1 00:00:00,000 --> 00:00:03,280 Кога посетувам училишта и зборувам со учениците, 2 00:00:03,604 --> 00:00:05,747 секогаш го поставувам истото прашање: 3 00:00:06,754 --> 00:00:08,188 Зошто гуглате? 4 00:00:08,624 --> 00:00:12,021 Зошто токму Гугл го користите како пребарувач? 5 00:00:12,855 --> 00:00:15,407 За чудо, секогаш добивам три исти одговори. 6 00:00:15,431 --> 00:00:17,470 Прво, „Бидејќи функционира.“ 7 00:00:17,494 --> 00:00:20,400 што е одличен одговор, затоа и јас гуглам. 8 00:00:20,424 --> 00:00:22,457 Второ, некој ќе рече: 9 00:00:22,481 --> 00:00:25,121 „Не знам за други алтернативи“, 10 00:00:25,708 --> 00:00:28,836 што не е толку добар одговор и јас обично им велам, 11 00:00:28,860 --> 00:00:30,781 „Обидете се да изгуглате 'интернет пребарувач' 12 00:00:30,805 --> 00:00:33,207 и ќе најдете неколку други алтернативи.“ 13 00:00:33,231 --> 00:00:35,326 И трето, но не и последно, 14 00:00:35,350 --> 00:00:38,660 на крај некој ќе крене рака и ќе рече: 15 00:00:38,684 --> 00:00:43,867 „Со Гугл сум сигурен дека ќе го добијам најдобриот и најобјективниот одговор.“ 16 00:00:45,157 --> 00:00:51,663 Уверени се дека секогаш ќе го добијат најдобриот и најобјективен одговор. 17 00:00:53,091 --> 00:00:55,481 Како човек од хуманитарните науки, 18 00:00:55,505 --> 00:00:57,686 т.е. човек од дигиталните хуманитарни науки, 19 00:00:57,710 --> 00:00:59,448 тоа ме вади од кожа, 20 00:00:59,472 --> 00:01:04,358 иако и јас сфаќам дека таа доверба, идејата за објективни одговори 21 00:01:04,382 --> 00:01:08,237 е темелот на нашата колективна љубов кон Гугл. 22 00:01:08,658 --> 00:01:12,916 Ќе ви покажам зошто ова филозофски е речиси невозможно. 23 00:01:12,940 --> 00:01:16,194 Но, дозволете прво да разјаснам нешто околу основниот принцип 24 00:01:16,218 --> 00:01:19,331 на сите пребарувања, кое понекогаш го забораваме. 25 00:01:19,851 --> 00:01:21,931 Кога ќе сакате да изгуглате нешто, 26 00:01:21,955 --> 00:01:25,882 прво запрашајте се: „Дали барам изолиран факт?“ 27 00:01:26,334 --> 00:01:29,495 Кој е главен град на Франција? 28 00:01:29,519 --> 00:01:31,944 Кои се составните делови на молекулот на водата? 29 00:01:31,968 --> 00:01:34,309 Одлично-Гугл настрана. 30 00:01:34,333 --> 00:01:37,453 Никој не се обидува да докаже дека тоа 31 00:01:37,477 --> 00:01:39,474 е Лондон и Н3О. 32 00:01:39,498 --> 00:01:41,869 Нема голема дебата околу овие нешта. 33 00:01:41,893 --> 00:01:43,426 Се согласуваме на глобално ниво, 34 00:01:43,450 --> 00:01:46,175 за одговорите на овие изолирани факти. 35 00:01:46,199 --> 00:01:51,501 Но, ако поставите сложено прашање и прашате, на пример, 36 00:01:51,525 --> 00:01:54,208 „Зошто постои Израелско-Палестинскиот конфликт?“ 37 00:01:54,978 --> 00:01:57,618 Веќе не барате изолиран факт, 38 00:01:57,642 --> 00:01:59,475 туку барате знаење, 39 00:01:59,499 --> 00:02:02,077 кое е многу посложено и деликатно. 40 00:02:02,600 --> 00:02:04,149 а за да добиете знаење, 41 00:02:04,173 --> 00:02:07,204 треба да извадите 10, 20 или 100 факти пред себе, 42 00:02:07,228 --> 00:02:10,204 да ги потврдите и речете: „Да, сите се точни.“ 43 00:02:10,228 --> 00:02:11,902 Но, бидејќи јас сум тоа што сум, 44 00:02:11,926 --> 00:02:14,196 млад или стар, црн или бел, геј или стрејт 45 00:02:14,220 --> 00:02:15,831 јас ќе ги вреднувам различно. 46 00:02:15,855 --> 00:02:17,543 И ќе речам:„Ова е точно, 47 00:02:17,567 --> 00:02:19,681 но ова ми е поважно од другото." 48 00:02:19,705 --> 00:02:21,695 И тука станува интересно, 49 00:02:21,719 --> 00:02:23,865 бидејќи тука стануваме луѓе. 50 00:02:23,889 --> 00:02:26,885 Тука почнуваме да се расправаме, да заземаме страни. 51 00:02:26,909 --> 00:02:30,266 И за да стигнеме некаде, треба да ги филтрираме фактите, 52 00:02:30,290 --> 00:02:32,846 преку пријателите, соседите родителите и децата, 53 00:02:32,870 --> 00:02:34,902 колегите, весниците и списанијата, 54 00:02:34,926 --> 00:02:38,006 за да на крај дојдеме до вистинското знаење, 55 00:02:38,030 --> 00:02:42,077 за кое ниту еден пребарувач не може да ни помогне. 56 00:02:43,284 --> 00:02:49,612 Ќе ви дадам пример за да ви покажам зошто е тешко 57 00:02:49,636 --> 00:02:53,040 да се дојде до моментот на чистата, објективна вистина- 58 00:02:53,064 --> 00:02:54,532 вреди да се размисли. 59 00:02:54,556 --> 00:02:58,449 Сега ќе направам неколку едноставни пребарувања. 60 00:02:58,473 --> 00:03:02,513 Ќе започнам со "Мишел Обама", 61 00:03:02,537 --> 00:03:04,341 првата дама на Соединетите Држави. 62 00:03:04,365 --> 00:03:06,094 Ќе кликнеме за слики. 63 00:03:07,007 --> 00:03:09,279 Функционира добро, како што гледате. 64 00:03:09,303 --> 00:03:12,331 Совршен одговор, повеќе или помалку. 65 00:03:12,355 --> 00:03:15,105 Таа е на сликите, дури го нема ни претседателот. 66 00:03:15,664 --> 00:03:16,977 Како функционира ова? 67 00:03:17,837 --> 00:03:19,209 Многу едноставно. 68 00:03:19,233 --> 00:03:22,448 Гугл паметно работи да го постигне ова, но е прилично едноставно. 69 00:03:22,472 --> 00:03:24,532 Две основни работи се земаат предвид. 70 00:03:24,556 --> 00:03:29,712 Прво, што пишува под секоја слика на интернет страните? 71 00:03:29,736 --> 00:03:31,951 Пишува “Мишел Обама“ под сликата? 72 00:03:31,975 --> 00:03:34,331 Добар показател, значи на сликите е таа. 73 00:03:34,355 --> 00:03:36,741 Второ, Гугл го чита фајлот на сликата, 74 00:03:36,765 --> 00:03:39,797 името на фајлот кој е поставен на веб страната. 75 00:03:39,821 --> 00:03:42,490 Тој е наречен "MichelleObama.jpeg"? 76 00:03:42,839 --> 00:03:45,761 Добар показател пак- секако не е Клинт Иствуд на сликите. 77 00:03:45,785 --> 00:03:50,050 Значи, овие две работи и ги добивате овие резултати. 78 00:03:50,074 --> 00:03:56,677 Во 2009 Мишел Обама беше жртва на расистичка кампања, 79 00:03:56,701 --> 00:04:00,716 кога луѓето почнаа да ја навредуваат преку пребарувањата. 80 00:04:01,430 --> 00:04:04,132 Имаше една слика широко распространета низ интернет, 81 00:04:04,156 --> 00:04:06,800 каде лицето и беше изобличено како на мајмун. 82 00:04:06,824 --> 00:04:09,993 И сликата беше објавена насекаде. 83 00:04:10,017 --> 00:04:13,778 И луѓето ја објавија со јасна намера 84 00:04:13,802 --> 00:04:15,773 за да ја има во пребарувањата. 85 00:04:15,797 --> 00:04:18,752 Не заборавиле да напишат „Мишел Обама“ на сликите 86 00:04:18,776 --> 00:04:22,953 и ја објавија сликата како "MichelleObama.jpeg или слично. 87 00:04:22,977 --> 00:04:25,344 Јасно е зошто - за да манипулираат со пребарувањата. 88 00:04:25,368 --> 00:04:26,663 И тоа функционираше. 89 00:04:26,687 --> 00:04:29,407 Ако сте барале слика на Гугл за Мишел Обама во 2009, 90 00:04:29,431 --> 00:04:32,818 изобличената слика на мајмун се појавуваше меѓу првите. 91 00:04:32,842 --> 00:04:36,408 Резултатите од пребарувањата сами се чистат 92 00:04:36,432 --> 00:04:38,185 и тоа е убавата страна кај нив, 93 00:04:38,209 --> 00:04:41,612 бидејќи Гугл ја мери веродостојноста секој час, секој ден. 94 00:04:41,636 --> 00:04:44,350 Но, Гугл овојпат не се согласи, 95 00:04:44,374 --> 00:04:47,498 помислија:„ Расистички е и лошо пребарување. 96 00:04:47,522 --> 00:04:50,657 затоа ќе се вратиме и ќе го исчистиме рачно. 97 00:04:50,681 --> 00:04:53,613 Ќе напишеме некоја шифра и ќе средиме. 98 00:04:53,637 --> 00:04:54,884 И го сторија тоа. 99 00:04:55,454 --> 00:04:59,196 И сигурно никој овде не мисли дека тоа беше лоша замисла. 100 00:04:59,789 --> 00:05:00,953 Ниту јас. 101 00:05:02,802 --> 00:05:05,834 Така, поминаа неколку години, 102 00:05:05,858 --> 00:05:08,842 и најгугланиот на светот-Андерс, 103 00:05:08,866 --> 00:05:11,145 Андерс Беринг Брејвик, 104 00:05:11,169 --> 00:05:12,875 го направи тоа што го направи. 105 00:05:12,899 --> 00:05:14,900 на 22 јули во 2011, 106 00:05:14,924 --> 00:05:17,573 ужасниот ден во историјата на Норвешка. 107 00:05:17,597 --> 00:05:21,384 Овој човек, терорист, крена во воздух неколку владини згради 108 00:05:21,408 --> 00:05:24,291 блиску до местото каде сме сега во Осло, Норвешка 109 00:05:24,315 --> 00:05:26,366 и замина на островот Утоја 110 00:05:26,390 --> 00:05:28,613 и застрела, уби група на деца. 111 00:05:29,113 --> 00:05:30,841 Речиси 80 луѓе загинаа тој ден. 112 00:05:32,397 --> 00:05:36,956 Многумина ќе го опишат овој ужасен акт во два чекора, 113 00:05:36,980 --> 00:05:40,391 дека направи две работи: ги крена во воздух зградите и ги уби децата. 114 00:05:40,415 --> 00:05:41,580 Не е вистина. 115 00:05:42,326 --> 00:05:44,469 Имаше три чекори. 116 00:05:44,493 --> 00:05:46,707 Ги крена во воздух зградите, ги уби децата 117 00:05:46,731 --> 00:05:50,375 а потоа седна и чекаше светот да го пребарува на интернет. 118 00:05:51,227 --> 00:05:53,854 Секој од овие три чекори еднакво добро ги осмисли. 119 00:05:54,544 --> 00:05:57,334 Ова веднаш го свати 120 00:05:57,358 --> 00:05:58,882 Шведскиот веб дивелопер, 121 00:05:58,906 --> 00:06:02,529 Нике Линдквист, стручњак за оптимизирање на пребарувачи од Стокхолм. 122 00:06:02,553 --> 00:06:04,141 Тој се занимава и со политика 123 00:06:04,165 --> 00:06:07,441 и беше таму во социјалните медиуми, на неговиот блог и на Фејсбук. 124 00:06:07,465 --> 00:06:08,671 Тој им кажа на сите, 125 00:06:08,695 --> 00:06:11,150 „Типот во моментов сака 126 00:06:11,174 --> 00:06:13,633 да има контрола над својот имиџ. 127 00:06:14,760 --> 00:06:16,720 Ајде да го разобличиме тоа. 128 00:06:17,490 --> 00:06:21,467 Дали ние, во цивилизираниот свет можеме да протестираме против тоа што го направи 129 00:06:21,491 --> 00:06:24,808 така што ќе го навредуваме преку пребарувањата. 130 00:06:24,832 --> 00:06:26,019 И како? 131 00:06:26,797 --> 00:06:28,853 На своите читатели им го кажа следново: 132 00:06:28,877 --> 00:06:30,741 „Одете на интернет, 133 00:06:30,765 --> 00:06:33,660 најдете слики од кучиња кои вршат нужда по тротоари- 134 00:06:34,708 --> 00:06:36,882 најдете такви слики со кучиња 135 00:06:36,906 --> 00:06:40,376 објавете ги на вашите веб страни, блогови, социјални мрежи. 136 00:06:40,400 --> 00:06:43,321 Не заборавајте да го ставите името на терористот под сликите, 137 00:06:43,345 --> 00:06:47,832 обележете ги сликите како фајл "Breivik.jpeg." 138 00:06:47,856 --> 00:06:51,657 Да го подучиме Гугл дека тоа е ликот на еден терорист. 139 00:06:53,552 --> 00:06:54,830 И тоа успеа. 140 00:06:55,853 --> 00:06:58,751 Две години после кампањата против Мишел Обама, 141 00:06:58,775 --> 00:07:02,041 оваа манипулациска кампања против Брејвик успеа. 142 00:07:02,065 --> 00:07:06,527 Ако побарате негова слика на Гугл од Шведска, по настаните од 22 јули 143 00:07:06,551 --> 00:07:10,878 меѓу првите слики ќе се појават оние со кучиња кои вршат нужда, 144 00:07:10,902 --> 00:07:12,346 како мал знак на протест. 145 00:07:13,425 --> 00:07:17,557 За чудо, Гугл не интервенираше овојпат. 146 00:07:18,494 --> 00:07:22,766 Тие не ги чистеа рачно резултатите од пребарувањата. 147 00:07:23,964 --> 00:07:25,680 Па, еве го прашањето за милион долари: 148 00:07:25,704 --> 00:07:29,072 Дали има разлика помеѓу овие две случувања тука? 149 00:07:29,096 --> 00:07:32,289 Дали е различно тоа што ѝ се случи на Мишел Обама 150 00:07:32,313 --> 00:07:34,378 од она што му се случи на Беринг Брејвик? 151 00:07:34,402 --> 00:07:35,686 Секако дека нема. 152 00:07:36,861 --> 00:07:38,332 Сосема е исто, 153 00:07:38,356 --> 00:07:41,220 но, Гугл интервенираше во едниот случај, а во другиот не. 154 00:07:41,244 --> 00:07:42,497 Зошто? 155 00:07:43,283 --> 00:07:46,583 Бидејќи Мишел Обама е ценета личност, ете зошто, 156 00:07:46,607 --> 00:07:49,523 а Беринг Брејвик е омразена личност. 157 00:07:50,142 --> 00:07:51,677 Гледате што се случува овде? 158 00:07:51,701 --> 00:07:54,956 Имаме вреднување на личноста 159 00:07:54,980 --> 00:07:58,766 и има само еден кој ја има моќта во светот 160 00:07:58,790 --> 00:08:01,270 со авторитет да каже кој е кој. 161 00:08:01,882 --> 00:08:03,623 „Ни се допаѓаш, не ни се допаѓаш. 162 00:08:03,647 --> 00:08:05,686 Ти веруваме, не ти веруваме. 163 00:08:05,710 --> 00:08:08,257 Ти си во право; Ти не си во право, 164 00:08:08,281 --> 00:08:10,086 Ти си Обама, а ти си Брејвик. 165 00:08:10,791 --> 00:08:12,791 Тоа е моќта, ако некогаш ја имам видено. 166 00:08:15,206 --> 00:08:18,858 Затоа, ве молам имајте на ум дека зад секој алгоритам 167 00:08:18,882 --> 00:08:20,659 стои секогаш човекот, 168 00:08:20,683 --> 00:08:23,178 со своите лични убедувања 169 00:08:23,202 --> 00:08:25,727 кои ниту една шифра не може да ги искорени. 170 00:08:25,751 --> 00:08:28,185 Мојата порака не е упатена само до Гугл, 171 00:08:28,209 --> 00:08:31,019 туку кон сите оние во светот кои веруваат во кодирањето. 172 00:08:31,043 --> 00:08:34,019 Треба ди ги идентификувате вашите лични убедувања, 173 00:08:34,043 --> 00:08:36,056 да разберете дека сте човечко суштество 174 00:08:36,080 --> 00:08:38,571 и соодветно на тоа преземете одговорност. 175 00:08:39,891 --> 00:08:42,829 Ова го велам зашто верувам дека го достигнавме моментот 176 00:08:42,853 --> 00:08:44,408 кога е неопходно 177 00:08:44,432 --> 00:08:47,649 уште посилно да ги соединиме двете врски: 178 00:08:47,673 --> 00:08:50,041 хуманистичките науки и технологијата. 179 00:08:50,483 --> 00:08:52,288 Посилно од било кога досега. 180 00:08:52,312 --> 00:08:55,651 Ако ништо друго, да нé потсетува дека привлечната идеја 181 00:08:55,675 --> 00:08:58,343 за објективните резултати од пребарувањата 182 00:08:58,367 --> 00:09:01,134 е, и веројатно ќе остане само мит. 183 00:09:01,984 --> 00:09:03,143 Ви благодарам ! 184 00:09:03,167 --> 00:09:05,599 (аплауз)