Return to Video

Проблемот со светлосното загадување и пет неверојатно едноставни решенија

  • 0:01 - 0:05
    Освен ако не сте поминале повеќе време
    во Меѓународната вселенска станица
  • 0:05 - 0:09
    ова веројaтно не е глетка
    која ви е многу позната.
  • 0:09 - 0:12
    Ова е источниот брег на САД.
  • 0:12 - 0:14
    Тоа е Њуjорк долу десно,
  • 0:14 - 0:18
    една светлечка лента сè до Вашингтон.
  • 0:18 - 0:21
    Таквите градови сјаат
    како скапоцени камења,
  • 0:21 - 0:24
    автопатите се трасирани
    со мрежи од светлина.
  • 0:24 - 0:28
    Сета таа светлина е супер фотогенична.
  • 0:28 - 0:29
    Но има еден проблем.
  • 0:30 - 0:33
    Таа светлина треба да ги осветлува
    нашите тротоари,
  • 0:34 - 0:36
    нашите улици и куќи.
  • 0:36 - 0:39
    Наместо тоа, таа оди нагоре во небото
  • 0:39 - 0:40
    и надвор во универзумот,
  • 0:40 - 0:42
    каде што не прави добро
    за никој од нас.
  • 0:44 - 0:47
    Кога гледам слики од ова, од Земјата,
  • 0:47 - 0:49
    гледам катастрофа за животната средина.
  • 0:51 - 0:53
    Тоа не се скапоцени камења,
  • 0:53 - 0:54
    тоа се тумори.
  • 0:56 - 0:57
    Јас сум астроном,
  • 0:57 - 1:00
    па веројатно не ве зачудува
  • 1:00 - 1:02
    дека отсекогаш сум го сакала
    ноќното небо
  • 1:02 - 1:04
    Јас сум клише што оди.
  • 1:07 - 1:09
    Но додека растев во Минесота,
  • 1:09 - 1:12
    една од моите омилени работи
    во летна вечер
  • 1:12 - 1:15
    беше да ја земам мојата стара
    Регеди Ен вреќа за спиење
  • 1:15 - 1:17
    и да ја однесам во полето
    зад мојата куќа,
  • 1:17 - 1:21
    каде поминував часови
    гледајќи го ноќното небо.
  • 1:21 - 1:24
    И за да го направам ова,морав да
    го надминав стравот од темнината
  • 1:24 - 1:27
    и од ројот од комарци,
  • 1:27 - 1:30
    а мојата вреќа за спиење
    навистина не мирисаше многу убаво.
  • 1:30 - 1:32
    (Смеа)
  • 1:33 - 1:35
    Но имаше една особена ѕвезда
  • 1:35 - 1:38
    која ја барав, ноќ за ноќ.
  • 1:38 - 1:39
    И потоа ќе ја играв оваа игра
  • 1:39 - 1:44
    кога интензивно се концентрирав
    на ѕвездата
  • 1:44 - 1:46
    и сè друго ќе избледеше
    од мојот поглед
  • 1:46 - 1:49
    и таа единствена ѕвезда
    беше сè што можев да видам.
  • 1:49 - 1:51
    Можев да се држам за таа слика
  • 1:51 - 1:54
    само неколку минливи мигови.
  • 1:54 - 1:55
    Но кога можев,
  • 1:55 - 1:59
    ја чуствував длабоката смисла
    на поврзаност со универзумот.
  • 1:59 - 2:02
    Речиси чувство на вртоглавица
  • 2:02 - 2:05
    дека ќе паднам во просторот.
  • 2:06 - 2:08
    И кога ова ќе се случеше-
  • 2:08 - 2:10
    знам дека звучи смешно,
  • 2:10 - 2:16
    но истовремено се чувствував
    неизмерно безначајна
  • 2:16 - 2:19
    и важна на некој чуден начин.
  • 2:19 - 2:24
    Таа ѕвезда која ја гледав
    ноќ за ноќ се викаше Вега.
  • 2:24 - 2:27
    Вега е најсветлата ѕвезда
    во соѕвездието Лира,
  • 2:27 - 2:30
    што не случајно е името
    на едно од моите кучиња.
  • 2:30 - 2:33
    (Смеа)
  • 2:33 - 2:36
    Но ова доживување заврши.
  • 2:36 - 2:38
    Моето омилено соѕвездие Лира,
  • 2:38 - 2:40
    би изгледало вака од Менхетен.
  • 2:40 - 2:43
    За луѓе кои живеат во урбани
    и приградски средини
  • 2:43 - 2:45
    ако излезат надвор навечер
    и погледнат нагоре,
  • 2:45 - 2:50
    наместо да бидат восхитени
    од величеството на универзумот,
  • 2:50 - 2:52
    нема да видат речиси ништо.
  • 2:54 - 2:58
    Овие незабележителни,
    целосно празни ноќни неба,
  • 2:58 - 3:02
    се секако поради целата светлина
    која ја создаваме навечер.
  • 3:02 - 3:05
    Сите тие светла
    што ги гледаме дури од вселената
  • 3:05 - 3:07
    светат во атмосферата,
  • 3:07 - 3:12
    каде скокаат наоколу и го создаваат
    овој безличен смог светлина.
  • 3:12 - 3:14
    И тој безличен смог светлина
    има име.
  • 3:14 - 3:16
    Се вика светлосно загадување.
  • 3:16 - 3:18
    Како астроном,
  • 3:18 - 3:20
    можам да кажам колку е лошо
    светлосното загадување
  • 3:20 - 3:23
    од светлината на ѕвездите
    кои ги гледам на небото.
  • 3:23 - 3:24
    И како што изгледа
  • 3:24 - 3:28
    кога се обидуваш да ги откриеш
    тајните на космосот,
  • 3:28 - 3:31
    многу помага
    да можеш да го видиш космосот.
  • 3:31 - 3:33
    И --
  • 3:33 - 3:34
    (Се смее)
  • 3:34 - 3:35
    Вистина.
  • 3:37 - 3:39
    И оваа светлина што пробуваме
    да ја детектираме
  • 3:39 - 3:43
    е оддалечена милиони или милијарди
    светлосни години.
  • 3:43 - 3:46
    и генерално е нејасна.
  • 3:46 - 3:48
    И како астроном,
  • 3:48 - 3:51
    Секојдевно се борам со ова
    за да ја сработам мојата работа
  • 3:51 - 3:54
    и морам да ви кажам дека
    е многу голем проблем.
  • 3:57 - 4:00
    Но проблемот е многу полош
  • 4:00 - 4:05
    од губењето на магичната
    способност да се гледаат ѕвездите.
  • 4:05 - 4:07
    На пример,
  • 4:07 - 4:09
    безброј растителни и животински
    видови се погодени.
  • 4:10 - 4:13
    Може да зборуваме за водните желки
  • 4:13 - 4:15
    или опрашувачите
  • 4:15 - 4:18
    или било кои многу важни видови
  • 4:18 - 4:20
    кои се исто така симпатични.
  • 4:20 - 4:22
    Наместо тоа,
    сакам да зборувам
  • 4:22 - 4:25
    за овој ненаметлив вид на полжави.
  • 4:25 - 4:27
    Можеби сте ги виделе наоколу
  • 4:27 - 4:29
    и не сте размислувале многу
    за нив.
  • 4:29 - 4:31
    Но,тие се прилично несекојдневни.
  • 4:31 - 4:33
    За цела година
  • 4:33 - 4:37
    ретко ќе се придвижат повеќе
    од 10 метри.
  • 4:37 - 4:41
    Тоа значи дека кога го
    напаѓаат пленот
  • 4:41 - 4:44
    можат да достигнат брзина
    до милиметар на час.
  • 4:45 - 4:46
    И --
  • 4:46 - 4:48
    (Смеа)
  • 4:49 - 4:51
    Ова е во ред,
  • 4:51 - 4:53
    бидејќи напаѓаат пијавици, на пример.
  • 4:53 - 4:57
    (Смеа)
  • 4:59 - 5:03
    Oвие полжави живеат
    на бреговите
  • 5:03 - 5:04
    и всушност
  • 5:04 - 5:06
    се клучен дел од екосистемот.
  • 5:06 - 5:11
    Не само што се едни од најдоминантните
    без`рбетни предатори,
  • 5:11 - 5:16
    туку и други животни, како ракови и птици
    ги сметаат за вкусни.
  • 5:16 - 5:20
    Па тоа ги става овие кутри полжави
    во несигурна ситуација,
  • 5:20 - 5:22
    бидејќи ако одат премногу ниско во водата,
  • 5:22 - 5:24
    раковите им се закана,
  • 5:24 - 5:26
    но ако излезат предалеку од водата,
  • 5:26 - 5:28
    ќе бидат гозба за птиците.
  • 5:29 - 5:32
    Зошто астроном ви
    кажува за полжави?
  • 5:33 - 5:34
    И јас се прашувам.
  • 5:36 - 5:39
    Бидејќи нивното однесување
    е под влијание на светлосното загадување.
  • 5:39 - 5:40
    На пример,
  • 5:40 - 5:44
    ако полжавите се излложени на
    вештачка светлина ноќе,
  • 5:44 - 5:48
    двојно поголема е веројатноста
    да останат под вода со предатор.
  • 5:48 - 5:50
    И тоа ги става на голем ризик.
  • 5:50 - 5:52
    Затоашто не можат брзо да избегаат.
  • 5:52 - 5:53
    Значи, овие --
  • 5:53 - 5:55
    (Смеа)
  • 5:55 - 5:58
    И друг проблем е тоа што
    тие буквално се движат
  • 5:58 - 6:00
    со брзина на полжав.
  • 6:00 - 6:02
    Ако една популација е избришана,
  • 6:02 - 6:05
    ќе треба децении за да се надополни.
  • 6:05 - 6:08
    И тоа влијае
    на останатиот дел од нивниот екосистем
  • 6:08 - 6:12
    и на другите видови, како на птиците
    и на пијавиците и на раковите.
  • 6:12 - 6:15
    Па ова е само еден
    мал и лигав пример
  • 6:15 - 6:19
    за тоа како светлосното загадување
    може да има каскаден ефект
  • 6:19 - 6:21
    на цел екосистем.
  • 6:21 - 6:25
    Практично сите видови
    кои биле проучувани до денес
  • 6:25 - 6:27
    се погодени од светлосно загадување.
  • 6:27 - 6:29
    Тоа ги вклучува и луѓето.
  • 6:29 - 6:31
    Па ајде да зборуваме за нас.
  • 6:31 - 6:33
    Веројатно нема да се изненадите ако чуете
  • 6:33 - 6:37
    дека светлосното загадување може
    да влијае на вашиот сон навечер.
  • 6:37 - 6:41
    Но можеби ќе се изненадите да слушнете
    дека тоа е поврзано со прекумерна тежина
  • 6:42 - 6:44
    Всушност,
    во скорашно истражување
  • 6:44 - 6:47
    откриено е дека светлосното загадување
    придонесува над 70 проценти за
  • 6:47 - 6:50
    стапката на дебелина во 80 држави.
  • 6:50 - 6:52
    Повеќе од тоа,
  • 6:52 - 6:56
    светлосното загадување всушност
    влијае на вишокот на тежина
  • 6:56 - 6:57
    како и брзата храна.
  • 6:58 - 7:00
    И станува полошо.
  • 7:00 - 7:02
    Kaj луѓе кои се изложени
  • 7:02 - 7:05
    на значителна количина
    вештачка светлина ноќе,
  • 7:05 - 7:09
    50 пати е поголема веројатноста
    да добијат рак на дојка.
  • 7:09 - 7:12
    И всушност, светлосното загадување
    се поврзува со видови рак
  • 7:12 - 7:14
    сеопфатно.
  • 7:14 - 7:16
    И во контролирани
    лабораториски експерименти
  • 7:16 - 7:20
    има директна поврзаност помеѓу
    зголемена вештачка светлина ноќе
  • 7:20 - 7:22
    и стапка на раст на туморот.
  • 7:23 - 7:26
    Можеби се прашувате како
    нормалната светлина
  • 7:26 - 7:29
    може да влијае на стапките на рак.
  • 7:29 - 7:32
    Веројатно се сведува на
    многу важниот хормон
  • 7:32 - 7:34
    наречен мелатонин,
  • 7:34 - 7:36
    кој се развивал
    преку милиони години
  • 7:36 - 7:40
    за да можеме да создадеме
    деноноќен циклус на биолошкиот ритам.
  • 7:40 - 7:42
    Тоа што се случува кога светлината влијае
  • 7:42 - 7:45
    на мрежницата на нашето око навечер
  • 7:45 - 7:47
    може да го наруши
    производството на мелатонин
  • 7:47 - 7:49
    и кога е нарушено
    производството на мелатонин,
  • 7:49 - 7:52
    цел синџир на други
    хемиски процеси се засегнати
  • 7:52 - 7:54
    вклучително и производството на естроген.
  • 7:54 - 7:57
    Ако го нарушиме овој
    хемиски баланс
  • 7:57 - 7:59
    може да настанат многу лоши работи.
  • 7:59 - 8:01
    Всушност, толку лоши
  • 8:01 - 8:04
    што Интернационалната агенција за
    истражување на ракот
  • 8:04 - 8:07
    изјави дека нарушувањето на
    човечкиот биолошки ритам
  • 8:07 - 8:09
    е веројатен канцероген.
  • 8:10 - 8:12
    Исто така, ќе спомнам
  • 8:12 - 8:14
    дека светлосното загадување
    е поврзано со-
  • 8:14 - 8:17
    ајде да видиме - главоболки, анскиозност,
    депресија, дијабет,
  • 8:17 - 8:19
    срцеви заболувања
    и листата продолжува.
  • 8:19 - 8:22
    Но можеби не се грижите за
    вашето здравје.
  • 8:22 - 8:23
    Сите ќе умреме секако,
  • 8:23 - 8:26
    подобро да умреш во
    добро осветлена соба.
  • 8:26 - 8:28
    (Смеа)
  • 8:28 - 8:31
    Фактот што се смеете за смртта
    е некако неверојатен.
  • 8:31 - 8:32
    (Смеа)
  • 8:33 - 8:35
    Можеби уште се грижите за пари.
  • 8:36 - 8:38
    Парите кои се трошат
    за потрошената светлина,
  • 8:38 - 8:41
    мислам само светлината
    која излегува кон универзумот,
  • 8:41 - 8:43
    не ни прави никакво добро-
  • 8:43 - 8:44
    таа чини 3 милијарди долари годишно.
  • 8:44 - 8:46
    Тоа се доволно пари да се изградат
  • 8:46 - 8:49
    1000 корисни ветерници,на пример,
  • 8:49 - 8:53
    или да се финансира образовниот
    систем на Вашингтон повеќе од две години,
  • 8:53 - 8:56
    или - ова ми е омилено
    бидејќи многу сакам една
  • 8:56 - 8:57
    но не можам да си дозволам -
  • 8:58 - 9:00
    да се купат 3000 Тесла Модел Х SUV.
  • 9:00 - 9:02
    (Смеа)
  • 9:02 - 9:05
    Вклучително и данокот
    за електричен автомобил.
  • 9:07 - 9:10
    Постојат и егзистенцијални трошоци.
  • 9:10 - 9:12
    Немам никакви податоци
  • 9:12 - 9:16
    за тоа како губењето допир
    со нашето место во космосот
  • 9:16 - 9:18
    влијае на нас.
  • 9:18 - 9:20
    Но верувам
  • 9:20 - 9:22
    дека влијае на човештвото
  • 9:22 - 9:26
    повеќе од други страшни статистики
    кои можам да ги споделам со вас.
  • 9:26 - 9:28
    И со тек на време станува полошо.
  • 9:28 - 9:33
    Нивото на светлосно загадување
    се дуплира приближно на секои 35 години.
  • 9:33 - 9:37
    Тоа значи дека за време
    на следната деценија
  • 9:37 - 9:40
    виртуелно целата источна половина на САД
  • 9:40 - 9:43
    ќе биде вечно посветла
    од самракот.
  • 9:44 - 9:47
    Има и друг проблем
    со светлосното загадување.
  • 9:47 - 9:50
    Проблемот е многу поголем од
    она што го гледаме со очи.
  • 9:50 - 9:53
    Видот ни е развиен да може да
    го детектираа само овој мал дел
  • 9:53 - 9:55
    од целиот спектар на светлина.
  • 9:55 - 9:57
    Цела оваа светлина што не ја гледаме,
  • 9:58 - 9:59
    оваа невидлива светлина,
  • 9:59 - 10:01
    исто така има проблем со загадувањето.
  • 10:01 - 10:03
    Највеќе од модерната технологија,
  • 10:03 - 10:05
    како мобилните телефони
    или радари за коли,
  • 10:05 - 10:09
    или потребата за нови уреди кои
    можат да разговараат меѓусебно.
  • 10:10 - 10:13
    Сета оваа модерна технологија
    дава силни сигнали
  • 10:13 - 10:15
    дека целосно може да ја избрише
  • 10:15 - 10:19
    оваа бледнеечка светлина
    која се обидуваме да ја детектираме
  • 10:19 - 10:21
    од остатокот од универзумот
    надвор од Земјата,
  • 10:21 - 10:24
    што е речиси поголемиот
    дел од универзумот.
  • 10:25 - 10:28
    (Смеа)
  • 10:30 - 10:32
    Постојат и сателити.
  • 10:32 - 10:37
    Сателитите се проблем кај
    видливите и невидливите бранови должини.
  • 10:37 - 10:41
    Многу приватни компании имаат планови
    да постават илјадници сателити
  • 10:41 - 10:43
    во орбита околу Земјата,
  • 10:43 - 10:45
    каде не само што ќе бидат побројни
  • 10:45 - 10:48
    буквално побројни од
    видливите ѕвезди во небото,
  • 10:48 - 10:52
    додека зрачат невидлива
    светлина назад на Земјата.
  • 10:52 - 10:54
    За астрономите како мене,
  • 10:54 - 10:57
    користењето невидлива светлина
    да го проучат универзумот,
  • 10:57 - 11:00
    е како како да зјапаме во сонцето
  • 11:00 - 11:02
    за да видиме роденденска
    свеќа зад него.
  • 11:04 - 11:06
    Во ред, сакам да сум јасна,
  • 11:06 - 11:10
    нема ништо лошо во
    модерната технологија.
  • 11:10 - 11:13
    Ниту во мобилните телефони,
    сателитите или радарите.
  • 11:13 - 11:16
    Не сум сигурна за домаќинските уреди.
  • 11:16 - 11:17
    (Смеа)
  • 11:17 - 11:18
    Не ми се расипала рерна
  • 11:18 - 11:21
    за да добијам друга
    која зборува со мојот мобилен.
  • 11:21 - 11:24
    И користам светлина навечер
    како сите други.
  • 11:26 - 11:27
    Но еве за што се работи.
  • 11:27 - 11:29
    Одредени проблеми во светот,
  • 11:29 - 11:32
    како што слушнавме денес,
    и ќе слушате уше за тоа,
  • 11:32 - 11:36
    се преголеми
    и изгледаат нерешливи.
  • 11:36 - 11:40
    Загадувањето од видлива
    светлина е еден од нив.
  • 11:40 - 11:43
    Ова е навистина едноставно, така?
  • 11:43 - 11:47
    Па еве пет многу едноставни работи
    кои може да ги направите.
  • 11:47 - 11:50
    Не користете светилки
    посветли од што ви требаат.
  • 11:50 - 11:52
    Не користете светилки кога не ви требаат.
  • 11:52 - 11:53
    Тие светилки кои ги користите
  • 11:53 - 11:55
    осигурајте се дека се свртени надолу,
  • 11:55 - 11:57
    па не светат кон небото.
  • 11:57 - 11:59
    И ајде да зборуваме за ЛЕД светилки.
  • 11:59 - 12:04
    Ако имате избор,
    не ги купувајте сините.
  • 12:04 - 12:06
    Барајте зборови како „топло бело".
  • 12:06 - 12:10
    Ако купите ЛЕД со зборови како
    природна или дневна светлина,
  • 12:10 - 12:13
    тоа е како да кажете дека
    ја мразите вселената
  • 12:13 - 12:19
    (Смеа)
  • 12:19 - 12:21
    И конечно,
  • 12:21 - 12:23
    може да го одбраните ова.
  • 12:23 - 12:25
    Дури и во локалната заедница
  • 12:25 - 12:27
    видете дали има стандарди
    за осветлување
  • 12:27 - 12:29
    и дали се во склад со ноќното небо
  • 12:29 - 12:33
    Дури, можете да апелирате
    на сојузно ниво,
  • 12:33 - 12:35
    со учтиво барање до службените лица,
  • 12:36 - 12:37
    некои кои можеби се овде,
  • 12:37 - 12:41
    да замолите да не го продаваат видикот
    кон невидливиот космос
  • 12:41 - 12:43
    за највисоката цена на загаување.
  • 12:43 - 12:45
    што всушност се случува.
  • 12:46 - 12:48
    Сега, како добар професор,
  • 12:48 - 12:50
    имам домашна задача за вас.
  • 12:51 - 12:55
    Ако не сте виделе
    вистински темно, ноќно небо,
  • 12:55 - 12:59
    сакам да излезете
    и да го доживеете само за себе.
  • 12:59 - 13:01
    Бидејќи ако не го сторите тоа
  • 13:01 - 13:04
    не знаете што пропуштате,
  • 13:04 - 13:08
    и не знаете
    што губи човештвото.
  • 13:08 - 13:09
    Ви благодарам.
  • 13:09 - 13:12
    (Аплауз)
Title:
Проблемот со светлосното загадување и пет неверојатно едноставни решенија
Speaker:
Келси Џонсон
Description:

Дали некогаш сте гледале кон ѕвезденото ноќно небо? Овој прекрасен поглед е во опасност од исчезнување - освен ако не дејствуваме сега, вели астрофизичарката Келси Џонсон. Во овој фасцинантен, неочекувано духовит говор, таа објаснува како светлосното загадување влијае на речиси сите видови на Земјата (вклучувајќи нѐ и нас) и споделува пет „глупаво едноставни" работи што може да ги направите за да помогнете во решавање на проблемот.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
13:28

Macedonian subtitles

Revisions