WEBVTT 00:00:01.119 --> 00:00:03.027 Отсекогаш сакав да станам 00:00:03.027 --> 00:00:05.867 подвижна лабораторија за друштвените случувања, 00:00:05.867 --> 00:00:09.943 да ги разберам чувствата, мислите, намерите, 00:00:09.943 --> 00:00:14.999 мотивите на другите луѓе, на тој начин што ќе бидам со нив. 00:00:14.999 --> 00:00:20.878 Како научник, отсекогаш сакав да ја мерам оваа способност, 00:00:20.879 --> 00:00:23.377 способноста за насетување на другите која се случува ептен брзо, 00:00:23.377 --> 00:00:25.682 дур да трепнеш. 00:00:25.682 --> 00:00:28.032 Ние ги насетуваме чувствата на другите. 00:00:28.032 --> 00:00:29.019 Го знаеме значењето на нивните однесувања 00:00:29.019 --> 00:00:31.959 дури и пред да се случат. 00:00:31.959 --> 00:00:33.857 Секогаш сме во позиција да бидеме 00:00:33.857 --> 00:00:36.828 објект на нечија туѓа субјективност. 00:00:36.828 --> 00:00:40.025 Постојано го правиме тоа. Едноставно не можеме да го отстраниме. 00:00:40.025 --> 00:00:41.676 Тоа е толку важно што самите алатки кои ги користиме 00:00:41.676 --> 00:00:44.079 за да се разбереме самите себе, да го разбереме 00:00:44.079 --> 00:00:48.226 светот околу нив, се обликувани од таа позиција. 00:00:48.226 --> 00:00:51.460 Ние сме друштвени во нашата основа. NOTE Paragraph 00:00:51.460 --> 00:00:54.234 Моето патување во аутизмот навистина започна кога 00:00:54.234 --> 00:00:57.811 живеев во еден дом за возрасни со аутизам. 00:00:57.811 --> 00:01:01.129 Повеќето од тие индивидуи поголемиот дел од нивните животи 00:01:01.129 --> 00:01:05.021 го имаа поминато во болници. Ова беше многу оддамна. 00:01:05.021 --> 00:01:09.303 За нив, аутизмот беше катастрофален. 00:01:09.303 --> 00:01:12.558 Имаа длабоки интелектуални попречувања. 00:01:12.558 --> 00:01:15.860 Не зборуваа. Но пред сè, 00:01:15.860 --> 00:01:19.690 тие беа неверојатно изолирани 00:01:19.690 --> 00:01:22.931 од светот околу нив, од нивната средина 00:01:22.931 --> 00:01:25.392 и од луѓето. 00:01:25.392 --> 00:01:28.244 Всушност, на времето, ако влезевте во училиште 00:01:28.244 --> 00:01:32.267 за индивидуи со аутизам, ќе слушневте многу бучава, 00:01:32.267 --> 00:01:37.730 голема раздвиженост, ќе видевте луѓе кои прават нешто, 00:01:37.730 --> 00:01:41.455 но секогаш сами. 00:01:41.455 --> 00:01:45.527 Можеби гледаат во светлото на таванот 00:01:45.527 --> 00:01:48.936 или можеби се изолирани во ќошот, 00:01:48.936 --> 00:01:52.495 или можеби се занесени во некои повторувачки движења, 00:01:52.495 --> 00:01:56.696 движења за само-стимулирање кои се бесцелни. 00:01:56.696 --> 00:02:00.095 Екстремно, екстремно изолирани. NOTE Paragraph 00:02:00.095 --> 00:02:03.688 Добро, сега знаеме дека аутизмот 00:02:03.688 --> 00:02:07.426 е нарушување, нарушување на способноста за насетување 00:02:07.426 --> 00:02:09.770 за која ви зборував. 00:02:09.770 --> 00:02:11.728 Тоа се животно важни вештини. 00:02:11.728 --> 00:02:13.879 Тоа се вештини за преживување кои сме ги наследиле 00:02:13.879 --> 00:02:16.433 во текот на многу, многу стотици илјади години 00:02:16.433 --> 00:02:18.719 еволуција. NOTE Paragraph 00:02:18.719 --> 00:02:24.033 Видете, бебињата се раѓаат во состојба на потполна ранливост. 00:02:24.033 --> 00:02:26.064 Без негувачот, тие не би преживеале, па оттука логично е 00:02:26.064 --> 00:02:28.447 дека природата ќе им ги всади овие механизми 00:02:28.447 --> 00:02:31.680 за преживување. 00:02:31.680 --> 00:02:34.255 Тие се насочуваат кон негувачот. 00:02:34.255 --> 00:02:37.697 Уште од првите денови и недели од животот, 00:02:37.697 --> 00:02:41.183 бебињата повеќе сакаат да слушаат човечки звуци, наместо 00:02:41.183 --> 00:02:43.128 звуци од околната средина. 00:02:43.128 --> 00:02:45.138 Повеќе сакаат да гледаат во луѓе наместо во предмети, 00:02:45.138 --> 00:02:47.183 а кога гледаат во луѓе, 00:02:47.183 --> 00:02:49.747 тие гледаат во нивните очи, бидејќи 00:02:49.747 --> 00:02:54.096 очите се прозорец во доживувањата на другите луѓе, 00:02:54.096 --> 00:02:56.214 тие дури преферираат да гледаат во луѓето кои 00:02:56.214 --> 00:03:00.525 веќе гледаат кон нив, наместо кон луѓето кои гледаат на страна. 00:03:00.525 --> 00:03:03.131 Добро, тие се ориентираат кон негувачот. 00:03:03.131 --> 00:03:05.458 Негувачот го бара бебето. 00:03:05.458 --> 00:03:09.085 И токму од оваа взаемно поткрепувачка кореографија 00:03:09.085 --> 00:03:12.904 зависат елементите кои се важни за настанокот на умот, 00:03:12.904 --> 00:03:17.587 друштвениот ум, друштвениот мозок. NOTE Paragraph 00:03:17.587 --> 00:03:20.268 Ние секогаш размислуваме за аутизмот 00:03:20.268 --> 00:03:25.347 како нешто што се појавува подоцна во животот. 00:03:25.347 --> 00:03:30.745 Не е така. Тој започнува уште од почетокот на животот. 00:03:30.745 --> 00:03:35.049 Како што бебињата се дружат со негувачите, тие набргу 00:03:35.049 --> 00:03:39.256 сфаќаат дека има нешто помеѓу ушите 00:03:39.256 --> 00:03:40.666 кое е многу важно -- 00:03:40.666 --> 00:03:44.849 невидливо е, не се гледа -- но навистина е важно, 00:03:44.849 --> 00:03:46.308 а тоа нешто се вика внимание. 00:03:46.308 --> 00:03:49.138 Тие учат многу брзо, дури и пред да прозборат, 00:03:49.138 --> 00:03:51.818 сфаќаат дека можат да го контролираат 00:03:51.818 --> 00:03:57.555 и дека со тоа внимание можат да си ги добијат работите што ги сакаат. 00:03:57.555 --> 00:04:00.679 Исто така учат да го следат погледот на другите луѓе, 00:04:00.679 --> 00:04:02.949 бидејќи погледот на луѓето им кажува за 00:04:02.949 --> 00:04:06.704 што размислуваат тие. 00:04:06.704 --> 00:04:09.346 И набргу, тие започнуваат да учат за значењето на 00:04:09.346 --> 00:04:12.771 нештата, бидејќи кога некој гледа во нешто или 00:04:12.771 --> 00:04:14.823 кога некој покажува кон нешто, 00:04:14.823 --> 00:04:17.752 бебињата не дознаваат само за насоката, 00:04:17.752 --> 00:04:20.310 туку учат и за значењето што го има тоа нешто 00:04:20.310 --> 00:04:23.389 за таа личност, за ставот, и набргу започнуваат 00:04:23.389 --> 00:04:27.488 да го градат овој збир на значења, 00:04:27.488 --> 00:04:29.801 но значења кои се стекнати во рамки на 00:04:29.801 --> 00:04:32.202 друштвена интеракција. 00:04:32.202 --> 00:04:34.043 Ова се значења кои се акумулирани како дел 00:04:34.043 --> 00:04:38.030 од нивното споделено искуство со другите. NOTE Paragraph 00:04:38.030 --> 00:04:44.862 Добро, ова е малечко 15-месечно девојче 00:04:44.862 --> 00:04:48.594 кое има аутизам. 00:04:48.594 --> 00:04:52.016 И јас доаѓам толку блиску до нејзе што можеби сум 00:04:52.016 --> 00:04:56.265 на пет сантиметри од нејзиното лице, а таа не ме ниту забележува. 00:04:56.265 --> 00:04:57.623 Замислете да ви го направев ова на вас, 00:04:57.623 --> 00:04:59.549 да ви дојдев на пет сантиметри од лицето. 00:04:59.549 --> 00:05:01.655 Веројатно би направиле две работи, така? 00:05:01.655 --> 00:05:05.767 Би се исплашиле. Би повикале полиција. (Смеа) 00:05:05.767 --> 00:05:08.316 Би направиле нешто, бидејќи буквално е невозможно 00:05:08.316 --> 00:05:10.892 да го нарушите физичкиот простор на некого, 00:05:10.892 --> 00:05:12.247 а да не добиете реакција. 00:05:12.247 --> 00:05:15.931 Ние го правиме тоа, запамтете, интуитивно и без напор. 00:05:15.931 --> 00:05:17.348 Тоа е мудроста на нашето тело. Не е нешто што е 00:05:17.348 --> 00:05:21.898 посредувано од нашиот јазик. Нашето тело едноставно го знае тоа, 00:05:21.898 --> 00:05:24.661 и сме го знаеле тоа многу долго време. NOTE Paragraph 00:05:24.661 --> 00:05:27.600 Ова не се јавува само кај луѓето. 00:05:27.600 --> 00:05:30.824 Се јавува кај нашите најблиски роднини, 00:05:30.824 --> 00:05:32.818 оти ако сте мајмун, 00:05:32.818 --> 00:05:34.914 и погледнете во друг мајмун, 00:05:34.914 --> 00:05:38.932 а тој мајмун има повисока хиерархиска позиција од вас, 00:05:38.932 --> 00:05:42.485 тогаш тоа би претставувало заканувачки сигнал, 00:05:42.485 --> 00:05:45.365 епа тогаш, нема да останете живи долго. 00:05:45.365 --> 00:05:49.786 Значи нешто што кај другите видови е механизам за преживување, 00:05:49.786 --> 00:05:53.207 без кој тие не би можеле да живеат, 00:05:53.207 --> 00:05:55.907 го имаме и во контекст на човечките битија, 00:05:55.907 --> 00:06:00.070 и токму ова ни треба за да бидеме друштвени. NOTE Paragraph 00:06:00.070 --> 00:06:02.973 Сега, таа не ме забележува, а јас сум толку близу до нејзе, 00:06:02.973 --> 00:06:04.971 можеби ќе си помислите, дека не гледа 00:06:04.971 --> 00:06:06.591 можеби не слуша. 00:06:06.591 --> 00:06:08.931 После неколку минути, таа оди во ќошот од 00:06:08.931 --> 00:06:14.530 собата и наоѓа едно мало парче чоколада M&M. 00:06:14.530 --> 00:06:19.400 Значи јас не можев да ѝ го привлечам вниманието, 00:06:19.400 --> 00:06:21.829 но нешто друго, предмет, ѝ го привлече. 00:06:21.829 --> 00:06:24.471 Кај повеќето од нас се среќава една голема дихотомија 00:06:24.471 --> 00:06:28.806 помеѓу светот на предметите и светот на луѓето. 00:06:28.806 --> 00:06:33.397 Е сега, кај ова девојче, оваа поделба не е толку изразена, 00:06:33.397 --> 00:06:36.527 и светот на луѓето не ја привлекува толку многу 00:06:36.527 --> 00:06:38.010 колку што ние би сакале. 00:06:38.010 --> 00:06:40.044 Сетете се дека голем дел од она што учиме 00:06:40.044 --> 00:06:42.445 доаѓа од споделените искуства. 00:06:42.445 --> 00:06:45.616 Е сега, во овој момент нејзиниот начин на 00:06:45.616 --> 00:06:50.095 учење станува сè поневообичаен, 00:06:50.095 --> 00:06:53.913 како што таа сè повеќе се изолира. 00:06:53.913 --> 00:06:56.879 Понекогаш мислиме дека мозокот одредува сè, 00:06:56.879 --> 00:06:59.401 дека мозокот одредува какви ќе станеме. 00:06:59.401 --> 00:07:02.241 Но всушност важи и обратното, мозокот станува она што сме, 00:07:02.241 --> 00:07:06.254 и додека нејзиното однесување ја оддалечува од 00:07:06.254 --> 00:07:09.137 зоната на друштвената интеракција, 00:07:09.137 --> 00:07:14.529 нејзиниот ум и мозок стекнуваат сè поизразени аутистични особини. NOTE Paragraph 00:07:14.529 --> 00:07:20.367 Добро, аутизмот има најизразена генетска компонента 00:07:20.367 --> 00:07:23.820 од сите развојни растројства, 00:07:23.820 --> 00:07:26.695 тоа е нарушување на мозокот. 00:07:26.695 --> 00:07:29.304 Тоа е растројство кое започнува уште пред да 00:07:29.304 --> 00:07:32.170 се роди детето. 00:07:32.170 --> 00:07:35.884 Сега знаеме дека има многу широк аутистички спектар. 00:07:35.884 --> 00:07:38.396 Има индивидуи со длабоки интелектуални 00:07:38.396 --> 00:07:41.394 попречувања, но има и такви кои се надарени. 00:07:41.394 --> 00:07:43.522 Има индивидуи кои воопшто не зборуваат. 00:07:43.522 --> 00:07:45.794 Исто така има и такви кои премногу зборуваат. 00:07:45.794 --> 00:07:48.295 Има индивидуи кои ако ги набљудувате додека се во 00:07:48.295 --> 00:07:51.304 училиште, ќе видите дека место не ги фаќа и постојано 00:07:51.304 --> 00:07:53.603 ви бегаат ако им го дозволите тоа, 00:07:53.603 --> 00:07:55.961 но и такви кои постојано ќе ви доаѓаат и ќе се обидуваат 00:07:55.961 --> 00:07:57.966 да се дружат со вас, без престан, 00:07:57.966 --> 00:08:01.897 но честопати тоа го прават на еден чуден начин, 00:08:01.897 --> 00:08:05.672 на еден неприроден начин. NOTE Paragraph 00:08:05.672 --> 00:08:09.604 Аутизмот е многу позастапен за разлика од она што мислевме на времето. 00:08:09.604 --> 00:08:11.088 Кога влегов во ова поле, мислевме дека аутизмот се јавува 00:08:11.088 --> 00:08:13.941 кај четири индивидуи на 10.000, 00:08:13.941 --> 00:08:15.972 дека е многу ретка состојба. 00:08:15.972 --> 00:08:20.005 Сега знаеме дека се јавува на еден од 100. 00:08:20.005 --> 00:08:25.028 Околку нас има милиони индивидуи со аутизам. NOTE Paragraph 00:08:25.028 --> 00:08:28.394 Општествениот трошок од оваа состојба е огромен. 00:08:28.394 --> 00:08:31.557 Само во САД, можеби од 35 до 80 милијарди долари, 00:08:31.557 --> 00:08:34.864 и знаете што? Повеќето од тие фондови се наменети 00:08:34.864 --> 00:08:37.044 за адолесценти и особено за возрасни кои 00:08:37.044 --> 00:08:39.205 се сериозно онеспособени, 00:08:39.205 --> 00:08:41.344 индивидуи на кои им се потребни целодневни услуги, услуги 00:08:41.344 --> 00:08:44.070 кои се многу, многу интензивни и чија цена може 00:08:44.070 --> 00:08:48.339 да надмине од 60 до 80.000 долари годишно. 00:08:48.339 --> 00:08:51.901 Ова се индивидуи кои не добиле ран третман, 00:08:51.901 --> 00:08:56.360 бидејќи сега знаеме дека аутизмот настанува поради 00:08:56.360 --> 00:08:59.064 невообичаениот начин на учење, 00:08:59.064 --> 00:09:01.200 за кој ви зборував. 00:09:01.200 --> 00:09:03.613 Доколку сме биле во можност порано да ја идентификуваме 00:09:03.613 --> 00:09:07.680 оваа состојба, да интервенираме и да ја третираме, 00:09:07.680 --> 00:09:09.654 можам да ви кажам, а ова веројатно беше 00:09:09.654 --> 00:09:13.034 нешто што ми го смени животот во изминативе 10 години, 00:09:13.034 --> 00:09:16.765 сознанието дека со сигурност можеме да ја ублажиме 00:09:16.765 --> 00:09:18.922 оваа состојба. 00:09:18.922 --> 00:09:21.301 Исто така, имаме една кратка прилика, бидејќи 00:09:21.301 --> 00:09:24.437 мозокот е еластичен само толкав период, 00:09:24.437 --> 00:09:25.789 тој краток период трае во 00:09:25.789 --> 00:09:27.492 првите три години од животот. 00:09:27.492 --> 00:09:30.890 Не дека после сè е завршено. Не. 00:09:30.890 --> 00:09:34.459 Туку, еластичноста значително се намалува. 00:09:34.459 --> 00:09:37.563 И покрај тоа, просечната година на дијагностицирање во оваа земја 00:09:37.563 --> 00:09:39.714 е сè уште околку петата година, 00:09:39.714 --> 00:09:41.980 а во пониските слоеви, 00:09:41.980 --> 00:09:45.229 популацијата која нема пристап до клиничките услуги, 00:09:45.229 --> 00:09:48.338 руралната популација, малцинствата, 00:09:48.338 --> 00:09:50.957 дијагнозата се поставува уште подоцна, 00:09:50.957 --> 00:09:53.302 што е исто како да ви кажам дека ги осудуваме овие 00:09:53.302 --> 00:09:55.719 заедници да имаат индивидуи со аутизам 00:09:55.719 --> 00:10:00.195 чијашто состојба ќе се влошува уште повеќе. 00:10:00.195 --> 00:10:03.168 Јас сметам дека ние имаме био-етички императив. 00:10:03.168 --> 00:10:06.025 Науката е овде, 00:10:06.025 --> 00:10:09.083 но ниту една наука нема релевантност доколку не остави траг 00:10:09.083 --> 00:10:12.741 врз заедницата, а ние едноставно не смееме да 00:10:12.741 --> 00:10:14.705 ја пропуштиме приликата, 00:10:14.705 --> 00:10:17.861 бидејќи децата со аутизам стануваат возрасни со аутизам, 00:10:17.861 --> 00:10:22.139 а ние сметаме дека оние нешта што можеме да ги направиме 00:10:22.139 --> 00:10:24.462 за овие деца, за овие семејства, уште на почеток, 00:10:24.462 --> 00:10:26.856 ќе имаат долготрајни последици, 00:10:26.856 --> 00:10:30.952 за детето, за семејството и за заедницата во глобала. 00:10:30.952 --> 00:10:33.672 Значи ова е нашето гледиште за аутизмот. NOTE Paragraph 00:10:33.672 --> 00:10:36.538 Има повеќе од сто гени кои се поврзани со 00:10:36.538 --> 00:10:38.664 аутизмот. Всушност, ние веруваме дека ќе се појават 00:10:38.664 --> 00:10:43.168 помеѓу 300 и 600 гени поврзани со аутизмот, 00:10:43.168 --> 00:10:46.839 како и генетски аномалии, а не само гени. 00:10:46.839 --> 00:10:51.430 Овде ние всушност имаме едно прашање, 00:10:51.430 --> 00:10:54.915 бидејќи ако има толку многу различни причинители на аутизмот, 00:10:54.915 --> 00:10:57.930 тогаш како овие поединечни причинители 00:10:57.930 --> 00:11:00.930 доведуваат до синдромот? Бидејќи луѓето како мене, 00:11:00.930 --> 00:11:03.615 кога ќе влезат во некоја играчница, 00:11:03.615 --> 00:11:06.835 препознаваат дека детето има аутизам. 00:11:06.835 --> 00:11:08.978 Значи како големиот збир на причинители 00:11:08.978 --> 00:11:12.428 се развиваат во синдром кој има одредена хомогеност? 00:11:12.428 --> 00:11:15.005 А одговорот лежи во она што се наоѓа измеѓу, 00:11:15.005 --> 00:11:17.660 а тоа е развојот. 00:11:17.660 --> 00:11:20.776 Всушност, нас нè интересираат првите две 00:11:20.776 --> 00:11:23.515 години од животот, бидејќи ваквите предиспозиции 00:11:23.515 --> 00:11:26.269 не секогаш преминуваат во аутизам. 00:11:26.269 --> 00:11:28.765 Аутизмот се создава сам. 00:11:28.765 --> 00:11:33.614 Доколку сме во можност да интервенираме во текот на тие години, 00:11:33.614 --> 00:11:36.117 можеби кај некој ќе го ублажиме, и Господ знае, 00:11:36.117 --> 00:11:39.753 а кај други можеби ќе го спречиме аутизмот. NOTE Paragraph 00:11:39.753 --> 00:11:41.837 И како го правиме тоа? 00:11:41.837 --> 00:11:44.753 Како влегуваме во тоа чувство за насетување, 00:11:44.753 --> 00:11:48.778 како влегуваме во бивствувањето на друга личност? 00:11:48.778 --> 00:11:52.276 Се сеќавам кога се сретнав со она 15-месечно дете, 00:11:52.276 --> 00:11:54.438 на ум ми падна една работа, а тоа беше, 00:11:54.438 --> 00:11:56.953 "Како да влезам во нејзиниот свет? 00:11:56.953 --> 00:12:01.233 Дали таа размислува за мене? Дали размислува за другите?" 00:12:01.233 --> 00:12:05.577 Епа, тоа е малку тешко, па затоа моравме да создадеме 00:12:05.577 --> 00:12:09.056 технологии. Моравме во основа да влеземе во телото. 00:12:09.056 --> 00:12:12.985 Моравме да го видиме светот низ нејзините очи. NOTE Paragraph 00:12:12.985 --> 00:12:16.024 И така во текот на изминативе години ги создававме 00:12:16.024 --> 00:12:19.657 овие нови технологии кои се базираат на следење на очите. 00:12:19.657 --> 00:12:22.175 Од момент во момент можеме да видиме 00:12:22.175 --> 00:12:25.456 со што се занимаваат децата. 00:12:25.456 --> 00:12:28.175 Ова е мојот колега Ворен Џонс, со кого ги создававме 00:12:28.175 --> 00:12:31.152 овие методи, овие истражувања, во текот на 00:12:31.152 --> 00:12:33.143 последниве 12 години, 00:12:33.143 --> 00:12:35.863 а таму гледате едно среќно пет-месечно бебе, 00:12:35.863 --> 00:12:41.686 момче кое има пет месеци кое ќе гледа во работи кои 00:12:41.686 --> 00:12:44.509 се донесени од неговиот свет, 00:12:44.509 --> 00:12:47.088 мајка му, негувачот, но исто така и искуства кои 00:12:47.088 --> 00:12:51.520 би ги имало во неговиот дневен престој. 00:12:51.520 --> 00:12:54.152 Сакаме да го опфатиме тој свет и да 00:12:54.152 --> 00:12:55.481 го донесеме во нашата лабораторија, 00:12:55.481 --> 00:12:58.603 а за да го направиме тоа, моравме да ги создадеме 00:12:58.603 --> 00:13:01.853 овие многу софистицирани мерки, 00:13:01.853 --> 00:13:05.280 мерки за тоа како луѓето, како малите бебиња, 00:13:05.280 --> 00:13:08.263 како новороденчињата, комуницираат со светот, 00:13:08.263 --> 00:13:09.890 од момент во момент, 00:13:09.890 --> 00:13:13.163 што е важно, а што не е важно. NOTE Paragraph 00:13:13.163 --> 00:13:16.104 И така, ги создадовме овие мерки, а овде, 00:13:16.104 --> 00:13:19.503 гледате нешто што го нарекуваме фокус на вниманието. 00:13:19.503 --> 00:13:21.836 Гледате снимка. 00:13:21.836 --> 00:13:24.494 Овие сцени траат по една секунда, на нив се гледа 00:13:24.494 --> 00:13:27.262 насоката на вниманието на 35 две-годишни деца 00:13:27.262 --> 00:13:28.544 со нормален развој 00:13:28.544 --> 00:13:31.519 потоа замрзнуваме една сцена, 00:13:31.519 --> 00:13:35.020 и еве што прават нормалните деца. 00:13:35.020 --> 00:13:39.461 Во ова скенирање, со зеленото, се две-годишни деца со аутизам. 00:13:39.461 --> 00:13:43.084 Значи во оваа сцена, децата кои се нормални 00:13:43.084 --> 00:13:46.039 се фокусираат кон 00:13:46.039 --> 00:13:48.588 емоционалниот израз на ова мало момче 00:13:48.588 --> 00:13:51.498 додека се закача со девојчето. 00:13:51.498 --> 00:13:53.558 Што прават децата со аутизам? 00:13:53.558 --> 00:13:57.003 Тие се фокусираат кон вратата која постојано 00:13:57.003 --> 00:13:59.094 се отвара и затвора. 00:13:59.094 --> 00:14:01.546 Добро, можам да ви кажам дека оваа разлика 00:14:01.546 --> 00:14:02.415 што ја гледате овде 00:14:02.415 --> 00:14:05.605 не се јавува само во овој пет-минутен експеримент. 00:14:05.605 --> 00:14:09.006 Се случува од момент во момент во нивниот секојдневен живот, 00:14:09.006 --> 00:14:11.726 на овој начин нивните умови се формираат, 00:14:11.726 --> 00:14:14.806 нивните мозоци стануваат специјализирани во нешто друго, 00:14:14.806 --> 00:14:18.585 и стануваат поразлични од нивните нормални другарчиња. NOTE Paragraph 00:14:18.585 --> 00:14:21.772 Зедовме еден конструкт од 00:14:21.772 --> 00:14:24.966 нашите пријатели педијатрите, 00:14:24.966 --> 00:14:26.893 концептот наречен графици на раст. 00:14:26.893 --> 00:14:28.862 Знаете, кога ќе однесете дете на педијатар, 00:14:28.862 --> 00:14:33.066 таму му мерат физичка височина и тежина. 00:14:33.066 --> 00:14:35.895 Така ние одлучивме да направиме графици за раст 00:14:35.895 --> 00:14:38.354 наменети за друштвената вклученост, 00:14:38.354 --> 00:14:41.155 и баравме деца кои се штотуку родени, 00:14:41.155 --> 00:14:46.984 а овде на x-оската гледате два, три, четири, пет, шест 00:14:46.984 --> 00:14:50.824 месеци и девет, се до 24 месечна возраст, 00:14:50.824 --> 00:14:53.555 а ова е времето поминато во фокусирање 00:14:53.555 --> 00:14:55.251 на погледот кон очите на другите луѓе, 00:14:55.251 --> 00:14:57.611 и еве го нивниот графикон за раст. 00:14:57.611 --> 00:15:00.641 Започнуваат овде, ги сакаат очите на луѓето, 00:15:00.641 --> 00:15:03.095 и останува прилично стабилно. 00:15:03.095 --> 00:15:07.021 Некако се зголемува малку во почетните месеци. 00:15:07.021 --> 00:15:09.315 Сега, да видиме што се случува со бебињата 00:15:09.315 --> 00:15:11.823 кои стануваат аутистични. 00:15:11.823 --> 00:15:14.028 Се јавува нешто сосема поразлично. 00:15:14.028 --> 00:15:17.818 Започнува овде горе, а потоа имате слободен пад. 00:15:17.818 --> 00:15:21.237 Тие доаѓаат на овој свет со рефлексот кој ги насочува 00:15:21.237 --> 00:15:25.168 кон луѓето, но се чини дека тој нема доволно сила. 00:15:25.168 --> 00:15:28.238 Како да стимулот, а тоа сте вие, 00:15:28.238 --> 00:15:31.139 не вршите влијание врз она што се случува 00:15:31.139 --> 00:15:35.030 додека тие се ориентираат во секојдневието. NOTE Paragraph 00:15:35.030 --> 00:15:41.052 Ние сметавме дека ваквите податоци се многу моќни 00:15:41.052 --> 00:15:44.060 на некој начин, па затоа сакавме да видиме што се случува 00:15:44.060 --> 00:15:47.453 во првите шест месеци од животот, бидејќи ако се дружите 00:15:47.453 --> 00:15:48.790 со два или три месеци возрасно дете, 00:15:48.790 --> 00:15:53.342 ќе се изненадите колку многу се друштвени овие бебиња. 00:15:53.342 --> 00:15:55.949 Во овие први шест месеци од животот увидовме 00:15:55.949 --> 00:16:02.087 дека многу лесно можеме да ги разликуваме овие две групи. 00:16:02.087 --> 00:16:04.961 И користејќи ваков вид на мерки, и многу други, 00:16:04.961 --> 00:16:08.977 увидовме дека нашиот метод би можел, всушност, 00:16:08.977 --> 00:16:11.618 да ги идентификува овие состојби многу рано. 00:16:11.618 --> 00:16:14.522 Не мораме да чекаме аутистичките однесувања 00:16:14.522 --> 00:16:17.670 да се појават во втората година од животот. 00:16:17.670 --> 00:16:20.932 Ако ги мериме нештата кои се, еволуциски, 00:16:20.932 --> 00:16:25.054 високо конзервирани, и кои развојно многу рано се појавуваат, 00:16:25.054 --> 00:16:27.755 односно, присутни се уште во првите недели од животот, 00:16:27.755 --> 00:16:29.617 тогаш би можеле да го детектираме аутизмот 00:16:29.617 --> 00:16:32.081 уште во текот на овие први месеци, 00:16:32.081 --> 00:16:36.222 и токму тоа го правиме сега. NOTE Paragraph 00:16:36.222 --> 00:16:39.290 Сега, можеме да ги создадеме најдобрите технологии 00:16:39.290 --> 00:16:42.895 и најдобрите методи за идентификување на децата, 00:16:42.895 --> 00:16:46.038 но ова нема да вреди доколку немаме влијание врз 00:16:46.038 --> 00:16:49.680 она што реално се случува во самата заедница. 00:16:49.680 --> 00:16:51.986 Сакаме овие направи, се разбира, 00:16:51.986 --> 00:16:54.839 да бидат користени од оние кои се во првите борбени редови, 00:16:54.839 --> 00:16:57.362 нашите колеги, матичните лекари, 00:16:57.362 --> 00:17:00.067 кои се среќаваат со секое дете, 00:17:00.067 --> 00:17:02.210 и треба да ги трансформираме овие технологии 00:17:02.210 --> 00:17:05.315 во нешто што ќе биде од практична корист за нивната работа, 00:17:05.315 --> 00:17:07.520 бидејќи тие треба да прегледаат толку многу деца. 00:17:07.520 --> 00:17:09.594 Сакаме тоа да го направиме на глобално ниво 00:17:09.594 --> 00:17:11.727 за да не испуштиме ниту едно дете, 00:17:11.727 --> 00:17:14.180 но ова би било неморално 00:17:14.180 --> 00:17:19.081 доколку исто така немаме инфраструктура за интервенција, 00:17:19.081 --> 00:17:20.328 за третман. 00:17:20.328 --> 00:17:22.864 Треба да бидеме во можност да работиме со семејствата, 00:17:22.864 --> 00:17:26.279 да ги поддржиме семејствата, да ги пребродиме првите години 00:17:26.279 --> 00:17:30.191 заедно со нив. Треба да бидеме во можност да 00:17:30.191 --> 00:17:34.348 преминеме од универзален скрининг кон универзален пристап до третман, 00:17:34.348 --> 00:17:37.451 бидејќи овие третмани ќе го променат, како животот 00:17:37.451 --> 00:17:41.030 на овие деца, така и животот на нивните семејства. NOTE Paragraph 00:17:41.030 --> 00:17:45.287 Сега, кога ќе помислите што сè можете да направите 00:17:45.287 --> 00:17:48.510 во овие први години, 00:17:48.510 --> 00:17:50.910 можам да ви кажам, 00:17:50.910 --> 00:17:53.737 бидејќи многу долго сум во ова поле, 00:17:53.737 --> 00:17:56.832 навистина се чувствувате подмладени. 00:17:56.832 --> 00:18:00.664 Ова е чувство дека науката на којашто сте работеле 00:18:00.664 --> 00:18:04.371 може всушност да влијае врз реалноста, 00:18:04.371 --> 00:18:07.266 да превенира, всушност, оние доживувања 00:18:07.266 --> 00:18:11.268 поради кои и го започнав мојот пат во ова поле. 00:18:11.268 --> 00:18:14.460 На времето мислев дека ова е непроменлива состојба. 00:18:14.460 --> 00:18:18.346 Не повеќе. Можеме да сториме многу работи. NOTE Paragraph 00:18:18.346 --> 00:18:21.083 Идејата не е да го излечиме аутизмот. 00:18:21.083 --> 00:18:23.683 Тоа не ни е замислата. 00:18:23.683 --> 00:18:25.889 Туку, сакаме да бидеме сигурни 00:18:25.889 --> 00:18:28.465 дека индивидуите со аутизам ќе ги избегнат 00:18:28.465 --> 00:18:32.695 катастрофалните последици кои понекогаш се пропратни на оваа состојба, 00:18:32.695 --> 00:18:35.569 длабоките интелектуални попречувања, недостатокот на говор, 00:18:35.569 --> 00:18:39.238 длабоката, длабока изолација. 00:18:39.238 --> 00:18:41.505 Ние сметаме дека индивидуите со аутизам, всушност, 00:18:41.505 --> 00:18:44.300 го гледаат светот од една многу оригинална перспектива, 00:18:44.300 --> 00:18:47.723 а на нас ни треба различност, тие можат да работат екстремно добро 00:18:47.723 --> 00:18:50.090 во некои области кои им лежат: 00:18:50.090 --> 00:18:53.493 предвидливите ситуации, ситуации кои се дефинирани. 00:18:53.493 --> 00:18:56.502 Бидејќи после сè, тие учат за светот речиси како за 00:18:56.502 --> 00:19:01.203 таков, а не учат како да функционираат во него. 00:19:01.203 --> 00:19:04.001 Но ова е предност, ако работите, на пример, 00:19:04.001 --> 00:19:06.081 во полето на технологијата. 00:19:06.081 --> 00:19:08.354 И ги имате оние индивидуи кои имаат неверојатни 00:19:08.354 --> 00:19:09.779 уметнички способности. 00:19:09.779 --> 00:19:11.699 Не сакаме да ги снајде лошото. 00:19:11.699 --> 00:19:15.084 Сакаме следната генерација индивидуи со аутизам да може 00:19:15.084 --> 00:19:18.239 не само да ги изрази своите силни страни, туку и 00:19:18.239 --> 00:19:20.461 да ги исполни своите ветувања. NOTE Paragraph 00:19:20.461 --> 00:19:24.030 Ви благодарам за вниманието. (Аплауз)