Кога посетувам училишта и
зборувам со учениците,
секогаш го поставувам истото прашање:
Зошто гуглате?
Зошто токму Гугл го користите како
пребарувач?
За чудо, секогаш добивам
три исти одговори.
Прво, „Бидејќи функционира.“
што е одличен одговор, затоа
и јас гуглам.
Второ, некој ќе рече:
„Не знам за други алтернативи“,
што не е толку добар одговор и
јас обично им велам,
„Обидете се да изгуглате
'интернет пребарувач'
и ќе најдете неколку други алтернативи.“
И трето, но не и последно,
на крај некој ќе крене рака и ќе рече:
„Со Гугл сум сигурен дека ќе го добијам
најдобриот и најобјективниот одговор.“
Уверени се дека секогаш ќе го добијат
најдобриот и најобјективен одговор.
Како човек од хуманитарните науки,
т.е. човек од дигиталните
хуманитарни науки,
тоа ме вади од кожа,
иако и јас сфаќам дека таа доверба,
идејата за објективни одговори
е темелот на нашата колективна
љубов кон Гугл.
Ќе ви покажам зошто ова филозофски
е речиси невозможно.
Но, дозволете прво да разјаснам нешто
околу основниот принцип
на сите пребарувања,
кое понекогаш го забораваме.
Кога ќе сакате да изгуглате нешто,
прво запрашајте се:
„Дали барам изолиран факт?“
Кој е главен град на Франција?
Кои се составните делови на
молекулот на водата?
Одлично-Гугл настрана.
Никој не се обидува да докаже дека тоа
е Лондон и Н3О.
Нема голема дебата околу овие нешта.
Се согласуваме на глобално ниво,
за одговорите на овие изолирани факти.
Но, ако поставите сложено прашање
и прашате, на пример,
„Зошто постои
Израелско-Палестинскиот конфликт?“
Веќе не барате изолиран факт,
туку барате знаење,
кое е многу посложено и деликатно.
а за да добиете знаење,
треба да извадите 10, 20
или 100 факти пред себе,
да ги потврдите и речете:
„Да, сите се точни.“
Но, бидејќи јас сум тоа што сум,
млад или стар, црн или бел, геј или стрејт
јас ќе ги вреднувам различно.
И ќе речам:„Ова е точно,
но ова ми е поважно од другото."
И тука станува интересно,
бидејќи тука стануваме луѓе.
Тука почнуваме да се расправаме,
да заземаме страни.
И за да стигнеме некаде, треба да
ги филтрираме фактите,
преку пријателите, соседите
родителите и децата,
колегите, весниците и списанијата,
за да на крај дојдеме до
вистинското знаење,
за кое ниту еден пребарувач
не може да ни помогне.
Ќе ви дадам пример за да ви покажам
зошто е тешко
да се дојде до моментот на чистата,
објективна вистина-
вреди да се размисли.
Сега ќе направам неколку едноставни
пребарувања.
Ќе започнам со "Мишел Обама",
првата дама на Соединетите Држави.
Ќе кликнеме за слики.
Функционира добро,
како што гледате.
Совршен одговор,
повеќе или помалку.
Таа е на сликите, дури го нема
ни претседателот.
Како функционира ова?
Многу едноставно.
Гугл паметно работи да го постигне ова,
но е прилично едноставно.
Две основни работи се земаат предвид.
Прво, што пишува под секоја
слика на интернет страните?
Пишува “Мишел Обама“ под сликата?
Добар показател, значи на сликите е таа.
Второ, Гугл го чита фајлот на сликата,
името на фајлот кој е
поставен на веб страната.
Тој е наречен "MichelleObama.jpeg"?
Добар показател пак-
секако не е Клинт Иствуд на сликите.
Значи, овие две работи и ги добивате
овие резултати.
Во 2009 Мишел Обама беше
жртва на расистичка кампања,
кога луѓето почнаа да ја навредуваат
преку пребарувањата.
Имаше една слика широко
распространета низ интернет,
каде лицето и беше изобличено
како на мајмун.
И сликата беше објавена насекаде.
И луѓето ја објавија со јасна намера
за да ја има во пребарувањата.
Не заборавиле да напишат
„Мишел Обама“ на сликите
и ја објавија сликата како
"MichelleObama.jpeg или слично.
Јасно е зошто - за да манипулираат
со пребарувањата.
И тоа функционираше.
Ако сте барале слика на Гугл
за Мишел Обама во 2009,
изобличената слика на мајмун
се појавуваше меѓу првите.
Резултатите од пребарувањата
сами се чистат
и тоа е убавата страна кај нив,
бидејќи Гугл ја мери веродостојноста
секој час, секој ден.
Но, Гугл овојпат не се согласи,
помислија:„ Расистички е и лошо пребарување.
затоа ќе се вратиме и
ќе го исчистиме рачно.
Ќе напишеме некоја шифра и ќе средиме.
И го сторија тоа.
И сигурно никој овде не мисли дека
тоа беше лоша замисла.
Ниту јас.
Така, поминаа неколку години,
и најгугланиот на светот-Андерс,
Андерс Беринг Брејвик,
го направи тоа што го направи.
на 22 јули во 2011,
ужасниот ден во историјата на Норвешка.
Овој човек, терорист, крена во воздух
неколку владини згради
блиску до местото каде сме сега во Осло,
Норвешка
и замина на островот Утоја
и застрела, уби група на деца.
Речиси 80 луѓе загинаа тој ден.
Многумина ќе го опишат
овој ужасен акт во два чекора,
дека направи две работи: ги крена во
воздух зградите и ги уби децата.
Не е вистина.
Имаше три чекори.
Ги крена во воздух зградите, ги уби децата
а потоа седна и чекаше светот да го
пребарува на интернет.
Секој од овие три чекори еднакво
добро ги осмисли.
Ова веднаш го свати
Шведскиот
веб дивелопер,
Нике Линдквист, стручњак за оптимизирање
на пребарувачи од Стокхолм.
Тој се занимава и со политика
и беше таму во социјалните медиуми,
на неговиот блог и на Фејсбук.
Тој им кажа на сите,
„Типот во моментов сака
да има контрола над својот имиџ.
Ајде да го разобличиме тоа.
Дали ние, во цивилизираниот свет можеме
да протестираме против тоа што го направи
така што ќе го навредуваме
преку пребарувањата.
И како?
На своите читатели им го кажа следново:
„Одете на интернет,
најдете слики од кучиња кои вршат
нужда по тротоари-
најдете такви слики со кучиња
објавете ги на вашите веб страни,
блогови, социјални мрежи.
Не заборавајте да го ставите
името на терористот под сликите,
обележете ги сликите
како фајл "Breivik.jpeg."
Да го подучиме Гугл дека тоа е ликот
на еден терорист.
И тоа успеа.
Две години после кампањата
против Мишел Обама,
оваа манипулациска кампања
против Брејвик успеа.
Ако побарате негова слика на Гугл
од Шведска, по настаните од 22 јули
меѓу првите слики ќе се појават
оние со кучиња кои вршат нужда,
како мал знак на протест.
За чудо, Гугл не интервенираше овојпат.
Тие не ги чистеа рачно резултатите
од пребарувањата.
Па, еве го прашањето за милион долари:
Дали има разлика помеѓу
овие две случувања тука?
Дали е различно тоа што
ѝ се случи на Мишел Обама
од она што му се случи на Беринг Брејвик?
Секако дека нема.
Сосема е исто,
но, Гугл интервенираше во
едниот случај, а во другиот не.
Зошто?
Бидејќи Мишел Обама е ценета
личност, ете зошто,
а Беринг Брејвик е омразена личност.
Гледате што се случува овде?
Имаме вреднување на личноста
и има само еден кој ја има моќта во светот
со авторитет да каже кој е кој.
„Ни се допаѓаш, не ни се допаѓаш.
Ти веруваме, не ти веруваме.
Ти си во право; Ти не си во право,
Ти си Обама, а ти си Брејвик.
Тоа е моќта, ако некогаш ја имам видено.
Затоа, ве молам имајте на ум
дека зад секој алгоритам
стои секогаш човекот,
со своите лични убедувања
кои ниту една шифра
не може да ги искорени.
Мојата порака не е упатена само до Гугл,
туку кон сите оние во светот кои
веруваат во кодирањето.
Треба ди ги идентификувате
вашите лични убедувања,
да разберете дека сте човечко суштество
и соодветно на тоа
преземете одговорност.
Ова го велам зашто верувам дека
го достигнавме моментот
кога е неопходно
уште посилно да ги соединиме двете врски:
хуманистичките науки и технологијата.
Посилно од било кога досега.
Ако ништо друго, да нé потсетува
дека привлечната идеја
за објективните резултати од пребарувањата
е, и веројатно ќе остане само мит.
Ви благодарам !
(аплауз)