1 00:00:00,928 --> 00:00:02,349 Зошто изневеруваме? 2 00:00:04,420 --> 00:00:06,928 И зошто среќните луѓе изневеруваат? 3 00:00:08,641 --> 00:00:13,447 И, кога велиме „неверство“, на што точно мислиме? 4 00:00:14,207 --> 00:00:20,586 Дали е тоа мување, љубовна приказна, платен секс, преку Интернет, 5 00:00:20,586 --> 00:00:22,625 масажа со среќен завршеток? 6 00:00:24,356 --> 00:00:29,494 Зошто мислиме дека мажите изневеруваат од досада и страв од интимност, 7 00:00:29,494 --> 00:00:34,256 но, жените изневеруваат поради осаменост и жед за интимност? 8 00:00:35,769 --> 00:00:39,999 И, дали аферата секогаш претставува крај на една врска? 9 00:00:41,294 --> 00:00:44,490 Во последните десет години, го пропатував светот 10 00:00:44,490 --> 00:00:47,535 и опсежно работев со стотици двојки 11 00:00:47,535 --> 00:00:49,722 кои беа распарчени од неверство. 12 00:00:50,999 --> 00:00:54,602 Постои еден едноставен чин на прекршок, 13 00:00:54,641 --> 00:00:58,990 кој може да ја лиши двојката од нивната врска, 14 00:00:59,015 --> 00:01:03,245 нивната среќа, и нивниот идентитет: афера. 15 00:01:03,903 --> 00:01:09,117 Па сепак, овој премногу вообичаен чин е толку слабо разбран. 16 00:01:10,593 --> 00:01:15,224 Затоа, овој говор е за секој кој некогаш љубел. 17 00:01:17,681 --> 00:01:21,525 Прељубата постои откако е измислен бракот, 18 00:01:21,525 --> 00:01:24,070 па исто така, и табуто против неа. 19 00:01:25,094 --> 00:01:30,827 Всушност, неверството поседува жилавост на која бракот може само да ѝ завидува, 20 00:01:30,827 --> 00:01:34,285 до таа мера, поради што ова е единствениот заповед 21 00:01:34,289 --> 00:01:38,221 кој што е споменат два пати во Библијата: 22 00:01:38,221 --> 00:01:42,325 еднаш за неговото правење, и еднаш само за размислувањето на него. 23 00:01:42,349 --> 00:01:44,595 (Смеа) 24 00:01:44,619 --> 00:01:48,922 Па, како се помируваме со нешто кое е универзално забрането, 25 00:01:48,922 --> 00:01:51,367 а сепак и универзално се практикува? 26 00:01:53,058 --> 00:01:58,036 Низ историјата, мажите практично имале дозвола да изневеруваат 27 00:01:58,036 --> 00:02:00,331 со мали последици, 28 00:02:00,331 --> 00:02:04,739 и биле поддржани од биолошки и еволутивни теории 29 00:02:04,739 --> 00:02:07,315 кои ја поддржувале нивната потреба за талкање, 30 00:02:07,315 --> 00:02:11,292 така што двојниот сандард е стар колку и самата прељуба. 31 00:02:12,403 --> 00:02:17,716 Но, кој знае што навистина се случува под чаршафите, нели? 32 00:02:17,920 --> 00:02:19,752 Затоа што кога станува збор за секс, 33 00:02:19,776 --> 00:02:23,939 мажите осеќаат притисок дека треба да се фалат и да претеруваат, 34 00:02:23,939 --> 00:02:28,704 а жените е да се кријат, минимизираат и одрекуваат, 35 00:02:28,704 --> 00:02:33,710 што и не е така изненадувачки доколку земете во предвид дека сèуште постојат девет земји во светот 36 00:02:33,710 --> 00:02:36,764 каде што жените можат да бидат убиени поради „скршнување“. 37 00:02:37,825 --> 00:02:42,420 Моногамијата порано значеше една личност за цел живот. 38 00:02:42,912 --> 00:02:45,905 Денес, моногамијата значи еден по еден. 39 00:02:46,268 --> 00:02:48,133 (Смеа) 40 00:02:48,158 --> 00:02:50,023 (Аплауз) 41 00:02:51,484 --> 00:02:54,300 Мислам, најверојатно многумина од вас имаат кажано, 42 00:02:54,300 --> 00:02:56,888 „Јас сум моногамен во сите мои врски.“ 43 00:02:57,460 --> 00:02:59,863 (Смеа) 44 00:03:00,617 --> 00:03:02,260 Порано се венчававме, 45 00:03:02,260 --> 00:03:04,169 и имавме секс за прв пат. 46 00:03:04,614 --> 00:03:06,076 Но, сега се венчавме, 47 00:03:06,076 --> 00:03:08,003 и престануваме да имаме секс со други. 48 00:03:09,455 --> 00:03:13,677 Факт е дека моногамијата не е поврзана со љубовта. 49 00:03:14,332 --> 00:03:16,895 Мажите се потпирале на женската лојалност 50 00:03:16,919 --> 00:03:19,959 во цел да знаат чии се тие деца, 51 00:03:19,959 --> 00:03:22,300 и кој ги добива кравите кога ќе умрам. 52 00:03:24,095 --> 00:03:26,465 Сега, секој сака да знае 53 00:03:26,465 --> 00:03:28,403 колкав процент од луѓето изневеруваат. 54 00:03:28,403 --> 00:03:31,914 Ова прашање ми го поставуваат уште откако пристигнав на конференцијава. 55 00:03:31,914 --> 00:03:34,236 (Смеа) 56 00:03:34,260 --> 00:03:35,640 Се однесува на вас. 57 00:03:36,466 --> 00:03:40,959 Но, дефиницијата за неверство продолжува да се проширува: 58 00:03:40,959 --> 00:03:46,021 „секстинг“, гледање порно, да се биде тајно активен на апликациите за состаноци. 59 00:03:46,332 --> 00:03:50,817 Затоа, затоа што не постои универзално прифатена дефиниција 60 00:03:50,817 --> 00:03:53,956 за тоа што претставува неверството, 61 00:03:53,956 --> 00:03:59,586 проценките варираат многу, од 26% до 75%. 62 00:04:00,728 --> 00:04:03,959 Но, капак на тоа, ние постојано си противречиме сами на себе. 63 00:04:04,173 --> 00:04:07,792 Така, 95% од нас ќе речат дека е ужасно страшно 64 00:04:07,792 --> 00:04:10,969 нашиот партнер да излаже за тоа дека има афера, 65 00:04:10,969 --> 00:04:13,190 но, речиси истиот процент од нас ќе рече 66 00:04:13,214 --> 00:04:16,348 дека тоа е точно она што би го направиле доколку би имале афера. 67 00:04:16,372 --> 00:04:18,808 (Смеа) 68 00:04:19,872 --> 00:04:23,577 Мене ми се допаѓа оваа дефиниција за тоа што е афера, 69 00:04:23,577 --> 00:04:27,326 ги сплотува трите клучни елементи: 70 00:04:27,326 --> 00:04:33,032 тајна врска, која ја претставува јадрената структура на една афера; 71 00:04:33,032 --> 00:04:37,826 емоционална поврзаност до некој степен; 72 00:04:37,826 --> 00:04:39,466 и сексуална алхемија. 73 00:04:40,355 --> 00:04:43,337 „Алхемија“ е клучниот збор тука, 74 00:04:43,337 --> 00:04:50,265 Затоа што еротската возбуда е таква што, бакнежот кој само што замислувате дека го давате, 75 00:04:50,265 --> 00:04:53,349 може да биде толку моќен и магичен 76 00:04:53,349 --> 00:04:55,839 како и часови вистинско водење љубов. 77 00:04:57,069 --> 00:04:59,315 Како што и Марсел Пруст има кажано, 78 00:04:59,340 --> 00:05:04,640 „Нашата имагинација е одговорна за љубовта, не другата личност.“ 79 00:05:05,902 --> 00:05:09,758 Така, никогаш не било полесно да се изневерува, 80 00:05:09,762 --> 00:05:13,235 и никогаш не било потешко да се чува тајна. 81 00:05:13,999 --> 00:05:18,459 И никогаш неверството не изнудувало толку висока психолошка цена. 82 00:05:19,975 --> 00:05:23,342 Кога бракот претставувал економска организација, 83 00:05:23,342 --> 00:05:26,308 неверството ја загрозувало нашата економска стабилност. 84 00:05:27,083 --> 00:05:29,959 Но, сега кога бракот претставува романтичен договор, 85 00:05:29,959 --> 00:05:33,779 неверството ја загрозува нашата емоционална сигурност. 86 00:05:33,779 --> 00:05:38,040 Иронично, порано сме посегнувале по неверство - 87 00:05:38,040 --> 00:05:41,269 но тоа било местото каде што сме барале чиста љубов. 88 00:05:41,293 --> 00:05:43,482 Но, сега, кога бараме љубов во бракот, 89 00:05:43,482 --> 00:05:45,142 прељубата го уништува. 90 00:05:46,943 --> 00:05:51,347 Постојат три начини преку кои сметам дека неверството може да повреди денес. 91 00:05:53,800 --> 00:05:59,613 Ние си имаме некој романтичен идеал според кој се вртиме кон една личност 92 00:05:59,613 --> 00:06:02,810 да ни исполни бескрајна листа на потреби: 93 00:06:02,810 --> 00:06:06,410 да биде мојот најголем љубовник, мојот најдобар пријател, 94 00:06:06,410 --> 00:06:09,563 најдобриот партнер, да имам доверба во него, 95 00:06:09,563 --> 00:06:12,977 да биде мој емоционален сопатник, подеднакво интелигентен со мене. 96 00:06:13,625 --> 00:06:17,929 А, јас сум тоа: Јас сум одбрана, јас сум единствена, 97 00:06:17,929 --> 00:06:21,245 jaс сум неопходна, јас сум незаменлива, 98 00:06:21,245 --> 00:06:22,435 јас сум вистинската. 99 00:06:23,356 --> 00:06:26,514 А, неверството ми кажува дека не сум. 100 00:06:27,308 --> 00:06:29,197 Тоа е највисоката форма на предавство. 101 00:06:29,999 --> 00:06:33,125 Неверството ја распарчува големата амбиција на љубовта. 102 00:06:34,680 --> 00:06:39,561 Но, ако низ историјата, неверството отсекогаш било болно, 103 00:06:39,561 --> 00:06:41,919 тоа денес често пати е трауматично, 104 00:06:41,919 --> 00:06:44,990 затоа што му се заканува на нашето чувство за тоа кои сме ние. 105 00:06:45,054 --> 00:06:47,823 Така, мојот пациент Фернандо - тој е очаен. 106 00:06:47,847 --> 00:06:50,595 Тој вели: „Мислев дека го познавам мојот живот. 107 00:06:50,595 --> 00:06:54,801 Мислев дека знам која си ти, кои сме ние како двојка, кој сум јас. 108 00:06:54,801 --> 00:06:57,022 Сега, се прашувам за сè.“ 109 00:06:57,632 --> 00:07:02,089 Неверство - нарушување на довербата, криза на идентитетот. 110 00:07:02,089 --> 00:07:05,124 „Дали некогаш ќе можам повторно да ти верувам?“, прашува тој. 111 00:07:05,148 --> 00:07:07,450 „Дали ќе можам повторно некому да му верувам?“ 112 00:07:08,824 --> 00:07:11,905 И ова е токму тоа што мојата пациентка Хедер ми го кажува, 113 00:07:11,905 --> 00:07:14,532 кога ми ја раскажува нејзината приказна со Ник. 114 00:07:14,532 --> 00:07:15,982 Венчани, две деца. 115 00:07:15,982 --> 00:07:18,659 Ник само што заминал на бизнис - патување, 116 00:07:18,659 --> 00:07:21,930 а Хедер си игра на нејзиниот iPad со момчињата, 117 00:07:21,930 --> 00:07:25,127 кога гледа една порака како се појавува на екранот: 118 00:07:25,127 --> 00:07:27,395 „Едвај чекам да те видам.“ 119 00:07:27,625 --> 00:07:30,054 Чудно, си вели, само што се видовме. 120 00:07:30,863 --> 00:07:32,379 И потоа, уште една порака: 121 00:07:32,903 --> 00:07:35,140 „Едвај чекам да те држам в прегратки.“ 122 00:07:35,999 --> 00:07:38,243 И Хедер сфаќа дека 123 00:07:38,243 --> 00:07:39,611 тие не се за неа. 124 00:07:40,435 --> 00:07:43,808 Таа исто така, ми кажува дека и нејзиниот татко имал афери, 125 00:07:43,812 --> 00:07:47,753 и нејзината мајка - таа наоѓала по некоја сметка во џеповите, 126 00:07:47,777 --> 00:07:49,935 по малку кармин на јаката. 127 00:07:51,221 --> 00:07:54,610 Хедер започнува да копа, 128 00:07:54,610 --> 00:07:57,673 и наоѓа стотици пораки, 129 00:07:57,673 --> 00:08:01,086 и разменети фотографии и искажани страсти. 130 00:08:01,420 --> 00:08:04,118 Живописни детали од двегодишната афера на Ник 131 00:08:04,118 --> 00:08:07,300 се распостилаат пред неа во реално време. 132 00:08:07,559 --> 00:08:09,272 И, тоа ме натера да помислам: 133 00:08:09,272 --> 00:08:14,318 Аферите во дигиталната ера се смрт од илјадници посекотини. 134 00:08:15,854 --> 00:08:19,113 Но, потоа имаме уште еден парадокс со кој се соочуваме овие денови. 135 00:08:19,113 --> 00:08:21,417 Поради овој романтичен идеал, 136 00:08:21,417 --> 00:08:26,475 ние се потпираме на верноста на нашиот партнер со преголема жестокост. 137 00:08:26,999 --> 00:08:30,544 Но, исто така, никогаш не сме биле посклони кон „застранување“, 138 00:08:30,544 --> 00:08:33,255 и не поради тоа што ние имаме нови желби денес, 139 00:08:33,255 --> 00:08:35,001 туку, затоа што живееме во ера 140 00:08:35,001 --> 00:08:38,682 во која веруваме дека имаме право да ги следиме нашите желби, 141 00:08:38,682 --> 00:08:42,138 затоа што ова е културата во која јас заслужувам да бидам среќна. 142 00:08:43,268 --> 00:08:47,031 И, доколку порано се разведувавме затоа што не бевме среќни, 143 00:08:47,035 --> 00:08:50,104 денес се разведуваме затоа што би можеле да бидеме посреќни. 144 00:08:51,562 --> 00:08:54,847 И доколку разводот го носеше целиот срам, 145 00:08:54,847 --> 00:08:58,738 денес, одбирањето да се остане кога може да се замине 146 00:08:58,738 --> 00:09:00,102 е новиот срам. 147 00:09:00,257 --> 00:09:03,168 Така Хедер - таа не може да зборува со нејзините пријателки 148 00:09:03,168 --> 00:09:06,429 затоа што се плаши дека тие ќе ја осудуваат што сèуште го сака Ник, 149 00:09:06,429 --> 00:09:09,977 и каде и да се сврти, го добива истиот совет: 150 00:09:09,977 --> 00:09:12,602 Остави го. Фрли го кучето на улица. 151 00:09:13,744 --> 00:09:18,737 И ако беше обратно, Ник ќе се најдеше во истата ситуација. 152 00:09:19,070 --> 00:09:21,364 Останувањето е новиот срам. 153 00:09:23,395 --> 00:09:26,359 Па, ако можеме да се разведеме, 154 00:09:26,359 --> 00:09:28,455 тогаш зошто сèуште имаме афери? 155 00:09:29,999 --> 00:09:34,563 Типичната претпоставка е дека ако некој изневерува, 156 00:09:34,563 --> 00:09:38,408 тогаш или нешто не е во ред со вашата врска или со Вас. 157 00:09:39,440 --> 00:09:42,686 Но, милиони луѓе не можат да бидат патолошки болни. 158 00:09:44,383 --> 00:09:48,291 Логиката оди вака: Ако имаш сè што ти треба дома, 159 00:09:48,291 --> 00:09:51,715 тогаш нема потреба да бараш на друго место, 160 00:09:51,715 --> 00:09:55,182 под претпоставка дека постои такво нешто како совршен брак, 161 00:09:55,187 --> 00:09:58,038 кој ќе нè заштити од желбата за „застранување“. 162 00:09:59,165 --> 00:10:02,499 Но, што ако страста има ограничен рок на траење? 163 00:10:03,624 --> 00:10:07,338 Што ако постои нешто кое дури ни добрите врски 164 00:10:07,338 --> 00:10:09,363 никогаш не можат да го обезбедат? 165 00:10:10,187 --> 00:10:13,202 Ако и среќните луѓе изневеруваат, 166 00:10:13,202 --> 00:10:14,798 зошто го прават тоа? 167 00:10:16,765 --> 00:10:19,641 Поголемиот дел од луѓето со кои работам 168 00:10:19,641 --> 00:10:22,425 не се воопшто хронични љубовџии. 169 00:10:22,429 --> 00:10:26,475 Често пати, тоа се луѓе кои се длабоко моногамни во своите верувања, 170 00:10:26,475 --> 00:10:28,048 или барем за својот партнер. 171 00:10:28,865 --> 00:10:31,501 Но, се наоѓаат себе си во конфликт 172 00:10:31,501 --> 00:10:34,540 помеѓу нивните вредности и нивното однесување. 173 00:10:35,572 --> 00:10:39,935 Често пати, тоа се луѓе кои всушност биле верни со децении, 174 00:10:39,935 --> 00:10:42,574 но еден ден ја поминуваат линијата 175 00:10:42,574 --> 00:10:45,047 која никогаш не верувале дека ќе ја поминат, 176 00:10:45,047 --> 00:10:47,794 и се ставаат во ризик да изгубат сè. 177 00:10:48,730 --> 00:10:50,635 Но, за искра од што? 178 00:10:51,969 --> 00:10:54,609 Аферите претставуваат чин на предавство, 179 00:10:54,609 --> 00:10:57,705 и исто така се и израз на копнеж и загуба. 180 00:10:58,610 --> 00:11:02,528 Во срцето на аферата, често пати ќе најдете 181 00:11:02,528 --> 00:11:06,789 копнеж и желба за емоционална поврзаност, 182 00:11:06,789 --> 00:11:12,559 за нешто ново, за слобода, за автономија, за сексуален интензитет, 183 00:11:12,559 --> 00:11:16,226 желба за повторно присвојување на изгубените делови од себе си, 184 00:11:16,226 --> 00:11:21,540 или обид да се поврати виталноста во лицето на загубата и трагедијата. 185 00:11:22,849 --> 00:11:25,766 Размислувам за уште една моја пациентка, Прија, 186 00:11:25,766 --> 00:11:28,382 која е среќно омажена, 187 00:11:28,382 --> 00:11:29,847 си го сака сопругот, 188 00:11:29,847 --> 00:11:32,230 и никогаш не би сакала да го повреди човекот. 189 00:11:32,713 --> 00:11:34,831 Но, таа исто така ми кажува 190 00:11:34,831 --> 00:11:38,005 дека секогаш го правела тоа што се очекувало од неа: 191 00:11:38,005 --> 00:11:41,685 добро девојче, добра сопруга, добра мајка, 192 00:11:41,685 --> 00:11:44,677 се грижи за нејзините родители-имигранти. 193 00:11:44,677 --> 00:11:49,189 Прија, таа „падна“ на арбористот кој го отстранил дрвото од нејзиниот двор 194 00:11:49,214 --> 00:11:50,675 по ураганот „Сенди“. 195 00:11:51,524 --> 00:11:56,087 А тој, со неговите тетоважи и камион - тој е целосна спротивност на неа. 196 00:11:57,547 --> 00:12:02,769 Но, на 47, аферата на Прија е за тинејџерството кое никогаш го немала. 197 00:12:03,753 --> 00:12:09,030 Нејзината приказна истакнува дека кога го бараме погледот на другиот, 198 00:12:09,030 --> 00:12:13,748 не секогаш тоа значи дека се оддалечуваме од нашиот партнер, 199 00:12:13,748 --> 00:12:16,585 туку од личноста во која ние самите се имаме претворено. 200 00:12:17,728 --> 00:12:21,274 И не е толку во тоа што ние бараме во другата личност, 201 00:12:21,274 --> 00:12:24,816 колку што го бараме нашето друго јас. 202 00:12:27,045 --> 00:12:28,602 Насекаде во светот 203 00:12:28,602 --> 00:12:32,458 потои еден збор кој луѓето кои имаат афери ми го кажуваат. 204 00:12:33,030 --> 00:12:34,911 Се чувствуваат живи. 205 00:12:36,046 --> 00:12:40,286 И тие често ќе ми раскажат приказни за неодамнешна загуба, 206 00:12:40,286 --> 00:12:42,141 за родител кој починал, 207 00:12:42,141 --> 00:12:44,341 и пријател кој отишол премногу рано, 208 00:12:44,341 --> 00:12:46,141 и за лоши вести од докторот. 209 00:12:47,482 --> 00:12:52,138 Смртта и смртноста често пати живеат во сенката на една афера, 210 00:12:52,138 --> 00:12:54,608 затоа што тие ги поставуваат овие прашања. 211 00:12:54,632 --> 00:12:57,536 Дали ова е тоа? Постои ли нешто повеќе? 212 00:12:57,901 --> 00:13:00,957 Дали вака ќе продолжам уште 25 години? 213 00:13:01,870 --> 00:13:04,362 Дали некогаш повторно ќе го почувствувам тоа? 214 00:13:06,377 --> 00:13:10,788 И тоа ме наведе да помислам дека можеби овие прашања 215 00:13:10,788 --> 00:13:13,947 се тие кои ги тераат луѓето да ја поминат таа линија, 216 00:13:13,947 --> 00:13:17,939 и дека некои афери се само обид за заглушување на мртвилото, 217 00:13:17,939 --> 00:13:19,735 како против-мерка на смртта. 218 00:13:21,999 --> 00:13:24,867 И наспроти она што можеби го мислите, 219 00:13:24,867 --> 00:13:29,903 аферите помалку се случуваат поради секс, а повеќе поради желба: 220 00:13:29,903 --> 00:13:33,392 желба за внимание, желба да се чувствувате посебно, 221 00:13:33,392 --> 00:13:35,308 желба да се чувствувате важни. 222 00:13:35,847 --> 00:13:38,447 И самата структура на аферата, 223 00:13:38,447 --> 00:13:41,499 фактот дека никогаш нема да можете да го имате својот љубовник, 224 00:13:41,503 --> 00:13:42,938 ве тера да сакате. 225 00:13:42,938 --> 00:13:45,959 Тоа само по себе е машина за желби, 226 00:13:45,959 --> 00:13:48,747 затоа што нецелосноста, двосмисленоста, 227 00:13:48,747 --> 00:13:51,522 ве тера да го сакате тоа кое не можете да го имате. 228 00:13:53,121 --> 00:13:55,177 Сега, некои од вас најверојатно си мислат 229 00:13:55,177 --> 00:13:58,807 дека аферите не се случуваат во отворените врски, 230 00:13:58,807 --> 00:13:59,998 но, се случуваат. 231 00:14:00,432 --> 00:14:03,562 Најпрво, муабетот за моногамијата не е ист 232 00:14:03,562 --> 00:14:05,743 како муабетот за неверството. 233 00:14:06,468 --> 00:14:09,959 Но, факт е дека се чини оти и тогаш кога ние ја имаме 234 00:14:09,959 --> 00:14:12,632 слободата да имаме други сексуални партнери, 235 00:14:12,632 --> 00:14:16,720 ние сèуште сме намамени од моќта на забранетото, 236 00:14:16,720 --> 00:14:20,207 дека ако го правиме тоа кое не би требало да го правиме, 237 00:14:20,207 --> 00:14:23,316 тогаш чувствуваме дека навистина го правиме тоа кое го сакаме. 238 00:14:25,331 --> 00:14:28,935 И, исто така, им имам кажано некои работи на некои мои пациенти: 239 00:14:28,935 --> 00:14:33,536 дека, ако во нивните односи можат да донесат 240 00:14:33,536 --> 00:14:37,167 една десеттина од храброста, имагинацијата и еланот 241 00:14:37,167 --> 00:14:38,879 кои ги внесуваат во нивните афери, 242 00:14:38,879 --> 00:14:41,484 тие најверојатно никогаш не би морале да ме посетат. 243 00:14:41,484 --> 00:14:43,148 (Смеа) 244 00:14:44,362 --> 00:14:46,647 Па, како заздравуваме од афера? 245 00:14:48,428 --> 00:14:50,347 Желбата извира подлабоко. 246 00:14:50,371 --> 00:14:52,242 Предавството остава длабоки траги. 247 00:14:53,266 --> 00:14:54,821 Но, може да биде излечено. 248 00:14:55,999 --> 00:14:58,920 И, некои афери претставуваат камбана на смртта 249 00:14:58,944 --> 00:15:01,682 за врски кои веќе малку по малку умираат. 250 00:15:02,753 --> 00:15:05,769 Но, некои други ќе нè вивнат во нови можности. 251 00:15:05,953 --> 00:15:07,936 Факт е дека поголемиот дел од двојките 252 00:15:07,936 --> 00:15:10,150 кои искусиле афери - останале заедно. 253 00:15:10,766 --> 00:15:13,399 Но, некои од нив едвај ќе преживеат, 254 00:15:13,399 --> 00:15:18,103 а некои дури и ќе можат да ја претворат кризата во можност. 255 00:15:18,817 --> 00:15:22,460 Тие ќе можат да го претворат ова во корисно искуство. 256 00:15:22,484 --> 00:15:26,198 И, всушност мислам и дека тоа повеќе е така за измамениот партнер, 257 00:15:26,222 --> 00:15:27,558 кој често вели: 258 00:15:27,558 --> 00:15:29,365 „Ти мислиш дека јас не сакав повеќе? 259 00:15:29,365 --> 00:15:31,697 Но, јас не сум тој/таа што го направи тоа.“ 260 00:15:31,968 --> 00:15:34,110 Но, сега кога аферата е откриена, 261 00:15:34,110 --> 00:15:36,374 и тие, исто така, имаат право да бараат повеќе, 262 00:15:36,374 --> 00:15:38,886 и не мораат повеќе да го задржуваат статусот кво, 263 00:15:38,886 --> 00:15:41,800 кој и онака не би им бил од корист. 264 00:15:44,221 --> 00:15:47,110 Забележав дека многу двојки, 265 00:15:47,110 --> 00:15:49,251 во самата разрешница на аферата, 266 00:15:49,251 --> 00:15:53,587 поради ова ново безредие кое всушност може да доведе до нов ред, 267 00:15:53,587 --> 00:15:57,169 се случуваат многу длабоки, искрени и отворени разговори 268 00:15:57,169 --> 00:15:58,824 какви што немале со децении. 269 00:15:59,743 --> 00:16:02,680 И, партнерите кои биле сексуално незаинтересирани 270 00:16:02,680 --> 00:16:05,279 одненадеж стануваат страствено незаситни, 271 00:16:05,279 --> 00:16:07,814 што не ни знаат од каде доаѓа сето тоа. 272 00:16:08,568 --> 00:16:12,521 Нешто од стравот од загуба ќе ја разгори желбата, 273 00:16:12,521 --> 00:16:15,840 и ќе направи пат за целосно нов вид вистина. 274 00:16:18,133 --> 00:16:21,004 Па, кога ќе се открие некоја афера, 275 00:16:21,004 --> 00:16:24,165 што поспецифично можат да направат двојките? 276 00:16:26,133 --> 00:16:30,204 Од траумата знаеме дека излекувањето започнува 277 00:16:30,204 --> 00:16:34,196 кога злосторникот ја признава својата вина. 278 00:16:35,339 --> 00:16:39,050 Така, за партнерот кој имал афера, 279 00:16:39,050 --> 00:16:40,582 за Ник, 280 00:16:40,582 --> 00:16:42,387 една работа е да ја заврши аферата, 281 00:16:42,387 --> 00:16:47,109 но, останатото е есенцијалниот, важен акт на изразување 282 00:16:47,109 --> 00:16:50,315 вина и каење за тоа што ја повредил сопругата. 283 00:16:50,889 --> 00:16:52,264 Но, вистината е 284 00:16:52,264 --> 00:16:55,285 дека имам забележано дека голем број од луѓето кои имаат афери 285 00:16:55,285 --> 00:16:59,373 може да се чувствуваат ужасно виновно поради тоа што го повредиле својот партнер, 286 00:16:59,373 --> 00:17:02,596 но, не се чувствуваат виновно поради искусувањето на самата афера. 287 00:17:02,596 --> 00:17:04,166 И, таа разлика е важна. 288 00:17:05,230 --> 00:17:08,856 А, Ник - тој треба да биде претпазлив во врската. 289 00:17:08,903 --> 00:17:12,326 Тој, барем некое време, треба да стане заштитник на ограничувањата. 290 00:17:12,326 --> 00:17:14,949 Одговорноста е негова за да ја издигне, 291 00:17:14,949 --> 00:17:16,929 затоа што, ако размисли, 292 00:17:16,929 --> 00:17:19,939 тој може да ја ослободи Хедер од опсесијата, 293 00:17:19,939 --> 00:17:23,149 и од тоа да се осигура дека аферата не е заборавена, 294 00:17:23,149 --> 00:17:26,332 и дека во неа започнува да положува доверба. 295 00:17:27,570 --> 00:17:29,429 Но, за Хедер, 296 00:17:29,429 --> 00:17:31,174 или за измамените партнери, 297 00:17:31,174 --> 00:17:36,512 најосновно е да прават работи кои ќе им ја вратат смислата за вредност сами кон себе, 298 00:17:36,512 --> 00:17:40,245 да се опкружат со љубов, и пријатели и активности 299 00:17:40,249 --> 00:17:43,652 кои носат радост, и значење и идентитет. 300 00:17:43,936 --> 00:17:45,869 Но, што е уште поважно, 301 00:17:45,869 --> 00:17:50,772 е да ја потиснат љубопитноста за „копање“ непријатни детали: 302 00:17:50,772 --> 00:17:52,969 Каде беше? Каде го правевте тоа? 303 00:17:52,969 --> 00:17:55,991 Колку често? Дали е таа подобра од мене во кревет? 304 00:17:55,991 --> 00:17:58,475 - Прашања кои нанесуваат само уште повеќе болка, 305 00:17:58,475 --> 00:17:59,959 и кои ве држат будни ноќе. 306 00:18:00,674 --> 00:18:05,350 И наместо да се осврнат кон она што јас го нарекувам „истражувачки прашања“, 307 00:18:05,350 --> 00:18:08,650 тие кои „копаат“ по мотивите и значењето: 308 00:18:08,654 --> 00:18:11,127 Што ти значеше оваа афера? 309 00:18:11,127 --> 00:18:13,899 Дали можеше да го изразиш, или да го искусиш таму 310 00:18:13,899 --> 00:18:16,254 тоа што повеќе не можеше да го направиш со мене? 311 00:18:16,254 --> 00:18:19,186 Како ти беше кога доаѓаше дома? 312 00:18:19,186 --> 00:18:22,585 Што е она кое го цениш кај нас? 313 00:18:22,585 --> 00:18:24,737 Мило ти е што ова заврши? 314 00:18:26,404 --> 00:18:30,725 Секоја афера ќе ѝ даде нова дефиниција на врската, 315 00:18:30,725 --> 00:18:33,607 и секоја двојка ќе одлучи кое ќе биде 316 00:18:33,607 --> 00:18:36,142 наследството добиено од самата афера. 317 00:18:37,649 --> 00:18:41,411 Но, аферите се тука за да останат, и не си одат никаде. 318 00:18:42,316 --> 00:18:44,959 И дилемите за љубовта и страста, 319 00:18:44,959 --> 00:18:50,929 тие не носат едноставни одговори на црно-бело, добро-лошо, 320 00:18:50,929 --> 00:18:52,903 и на жртва и злосторник. 321 00:18:54,221 --> 00:18:57,636 Предавството во врските доаѓа во многу облици. 322 00:18:57,636 --> 00:19:00,650 Постојат многу начини на кои можеме да го предадеме партнерот: 323 00:19:00,650 --> 00:19:02,819 со потценување, со запоставување, 324 00:19:02,819 --> 00:19:05,292 со незаинтересираност, со насилство. 325 00:19:05,999 --> 00:19:09,437 Сексуалното предавство е само еден од начините да се повреди партнерот. 326 00:19:09,437 --> 00:19:12,041 Со други зборови, жртвата на една афера 327 00:19:12,041 --> 00:19:14,983 не секогаш е жртвата во бракот. 328 00:19:17,840 --> 00:19:20,048 Сега, ме ислушавте, 329 00:19:20,048 --> 00:19:22,423 и знам дека си мислите: 330 00:19:22,423 --> 00:19:26,197 Таа има француски нагласок, мора да е "ЗА" афери. 331 00:19:26,697 --> 00:19:29,999 (Смеа) 332 00:19:31,761 --> 00:19:33,265 Па, грешите. 333 00:19:33,619 --> 00:19:35,174 Не сум Французинка. 334 00:19:35,666 --> 00:19:38,119 (Смеа) 335 00:19:38,143 --> 00:19:41,023 (Аплауз) 336 00:19:41,602 --> 00:19:43,269 И не сум за афери. 337 00:19:44,674 --> 00:19:49,058 Но, затоа што сметам дека може да произлезе некое добро од една афера, 338 00:19:49,058 --> 00:19:52,389 често пати ми го поставуваат ова чудно прашање: 339 00:19:52,413 --> 00:19:54,150 Дали некогаш би ја препорачала? 340 00:19:55,514 --> 00:19:58,505 Не би препорачала на некому да има афера повеќе 341 00:19:58,505 --> 00:20:01,049 отколку да препорачам некому да има рак, 342 00:20:01,049 --> 00:20:03,752 па сепак, знаеме дека луѓето кои биле болни 343 00:20:03,752 --> 00:20:08,550 често пати зборуваат за тоа како нивната болест придонела да добијат нов поглед на нештата. 344 00:20:08,569 --> 00:20:11,906 Најчестото прашање кое ми го поставуваат откако пристигнав на конференцијава, 345 00:20:11,906 --> 00:20:15,417 и кога кажав дека ќе зборувам за изневерувањето, е: за или против? 346 00:20:16,488 --> 00:20:17,749 Ја велам, „Да.“ 347 00:20:18,162 --> 00:20:20,583 (Смеа) 348 00:20:21,868 --> 00:20:25,505 Гледам на аферите од две перспективи: 349 00:20:25,505 --> 00:20:29,153 повредување и предавство од една страна, 350 00:20:29,153 --> 00:20:32,509 созревање и себе-откривање од друга -- 351 00:20:32,509 --> 00:20:35,605 што ти направи тебе и што значеше тоа за мене. 352 00:20:36,621 --> 00:20:41,289 Така, кога некоја двојка доаѓа кај мене во разрешницата од една афера 353 00:20:41,289 --> 00:20:43,092 која што е откриена, 354 00:20:43,092 --> 00:20:45,420 јас често пати им го кажувам следното: 355 00:20:45,420 --> 00:20:47,825 Денес, на Западот, 356 00:20:47,825 --> 00:20:52,704 повеќето од нас ќе имааат две или три врски, 357 00:20:52,704 --> 00:20:54,403 или бракови, 358 00:20:54,403 --> 00:20:57,538 а, некои од нас ќе го направат тоа со истата личност. 359 00:20:58,666 --> 00:21:00,911 Вашиот прв брак е завршен. 360 00:21:01,633 --> 00:21:04,474 Дали би сакале да создадете втор брак заедно? 361 00:21:05,164 --> 00:21:06,595 Ви благодарам. 362 00:21:06,619 --> 00:21:13,253 (Аплауз)