1 00:00:01,119 --> 00:00:03,027 Отсекогаш сакав да станам 2 00:00:03,027 --> 00:00:05,867 подвижна лабораторија за друштвените случувања, 3 00:00:05,867 --> 00:00:09,943 да ги разберам чувствата, мислите, намерите, 4 00:00:09,943 --> 00:00:14,999 мотивите на другите луѓе, на тој начин што ќе бидам со нив. 5 00:00:14,999 --> 00:00:20,878 Како научник, отсекогаш сакав да ја мерам оваа способност, 6 00:00:20,879 --> 00:00:23,377 способноста за насетување на другите која се случува ептен брзо, 7 00:00:23,377 --> 00:00:25,682 дур да трепнеш. 8 00:00:25,682 --> 00:00:28,032 Ние ги насетуваме чувствата на другите. 9 00:00:28,032 --> 00:00:29,019 Го знаеме значењето на нивните однесувања 10 00:00:29,019 --> 00:00:31,959 дури и пред да се случат. 11 00:00:31,959 --> 00:00:33,857 Секогаш сме во позиција да бидеме 12 00:00:33,857 --> 00:00:36,828 објект на нечија туѓа субјективност. 13 00:00:36,828 --> 00:00:40,025 Постојано го правиме тоа. Едноставно не можеме да го отстраниме. 14 00:00:40,025 --> 00:00:41,676 Тоа е толку важно што самите алатки кои ги користиме 15 00:00:41,676 --> 00:00:44,079 за да се разбереме самите себе, да го разбереме 16 00:00:44,079 --> 00:00:48,226 светот околу нив, се обликувани од таа позиција. 17 00:00:48,226 --> 00:00:51,460 Ние сме друштвени во нашата основа. 18 00:00:51,460 --> 00:00:54,234 Моето патување во аутизмот навистина започна кога 19 00:00:54,234 --> 00:00:57,811 живеев во еден дом за возрасни со аутизам. 20 00:00:57,811 --> 00:01:01,129 Повеќето од тие индивидуи поголемиот дел од нивните животи 21 00:01:01,129 --> 00:01:05,021 го имаа поминато во болници. Ова беше многу оддамна. 22 00:01:05,021 --> 00:01:09,303 За нив, аутизмот беше катастрофален. 23 00:01:09,303 --> 00:01:12,558 Имаа длабоки интелектуални попречувања. 24 00:01:12,558 --> 00:01:15,860 Не зборуваа. Но пред сè, 25 00:01:15,860 --> 00:01:19,690 тие беа неверојатно изолирани 26 00:01:19,690 --> 00:01:22,931 од светот околу нив, од нивната средина 27 00:01:22,931 --> 00:01:25,392 и од луѓето. 28 00:01:25,392 --> 00:01:28,244 Всушност, на времето, ако влезевте во училиште 29 00:01:28,244 --> 00:01:32,267 за индивидуи со аутизам, ќе слушневте многу бучава, 30 00:01:32,267 --> 00:01:37,730 голема раздвиженост, ќе видевте луѓе кои прават нешто, 31 00:01:37,730 --> 00:01:41,455 но секогаш сами. 32 00:01:41,455 --> 00:01:45,527 Можеби гледаат во светлото на таванот 33 00:01:45,527 --> 00:01:48,936 или можеби се изолирани во ќошот, 34 00:01:48,936 --> 00:01:52,495 или можеби се занесени во некои повторувачки движења, 35 00:01:52,495 --> 00:01:56,696 движења за само-стимулирање кои се бесцелни. 36 00:01:56,696 --> 00:02:00,095 Екстремно, екстремно изолирани. 37 00:02:00,095 --> 00:02:03,688 Добро, сега знаеме дека аутизмот 38 00:02:03,688 --> 00:02:07,426 е нарушување, нарушување на способноста за насетување 39 00:02:07,426 --> 00:02:09,770 за која ви зборував. 40 00:02:09,770 --> 00:02:11,728 Тоа се животно важни вештини. 41 00:02:11,728 --> 00:02:13,879 Тоа се вештини за преживување кои сме ги наследиле 42 00:02:13,879 --> 00:02:16,433 во текот на многу, многу стотици илјади години 43 00:02:16,433 --> 00:02:18,719 еволуција. 44 00:02:18,719 --> 00:02:24,033 Видете, бебињата се раѓаат во состојба на потполна ранливост. 45 00:02:24,033 --> 00:02:26,064 Без негувачот, тие не би преживеале, па оттука логично е 46 00:02:26,064 --> 00:02:28,447 дека природата ќе им ги всади овие механизми 47 00:02:28,447 --> 00:02:31,680 за преживување. 48 00:02:31,680 --> 00:02:34,255 Тие се насочуваат кон негувачот. 49 00:02:34,255 --> 00:02:37,697 Уште од првите денови и недели од животот, 50 00:02:37,697 --> 00:02:41,183 бебињата повеќе сакаат да слушаат човечки звуци, наместо 51 00:02:41,183 --> 00:02:43,128 звуци од околната средина. 52 00:02:43,128 --> 00:02:45,138 Повеќе сакаат да гледаат во луѓе наместо во предмети, 53 00:02:45,138 --> 00:02:47,183 а кога гледаат во луѓе, 54 00:02:47,183 --> 00:02:49,747 тие гледаат во нивните очи, бидејќи 55 00:02:49,747 --> 00:02:54,096 очите се прозорец во доживувањата на другите луѓе, 56 00:02:54,096 --> 00:02:56,214 тие дури преферираат да гледаат во луѓето кои 57 00:02:56,214 --> 00:03:00,525 веќе гледаат кон нив, наместо кон луѓето кои гледаат на страна. 58 00:03:00,525 --> 00:03:03,131 Добро, тие се ориентираат кон негувачот. 59 00:03:03,131 --> 00:03:05,458 Негувачот го бара бебето. 60 00:03:05,458 --> 00:03:09,085 И токму од оваа взаемно поткрепувачка кореографија 61 00:03:09,085 --> 00:03:12,904 зависат елементите кои се важни за настанокот на умот, 62 00:03:12,904 --> 00:03:17,587 друштвениот ум, друштвениот мозок. 63 00:03:17,587 --> 00:03:20,268 Ние секогаш размислуваме за аутизмот 64 00:03:20,268 --> 00:03:25,347 како нешто што се појавува подоцна во животот. 65 00:03:25,347 --> 00:03:30,745 Не е така. Тој започнува уште од почетокот на животот. 66 00:03:30,745 --> 00:03:35,049 Како што бебињата се дружат со негувачите, тие набргу 67 00:03:35,049 --> 00:03:39,256 сфаќаат дека има нешто помеѓу ушите 68 00:03:39,256 --> 00:03:40,666 кое е многу важно -- 69 00:03:40,666 --> 00:03:44,849 невидливо е, не се гледа -- но навистина е важно, 70 00:03:44,849 --> 00:03:46,308 а тоа нешто се вика внимание. 71 00:03:46,308 --> 00:03:49,138 Тие учат многу брзо, дури и пред да прозборат, 72 00:03:49,138 --> 00:03:51,818 сфаќаат дека можат да го контролираат 73 00:03:51,818 --> 00:03:57,555 и дека со тоа внимание можат да си ги добијат работите што ги сакаат. 74 00:03:57,555 --> 00:04:00,679 Исто така учат да го следат погледот на другите луѓе, 75 00:04:00,679 --> 00:04:02,949 бидејќи погледот на луѓето им кажува за 76 00:04:02,949 --> 00:04:06,704 што размислуваат тие. 77 00:04:06,704 --> 00:04:09,346 И набргу, тие започнуваат да учат за значењето на 78 00:04:09,346 --> 00:04:12,771 нештата, бидејќи кога некој гледа во нешто или 79 00:04:12,771 --> 00:04:14,823 кога некој покажува кон нешто, 80 00:04:14,823 --> 00:04:17,752 бебињата не дознаваат само за насоката, 81 00:04:17,752 --> 00:04:20,310 туку учат и за значењето што го има тоа нешто 82 00:04:20,310 --> 00:04:23,389 за таа личност, за ставот, и набргу започнуваат 83 00:04:23,389 --> 00:04:27,488 да го градат овој збир на значења, 84 00:04:27,488 --> 00:04:29,801 но значења кои се стекнати во рамки на 85 00:04:29,801 --> 00:04:32,202 друштвена интеракција. 86 00:04:32,202 --> 00:04:34,043 Ова се значења кои се акумулирани како дел 87 00:04:34,043 --> 00:04:38,030 од нивното споделено искуство со другите. 88 00:04:38,030 --> 00:04:44,862 Добро, ова е малечко 15-месечно девојче 89 00:04:44,862 --> 00:04:48,594 кое има аутизам. 90 00:04:48,594 --> 00:04:52,016 И јас доаѓам толку блиску до нејзе што можеби сум 91 00:04:52,016 --> 00:04:56,265 на пет сантиметри од нејзиното лице, а таа не ме ниту забележува. 92 00:04:56,265 --> 00:04:57,623 Замислете да ви го направев ова на вас, 93 00:04:57,623 --> 00:04:59,549 да ви дојдев на пет сантиметри од лицето. 94 00:04:59,549 --> 00:05:01,655 Веројатно би направиле две работи, така? 95 00:05:01,655 --> 00:05:05,767 Би се исплашиле. Би повикале полиција. (Смеа) 96 00:05:05,767 --> 00:05:08,316 Би направиле нешто, бидејќи буквално е невозможно 97 00:05:08,316 --> 00:05:10,892 да го нарушите физичкиот простор на некого, 98 00:05:10,892 --> 00:05:12,247 а да не добиете реакција. 99 00:05:12,247 --> 00:05:15,931 Ние го правиме тоа, запамтете, интуитивно и без напор. 100 00:05:15,931 --> 00:05:17,348 Тоа е мудроста на нашето тело. Не е нешто што е 101 00:05:17,348 --> 00:05:21,898 посредувано од нашиот јазик. Нашето тело едноставно го знае тоа, 102 00:05:21,898 --> 00:05:24,661 и сме го знаеле тоа многу долго време. 103 00:05:24,661 --> 00:05:27,600 Ова не се јавува само кај луѓето. 104 00:05:27,600 --> 00:05:30,824 Се јавува кај нашите најблиски роднини, 105 00:05:30,824 --> 00:05:32,818 оти ако сте мајмун, 106 00:05:32,818 --> 00:05:34,914 и погледнете во друг мајмун, 107 00:05:34,914 --> 00:05:38,932 а тој мајмун има повисока хиерархиска позиција од вас, 108 00:05:38,932 --> 00:05:42,485 тогаш тоа би претставувало заканувачки сигнал, 109 00:05:42,485 --> 00:05:45,365 епа тогаш, нема да останете живи долго. 110 00:05:45,365 --> 00:05:49,786 Значи нешто што кај другите видови е механизам за преживување, 111 00:05:49,786 --> 00:05:53,207 без кој тие не би можеле да живеат, 112 00:05:53,207 --> 00:05:55,907 го имаме и во контекст на човечките битија, 113 00:05:55,907 --> 00:06:00,070 и токму ова ни треба за да бидеме друштвени. 114 00:06:00,070 --> 00:06:02,973 Сега, таа не ме забележува, а јас сум толку близу до нејзе, 115 00:06:02,973 --> 00:06:04,971 можеби ќе си помислите, дека не гледа 116 00:06:04,971 --> 00:06:06,591 можеби не слуша. 117 00:06:06,591 --> 00:06:08,931 После неколку минути, таа оди во ќошот од 118 00:06:08,931 --> 00:06:14,530 собата и наоѓа едно мало парче чоколада M&M. 119 00:06:14,530 --> 00:06:19,400 Значи јас не можев да ѝ го привлечам вниманието, 120 00:06:19,400 --> 00:06:21,829 но нешто друго, предмет, ѝ го привлече. 121 00:06:21,829 --> 00:06:24,471 Кај повеќето од нас се среќава една голема дихотомија 122 00:06:24,471 --> 00:06:28,806 помеѓу светот на предметите и светот на луѓето. 123 00:06:28,806 --> 00:06:33,397 Е сега, кај ова девојче, оваа поделба не е толку изразена, 124 00:06:33,397 --> 00:06:36,527 и светот на луѓето не ја привлекува толку многу 125 00:06:36,527 --> 00:06:38,010 колку што ние би сакале. 126 00:06:38,010 --> 00:06:40,044 Сетете се дека голем дел од она што учиме 127 00:06:40,044 --> 00:06:42,445 доаѓа од споделените искуства. 128 00:06:42,445 --> 00:06:45,616 Е сега, во овој момент нејзиниот начин на 129 00:06:45,616 --> 00:06:50,095 учење станува сè поневообичаен, 130 00:06:50,095 --> 00:06:53,913 како што таа сè повеќе се изолира. 131 00:06:53,913 --> 00:06:56,879 Понекогаш мислиме дека мозокот одредува сè, 132 00:06:56,879 --> 00:06:59,401 дека мозокот одредува какви ќе станеме. 133 00:06:59,401 --> 00:07:02,241 Но всушност важи и обратното, мозокот станува она што сме, 134 00:07:02,241 --> 00:07:06,254 и додека нејзиното однесување ја оддалечува од 135 00:07:06,254 --> 00:07:09,137 зоната на друштвената интеракција, 136 00:07:09,137 --> 00:07:14,529 нејзиниот ум и мозок стекнуваат сè поизразени аутистични особини. 137 00:07:14,529 --> 00:07:20,367 Добро, аутизмот има најизразена генетска компонента 138 00:07:20,367 --> 00:07:23,820 од сите развојни растројства, 139 00:07:23,820 --> 00:07:26,695 тоа е нарушување на мозокот. 140 00:07:26,695 --> 00:07:29,304 Тоа е растројство кое започнува уште пред да 141 00:07:29,304 --> 00:07:32,170 се роди детето. 142 00:07:32,170 --> 00:07:35,884 Сега знаеме дека има многу широк аутистички спектар. 143 00:07:35,884 --> 00:07:38,396 Има индивидуи со длабоки интелектуални 144 00:07:38,396 --> 00:07:41,394 попречувања, но има и такви кои се надарени. 145 00:07:41,394 --> 00:07:43,522 Има индивидуи кои воопшто не зборуваат. 146 00:07:43,522 --> 00:07:45,794 Исто така има и такви кои премногу зборуваат. 147 00:07:45,794 --> 00:07:48,295 Има индивидуи кои ако ги набљудувате додека се во 148 00:07:48,295 --> 00:07:51,304 училиште, ќе видите дека место не ги фаќа и постојано 149 00:07:51,304 --> 00:07:53,603 ви бегаат ако им го дозволите тоа, 150 00:07:53,603 --> 00:07:55,961 но и такви кои постојано ќе ви доаѓаат и ќе се обидуваат 151 00:07:55,961 --> 00:07:57,966 да се дружат со вас, без престан, 152 00:07:57,966 --> 00:08:01,897 но честопати тоа го прават на еден чуден начин, 153 00:08:01,897 --> 00:08:05,672 на еден неприроден начин. 154 00:08:05,672 --> 00:08:09,604 Аутизмот е многу позастапен за разлика од она што мислевме на времето. 155 00:08:09,604 --> 00:08:11,088 Кога влегов во ова поле, мислевме дека аутизмот се јавува 156 00:08:11,088 --> 00:08:13,941 кај четири индивидуи на 10.000, 157 00:08:13,941 --> 00:08:15,972 дека е многу ретка состојба. 158 00:08:15,972 --> 00:08:20,005 Сега знаеме дека се јавува на еден од 100. 159 00:08:20,005 --> 00:08:25,028 Околку нас има милиони индивидуи со аутизам. 160 00:08:25,028 --> 00:08:28,394 Општествениот трошок од оваа состојба е огромен. 161 00:08:28,394 --> 00:08:31,557 Само во САД, можеби од 35 до 80 милијарди долари, 162 00:08:31,557 --> 00:08:34,864 и знаете што? Повеќето од тие фондови се наменети 163 00:08:34,864 --> 00:08:37,044 за адолесценти и особено за возрасни кои 164 00:08:37,044 --> 00:08:39,205 се сериозно онеспособени, 165 00:08:39,205 --> 00:08:41,344 индивидуи на кои им се потребни целодневни услуги, услуги 166 00:08:41,344 --> 00:08:44,070 кои се многу, многу интензивни и чија цена може 167 00:08:44,070 --> 00:08:48,339 да надмине од 60 до 80.000 долари годишно. 168 00:08:48,339 --> 00:08:51,901 Ова се индивидуи кои не добиле ран третман, 169 00:08:51,901 --> 00:08:56,360 бидејќи сега знаеме дека аутизмот настанува поради 170 00:08:56,360 --> 00:08:59,064 невообичаениот начин на учење, 171 00:08:59,064 --> 00:09:01,200 за кој ви зборував. 172 00:09:01,200 --> 00:09:03,613 Доколку сме биле во можност порано да ја идентификуваме 173 00:09:03,613 --> 00:09:07,680 оваа состојба, да интервенираме и да ја третираме, 174 00:09:07,680 --> 00:09:09,654 можам да ви кажам, а ова веројатно беше 175 00:09:09,654 --> 00:09:13,034 нешто што ми го смени животот во изминативе 10 години, 176 00:09:13,034 --> 00:09:16,765 сознанието дека со сигурност можеме да ја ублажиме 177 00:09:16,765 --> 00:09:18,922 оваа состојба. 178 00:09:18,922 --> 00:09:21,301 Исто така, имаме една кратка прилика, бидејќи 179 00:09:21,301 --> 00:09:24,437 мозокот е еластичен само толкав период, 180 00:09:24,437 --> 00:09:25,789 тој краток период трае во 181 00:09:25,789 --> 00:09:27,492 првите три години од животот. 182 00:09:27,492 --> 00:09:30,890 Не дека после сè е завршено. Не. 183 00:09:30,890 --> 00:09:34,459 Туку, еластичноста значително се намалува. 184 00:09:34,459 --> 00:09:37,563 И покрај тоа, просечната година на дијагностицирање во оваа земја 185 00:09:37,563 --> 00:09:39,714 е сè уште околку петата година, 186 00:09:39,714 --> 00:09:41,980 а во пониските слоеви, 187 00:09:41,980 --> 00:09:45,229 популацијата која нема пристап до клиничките услуги, 188 00:09:45,229 --> 00:09:48,338 руралната популација, малцинствата, 189 00:09:48,338 --> 00:09:50,957 дијагнозата се поставува уште подоцна, 190 00:09:50,957 --> 00:09:53,302 што е исто како да ви кажам дека ги осудуваме овие 191 00:09:53,302 --> 00:09:55,719 заедници да имаат индивидуи со аутизам 192 00:09:55,719 --> 00:10:00,195 чијашто состојба ќе се влошува уште повеќе. 193 00:10:00,195 --> 00:10:03,168 Јас сметам дека ние имаме био-етички императив. 194 00:10:03,168 --> 00:10:06,025 Науката е овде, 195 00:10:06,025 --> 00:10:09,083 но ниту една наука нема релевантност доколку не остави траг 196 00:10:09,083 --> 00:10:12,741 врз заедницата, а ние едноставно не смееме да 197 00:10:12,741 --> 00:10:14,705 ја пропуштиме приликата, 198 00:10:14,705 --> 00:10:17,861 бидејќи децата со аутизам стануваат возрасни со аутизам, 199 00:10:17,861 --> 00:10:22,139 а ние сметаме дека оние нешта што можеме да ги направиме 200 00:10:22,139 --> 00:10:24,462 за овие деца, за овие семејства, уште на почеток, 201 00:10:24,462 --> 00:10:26,856 ќе имаат долготрајни последици, 202 00:10:26,856 --> 00:10:30,952 за детето, за семејството и за заедницата во глобала. 203 00:10:30,952 --> 00:10:33,672 Значи ова е нашето гледиште за аутизмот. 204 00:10:33,672 --> 00:10:36,538 Има повеќе од сто гени кои се поврзани со 205 00:10:36,538 --> 00:10:38,664 аутизмот. Всушност, ние веруваме дека ќе се појават 206 00:10:38,664 --> 00:10:43,168 помеѓу 300 и 600 гени поврзани со аутизмот, 207 00:10:43,168 --> 00:10:46,839 како и генетски аномалии, а не само гени. 208 00:10:46,839 --> 00:10:51,430 Овде ние всушност имаме едно прашање, 209 00:10:51,430 --> 00:10:54,915 бидејќи ако има толку многу различни причинители на аутизмот, 210 00:10:54,915 --> 00:10:57,930 тогаш како овие поединечни причинители 211 00:10:57,930 --> 00:11:00,930 доведуваат до синдромот? Бидејќи луѓето како мене, 212 00:11:00,930 --> 00:11:03,615 кога ќе влезат во некоја играчница, 213 00:11:03,615 --> 00:11:06,835 препознаваат дека детето има аутизам. 214 00:11:06,835 --> 00:11:08,978 Значи како големиот збир на причинители 215 00:11:08,978 --> 00:11:12,428 се развиваат во синдром кој има одредена хомогеност? 216 00:11:12,428 --> 00:11:15,005 А одговорот лежи во она што се наоѓа измеѓу, 217 00:11:15,005 --> 00:11:17,660 а тоа е развојот. 218 00:11:17,660 --> 00:11:20,776 Всушност, нас нè интересираат првите две 219 00:11:20,776 --> 00:11:23,515 години од животот, бидејќи ваквите предиспозиции 220 00:11:23,515 --> 00:11:26,269 не секогаш преминуваат во аутизам. 221 00:11:26,269 --> 00:11:28,765 Аутизмот се создава сам. 222 00:11:28,765 --> 00:11:33,614 Доколку сме во можност да интервенираме во текот на тие години, 223 00:11:33,614 --> 00:11:36,117 можеби кај некој ќе го ублажиме, и Господ знае, 224 00:11:36,117 --> 00:11:39,753 а кај други можеби ќе го спречиме аутизмот. 225 00:11:39,753 --> 00:11:41,837 И како го правиме тоа? 226 00:11:41,837 --> 00:11:44,753 Како влегуваме во тоа чувство за насетување, 227 00:11:44,753 --> 00:11:48,778 како влегуваме во бивствувањето на друга личност? 228 00:11:48,778 --> 00:11:52,276 Се сеќавам кога се сретнав со она 15-месечно дете, 229 00:11:52,276 --> 00:11:54,438 на ум ми падна една работа, а тоа беше, 230 00:11:54,438 --> 00:11:56,953 "Како да влезам во нејзиниот свет? 231 00:11:56,953 --> 00:12:01,233 Дали таа размислува за мене? Дали размислува за другите?" 232 00:12:01,233 --> 00:12:05,577 Епа, тоа е малку тешко, па затоа моравме да создадеме 233 00:12:05,577 --> 00:12:09,056 технологии. Моравме во основа да влеземе во телото. 234 00:12:09,056 --> 00:12:12,985 Моравме да го видиме светот низ нејзините очи. 235 00:12:12,985 --> 00:12:16,024 И така во текот на изминативе години ги создававме 236 00:12:16,024 --> 00:12:19,657 овие нови технологии кои се базираат на следење на очите. 237 00:12:19,657 --> 00:12:22,175 Од момент во момент можеме да видиме 238 00:12:22,175 --> 00:12:25,456 со што се занимаваат децата. 239 00:12:25,456 --> 00:12:28,175 Ова е мојот колега Ворен Џонс, со кого ги создававме 240 00:12:28,175 --> 00:12:31,152 овие методи, овие истражувања, во текот на 241 00:12:31,152 --> 00:12:33,143 последниве 12 години, 242 00:12:33,143 --> 00:12:35,863 а таму гледате едно среќно пет-месечно бебе, 243 00:12:35,863 --> 00:12:41,686 момче кое има пет месеци кое ќе гледа во работи кои 244 00:12:41,686 --> 00:12:44,509 се донесени од неговиот свет, 245 00:12:44,509 --> 00:12:47,088 мајка му, негувачот, но исто така и искуства кои 246 00:12:47,088 --> 00:12:51,520 би ги имало во неговиот дневен престој. 247 00:12:51,520 --> 00:12:54,152 Сакаме да го опфатиме тој свет и да 248 00:12:54,152 --> 00:12:55,481 го донесеме во нашата лабораторија, 249 00:12:55,481 --> 00:12:58,603 а за да го направиме тоа, моравме да ги создадеме 250 00:12:58,603 --> 00:13:01,853 овие многу софистицирани мерки, 251 00:13:01,853 --> 00:13:05,280 мерки за тоа како луѓето, како малите бебиња, 252 00:13:05,280 --> 00:13:08,263 како новороденчињата, комуницираат со светот, 253 00:13:08,263 --> 00:13:09,890 од момент во момент, 254 00:13:09,890 --> 00:13:13,163 што е важно, а што не е важно. 255 00:13:13,163 --> 00:13:16,104 И така, ги создадовме овие мерки, а овде, 256 00:13:16,104 --> 00:13:19,503 гледате нешто што го нарекуваме фокус на вниманието. 257 00:13:19,503 --> 00:13:21,836 Гледате снимка. 258 00:13:21,836 --> 00:13:24,494 Овие сцени траат по една секунда, на нив се гледа 259 00:13:24,494 --> 00:13:27,262 насоката на вниманието на 35 две-годишни деца 260 00:13:27,262 --> 00:13:28,544 со нормален развој 261 00:13:28,544 --> 00:13:31,519 потоа замрзнуваме една сцена, 262 00:13:31,519 --> 00:13:35,020 и еве што прават нормалните деца. 263 00:13:35,020 --> 00:13:39,461 Во ова скенирање, со зеленото, се две-годишни деца со аутизам. 264 00:13:39,461 --> 00:13:43,084 Значи во оваа сцена, децата кои се нормални 265 00:13:43,084 --> 00:13:46,039 се фокусираат кон 266 00:13:46,039 --> 00:13:48,588 емоционалниот израз на ова мало момче 267 00:13:48,588 --> 00:13:51,498 додека се закача со девојчето. 268 00:13:51,498 --> 00:13:53,558 Што прават децата со аутизам? 269 00:13:53,558 --> 00:13:57,003 Тие се фокусираат кон вратата која постојано 270 00:13:57,003 --> 00:13:59,094 се отвара и затвора. 271 00:13:59,094 --> 00:14:01,546 Добро, можам да ви кажам дека оваа разлика 272 00:14:01,546 --> 00:14:02,415 што ја гледате овде 273 00:14:02,415 --> 00:14:05,605 не се јавува само во овој пет-минутен експеримент. 274 00:14:05,605 --> 00:14:09,006 Се случува од момент во момент во нивниот секојдневен живот, 275 00:14:09,006 --> 00:14:11,726 на овој начин нивните умови се формираат, 276 00:14:11,726 --> 00:14:14,806 нивните мозоци стануваат специјализирани во нешто друго, 277 00:14:14,806 --> 00:14:18,585 и стануваат поразлични од нивните нормални другарчиња. 278 00:14:18,585 --> 00:14:21,772 Зедовме еден конструкт од 279 00:14:21,772 --> 00:14:24,966 нашите пријатели педијатрите, 280 00:14:24,966 --> 00:14:26,893 концептот наречен графици на раст. 281 00:14:26,893 --> 00:14:28,862 Знаете, кога ќе однесете дете на педијатар, 282 00:14:28,862 --> 00:14:33,066 таму му мерат физичка височина и тежина. 283 00:14:33,066 --> 00:14:35,895 Така ние одлучивме да направиме графици за раст 284 00:14:35,895 --> 00:14:38,354 наменети за друштвената вклученост, 285 00:14:38,354 --> 00:14:41,155 и баравме деца кои се штотуку родени, 286 00:14:41,155 --> 00:14:46,984 а овде на x-оската гледате два, три, четири, пет, шест 287 00:14:46,984 --> 00:14:50,824 месеци и девет, се до 24 месечна возраст, 288 00:14:50,824 --> 00:14:53,555 а ова е времето поминато во фокусирање 289 00:14:53,555 --> 00:14:55,251 на погледот кон очите на другите луѓе, 290 00:14:55,251 --> 00:14:57,611 и еве го нивниот графикон за раст. 291 00:14:57,611 --> 00:15:00,641 Започнуваат овде, ги сакаат очите на луѓето, 292 00:15:00,641 --> 00:15:03,095 и останува прилично стабилно. 293 00:15:03,095 --> 00:15:07,021 Некако се зголемува малку во почетните месеци. 294 00:15:07,021 --> 00:15:09,315 Сега, да видиме што се случува со бебињата 295 00:15:09,315 --> 00:15:11,823 кои стануваат аутистични. 296 00:15:11,823 --> 00:15:14,028 Се јавува нешто сосема поразлично. 297 00:15:14,028 --> 00:15:17,818 Започнува овде горе, а потоа имате слободен пад. 298 00:15:17,818 --> 00:15:21,237 Тие доаѓаат на овој свет со рефлексот кој ги насочува 299 00:15:21,237 --> 00:15:25,168 кон луѓето, но се чини дека тој нема доволно сила. 300 00:15:25,168 --> 00:15:28,238 Како да стимулот, а тоа сте вие, 301 00:15:28,238 --> 00:15:31,139 не вршите влијание врз она што се случува 302 00:15:31,139 --> 00:15:35,030 додека тие се ориентираат во секојдневието. 303 00:15:35,030 --> 00:15:41,052 Ние сметавме дека ваквите податоци се многу моќни 304 00:15:41,052 --> 00:15:44,060 на некој начин, па затоа сакавме да видиме што се случува 305 00:15:44,060 --> 00:15:47,453 во првите шест месеци од животот, бидејќи ако се дружите 306 00:15:47,453 --> 00:15:48,790 со два или три месеци возрасно дете, 307 00:15:48,790 --> 00:15:53,342 ќе се изненадите колку многу се друштвени овие бебиња. 308 00:15:53,342 --> 00:15:55,949 Во овие први шест месеци од животот увидовме 309 00:15:55,949 --> 00:16:02,087 дека многу лесно можеме да ги разликуваме овие две групи. 310 00:16:02,087 --> 00:16:04,961 И користејќи ваков вид на мерки, и многу други, 311 00:16:04,961 --> 00:16:08,977 увидовме дека нашиот метод би можел, всушност, 312 00:16:08,977 --> 00:16:11,618 да ги идентификува овие состојби многу рано. 313 00:16:11,618 --> 00:16:14,522 Не мораме да чекаме аутистичките однесувања 314 00:16:14,522 --> 00:16:17,670 да се појават во втората година од животот. 315 00:16:17,670 --> 00:16:20,932 Ако ги мериме нештата кои се, еволуциски, 316 00:16:20,932 --> 00:16:25,054 високо конзервирани, и кои развојно многу рано се појавуваат, 317 00:16:25,054 --> 00:16:27,755 односно, присутни се уште во првите недели од животот, 318 00:16:27,755 --> 00:16:29,617 тогаш би можеле да го детектираме аутизмот 319 00:16:29,617 --> 00:16:32,081 уште во текот на овие први месеци, 320 00:16:32,081 --> 00:16:36,222 и токму тоа го правиме сега. 321 00:16:36,222 --> 00:16:39,290 Сега, можеме да ги создадеме најдобрите технологии 322 00:16:39,290 --> 00:16:42,895 и најдобрите методи за идентификување на децата, 323 00:16:42,895 --> 00:16:46,038 но ова нема да вреди доколку немаме влијание врз 324 00:16:46,038 --> 00:16:49,680 она што реално се случува во самата заедница. 325 00:16:49,680 --> 00:16:51,986 Сакаме овие направи, се разбира, 326 00:16:51,986 --> 00:16:54,839 да бидат користени од оние кои се во првите борбени редови, 327 00:16:54,839 --> 00:16:57,362 нашите колеги, матичните лекари, 328 00:16:57,362 --> 00:17:00,067 кои се среќаваат со секое дете, 329 00:17:00,067 --> 00:17:02,210 и треба да ги трансформираме овие технологии 330 00:17:02,210 --> 00:17:05,315 во нешто што ќе биде од практична корист за нивната работа, 331 00:17:05,315 --> 00:17:07,520 бидејќи тие треба да прегледаат толку многу деца. 332 00:17:07,520 --> 00:17:09,594 Сакаме тоа да го направиме на глобално ниво 333 00:17:09,594 --> 00:17:11,727 за да не испуштиме ниту едно дете, 334 00:17:11,727 --> 00:17:14,180 но ова би било неморално 335 00:17:14,180 --> 00:17:19,081 доколку исто така немаме инфраструктура за интервенција, 336 00:17:19,081 --> 00:17:20,328 за третман. 337 00:17:20,328 --> 00:17:22,864 Треба да бидеме во можност да работиме со семејствата, 338 00:17:22,864 --> 00:17:26,279 да ги поддржиме семејствата, да ги пребродиме првите години 339 00:17:26,279 --> 00:17:30,191 заедно со нив. Треба да бидеме во можност да 340 00:17:30,191 --> 00:17:34,348 преминеме од универзален скрининг кон универзален пристап до третман, 341 00:17:34,348 --> 00:17:37,451 бидејќи овие третмани ќе го променат, како животот 342 00:17:37,451 --> 00:17:41,030 на овие деца, така и животот на нивните семејства. 343 00:17:41,030 --> 00:17:45,287 Сега, кога ќе помислите што сè можете да направите 344 00:17:45,287 --> 00:17:48,510 во овие први години, 345 00:17:48,510 --> 00:17:50,910 можам да ви кажам, 346 00:17:50,910 --> 00:17:53,737 бидејќи многу долго сум во ова поле, 347 00:17:53,737 --> 00:17:56,832 навистина се чувствувате подмладени. 348 00:17:56,832 --> 00:18:00,664 Ова е чувство дека науката на којашто сте работеле 349 00:18:00,664 --> 00:18:04,371 може всушност да влијае врз реалноста, 350 00:18:04,371 --> 00:18:07,266 да превенира, всушност, оние доживувања 351 00:18:07,266 --> 00:18:11,268 поради кои и го започнав мојот пат во ова поле. 352 00:18:11,268 --> 00:18:14,460 На времето мислев дека ова е непроменлива состојба. 353 00:18:14,460 --> 00:18:18,346 Не повеќе. Можеме да сториме многу работи. 354 00:18:18,346 --> 00:18:21,083 Идејата не е да го излечиме аутизмот. 355 00:18:21,083 --> 00:18:23,683 Тоа не ни е замислата. 356 00:18:23,683 --> 00:18:25,889 Туку, сакаме да бидеме сигурни 357 00:18:25,889 --> 00:18:28,465 дека индивидуите со аутизам ќе ги избегнат 358 00:18:28,465 --> 00:18:32,695 катастрофалните последици кои понекогаш се пропратни на оваа состојба, 359 00:18:32,695 --> 00:18:35,569 длабоките интелектуални попречувања, недостатокот на говор, 360 00:18:35,569 --> 00:18:39,238 длабоката, длабока изолација. 361 00:18:39,238 --> 00:18:41,505 Ние сметаме дека индивидуите со аутизам, всушност, 362 00:18:41,505 --> 00:18:44,300 го гледаат светот од една многу оригинална перспектива, 363 00:18:44,300 --> 00:18:47,723 а на нас ни треба различност, тие можат да работат екстремно добро 364 00:18:47,723 --> 00:18:50,090 во некои области кои им лежат: 365 00:18:50,090 --> 00:18:53,493 предвидливите ситуации, ситуации кои се дефинирани. 366 00:18:53,493 --> 00:18:56,502 Бидејќи после сè, тие учат за светот речиси како за 367 00:18:56,502 --> 00:19:01,203 таков, а не учат како да функционираат во него. 368 00:19:01,203 --> 00:19:04,001 Но ова е предност, ако работите, на пример, 369 00:19:04,001 --> 00:19:06,081 во полето на технологијата. 370 00:19:06,081 --> 00:19:08,354 И ги имате оние индивидуи кои имаат неверојатни 371 00:19:08,354 --> 00:19:09,779 уметнички способности. 372 00:19:09,779 --> 00:19:11,699 Не сакаме да ги снајде лошото. 373 00:19:11,699 --> 00:19:15,084 Сакаме следната генерација индивидуи со аутизам да може 374 00:19:15,084 --> 00:19:18,239 не само да ги изрази своите силни страни, туку и 375 00:19:18,239 --> 00:19:20,461 да ги исполни своите ветувања. 376 00:19:20,461 --> 00:19:24,030 Ви благодарам за вниманието. (Аплауз)