До утрото на 27 Февруари, 2020 г. имаше најмалку 82.000 потврдени случаи на корона вирус во светот и 2.810 смртни случаи. ТЕД го покани д-р Дејвид Хејман да ги сподели најновите откритија. Што ќе се случи ако се заразите со корона вирусот? Изгледа како лесно заболување, како обична настинка, кај повеќето луѓе. Одреден број на луѓе се заразуваат и сериозно се разболуваат. Мѓу нив се и здравствените работници. Заразата е мошне сериозна кај нив бидејќи примаат поголема доза отколку обичните луѓе, а притоа немаат имунитет. Кај пошироката популација дозата на вирусот што се добива при заразувањето е многу помала од дозата која еден здравствен работник ја прима. Здравствените работници потешко се заразуваат. Вашата инфекција би била помалку сериозна. Оттука, најважно е старите лица и оние со повеќе заболувања први да добијат медицинска грижа во болниците. (Кои луѓето кои би биле најзасегнати од ова?) Најзасегнати се луѓето кои се во неразвиените земји и кои немаат пристап до соодветна медицинска нега или немаат пристап до болница ако епидемијата се појави во нивната земја. Тие луѓе ќе бидат со висок ризик, особено постарите лица. Постарите лица насекаде се во опасност, но особено оние кои не можат да добијат кислород. Во индустријализираните држави, старите лица се тие кои имаат повеќе болести, имаат дијабетис и други болести. Тие се во опасност. Општата популација не е во голема опасност. (Кои претходно постоечки заболувања го зголемуваат ризикот?) Најпрво, важно е дали постои бело-дробно заболување од претходно. Генерално, постарите лица се во поголема опасност, особено оние над 70 години, бидејќи нивниот имунолошки систем не е толку ефективен колку што бил порано, па тие се почувствителни на инфекции. Исто така, кај некои случаи во Кина, корона вирусот бил пропратен со грип, а во исто време имало и секундарни бактериски инфекции на веќе постоечката пневмонија. (Каде можеме да најдеме најнови информации?) Центарот за контрола на болести во Атланта има податоци и редовно ги ажурира на нивната веб страна. Истотака, Светската Здравствена Организација во Женева која координира многу активности кои се одвиваат меѓународно, има своја веб страна со дневни информации. Наша одговорност е како поединци да се информираме, за да разбереме и да можеме да дадеме свој придонес за спречување на поголемо распространување. (Вие ја водевте глобалната активност против САРС во 2003. Која е сличноста меѓу двете?) Проблемот е ист со сите нови инфекции. Ова е инфекција што напаѓа луѓе кои претходно не биле изложени на вирусот. Тие немаат заштита од антитела и не знаеме дали нивниот имунолошки систем може да се справи со вирусот или не. Ова е вирус кој се наоѓа кај лилјаците и други животни и одненадеж - еве го и кај луѓето. А луѓето едноставно немаат искуство со овој вирус. Но постепено почнуваме да учиме многу, како што беше и со САРС. Секако, сега има поголем број на смртни случаи за разлика од САРС. Но кога ќе го поделите тоа со бројот на заразените, сега има многу повеќе заразени луѓе отколку што имаше од САРС. Смртноста, т.е. соодносот меѓу смртните случаи и бројот на заболените кај САРС беше околу 10 % Сега, кај корона вирусот, КОВИД-19 е 2 % или помалку. Значи, овој е помалку опасен вирус, но сепак е вирус кој предизвикува смртност, и не сакаме да се рашири низ светската популација. (Дали адекватно реагираме на граничните премини, како што се аеродромите?) Јасно е дека аеродромите или кој било граничен премин не можат да спречат влегување на болеста. Луѓето во период на инкубација можат да преминат граница да влезат во друга држава и потоа можат да заразат други кога ќе се разболат. Значи, границите не се средства за спречување на ширење на заразата со проверка на температурата. Границите се важни бидејќи на луѓето кои доаѓаат од ризични подрачја и кои може се инфицирани, можеме да им дадеме корисни информации, печатени или усни информации за знаците и симптомите на оваа инфекција и што треба да прават ако почувствуваат дека се заразени. (Која е временската рамка за вакцина?) Вакцините во моментов се во развојна фаза, се прават многу испитувања. Овие испитувања бараат најпрво да се открие вакцина, па да се тестира безбедноста и ефикасноста врз животни на кои ќе им се инјектира вирусот откако ќе ја примат вакцината. А потоа мора да се испита и врз луѓе. Тестирања со животни сѐ уште не се почнати но наскоро ќе почнат за одредени вакцини. Се смета дека до крајот на годината или на почеток на следната, ќе има пробни вакцини кои ќе се тестираат за одобрување од регулаторни тела. Значи, зборуваме за една година до појавата на вакцина која би се применила кај луѓето. (Кои прашања во врска со епидемијата не се одговорени досега?) Со сигурност знаеме како се пренесува, не знаеме со која леснотија се пренесува кај луѓето во заедниците или во отворени подрачја. Знаеме на пример, дека многу лесно се шири во затворен простор на брод за крстарење. Треба подобро да разбереме на кој начин се шири на отворен простор каде луѓето се изложени на контакти со евентуално заразени лица. (Како може да се подобрат глобалните мерки?) Најголемиот проблем денес е тоа што кога има епидемија во неразвиените земји сметаме дека треба да одиме таму и да ја запреме. Кога има епидемија на ебола, мислиме како да одиме и да ја запреме епидемијата во земјата. Не размислуваме како да ѝ помогнеме на државата за да ги засили своите капацитети, за да можат да ја препознаат и да реагираат на инфекцијата. Не инвестираме доволно за им помогнеме на земјите да ги подобрат своите капацитети во јавното здравство. Имаме инвестирано во многу глобални механизми кои можат да обезбедат поддршка на други земји, да одат и да запрат епидемија. Но сакаме да има свет во кој секоја земја ќе е доволна моќна да запре епидемија. (Дали ќе имаме и други епидемии во иднина?) Денес има околу 7 милијарди луѓе. Сите тие луѓе во светот имаат потреба од храна, имаат потреба од многу нешта во нивното заедничко живеење. Всушност, ние сме урбан свет каде луѓето живеат во урбани средини. Истовремено одгледуваме повеќе животни и тие животни им обезбедуваат храна на луѓето. Значи гледаме дека има сè поголема поврзаност меѓу луѓето и животните. Ова интензивно сточарство и овој интензивен пораст на населението кое живее заедно на планетата прават еден вистински вртлог во кој има и ќе има епидемии. На крај ќе имаме сè повеќе епидемии. Сегашната растечка епидемија е предупредување за она што може да се случи во иднина. Мораме да бидеме сигурни дека техничката соработка во светот постои за да дејствуваме заеднички и да ги разбереме епидемиите кога ќе се појават и навремено да обезбедуваме информации за да ги контролираме. (Дали најлошото е зад нас?) Не можам точно да предвидам. Можам само да кажам дека треба да сме подготвени за најлошото сценарио. Истовремено, да научиме како да се заштитиме себе си и другите ако станеме дел од епидемијата. (За да дознаете повеќе, одете на следната страна: https://www.cdc.gov/