 00:02:32,253 --> 00:02:34,198 но во реалноста е обратно. 68 00:02:34,198 --> 00:02:37,133 Нашиот мозок е трипати поголем од оној на горилото. 69 00:02:37,133 --> 00:02:39,253 Човечкиот мозок е специјален и во однос 70 00:02:39,253 --> 00:02:41,500 на тоа колку енергија троши. 71 00:02:41,500 --> 00:02:44,249 Иако е само 2 проценти од вкупната телесна тежина, 72 00:02:44,249 --> 00:02:47,692 мозокот користи 25 проценти од енергијата 73 00:02:47,692 --> 00:02:50,155 која му е потребна на телото за да функционира. 74 00:02:50,155 --> 00:02:53,508 Тоа се 500 калории од вкупните 2,000 калории, 75 00:02:53,508 --> 00:02:55,913 само за да ви работи мозокот. 76 00:02:55,913 --> 00:02:58,841 Човечкиот мозок е поголем одошто треба да биде, 77 00:02:58,841 --> 00:03:00,867 користи многу повеќе енергија одошто треба, 78 00:03:00,867 --> 00:03:02,325 и затоа е специјален. 79 00:03:02,325 --> 00:03:04,896 И токму овде приказната почна да ми смета. 80 00:03:04,896 --> 00:03:06,567 Во биологијата бараме правила 81 00:03:06,567 --> 00:03:09,413 кои важат за сите животни и за животот во глобала, 82 00:03:09,413 --> 00:03:11,263 и зошто законите на еволуцијата 83 00:03:11,263 --> 00:03:14,905 би важеле за сите само не за нас? 84 00:03:14,905 --> 00:03:17,102 Можеби проблемот лежи во основната претпоставка 85 00:03:17,102 --> 00:03:18,973 дека сите мозоци се направени на ист начин. 86 00:03:18,973 --> 00:03:20,572 Можеби два мозоци со иста големина 87 00:03:20,572 --> 00:03:23,163 содржат различен број на неврони. 88 00:03:23,163 --> 00:03:24,770 Еден многу голем мозок 89 00:03:24,770 --> 00:03:26,610 не мора да значи дека има повеќе неврони 90 00:03:26,610 --> 00:03:28,831 од мозок со средна големина. 91 00:03:28,831 --> 00:03:31,840 Можеби човечкиот мозок има најмногу неврони 92 00:03:31,840 --> 00:03:34,413 споредено со другите мозоци, без оглед на неговата големина, 93 00:03:34,413 --> 00:03:36,507 особено во церебралниот кортекс. 94 00:03:36,507 --> 00:03:38,059 И така за мене стана 95 00:03:38,059 --> 00:03:39,788 важно да одговорам на прашањето: 96 00:03:39,788 --> 00:03:42,188 колку неврони има човечкиот мозок, 97 00:03:42,188 --> 00:03:44,710 и како изгледа тоа во споредба со другите животни? 98 00:03:44,710 --> 00:03:47,133 Е сега, можеби сте слушнале или прочитале некаде 99 00:03:47,133 --> 00:03:49,244 дека имаме 100 милијарди неврони, 100 00:03:49,244 --> 00:03:51,330 и така пред 10 години ги прашав моите колеги 101 00:03:51,330 --> 00:03:53,169 дали знаат како е дојдено до овој број. 102 00:03:53,169 --> 00:03:54,627 Но никој не знаеше. 103 00:03:54,627 --> 00:03:56,080 Копав низ литературата за да откријам 104 00:03:56,080 --> 00:03:58,138 од каде потекнува овој број, но не 105 00:03:58,138 --> 00:03:59,921 можев да откријам. 106 00:03:59,921 --> 00:04:02,660 Се чини дека всушност никој ги нема избројано 107 00:04:02,660 --> 00:04:04,194 невроните во човечкиот мозок, 108 00:04:04,194 --> 00:04:06,693 а ниту пак во другите мозоци. 109 00:04:06,693 --> 00:04:10,228 И така смислив начин како да ги избројам клетките во мозокот. 110 00:04:10,228 --> 00:04:12,336 Во суштина, правиме супа 111 00:04:12,336 --> 00:04:15,581 од мозокот. 112 00:04:15,581 --> 00:04:17,618 Вака функционира: 113 00:04:17,618 --> 00:04:20,745 Земате мозок, или делови од мозокот, 114 00:04:20,745 --> 00:04:22,489 и го растворате во детергент, 115 00:04:22,489 --> 00:04:23,998 кој ги уништува клеточните мембрани, 116 00:04:23,998 --> 00:04:26,434 а клеточното јадро останува недопрено, 117 00:04:26,434 --> 00:04:29,574 и на крај добивате раствор од клеточни јадра 118 00:04:29,574 --> 00:04:31,355 кој изгледа вака, 119 00:04:31,355 --> 00:04:32,628 како бистра супа. 120 00:04:32,628 --> 00:04:34,519 Оваа супа ги содржи сите јадра 121 00:04:34,519 --> 00:04:36,573 кои некогаш биле дел од мозок на глушец. 122 00:04:36,573 --> 00:04:39,603 Убавината на супата се состои во тоа што можете 123 00:04:39,603 --> 00:04:42,501 да ја промешате и на тој начин рамномерно 124 00:04:42,501 --> 00:04:44,472 да ги распределите јадрата во течноста, 125 00:04:44,472 --> 00:04:46,453 и кога ќе разгледате под микроскопот 126 00:04:46,453 --> 00:04:50,536 четири или пет примероци од овој хомоген раствор, 127 00:04:50,536 --> 00:04:53,072 ке можете да ги изброите јадрата 128 00:04:53,072 --> 00:04:54,751 и ќе знаете колку клетки имал тој мозок. 129 00:04:54,751 --> 00:04:56,376 Едноставно е, ефикасно 130 00:04:56,376 --> 00:04:57,810 и навистина брзо. 131 00:04:57,810 --> 00:04:59,807 Го користевме овој метод за да ги изброиме невроните 132 00:04:59,807 --> 00:05:02,118 кај дузина различни видови до сега, 133 00:05:02,118 --> 00:05:03,807 и се покажа дека не сите мозоци 134 00:05:03,807 --> 00:05:06,389 се направени на ист начин. 135 00:05:06,389 --> 00:05:08,576 Да ги земеме глодарите и приматите, на пример: 136 00:05:08,576 --> 00:05:10,860 Во мозоците на поголемите глодари, просечната големина 137 00:05:10,860 --> 00:05:12,546 на невронот се зголемува, 138 00:05:12,546 --> 00:05:15,145 па така мозокот многу брзо се шири, 139 00:05:15,145 --> 00:05:18,310 а ширењето е многу побрзо одошто растот на бројот на неврони. 140 00:05:18,310 --> 00:05:20,013 Но во мозокот на приматите бројот 141 00:05:20,013 --> 00:05:22,472 на неврони расте, а без притоа да се зголеми нивната просечна големина, 142 00:05:22,472 --> 00:05:23,997 и ова е многу економичен начин 143 00:05:23,997 --> 00:05:25,650 за додавање на неврони во мозокот. 144 00:05:25,650 --> 00:05:27,414 Како резултат на ова приматскиот мозок 145 00:05:27,414 --> 00:05:30,581 секогаш ќе има повеќе неврони во споредба со глодарскиот мозок од иста големина, 146 00:05:30,581 --> 00:05:32,064 и колку е поголем мозокот, 147 00:05:32,064 --> 00:05:34,278 толку поголема ќе биде оваа разлика. 148 00:05:34,278 --> 00:05:36,381 И што е со нашиот мозок? 149 00:05:36,381 --> 00:05:38,065 Откривме дека ние имаме, во просек, 150 00:05:38,065 --> 00:05:39,850 86 милијарди неврони, 151 00:05:39,850 --> 00:05:42,849 од кои 16 милијарди се во церебралниот кортекс, 152 00:05:42,849 --> 00:05:44,930 и ако земете во предвид дека цербралниот кортекс 153 00:05:44,930 --> 00:05:48,024 е седиште на функциите како 154 00:05:48,024 --> 00:05:51,161 свесноста, логичкото и апстрактно резонирање, 155 00:05:51,161 --> 00:05:54,145 и тоа што нашиот кортекс има најмногу 156 00:05:54,145 --> 00:05:56,766 неврони споредено со било кој друг кортекс, 157 00:05:56,766 --> 00:05:58,484 мислам дека ова е наједноставното објаснување 158 00:05:58,484 --> 00:06:01,626 за нашите неверојатни когнитивни способности. 159 00:06:01,626 --> 00:06:04,847 Но исто толку е важно и значењето на 86те милијарди неврони. 160 00:06:04,847 --> 00:06:06,376 Оти откривме дека врската помеѓу 161 00:06:06,376 --> 00:06:08,728 големината на мозокот и бројот на неврони кој ги поседува 162 00:06:08,728 --> 00:06:10,355 може да се опише математички, 163 00:06:10,355 --> 00:06:12,573 можеме да пресметаме како би изгледал 164 00:06:12,573 --> 00:06:15,247 човечкиот мозок доколку беше направен како оној на глодарите. 165 00:06:15,247 --> 00:06:18,821 Глодарски мозок со 86 милијарди неврони 166 00:06:18,821 --> 00:06:21,942 би тежел 36 килограми. 167 00:06:21,942 --> 00:06:23,575 Тоа е невозможно. 168 00:06:23,575 --> 00:06:25,481 Мозок со толкава големина би бил згмечен 169 00:06:25,481 --> 00:06:26,665 од сопствената тежина, 170 00:06:26,665 --> 00:06:28,252 и овој невозможен мозок би одел 171 00:06:28,252 --> 00:06:32,023 со тело кое тежи 89 тони. 172 00:06:32,023 --> 00:06:34,157 Ова не личи на нас. 173 00:06:34,157 --> 00:06:36,710 Ова веќе нѐ води до еден многу важен заклучок, 174 00:06:36,710 --> 00:06:39,357 дека ние не сме глодари. 175 00:06:39,357 --> 00:06:42,625 Човечкиот мозок не е голем стаорски мозок. 176 00:06:42,625 --> 00:06:45,253 Во споредба со стаорец, ние сме специјални, да, 177 00:06:45,253 --> 00:06:47,473 но ваквата споредба не е фер, 178 00:06:47,473 --> 00:06:49,562 имајќи во предвид дека не сме глодари. 179 00:06:49,562 --> 00:06:50,952 Ние сме примати, 180 00:06:50,952 --> 00:06:53,726 па така би требало да се споредуваме со другите примати. 181 00:06:53,726 --> 00:06:54,953 И тука, ако пресметате 182 00:06:54,953 --> 00:06:57,739 ќе видите дека еден генерички примат 183 00:06:57,739 --> 00:06:59,669 со 86 милијарди неврони 184 00:06:59,669 --> 00:07:02,672 би имал мозок од 1.2 килограми, 185 00:07:02,672 --> 00:07:04,561 што изгледа сосема исправно, 186 00:07:04,561 --> 00:07:06,533 во тело од некои 66 килограми, 187 00:07:06,533 --> 00:07:09,178 што во мојот случај е сосема така, 188 00:07:09,178 --> 00:07:11,798 а тоа нѐ води до еден многу не-изненадувачки, 189 00:07:11,798 --> 00:07:14,767 но сепак неверојатен заклучок: 190 00:07:14,767 --> 00:07:16,108 Јас сум примат. 191 00:07:16,108 --> 00:07:18,806 И сите вие сте примати. 192 00:07:18,806 --> 00:07:20,706 И Дарвин бил. 193 00:07:20,706 --> 00:07:23,646 Сакам да размислувам за тоа колку ќе го ценеше ова Дарвин. 194 00:07:23,646 --> 00:07:25,613 Неговиот мозок, како и нашите, 195 00:07:25,613 --> 00:07:29,124 бил направен по урнек на другите приматски мозоци. 196 00:07:29,124 --> 00:07:31,426 Човечкиот мозок можеби е извонреден, да, 197 00:07:31,426 --> 00:07:34,207 но сепак не е специјален. 198 00:07:34,207 --> 00:07:36,062 Едноставно е голем приматски мозок. 199 00:07:36,062 --> 00:07:39,106 Мислам дека ова е многу понизна и отрезнувачка мисла 200 00:07:39,106 --> 00:07:42,169 која треба да нѐ потсетува за нашето место во природата. 201 00:07:42,169 --> 00:07:44,813 Зошто троши толку многу енергија, тогаш? 202 00:07:44,813 --> 00:07:46,260 Едни други луѓе пресметале колку 203 00:07:46,260 --> 00:07:47,763 енергија троши човечкиот мозок 204 00:07:47,763 --> 00:07:49,170 и оној на другите видови, 205 00:07:49,170 --> 00:07:50,822 и сега кога знаеме од колку неврони е направен 206 00:07:50,822 --> 00:07:53,164 секој мозок, можеме да ја направиме математиката. 207 00:07:53,164 --> 00:07:55,030 И излегува дека и човечкиот 208 00:07:55,030 --> 00:07:57,853 и другите мозоци имаат иста потрошувачка, 209 00:07:57,853 --> 00:08:01,274 во просек по шест калории на една милијарда неврони. 210 00:08:01,274 --> 00:08:03,413 Вкупната енергетска потрошувачка на мозокот 211 00:08:03,413 --> 00:08:05,447 е едноставна, линеарна функција 212 00:08:05,447 --> 00:08:07,156 која зависи од бројот на неврони, 213 00:08:07,156 --> 00:08:09,339 и се покажа дека човечкиот мозок 214 00:08:09,339 --> 00:08:13,180 троши онолку енергија колку што очекувавме. 215 00:08:13,180 --> 00:08:15,271 Причината заради која човечкиот мозок 216 00:08:15,271 --> 00:08:16,943 троши толку многу енергија е едноставно 217 00:08:16,943 --> 00:08:18,926 затоа што има огромен број на неврони, 218 00:08:18,926 --> 00:08:20,411 и бидејќи сме примати 219 00:08:20,411 --> 00:08:22,910 кои имаат многу повеќе неврони од било кое друго 220 00:08:22,910 --> 00:08:24,432 животно. 221 00:08:24,432 --> 00:08:27,972 Релативната потрошувачка на нашиот мозок е голема, 222 00:08:27,972 --> 00:08:30,973 но само затоа што сме примати, а не оти сме специјални. 223 00:08:30,973 --> 00:08:32,163 И последното прашање: 224 00:08:32,163 --> 00:08:35,278 како сме дошле до овој неверојатен број на неврони, 225 00:08:35,278 --> 00:08:37,178 и особено, ако големите примати 226 00:08:37,178 --> 00:08:38,733 се поголеми од нас, 227 00:08:38,733 --> 00:08:42,498 тогаш зошто тие немаат поголем мозок од нас, со повеќе неврони? 228 00:08:42,498 --> 00:08:44,588 Кога сфативме колку многу е скапо да 229 00:08:44,588 --> 00:08:46,921 имаш многу неврони во мозокот, помислив, 230 00:08:46,921 --> 00:08:48,924 можеби причината е едноставна. 231 00:08:48,924 --> 00:08:50,607 Тие едноставно не можат да обезбедат 232 00:08:50,607 --> 00:08:53,557 енергија за двете, и за големо тело и за голем број на неврони. 233 00:08:53,557 --> 00:08:54,986 И ја направивме математиката. 234 00:08:54,986 --> 00:08:56,586 Од една страна пресметавме 235 00:08:56,586 --> 00:08:58,527 колку енергија добива приматот на ден 236 00:08:58,527 --> 00:08:59,877 јадејќи сирова храна, 237 00:08:59,877 --> 00:09:01,914 и од друга страна, колку енергија троши 238 00:09:01,914 --> 00:09:03,678 тело со одредена големина 239 00:09:03,678 --> 00:09:07,065 и колку енергија троши мозок со одреден број на неврони, 240 00:09:07,065 --> 00:09:08,554 и разгледувавме кои комбинации 241 00:09:08,554 --> 00:09:10,965 на телесна големина и број на неврони 242 00:09:10,965 --> 00:09:12,235 би можел да си ги дозволи 243 00:09:12,235 --> 00:09:14,783 приматот доколку јаде одреден број часови на ден. 244 00:09:14,783 --> 00:09:16,599 И дојдовме до тоа дека, 245 00:09:16,599 --> 00:09:18,311 бидејќи невроните се многу скапи, 246 00:09:18,311 --> 00:09:21,681 се јавува трампа помеѓу големината на телото и бројот на неврони. 247 00:09:21,681 --> 00:09:24,632 Примат кој јаде осум часа на ден 248 00:09:24,632 --> 00:09:27,656 може да си дозволи 53 милијарди неврони, 249 00:09:27,656 --> 00:09:29,383 но во тој случај неговото тело нема да биде повеќе 250 00:09:29,383 --> 00:09:31,337 од 25 килограми. 251 00:09:31,337 --> 00:09:33,038 За да тежи повеќе од тоа, 252 00:09:33,038 --> 00:09:34,807 ќе мора да се откаже од невроните. 253 00:09:34,807 --> 00:09:37,460 Значи, или големо тело 254 00:09:37,460 --> 00:09:38,955 или голем број на неврони. 255 00:09:38,955 --> 00:09:40,320 Ако јадете како приматот, 256 00:09:40,320 --> 00:09:42,556 не можете да си ги дозволите и двете. 257 00:09:42,556 --> 00:09:44,520 Еден излез од ова метаболитско ограничување 258 00:09:44,520 --> 00:09:47,921 е да поминете повеќе часови јадејќи, 259 00:09:47,921 --> 00:09:49,284 но тогаш станува опасно, 260 00:09:49,284 --> 00:09:52,003 и над одредена точка, веќе е невозможно. 261 00:09:52,003 --> 00:09:53,540 Горилата и орангутаните, на пример, 262 00:09:53,540 --> 00:09:55,463 можат да си дозволат 30 милијарди неврони 263 00:09:55,463 --> 00:09:58,429 поминувајќи осум и пол часа на ден јадејќи, 264 00:09:58,429 --> 00:10:01,545 и се чини дека тоа е најмногу што можат. 265 00:10:01,545 --> 00:10:03,336 Девет часовна исхрана на ден 266 00:10:03,336 --> 00:10:06,607 се чини дека е практичната граница за еден примат. 267 00:10:06,607 --> 00:10:08,398 Што е со нас? 268 00:10:08,398 --> 00:10:09,998 Со нашите 86 милијарди неврони 269 00:10:09,998 --> 00:10:13,033 и телесна маса од 60 до 70 килограми, 270 00:10:13,033 --> 00:10:16,594 ние би требало да поминеме над девет часа 271 00:10:16,594 --> 00:10:20,169 секој ден хранејќи се, 272 00:10:20,169 --> 00:10:22,208 нешто што е неизводливо. 273 00:10:22,208 --> 00:10:24,042 Ако јадевме како приматите, 274 00:10:24,042 --> 00:10:26,295 немаше да бидеме овде. 275 00:10:26,295 --> 00:10:28,422 Тогаш, како стигнавме до овде? 276 00:10:28,422 --> 00:10:31,157 Епа, ако нашиот мозок троши онолку енергија 277 00:10:31,157 --> 00:10:32,880 колку што треба, и ако не можеме 278 00:10:32,880 --> 00:10:36,554 да поминуваме толку многу време во исхрана, 279 00:10:36,554 --> 00:10:38,465 тогаш единствената алтернатива 280 00:10:38,465 --> 00:10:40,423 е некако да извлечеме повеќе енергија 281 00:10:40,423 --> 00:10:42,376 од истата храна. 282 00:10:42,376 --> 00:10:46,176 И неверојатно, тоа точно се совпаѓа 283 00:10:46,176 --> 00:10:49,213 со она за што се верува дека нашите предци го измислиле 284 00:10:49,213 --> 00:10:51,052 пред една и пол милиони години, 285 00:10:51,052 --> 00:10:53,834 а тоа е готвењето. 286 00:10:53,834 --> 00:10:55,804 Да готвите е да користите оган 287 00:10:55,804 --> 00:10:59,604 за да извршите пред-варење на храната надвор од телото. 288 00:10:59,604 --> 00:11:02,210 Готвената храна е помека, и затоа полесно можете 289 00:11:02,210 --> 00:11:04,773 да ја џваката и да ја претворите во каша во устата, 290 00:11:04,773 --> 00:11:06,925 а на тој начин таа целосно се вари 291 00:11:06,925 --> 00:11:08,361 и се апсорбира во желудникот, 292 00:11:08,361 --> 00:11:12,016 на тој начин давајќи повеќе енергија за многу пократко време. 293 00:11:12,016 --> 00:11:14,505 Значи готвењето ни ослободува време 294 00:11:14,505 --> 00:11:16,567 да правиме многу поинтересни работи 295 00:11:16,567 --> 00:11:18,047 со нашите неврони 296 00:11:18,047 --> 00:11:19,952 отколку само да мислиме на храна, 297 00:11:19,952 --> 00:11:21,656 да бараме храна и да гмечеме храна 298 00:11:21,656 --> 00:11:22,881 по цел ден. 299 00:11:22,881 --> 00:11:25,380 Заради готвењето, она што некогаш било 300 00:11:25,380 --> 00:11:27,733 голем товар, овој голем, 301 00:11:27,733 --> 00:11:30,766 опасно скап мозок со многу неврони, 302 00:11:30,766 --> 00:11:32,802 сега би можел да биде главна предност, 303 00:11:32,802 --> 00:11:36,053 сега кога можеме да си ја дозволиме и енергијата за повеќе неврони 304 00:11:36,056 --> 00:11:38,559 и времето за да правиме интересни работи со нив. 305 00:11:38,559 --> 00:11:40,533 Мислам дека ова објаснува зошто човечкиот мозок 306 00:11:40,533 --> 00:11:43,773 станал толку голем за толку краток еволуциски период, 307 00:11:43,773 --> 00:11:47,670 а попатно останувајќи само приматски мозок. 308 00:11:47,670 --> 00:11:50,444 Со овој голем мозок кој е возможен благодарение на готвењето, 309 00:11:50,444 --> 00:11:53,357 отидовме набрзина од сирова храна на култура, 310 00:11:53,357 --> 00:11:55,963 земјоделие, цивилизација, продавници, 311 00:11:55,963 --> 00:11:57,588 струја, фрижидери, 312 00:11:57,588 --> 00:11:59,195 сите оние работи кои денес 313 00:11:59,195 --> 00:12:01,237 ни овозможуваат да ја добиеме сета потребна 314 00:12:01,237 --> 00:12:04,019 енергија за целиот ден, едноставно 315 00:12:04,019 --> 00:12:06,973 седнувајќи во вашиот омилен локал за брза храна. 316 00:12:06,973 --> 00:12:09,410 И така она што некогаш било решение 317 00:12:09,410 --> 00:12:11,109 денес ни стана проблем, 318 00:12:11,109 --> 00:12:16,626 и иронично, решението го бараме во сировата храна. 319 00:12:16,626 --> 00:12:19,182 И која е предноста на луѓето? 320 00:12:19,182 --> 00:12:20,685 Што имаме ние, а што 321 00:12:20,685 --> 00:12:23,220 нема ниту едно друго животно? 322 00:12:23,220 --> 00:12:25,568 Мојот одговор е дека ние имаме најголем број 323 00:12:25,568 --> 00:12:27,040 на неврони во церебралниот кортекс, 324 00:12:27,040 --> 00:12:28,884 и мислам дека ова е наједноставното објаснување 325 00:12:28,884 --> 00:12:30,897 за нашите извонредни когнитивни способности. 326 00:12:30,897 --> 00:12:34,124 И што правиме, а што не прави ни едно друго животно, 327 00:12:34,124 --> 00:12:36,093 и што верувам било клучно 328 00:12:36,093 --> 00:12:39,176 во тоа што сме стекнале толку голем, 329 00:12:39,176 --> 00:12:41,398 најголем број на неврони во кортексот? 330 00:12:41,398 --> 00:12:43,613 Со два збора, ние готвиме. 331 00:12:43,613 --> 00:12:47,179 Ни едно друго животно не готви. Само луѓето. 332 00:12:47,179 --> 00:12:50,049 И мислам дека така сме станале луѓе. 333 00:12:50,049 --> 00:12:52,509 Изучувајќи го човечкиот мозок почнав поинаку да гледам на храната. 334 00:12:52,509 --> 00:12:54,154 Сега кога ќе ја погледнам кујната, 335 00:12:54,154 --> 00:12:55,624 јас ѝ се поклонувам, 336 00:12:55,624 --> 00:12:57,329 и им се заблагодарувам на моите предци 337 00:12:57,329 --> 00:12:59,229 за ова откритие кое нѐ направи луѓе. 338 00:12:59,229 --> 00:13:01,361 Ви благодарам многу. 339 00:13:01,361 --> 00:13:07,714 (Аплауз)