- [Наратор] Ние сакаме компјутери, од нашите таблети, до нашите лаптопи, не можеме да им се изнагледаме. Но дали некогаш размислуваш колку се твоите лични информации безбедни додека ги користиш твоите уреди? Тоа ние го мислевме, без судење. Еве четири лесни работи што можеш да ги направиш денес за да бидеш побезбеден онлајн. Прво, време е да го исчистиш имејл налогот. Тој скен од пасошот од последното патување надвор или сметката за телефон се важни информации кои овозможуваат некој да ти го украде идентитетот. Испразни го сандачето. Ако сакаш да чуваш нешто, симни го на компјутерот и избриши го од налогот. Не заборавај да ја испразниш и кантата. Следно, омилената тема на сите, лозинки. Разгледај ги сите твои налози и почни да ги чистиш лозинките. Додавање на 1 или извичник на твојата стара веродостојна лозинка не е повеќе доволно. Надогради ги лозинките да бидат потешки за хакирање односно долги, уникатни и случајни. Ако тоа звучи како многу, набави си менаџер на лозинки, како Фајерфокс Локуајз. И само така, бум, кажи збогум на копчето „Ја заборавив лозинката“. Откако ги заштити налозите, надграфи го софтверот. Стискањето на „потсети ме утре“ нема да ги избрише досадните прозорчиња, знаете кои сте. Плус, надградување на твојот софтвер, оперативен систем, и прелистувач те штити од вируси и мализиоцен софтвер. Про совет, префрли се на прелистувач што ти ја чува приватноста. Од твојот лаптоп, па до твојот телефон Фајерфокс те штити од дефолт љубопитни огласувачи. Како што се движиме од еден во друг екран, малку детокс игра огромна улога во одржување на здравјето на нашите уреди и безбедноста на нашите информации.