Ова не е вежба. Јас сум Грета Тунберг. Живееме на почетокот на масовно изумирање. Нашата клима се распаѓа. Децата како мене, се откажуваат од своето образование за да протестираат. Меѓутоа, се уште можеме да ја поправиме ситуацијата. Вие можете да ја поправите. За да преживееме, мораме да се откажеме од фосилното гориво, но тоа не е доволно. Се спомнуваат многу решенија, а решението кое е пред нас? Ќе му дозволам на мојот пријател Џорџ да ви објасни. Постои волшебна машина која го всисува јаглеродот од воздухот, не е скапа и се создава сама. Се вика ... дрво. Дрвото е пример на природно климатско решение. Мангровите, тресетиштата, џунглите, мочуриштата, морските дна келпските шуми, блатиштата, коралните гребени тие го земаат јаглеродот од воздухот и го задржуваат. Природата е орудие кое можеме да го користиме, за обновување на нашата уништена клима. Овие природни климатски решенија можат да направат огромна разлика. Одлично, нели? Меѓутоа, мораме фосилните горива да ги оставиме во земјата. И што е најлудо, моментално ги игнорираме. За субвенционирање на фосилни горива трошиме илјада пати повеќе отколку за природни решенија. Природните климатски решенија добиваат само 2% од парите наменети за борба против климатските промени. Ова се ваши пари, ваши даноци и ваши заштеди. И што е уште полудо, моментално кога природата ни е најмногу потребна ја уништуваме побрзо од било кога. До 200 видови на животни изумираат секој ден. Огромен дел од мразот на Арктикот го нема. Повеќето од дивите животни ги нема. Огромен дел од нашата почва го нема. Што треба да направиме? Што можете вие да направите? Едноставно ... мораме да заштитиме, обновиме и финансираме. Заштита. Тропските шуми се сечат со брзина од 30 фудбалски терени во минута. Треба да ги заштитиме виталните делови од природата. Обнова. Поголемиот дел од нашата планета е уништен. Меѓутоа природата може да се регенерира и можеме да им помогнеме на екосистемите, да се повратат. Финансирање. Мораме да прекинеме со финансирање на сè што ја уништува природата и плаќаме работи кои и помагаат. Толку едноставно е. Заштита, обнова, финансирање. Тоа може да се направи насекаде. Многу луѓе веќе користат природни климатски решенија. Треба да направиме тоа да биде на светско ниво. Вие можете да бидете дел од ова. Гласајте за луѓе, кои ја бранат природата. Споделете го видеово. Зборувајте за ова. Низ светот постојат неверојатни движења, кои се борат за природата. Придружете им се! Сè се важи. Тоа што го правите вие, се важи.