1 00:00:01,441 --> 00:00:03,857 Да се проговори гласно е тешка работа. 2 00:00:04,588 --> 00:00:09,507 Вистинската смисла на оваа фраза ја сфатив пред еден месец, 3 00:00:09,531 --> 00:00:12,434 кога со жена ми станавме родители. 4 00:00:13,113 --> 00:00:14,791 Мигот беше прекрасен. 5 00:00:14,815 --> 00:00:17,000 Чудесен и волшебен, 6 00:00:17,024 --> 00:00:20,345 но истотака страшен и ужасен. 7 00:00:20,369 --> 00:00:24,571 Особено беше страшно кога се вративме од болница дома 8 00:00:24,595 --> 00:00:26,056 и не бевме сигурни 9 00:00:26,080 --> 00:00:30,169 дали нашето бебе добива доволно мајчино млеко. 10 00:00:30,616 --> 00:00:33,943 Сакавме да му се јавиме на педијатарот, 11 00:00:33,967 --> 00:00:36,542 но не сакавме на почетокот да оставиме лош впечаток 12 00:00:36,566 --> 00:00:39,030 на луди и невротични родители. 13 00:00:39,054 --> 00:00:40,701 И така, останавме загрижени. 14 00:00:40,725 --> 00:00:42,107 И чекавме. 15 00:00:42,131 --> 00:00:44,426 Кога отидовме кај лекарот следниот ден, 16 00:00:44,450 --> 00:00:48,704 веднаш му дадоа на бебето вештачко млеко зашто беше дехидрирано. 17 00:00:49,312 --> 00:00:50,746 Нашиот син е добар сега, 18 00:00:50,770 --> 00:00:53,726 а лекарот нѐ посоветува да го контактираме кога има потреба. 19 00:00:54,106 --> 00:00:55,632 Во тој миг, 20 00:00:55,656 --> 00:00:58,290 требаше да проговорам гласно, но не реков ништо. 21 00:00:58,943 --> 00:01:02,238 Но, понекогаш зборуваме кога не треба, 22 00:01:02,262 --> 00:01:06,188 и го сфатив тоа пред 10 год, кога го извисив брат ми близнак. 23 00:01:06,889 --> 00:01:09,095 Мојот брат близнак прави документарни филмови, 24 00:01:09,165 --> 00:01:10,775 и на почетокот на кариерата 25 00:01:10,799 --> 00:01:13,104 имаше една понуда од дистрибутерска компанија. 26 00:01:13,108 --> 00:01:14,776 Беше возбуден, 27 00:01:14,800 --> 00:01:17,207 и подготвен да ја прифати понудата. 28 00:01:17,211 --> 00:01:19,584 Но, како истражувач на преговори 29 00:01:19,608 --> 00:01:22,561 го натерав да им даде своја понуда 30 00:01:22,585 --> 00:01:25,815 и му помогнав да направи совршена. 31 00:01:25,839 --> 00:01:27,520 И таа беше совршена--- 32 00:01:27,544 --> 00:01:29,548 и совршено навредлива. 33 00:01:30,423 --> 00:01:32,136 Во компанијата беа толку навредени 34 00:01:32,160 --> 00:01:34,209 што буквално ја повлекоа понудата 35 00:01:34,233 --> 00:01:36,450 и брат ми остана без ништо. 36 00:01:36,474 --> 00:01:40,334 Имам прашувано луѓе по светот за дилемата околку зборувањето, 37 00:01:40,358 --> 00:01:42,192 кога треба да се потврдат себе си, 38 00:01:42,216 --> 00:01:43,930 кога треба да наметнат интереси, 39 00:01:43,954 --> 00:01:46,149 да искажат мислење 40 00:01:46,173 --> 00:01:48,384 или да остварат амбиции. 41 00:01:48,887 --> 00:01:53,120 Одговорите беа разноврсни, 42 00:01:53,144 --> 00:01:55,815 но истотака и универзални. 43 00:01:55,839 --> 00:01:58,517 Смеам да го поправам шефот кога греши? 44 00:01:58,541 --> 00:02:02,644 Смеам да се судрам со наметливи колеги? 45 00:02:02,996 --> 00:02:06,063 Смеам да вратам на бесчувствителните досетки на пријателите? 46 00:02:06,390 --> 00:02:10,486 Смеам да ѝ кажам на личноста која ја сакам за своите стравови? 47 00:02:10,963 --> 00:02:13,676 Низ овие искуства дојдов до сознание 48 00:02:13,700 --> 00:02:17,557 дека сите ние имаме нешто што се вика домен на прифатено однесување. 49 00:02:17,581 --> 00:02:20,586 Понекогаш сме пресилни, се напнуваме премногу. 50 00:02:20,676 --> 00:02:24,619 Тоа се случи со брат ми. 51 00:02:24,643 --> 00:02:29,269 Направената понуда беше надвор од доменот на прифатено однесување. 52 00:02:29,663 --> 00:02:31,187 Понекогаш сме преслаби. 53 00:02:31,211 --> 00:02:33,275 Тоа се случи со мене и жена ми. 54 00:02:33,299 --> 00:02:35,515 Овој домен на прифтено однесување-- 55 00:02:35,539 --> 00:02:38,668 кога остануваме во нашиот домен, наградени сме. 56 00:02:38,668 --> 00:02:41,311 Кога отстапуваме од доменот тогаш сме казнувани. 57 00:02:41,311 --> 00:02:45,990 На разни начини,отпуштани сме, понижени или осудувани. 58 00:02:46,014 --> 00:02:49,273 Губиме покачувања,унапредувања или зделки. 59 00:02:49,929 --> 00:02:52,693 Најпрво треба да знаеме: 60 00:02:52,717 --> 00:02:54,205 Кој е нашиот домен? 61 00:02:54,744 --> 00:02:58,689 Но нашиот домен не е фиксиран 62 00:02:59,265 --> 00:03:00,681 туку прилично динамичен. 63 00:03:00,705 --> 00:03:04,961 Се шири и се стеснува во зависност од содржината. 64 00:03:05,344 --> 00:03:09,472 Има една работа која кој го одредува доменот пред сѐ, 65 00:03:10,038 --> 00:03:11,331 а тоа е моќта. 66 00:03:11,355 --> 00:03:13,512 Вашата моќ го одредува вашиот домен. 67 00:03:13,536 --> 00:03:14,973 Што претставува моќта? 68 00:03:14,997 --> 00:03:16,764 Моќта има различни облици. 69 00:03:16,788 --> 00:03:19,877 Во преговорите моќта се алтернативите. 70 00:03:19,901 --> 00:03:21,901 Брат ми немаше алтернативи, 71 00:03:21,925 --> 00:03:23,112 му недостсуваше моќ. 72 00:03:23,136 --> 00:03:24,956 Компанијата имаше бројни алтернативи, 73 00:03:24,980 --> 00:03:26,146 таа имаше моќ. 74 00:03:26,170 --> 00:03:29,230 Понекогаш тоа е да се биде нов во земјата, како имигрант 75 00:03:29,254 --> 00:03:30,713 или нов во организацијата 76 00:03:30,737 --> 00:03:32,296 или нов во искуството, 77 00:03:32,320 --> 00:03:34,425 како јас и жена ми како родители. 78 00:03:34,449 --> 00:03:35,950 Понекогаш тоа е на работа, 79 00:03:35,980 --> 00:03:38,585 каде некој е шеф, а некој потчинет. 80 00:03:38,609 --> 00:03:40,293 Понекогаш тоа е во врска, 81 00:03:40,317 --> 00:03:43,298 каде едниот повеќе вложува од другиот. 82 00:03:43,322 --> 00:03:46,837 Најважното нешто кога имаме многу моќ е 83 00:03:46,861 --> 00:03:48,690 што нашиот домен е многу широк. 84 00:03:48,714 --> 00:03:51,345 Имаме слобода на однесување. 85 00:03:51,813 --> 00:03:54,141 Но кога немаме моќ,доменот ни се стеснува. 86 00:03:54,537 --> 00:03:56,332 Немаме доволно слобода. 87 00:03:56,947 --> 00:03:59,729 Проблемот е кога доменот се стеснува 88 00:03:59,753 --> 00:04:03,856 и создава т.н. слаба двојна обврзаност. 89 00:04:04,310 --> 00:04:06,983 Слаба двојна обврзаност се случува 90 00:04:07,007 --> 00:04:09,944 кога, ако прозбориме, никој не нѐ забележува, 91 00:04:10,576 --> 00:04:12,918 но ако прозбориме, казнети сме. 92 00:04:13,359 --> 00:04:16,070 Многумина чуле за `двојна обврзаност` 93 00:04:16,094 --> 00:04:19,041 и ја поврзале со родот. 94 00:04:19,065 --> 00:04:23,275 Родова двојна обврзаност е кога жените кои не зборуваат не се забележани, 95 00:04:23,299 --> 00:04:25,730 а жени кои зборуваат се казнувани. 96 00:04:26,127 --> 00:04:31,111 А суштината е дека жените имаат исти потреби за зборување како и мажите, 97 00:04:31,135 --> 00:04:33,032 но имаат огрничувања. 98 00:04:34,004 --> 00:04:37,282 Моите истражувања во овие 2 децении покажаа 99 00:04:37,306 --> 00:04:40,587 дека она што изгледа како родова разлика 100 00:04:41,035 --> 00:04:43,432 не е родова двојна обврзаност, 101 00:04:43,456 --> 00:04:45,812 туку вистински слаба двојна обврзаност. 102 00:04:45,836 --> 00:04:47,720 А она што изгледа како родова разлика 103 00:04:47,744 --> 00:04:50,850 се само преобратени разлики во моќта. 104 00:04:51,394 --> 00:04:54,117 Често гледаме разлики меѓу маж и жена, 105 00:04:54,141 --> 00:04:55,339 или меѓу мажи и жени, 106 00:04:55,363 --> 00:04:58,971 и мислиме:„Биолошка причина. Тоа е нешто фундаментално различно 107 00:04:58,995 --> 00:05:00,241 во врска со полот.“ 108 00:05:00,265 --> 00:05:02,119 Но во бројните студии 109 00:05:02,143 --> 00:05:06,349 открив дека подобро објаснуавање за половите разлики 110 00:05:06,893 --> 00:05:08,405 е всушност моќта. 111 00:05:08,429 --> 00:05:11,496 Значи,тоа е слабата двојна обврзаност. 112 00:05:11,975 --> 00:05:16,791 Слабата двојна обврзаност покажува дека имаме мал домен, 113 00:05:16,815 --> 00:05:18,645 и ни недостасува моќ. 114 00:05:18,669 --> 00:05:19,901 Имаме широк домен, 115 00:05:19,925 --> 00:05:21,847 и двојната обврзаност е многу обемна. 116 00:05:22,335 --> 00:05:24,691 Треба да најдеме начини да го прошириме доменот. 117 00:05:24,715 --> 00:05:26,292 Изминативе 2 децении, 118 00:05:26,316 --> 00:05:29,297 со моите колеги откривме две нешта кои се значајни: 119 00:05:29,887 --> 00:05:33,892 Прво:изгледаме моќно во нашите очи. 120 00:05:34,284 --> 00:05:37,605 Второ: изгледате моќно во очите на другите. 121 00:05:37,629 --> 00:05:39,484 Кога се чувствувам моќно, 122 00:05:40,117 --> 00:05:41,992 се чувствувам сигурен, не плашлив; 123 00:05:42,016 --> 00:05:43,858 Го проширувам својот домен. 124 00:05:43,882 --> 00:05:46,028 Кога луѓето ме гледаат моќен, 125 00:05:46,614 --> 00:05:49,150 тие ми овозможуваат поширок домен. 126 00:05:49,174 --> 00:05:53,928 Значи, ни требаат алатки да го прошириме доменот на прифатено однесување. 127 00:05:53,952 --> 00:05:56,343 Ќе ви посочам неколку алатки. 128 00:05:56,367 --> 00:05:57,985 Да се проговори гласно е ризично, 129 00:05:58,503 --> 00:06:02,432 но овие алатки ќе го намалат тој ризик. 130 00:06:03,067 --> 00:06:08,901 Првата алатка ја открив во преговарањата, 131 00:06:08,925 --> 00:06:10,305 во едно важно откритие. 132 00:06:10,329 --> 00:06:14,225 Во принцип,жените прават помалку амбициозни понуди 133 00:06:14,249 --> 00:06:17,723 и добиваат полоши резултати од мажите кога преговараат. 134 00:06:18,200 --> 00:06:21,317 Но Хана Рили Боуелс и Емили Аманатула открија 135 00:06:21,341 --> 00:06:25,019 една ситуција во која жените добиваат исто колку мажите 136 00:06:25,043 --> 00:06:26,642 и се еднакво амбициозни. 137 00:06:27,196 --> 00:06:30,804 Тоа е кога се залагаат за други. 138 00:06:31,251 --> 00:06:33,388 Кога се залагаат за други 139 00:06:33,412 --> 00:06:38,289 го откриваат својот домен и го шират во нивната свест 140 00:06:38,313 --> 00:06:39,722 Стануваат поубедливи. 141 00:06:39,746 --> 00:06:42,620 Ова е ефектот наречен „ефект на мајката мечка“ 142 00:06:43,483 --> 00:06:45,742 Како мечката кога ги брани своите малечки, 143 00:06:45,766 --> 00:06:49,714 кога се залагаме за други, го откриваме сопствениот глас. 144 00:06:50,328 --> 00:06:53,445 Но,понекогаш треба да се заложиме за нас. 145 00:06:53,469 --> 00:06:54,809 Како го правиме тоа? 146 00:06:54,833 --> 00:06:58,838 Една од најважните алатки кога се залагаме за себе е 147 00:06:58,862 --> 00:07:01,234 она што го викаме заземање перспектива. 148 00:07:01,258 --> 00:07:04,010 Заземањето перспектива е лесно навистина: 149 00:07:04,034 --> 00:07:08,319 лесно е да се гледа светот низ очите на другите. 150 00:07:09,014 --> 00:07:12,802 Тоа е основната алатка со која го прошируваме доменот. 151 00:07:12,826 --> 00:07:14,533 Кога ја земам твојата перспектива 152 00:07:14,557 --> 00:07:16,996 и мислам за тоа што ти сакаш, 153 00:07:17,020 --> 00:07:20,390 веројатно ќе ми го дадеш тоа што јас сакам. 154 00:07:21,461 --> 00:07:22,961 Но има еден проблем: 155 00:07:22,985 --> 00:07:25,266 тешко е да се заземат перспективи. 156 00:07:25,290 --> 00:07:26,820 Да направиме еден обид. 157 00:07:26,844 --> 00:07:29,858 Сакам да ја држите раката вака: 158 00:07:29,882 --> 00:07:31,177 со кренат прст. 159 00:07:31,770 --> 00:07:36,002 Напишете ја буквата Е на вашите чела 160 00:07:36,026 --> 00:07:37,607 колку што можете побрзо. 161 00:07:40,066 --> 00:07:43,286 Добро,изгледа дека можеме да го направиме тоа на 2 начини. 162 00:07:43,407 --> 00:07:46,892 Ова беше осмислено како тест за заземање перспективи. 163 00:07:46,916 --> 00:07:48,837 Ќе ви покажам две слики 164 00:07:48,861 --> 00:07:50,861 со некој кој ја има буквата Е на челото--- 165 00:07:50,885 --> 00:07:52,743 мојата поранешна студентка, Ерика Хал. 166 00:07:53,294 --> 00:07:55,262 Можете да видите овде, 167 00:07:55,286 --> 00:07:56,553 тоа е правилната буква Е. 168 00:07:56,577 --> 00:08:00,027 Ја напишав Е да изгледа како Е некому. 169 00:08:00,051 --> 00:08:02,158 Тоа е перспективата на Е 170 00:08:02,182 --> 00:08:05,237 бидејќи изгледа како Е од нечија друга перспектива. 171 00:08:05,261 --> 00:08:08,271 Но ова Е овде е буквата фокусирана кон себе. 172 00:08:08,856 --> 00:08:10,509 Ние често сме фокусирани на себе. 173 00:08:10,533 --> 00:08:13,500 Особено сме кон себе фокусирани во време на кризи. 174 00:08:14,064 --> 00:08:16,235 Сакам да ви кажам за една посебна криза. 175 00:08:16,259 --> 00:08:19,263 Човек влегува во банка во Ватсонвил, Калифорнија. 176 00:08:20,285 --> 00:08:22,724 Вели:„ Дајте ми 2.000 долари, 177 00:08:22,748 --> 00:08:25,044 или ќе ја разнесам банката со бомба.“ 178 00:08:25,503 --> 00:08:28,028 Менаџерот на банката не му ги даде парите. 179 00:08:28,052 --> 00:08:29,351 Таа се приврати наназад. 180 00:08:29,873 --> 00:08:31,329 Ја зеде неговата перспектива 181 00:08:31,353 --> 00:08:33,720 и забележа нешто нвистина важно. 182 00:08:33,744 --> 00:08:36,450 Тој побара одредена сума на пари. 183 00:08:36,474 --> 00:08:37,679 Таа рече: 184 00:08:38,669 --> 00:08:40,928 „Зошто барате 2.000 долари?“ 185 00:08:41,265 --> 00:08:43,633 Тој одговори:„Ќе го убијат мојот пријател 186 00:08:43,657 --> 00:08:45,920 ако не набавам 2.000 долари.“ 187 00:08:45,944 --> 00:08:48,994 Таа рече:„Ах, не сакате да ограбите банка- 188 00:08:49,018 --> 00:08:50,506 ви треба заем.“ 189 00:08:50,530 --> 00:08:51,569 (Смеа) 190 00:08:51,569 --> 00:08:53,512 „Зошто не дојдете во мојата канцеларија, 191 00:08:53,536 --> 00:08:55,715 ќе пополниме документи.“ 192 00:08:55,739 --> 00:08:56,778 (Смеа) 193 00:08:57,214 --> 00:09:01,717 Нејзиното брзо завземање нa перспектива јa смири напнатата ситуација. 194 00:09:02,276 --> 00:09:04,095 Кога завземаме нечија перспектива, 195 00:09:04,119 --> 00:09:08,725 ни овозможува да бидеме амбициозни, убедливи, но сепак допадливи. 196 00:09:09,182 --> 00:09:12,450 Еве друг начин да се биде убедлив и допадлив истовремено- 197 00:09:12,474 --> 00:09:15,005 -сигнална флексибилност. 198 00:09:15,413 --> 00:09:19,475 Замислете дека продавате коли и сакате некому да продадете возило. 199 00:09:19,790 --> 00:09:23,793 Има поголема веројатност да продадете ако понудите две опции. 200 00:09:24,141 --> 00:09:25,564 Да речеме опција А: 201 00:09:25,588 --> 00:09:28,688 24.000 долари за колата и 5 години гаранција. 202 00:09:29,084 --> 00:09:30,257 Или опција Б: 203 00:09:30,701 --> 00:09:33,493 23.000 долари за колата и 3 години гаранција. 204 00:09:33,845 --> 00:09:37,423 Моите истражувања покажуваат дека, кога давате избор меѓу опциите, 205 00:09:37,447 --> 00:09:39,336 тоа ја намалува нивната одбрана 206 00:09:39,360 --> 00:09:41,558 и веројатно е дека ќе ја прифатат понудата. 207 00:09:42,202 --> 00:09:44,319 Ова не е само случај кај продажбите, 208 00:09:44,343 --> 00:09:45,534 успева и кај родителите. 209 00:09:45,558 --> 00:09:46,837 Кога внука ми имаше 4 год. 210 00:09:46,861 --> 00:09:49,778 не сакаше да се облекува и одбиваше сѐ. 211 00:09:50,160 --> 00:09:52,688 Снаа ми имаше брилијантна идеја. 212 00:09:53,079 --> 00:09:55,630 Што ако ѝ дадам на ќерка ми избор? 213 00:09:55,654 --> 00:09:57,675 Оваа или онаа маичка? Добро, оваа. 214 00:09:57,699 --> 00:09:59,821 Овие или тие панталони? Добро, тие. 215 00:09:59,845 --> 00:10:01,183 Функционираше перфектно. 216 00:10:01,207 --> 00:10:04,741 Детето брзо се облекуваше, без отпор. 217 00:10:05,498 --> 00:10:07,559 Кога прашував низ светот 218 00:10:07,559 --> 00:10:09,860 кога им е најудобно на луѓето да зборуват, 219 00:10:09,884 --> 00:10:11,220 одговор број еден беше: 220 00:10:11,244 --> 00:10:15,998 „Кога имам социјална поддршка од публиката, кога имам сојузници.“ 221 00:10:16,022 --> 00:10:19,568 Значи,сакаме сојузници на наша страна. 222 00:10:19,957 --> 00:10:21,227 Како го правиме тоа? 223 00:10:21,841 --> 00:10:24,010 Еден начин е да се биде мајка-мечка. 224 00:10:24,034 --> 00:10:25,510 Кога се залагаме за други, 225 00:10:25,534 --> 00:10:29,063 го шириме доменот во своите очи и очите на другите, 226 00:10:29,087 --> 00:10:31,243 но исто добиваме и силни сојузници. 227 00:10:31,806 --> 00:10:36,513 Друг начин да се добијат сојузници, особено на високи места 228 00:10:36,537 --> 00:10:39,386 е да бараме совет од други луѓе. 229 00:10:39,410 --> 00:10:45,291 Кога бараме совет од други, им се допаѓаме зашто им се доворуваме, 230 00:10:45,315 --> 00:10:46,802 и покажуваме понизност. 231 00:10:47,281 --> 00:10:50,477 Ова навистина помага да се реши друг вид на двојна обврзаност, 232 00:10:50,831 --> 00:10:53,159 а тоа е двојна обврзаност за само-промовирање. 233 00:10:53,498 --> 00:10:55,202 Овој вид на двојна обврзаност 234 00:10:55,202 --> 00:10:58,181 е кога не се рекламираме со нашите достигнувања, 235 00:10:58,205 --> 00:10:59,415 никој не забележува. 236 00:10:59,439 --> 00:11:01,843 ко го мправиме тоа, не им се допаѓаме на другите. 237 00:11:01,867 --> 00:11:05,433 Но,ако побараме совет за некое од нашите достигнувања, 238 00:11:05,457 --> 00:11:09,767 ќе бидеме компетентни во нивните очи и ќе им се допаднеме. 239 00:11:10,495 --> 00:11:12,502 Ова е многу моќно, 240 00:11:12,526 --> 00:11:15,074 делува дури и кога гледате дека доаѓа. 241 00:11:15,469 --> 00:11:19,509 Имав многу прилики во животот кога сум бил предупредуван 242 00:11:19,533 --> 00:11:23,971 дека некоја слаба личност има препорака да ме праша за совет. 243 00:11:24,289 --> 00:11:26,531 Сакам да ви посочам три работи во однс на ова: 244 00:11:26,555 --> 00:11:29,543 Прво,знаев дека ќе побараат совет. 245 00:11:29,930 --> 00:11:33,932 Второ,правев истражувања на стратешки придобивки 246 00:11:33,956 --> 00:11:35,257 на барање совет. 247 00:11:35,882 --> 00:11:38,208 Трето, сѐ уште беше успешно. 248 00:11:38,456 --> 00:11:39,873 Ја земав нивната перспектива, 249 00:11:39,897 --> 00:11:42,084 се вложував во нивните барања, 250 00:11:42,108 --> 00:11:45,914 им се посветувв повеќе бидејќи им требаше совет. 251 00:11:46,343 --> 00:11:49,527 Друг момемнт кога се чувствуваме дека треба да зборуваме 252 00:11:49,949 --> 00:11:51,690 е кога имаме знаење. 253 00:11:52,144 --> 00:11:54,299 Знењето ни дава кредибилитет. 254 00:11:54,862 --> 00:11:57,789 Кога имаме голема моќ, имаме кредибилитет. 255 00:11:57,813 --> 00:11:59,278 Ни требаат само добри докази. 256 00:11:59,777 --> 00:12:02,747 Кога немаме моќ, немаме кредибилитет. 257 00:12:02,771 --> 00:12:05,033 Ни требаат одлични докази. 258 00:12:05,394 --> 00:12:09,141 Еден начин како да дојдеме до стручност 259 00:12:09,165 --> 00:12:11,263 е да ја потхрануваме нашата страст. 260 00:12:11,784 --> 00:12:15,958 Во следните пет дена, секој од вас, одете до некој пријател, 261 00:12:15,982 --> 00:12:17,227 и само речете им: 262 00:12:17,251 --> 00:12:19,961 „Сакам да ми опишеш една своја страст.“ 263 00:12:20,738 --> 00:12:23,223 Имаше луѓе кои го правеа ова насекаде 264 00:12:23,247 --> 00:12:24,503 и ги прашував: 265 00:12:24,527 --> 00:12:26,696 „Што забележавте кај оние 266 00:12:26,720 --> 00:12:28,774 кои ги опишува своите страсти?“ 267 00:12:28,798 --> 00:12:30,698 Одговорот е секогаш ист. 268 00:12:30,722 --> 00:12:32,730 „Очите им светнаа шиурум отворени.“ 269 00:12:32,754 --> 00:12:35,703 „Задоволно се насмевнаа.“ 270 00:12:35,727 --> 00:12:37,371 „Гестикулираа- 271 00:12:37,395 --> 00:12:39,877 морав да се тргнам зашто рацете им беа насекаде.“ 272 00:12:39,911 --> 00:12:42,112 „Зборуваа гласно, со повисок тон.“ 273 00:12:42,136 --> 00:12:43,110 (Смеа) 274 00:12:43,134 --> 00:12:45,578 „Се навалуваа како да ми кажуваат тајни.“ 275 00:12:45,602 --> 00:12:46,923 Тогаш ги прашував: 276 00:12:46,947 --> 00:12:50,021 „Како ви беше вам кога слушавте за нивните страсти?“ 277 00:12:50,374 --> 00:12:52,654 Ми велеа:„Очите ми светеа. 278 00:12:52,678 --> 00:12:53,948 Се смеев. 279 00:12:53,972 --> 00:12:55,345 Се навалив.“ 280 00:12:55,369 --> 00:12:57,438 Кога продираме во нашите страсти, 281 00:12:57,462 --> 00:13:00,828 си даваме храброст, во сопствените очи, да прозбориме 282 00:13:00,852 --> 00:13:03,720 но исто добиваме дозвола од другите да прозбориме. 283 00:13:04,534 --> 00:13:09,824 Продирањето во страстите успева и кога сме слаби. 284 00:13:10,533 --> 00:13:15,007 Мажи и жени се осудуваат кога плачат на работно место. 285 00:13:15,344 --> 00:13:21,762 Но Лизи Вулф покажа дека,кога ги прикажуваме силните емоции како страст, 286 00:13:21,786 --> 00:13:27,872 осудата за плачењето ја снемува и за мажите и за жените. 287 00:13:28,598 --> 00:13:32,066 Сакам да завршам со неколку збора на мојот покоен татко 288 00:13:32,090 --> 00:13:34,251 кои ги кажа на свадбата на мојот брат. 289 00:13:34,675 --> 00:13:36,260 Ова е слика од нас. 290 00:13:37,664 --> 00:13:39,921 Татко ми беше психолог, како мене, 291 00:13:39,945 --> 00:13:43,667 но неговата вистинска љубов и стаст беше филмот, 292 00:13:43,691 --> 00:13:44,891 како брат ми. 293 00:13:44,915 --> 00:13:47,481 Татко ми напиша говор за свадбата на брат ми 294 00:13:47,505 --> 00:13:50,654 за улогите кои ги играме во човечката комедија. 295 00:13:50,678 --> 00:13:52,967 „Колку понежно допираш“-рече, 296 00:13:52,991 --> 00:13:56,843 “толку си подобар во збогатувањето на претставата. 297 00:13:57,170 --> 00:14:01,256 Оние кои ги прегрнуваат улогите и се трудат да се подобрат, 298 00:14:02,001 --> 00:14:04,620 растат, се менуваат и го прошируваат своето битие. 299 00:14:05,067 --> 00:14:06,375 Играјте добро, 300 00:14:06,399 --> 00:14:08,372 и вашите денови ќе бидат најрадосни.“ 301 00:14:08,946 --> 00:14:10,571 Она што го велеше татко ми, 302 00:14:10,595 --> 00:14:14,381 е дека сите ние имаме улоги и домени во овој живот. 303 00:14:15,048 --> 00:14:18,513 Но,тој исто ја кажа и суштината на неговиот говор: 304 00:14:19,005 --> 00:14:24,022 тие улоги и домени постојано се прошируваат и еволуираат. 305 00:14:24,770 --> 00:14:26,532 Кога сцената го бара тоа, 306 00:14:27,114 --> 00:14:28,730 бидете жестока мајка-мечка 307 00:14:29,251 --> 00:14:30,893 и понизен трагач по совет. 308 00:14:31,802 --> 00:14:35,515 Имајте одлични докази и силни сојузници. 309 00:14:35,910 --> 00:14:38,248 Бидете страствен завземач на перспективи. 310 00:14:38,770 --> 00:14:40,490 Ако ги употребите овие алатки-- 311 00:14:40,514 --> 00:14:44,080 а секој од вас може да ги употреби тие алатки, 312 00:14:44,104 --> 00:14:47,970 ќе го проширите својот домен на прифатено однесување 313 00:14:47,994 --> 00:14:50,952 и вашите денови ќе бидат најрадосни. 314 00:14:52,082 --> 00:14:53,232 Благодарам! 315 00:14:53,256 --> 00:14:55,687 (Аплауз)